Албанија и Македонија со договор во здравствениот сектор
Македонски весник Илинден - пред 51 минути
Албанија и Македонија со договор во здравствениот сектор Министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Албана Кочиу, денеска оствари средба со нејзиниот колега од Македонија, Арбен Таравари. На средбата беше потпишан договор за соработка меѓу Националната агенција за лекови и медицински помагала на Албанија и Агенцијата за лекови и медицински помагала на Македонија. Министерката Кочиу преку објава на социјалните мрежи објави дека на оваа средба таа и нејзиниот колега од Северна Македонија се заложиле за продлабочување на соработката меѓу Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија и Министерството за здравство на Македонија. Овој договор, според неа, има за цел зајакнување на соработката во областа на здравството меѓу двете земји. „Задоволството од денешната средба со колегата од Македонија, Арбен Таравари, со кого се заложивме за продлабочување на соработката меѓу Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија и Министерството за здравство на Македонија, со цел зајакнување на соработката во полето на здравството меѓу нашите земји“, пишува Кочиу. „На денешната средба го потпишавме договорот за соработка помеѓу Националната агенција за лекови и медицински помагала на Албанија и Агенцијата за лекови и медицински помагала на Македонија. Ова партнерство ќе гарантира соработка во областа на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на лековите и медицинските помагала како и во областа на институционалниот развој со цел да се заштити јавното здравје и да се обезбедат квалитетни и еднакви услуги за нашите граѓани“, продолжи Кочиу. Advertisement Post Views: 18 Албанија Македонија 2024-11-21 Весник Илинден...
Премиера на документарна емисија од циклусот „Листа Вип“, Ефтим Митревски (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 1 час
Премиера на документарна емисија од циклусот „Листа Вип“, Ефтим Митревски (ВИДЕО) Advertisement Post Views: 75 Ефтим Митревски Македонци во Албанија Областа Мала Преспа 2024-11-21 Весник Илинден...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Муцунски учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива во Тирана
Македонски весник Илинден - пред 13 часа
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Муцунски учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива во Тирана Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Тирана, кој се одржа во рамките на албанското претседавање со иницијативата. Фокусот на состанокот беше ставен на проширувањето на Европската Унија во светло на новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на глобалната безбедност и стабилност. Министрите ја потврдија улогата на ЦЕИ како важна платформа за ефективно решавање на регионалните предизвици и зајакнување на соработката во областите од заемен интерес. Во своето обраќање, министерот Муцунски нагласи дека регионалната соработка е клучен модел за поттикнување на процесот на европска интеграција, кој е од суштинско значење за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој истакна дека одложувањето на процесот на проширување може сериозно да го наруши кредибилитетот на Европската Унија во регионот. „Стравот од уште еден потенцијално долг и непредвидлив процес само дополнително ја зголемува фрустрацијата кај нашите граѓани. Со многу непознати околу обемот и времето на претстојните пристапувања, секое понатамошно одложување би имало катастрофално влијание врз кредибилитетот на ЕУ во регионот,“ потенцираше министерот Муцунски. Министерот се осврна и на улогата на ЦЕИ, важноста на регионалната соработка, силното партнерство во рамките на НАТО Алијансата и поддршката за Украина. „Целосно сме посветени на интензивирање на соработката, не само на меѓувладино и парламентарно ниво, туку и помеѓу нашите невладини организации, младите, научните институции, деловните заедници и локалните власти,“ додаде министерот, акцентирајќи ја потребата од заеднички напори за натамошно зајакнување на соработката во рамките на ЦЕИ. Advertisement Post Views: 107 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски 2024-11-20 Весник Илинден...
Барање за азил во земјите-членки на ЕУ во август поднеле 69.270 лица, што е за 24,8 отсто помалку од лани
Македонски весник Илинден - пред 19 часа
Барање за азил во земјите-членки на ЕУ во август поднеле 69.270 лица, што е за 24,8 отсто помалку од лани Вкупниот број барања за азил од малолетници без придружба во август 2024 година изнесува 2.980, а најголем број малолетници доаѓаат од Сирија, Авганистан, Египет и Сомалија. Барање за азил во земјите-членки на ЕУ во август поднеле 69.270 лица, што е за 24,8 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Евростат. Како што е наведено, ова е прво барање за добивање меѓународна заштита во земјите на ЕУ, за кое во август минатата година се пријавиле 92.055 лица. Исто така, имало 6.285 последователни апликации, што е зголемување за 4,6 отсто во однос на август 2023 година, кога имало 6.010 дополнителни апликации. Најмногу азил бараат Сиријците, Авганистанците и Венецуелците. Како што е соопштено, Сиријците испратиле 13.340 први барања, Авганистанците 5.605, а Венецуелците 4.690 барања за азил. Земјите кои примиле 70 отсто од првите барања за азил се Германија, Шпанија, Франција и Италија. Германија добила 18.425, Шпанија 10.580, Франција 10.035, а Италија 9.620. Вкупниот број барања за азил од малолетници без придружба во август 2024 година изнесува 2.980, а најголем број малолетници доаѓаат од Сирија, Авганистан, Египет и Сомалија. Германија, Бугарија, Холандија, Грција и Белгија примија најголем број малолетници без придружба кои првпат побарале азил. Advertisement Post Views: 59 Еу 2024-11-20 Весник Илинден...
Николоски работи со полна пареа: Коридорот 10 е клучен приоритет
Македонски весник Илинден - пред 19 часа
Николоски работи со полна пареа: Коридорот 10 е клучен приоритет Коридорот 10 за министерот за транспорт и врски на Македонија, Александар Николоски останува приоритет. Тој вчера изјави дека Бугарија работи на алтернатива, со железничко поврзување на Коридорот 10 да ја заобиколи Македонија, па затоа треба да се посветиме на решение за двете држави. Бугарија работи на алтернатива!? Бугарија работи на алтернатива, со железничко поврзување на Коридорот 10 да ја заобиколи Македонија – вели министерот Николоски и токму затоа Коридорот 10 е приоритет. Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга Наскоро конкретни решенија Според него, Вардарската долина е природен тек каде треба да поминува брзата пруга од железничкиот Коридор 10. Најавува конкретни решенија за околу два месеца. И средба со Европската банка за обнова и развој. Никој не е наивен да верува дека 24 километри чинат 560 милиони евра, вели Николоски, па неопходно е да се направи ревизија на проектот и цената од македонска страна. Од бизнис-секторот апелираат што поскоро железничко поврзување со Драч и Солун, па потоа со Бургас и другите црноморски пристаништа. Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса Железничкото поврзување со Бугарија Со претставници од Бугарија ќе се разговара за железничкото поврзување кон крајот на месецов. Досега е договорено заедничко проектирање за тунелското решение кое ќе ги поврзува двете земји и заеднички изведувач. До крајот на јануари целокупната експропријација за Коридорите 8 и 10 ќе биде завршена-вели министерот Николоски. За две години само 25 отсто од експропријацијата биле завршени, а во следните шест месеци се најавуваат останатите 75 отсто./lider.mk Advertisement Post Views: 59 Александар Николоски 2024-11-20 Весник Илинден...
Бегај започнува консултации за датумот на парламентарните избори
Македонски весник Илинден - пред 21 часа
Бегај започнува консултации за датумот на парламентарните избори Денеска претставници на малите партии на консултациите кај шефот на држава за датумот на следните парламентарни избори. Во меѓувреме, се очекува таму да пристигне и првиот човек на ПДИУ, Шпетим Идризи или претставници на оваа политичка сила. За датумот на следните избори ќе бидат консултирани сите лидери на малите опозициски партии, каде шефот на државата ќе ги слушне нивните предлози. Потоа ќе ги продолжи консултациите со другите партии за избор на датум прифатлив за политичките сили. По овие средби, шефот на државата во четврток ќе има средба со претставници на Партијата на слободата. Двете најголеми политички сили во понеделник на 25 ноември треба да одржат консултации. По завршувањето на консултациите, претседателот Бегај ќе одреди конкретен датум и ќе го објави својот указ. Датумот на изборите се очекува да биде или на крајот на април или две недели на почетокот на мај. Но, тоа ќе се дознае по одлуката што ќе ја донесе претседателот Бегај. Advertisement Post Views: 124 Албанија 2024-11-20 Весник Илинден...
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
Македонски весник Илинден - пред 1 ден
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство Оваа нова политичка рамка за дијалог и соработка во областа на безбедноста и одбраната ја потпишаа Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ, во име на Европската унија и Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во име на Македонија. Неоправданата и неиспровоцирана војна на агресија на Русија против Украина ја истакна суштинската потреба за единство и солидарност во самата Европската унија, така и меѓу нејзините најблиски партнери, што дополнително ја нагласи важноста на зајакнатото Партнерство за безбедност и одбрана меѓу Европската унија и Македонија. Македонија е важен и вреден партнер за Европската унија во областа на мирот, безбедноста и одбраната, како и активен учесник во својство на трета земја во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија (ЗБОП). Потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана е одраз на одличната и континуираната соработка меѓу Европска унија и Македонија и е клучен чекор кон потесна соработка за широк спектар безбедносни прашања, а во полза на граѓаните на Европската унија и Македонија, претставувајќи исто така и важен елемент на напорите на Македонија за интеграција во Европската унија. Новиот инструмент, меѓу останатите области, ги опфаќа областите на соработка за управување со кризи, поддршка за Украина, спречување на хибридни закани, сајбер прашања, градење капацитети и обуки, борба против тероризам и надворешни аспекти на интегрираното управување со границите. Advertisement Post Views: 132 Еу Македонија 2024-11-19 Весник Илинден...
Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО
Македонски весник Илинден - пред 1 ден
Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска избрана е заменик генерален секретар на НАТО. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар, официјално објави НАТО на својот сајт. Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога, соопшти Руте. Со назначувањето, Радмила Шекеринска станува највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија. Во објавата се потсетува дека Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција кон крајот на годината. Радмила Шекеринска во моментов ја врши функцијата потпретседател на Партијата на европските социјалисти на Европа. Весникот “Политико“ пред изборот цитираше висок дипломат на НАТО од Западна Европа, кој изјавил дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на Руте. Разговорот во седиштето на НАТО се фокусира на двајца поранешни функционери од Македонија и Бугарија – Радмила Шекеринска и поранешната вицепремиерка и еврокомесар на Бугарија, Марија Габриел. Advertisement Post Views: 157 Радмила Шекеринска избрана е заменик генерален секретар на НАТО 2024-11-19 Весник Илинден...
Општина Пустец учествуваше на 39. Меѓународен саем за туризам „Филоксенија“ во Солун
Македонски весник Илинден - пред 1 ден
Општина Пустец учествуваше на 39. Меѓународен саем за туризам „Филоксенија“ во Солун Општина Пустец учествуваше на 39. Меѓународен саем за туризам „Филоксенија“ во Солун, каде ги презентираше убавините со кои располага Мала Преспа. Ова е наше второ учество на оваа значајна манифестација, на која нашиот штанд побудува се поголем интерес а со тоа и посетеноста на странските туристи кај нас е се поголем. Ги презентираме туристичките пакети, промовирајќи ги дестинациите од општината кои се многубројни, рече за МИА, Пали Колефски, градоначалник на Пустец. Познато е, додава, дека нашата општина има голем број туристички атракции кои треба секој да ги посети. Природата ни дарила многу богатства и убавини кои ги надополнуваат културно- историските споменици и божји храмови, што ни ги оставиле во наследство вредните раце на мајсторите. Кој ја посетил оваа област посакал повторно да дојде. Порачувам дека добредојдени се сите, посочува Колефски. Вели дека на саемот учествувале три дена каде имале одлична можност да ја промовираат, како што вели, нашата прекрасна Преспа. Advertisement Post Views: 161 општина пустец 2024-11-19 Весник Илинден...
Албанската полиција откри лабораторија за преработка на кокаин внесен од Латинска Америка
Македонски весник Илинден - пред 4 дена
Албанската полиција откри лабораторија за преработка на кокаин внесен од Латинска Америка Досегашниот успех на оваа кривична постапка покажува дека меѓународната соработка и домашната експертиза се клучот за конкретни резултати, оценува Думани. По истрага покрената во 2023 година, албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, во Ќерет, Фуш Краја, откри лабораторија каде што се преработувал кокаин прошверцуван од Латинска Америка. Уапсени се 10 лица, меѓу кои седум Албанци, еден од Колумбија и двајца од Венецуела. Истрагата на СПАК утврдила дека странците ја подготвиле инфраструктурата за преработка на кокаин донесен од Латинска Америка. Според СПАК запленети се 48 тони, односно околу 850 кожи во кои се сомнева дека се топел кокаин, околу шест килограми кокаин, како и мешалки и раствори кои би послужиле за процесот. Меѓу одземените докази се и 57 милиони колумбиски пезоси и 36 илјади евра. Групата со претходни врски со други лица на шверцот со дрога изложена на SKAJ ECC, според СПАК, успеала да инсталира лабораторија во Ќерет, но и помошни простории во Тирана. СПАК смета дека нивото на соработка со странски шверцери, кои вршеле понатамошен транспорт на кокаинот е од високо ниво на организација што се вршело преку напредна технологија. Поставувањето на лабораторијата во близина на аеродромот, оценува СПАК, е заради брз транспорт на кокаинот. Контроли се вршени и во други градови, каде е пронајдена апаратура. Откривањето на лабораторијата за кокаин во Ќерет, шефот на СПАК, Алтин Думани, го оцени како „клучен момент во борбата против организираниот криминал во Албанија”. -Оваа истрага е јасен доказ дека СПАК е посветен на гонење и разбивање на криминални мрежи кои ја загрозуваат безбедноста и правдата во нашата земја. Досегашниот успех на оваа кривична постапка покажува дека меѓународната соработка и домашната експертиза се клучот за конкретни резултати, оценува Думани. Advertisement Post Views: 278 Албанската полиција 2024-11-16 Весник Илинден...
Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај Делегацијата на Собранието на Македонија предводена од претседателот Гаши, беше примена и од претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај при што беа споделени видувања за регионалните предизвици, модалитетите на билатералната соработка меѓу двете држави, искористување на потенцијалите од засилена економска соработка, но и културна и туристичка размена. Беше акцентирано значењето на албанскиот политички фактор во Македонија, како и конструктивната политика на Република Албанија кон случувањата во Регионот и на планот на заедничкото интегрирање во Европската Унија. Како НАТО сојузници, беше потенцирано дека двете земји имплементираат миротворни политики, за доброто на целиот регион на Западен Балкан. Имајќи го предвид фактот што Република Македонија и Република Албанија се дел од Јужното крило на НАТО, беше истакната потребата од зајакната и динамична соработка, што ќе биде одговор кон реалните закани од секаков вид. Во текот на разговорите, беа разгледани можностите за искористување на европските фондови за инфраструктурни проекти, што ќе донесат бенефит за граѓаните на двете држави. Advertisement Post Views: 191 Африм Гаши Бајрам Бегај Претседателот на Република Албанија Претседателот на Собранието на Македонија 2024-11-13 Весник Илинден...
Отворен собирот „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Отворен собирот „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ (ВИДЕО) Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, денеска беше свечено отворен меѓународниот собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“, по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ, што ќе трае до недела. Поздравни говори пред присутните имаа директорот на Институтот за национална историја – Скопје, Митко Панов, ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана Ангелова, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Живко Попов, директорката на Државниот архив, Наташа Котлар – Трајкова, како и премиерот Христијан Мицкоски. Потоа следуваше отворање и разгледување на изложба. Премиерот во неговиот говор рече дека собирот е за да се одбележи 80-годишниот јубилеј од првото заседание на АСНОМ, „еден од најсветлите моменти во нашата понова историја, кога нашите претци донесоа важни одлуки што ни овозможија да се издигнеме како народ и како држава“. Оваа институција – АСНОМ, е неизбришливот жиг на македонската борба, најсветиот доказ дека македонската нација е создадена со многу труд и со огромни жртви, подвлече премиерот. Тој рече дека треба многу мудро денеска да се носат одлуки, за да се може да се стигне онаму каде што се сака. Потоа се осврна на тоа што овие нецели пет месеци го затекнал и го видел како прв човек во македонската Влада. Само силна демографија, економски силно развиена држава и одбрана на она што на маса е изгубено изминативе седум години, може да нѐ однесе онаму каде што треба да бидеме и каде што како народ целиме да бидеме, нагласи тој. Директорот на Институтот за национална историја – Скопје, Панов рече дека АСНОМ обврзува да ја продолжиме заветта на Илинденците и да не отстапиме од традициите и историското наследство, на што тие се повикувале градејќи ја државата. Бидејќи, како што подвлече, Илинден не е само нашето македонско минато, туку е нашата постисторија. Затоа, мора да бидеме достојни на нашите АСНОМ-ци и гордо да го издигнеме уште повисоко знамето на Гоце Делчев и на сите наши Илинденци, бидејќи илинденската епопеја е решеноста да не бидиш роб на никого, да заживееш како слободен народ и да покажеш колку е силна тупаницата за извојување на праведната борба за слобода, истакна тој. Притоа, нагласи дека АСНОМ повикува да се респектираме помеѓу себе, за да бидеме респектирани од другите како држава, народ и нација. Бидејќи АСНОМ е и македонскиот влог во Денот на Европа. Илинден е македонскиот национален код. Да бидеш тоа што си, свој на своето, рече меѓу другото Панов. Ректорката Ангелова истакна дека АСНОМ – е темелот за институционален и севкупен развој на државата, во што спаѓа и најстариот државен универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Додека земјава продолжува да се справува со предизвиците на нејзиниот пат кон ЕУ и со сите глобални предизвици, повеќе од кога било, принципите и идеалите на АСНОМ мора да останат вградени во суштината на сите идни одлуки, бидејќи се основата на македонскиот национален идентитет и државност, подвлече Ангелова. Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Попов кажа дека со овој меѓународен собир се одбележува 80-годишнината од одржувањето на првото заседание на АСНОМ и со тоа всушност, „ја продолжуваме традицијата по повод овој најзначаен настан во поновата историја на македонскиот народ, на секои 10 години да одржуваме научни собири посветени на АСНОМ и развојот и зачувувањето на државноста на македонскиот народ“. Тој изрази надеж дека тоа ќе остане така и во иднина, посочувајќи оти овој е седми научен собир по тој повод. Осврнувајќи се на патот за членство во Европската Унија, како што рече Попов, македонскиот народ станал пример за мирољубива коегзистенција со соседните земји. Пријателството, спремноста за соработка и отворениот дијалог со сите, а посебно со соседните земји, не секогаш беше возвратено на соодветен начин. Напротив, некои од нив покажаа неразбирање и нерационално однесување кон Македонија. Евроскептицизмот што се јавува во последно време е резултат на пречките што ЕУ неправедно ни ги постави во повеќе наврати на нашиот европски пат, а што најмногу се однесуваат на меѓународно преземените обврски во врска со договорите со Грција и оној за добрососедство со Бугарија, што во најмала рака, беа референдумски прашања, но, ние не се однесувавме така спрема нив, чиишто последици се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот. За нив, земјата направи болни компромиси при што си го промени прво државното знаме, а потоа и државното неприкосновено име, со што делумно ги наруши и идеалите и принципите на АСНОМ, изјави меѓу другото Попов. Но и покрај тоа, нагласи тој, „изостана отворањето на процесот на преговори со ЕУ“. Сепак, треба да сме свесни дека само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и со Европската Унија може да се дојде до разумни и прифатливи решенија за создадените проблеми, зачувувајќи го притоа, културното и историско наследство што му припаѓа на македонскиот народ како европска вредност. Но и покрај сите пречки, македонската држава денес е дефинитивно историска реалност со потврден целосен историски идентитет и меѓународен државноправен легитимитет, која со на достоинствен начин, мора храбро да продолжи по зацртаниот европски пат, истакна Попов пред присутните. Директорката на Државниот архив, Котлар – Трајкова рече дека Архивот како ризница на историско наследство и научно истражувачка институција, по повод осумдесетгодишниот јубилејот, се определи кон државотворната историја на македонскиот народ претставена преку АСНОМ и нејзино јавно прикажување, по пат на тематска изложба. Материјалот за изложбата, како што појасни, потекнува од фондот „АСНОМ“, заведен во Државниот архив под број 157, опфаќа 22 архивски кутии од кои само еден нивни дел е објавен во седум книги, односно на околу 4.000 страници. – Оваа документарна ризница сведочи дека АСНОМ, вториот Илинден, останува најзначајна страница на македонската нова историја и инспирација во натамошното пишување на националната историја, додаде Котлар – Трајкова. Advertisement Post Views: 196 80 години од првото заседание на АСНОМ 2024-11-13 Весник Илинден...
Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, оствари средба со Елиса Спиропали, претседателка на Собранието на Албанија
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, оствари средба со Елиса Спиропали, претседателка на Собранието на Албанија Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши денеска оствари возвратна посета на Република Албанија, предводејќи делегација составена од пратеничките Јулија Тушевска и Фериде Хаџиу, членки на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Албанија. На средбата со Елиса Спиропали, претседателка на Собранието на Република Албанија, беше истакната извонредната и динамична соработка на двете држави, со бројни реализирани средби на сите нивоа, што е показател и пример за квалитетна соработка меѓу две држави. Претседателот Гаши и честиташе на Албанија за почетокот на пристапните преговори со ЕУ и изрази очекување дека двете земји и понатаму ќе соработуваат на планот на европската интеграција. Беше подвлечено дека проширувањето е една од најдобрите политики на Унијата како геостратешка потреба и е долгорочна инвестиција за цела Европа во политичка, безбедносна и економска смисла. Во контекст на парламентарната соработка, којa има бројни потенцијали, од страна на двајцата претседатели беше истакната можноста за поголема соработка меѓу комисиите за европски прашања и националните совети за евроинтеграција, со оглед на заедничките интереси на двете држави во евроинтегративниот процес. Соговорниците истакнаа дека единствениот пат кон побрзо економско унапредување на Регионот е регионалниот пазар и заедничко интегрирање во истиот, бидејќи е природно добрите економски односи во регионот да бидат придружувани со добри политички односи и само на тој начин регионот реално ќе напредува. Advertisement Post Views: 184 Африм Гаши Елиса Спиропали претседателка на Собранието на Република Албанија Претседателот на Собранието на Македонија 2024-11-13 Весник Илинден...
Албанија потпиша меморандум за соработка со Азербејџан за гасификација на округот Корча
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Албанија потпиша меморандум за соработка со Азербејџан за гасификација на округот Корча Албанија и Азербејџан, потпишаа меморандум за соработка за гасификација на Корча, што ќе продолжи и во Подградец и Ерсек а потоа и други градови. Договорот е потпишан во Баку во присуство на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и албанскиот премиер Еди Рама, кој учествува на 29-та Конференцијата на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени(COP29). Вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, по потпишувањето, за албанските медиуми, изјави дека реализацијата на проектот почнува во 2025 година а целта е гасификација на целата територија на земјата. – Ова е многу добра вест, која долго време е разгледувана меѓу “Албгаз”и “СОКАР”, а сега станува реалност. Нашите планови се што поскоро да почнеме со работа, почнувајќи од инженерскиот дел. Се очекува работата да започне во 2025 година и да заврши во 2027 година. Имаме намера да создадеме цела дистрибутивна мрежа која го покрива целиот град Корча, но и градските бизниси, изјави Балуку. Според министерката, проектите за гасификација на земјава ќе продолжат до 2030 година. Колку се зголемува планот за гасификација на Албанија, толку се намалуваат трошоците. Во почетокот државата ќе ја поддржи оваа нова процедура, овој нов производ, проширувајќи го и на подрачјето на Поградец и Ерсек. Прогнозираме дека оваа гасификација на државата ќе продолжи до 2030 година, покривајќи поголем дел од градовите, кои имаат и индустриски делови, најави Балуку. Таа додаде дека Албанија е ангажирана во заштитата на животната средина и целта е повеќе да не се користи огревно дрво за затоплување. Advertisement Post Views: 252 Албанија 2024-11-13 Весник Илинден...
Албанија и ОАЕ потпишаа договор за формирање заедничка компанија за производство на струја
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Албанија и ОАЕ потпишаа договор за формирање заедничка компанија за производство на струја Албанија и Обединетите арапски емирати, односно албанската електро корпорација, КЕШ и Масдар, гигантот на ОАЕ, во Баку, Азербејџан, потпишаа договор за формирање заедничка компанија за производство на електрична енергија. Премиерот Еди Рама на социјалните мрежи сподели фотографии од потпишувањето на договорот, потенцирајќи дека оваа компанија ќе инвестира во Албанија и регионот. Вицепремиерката, и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, овој договор го оцени како „еден од најважните во енергетскиот сектор со широко влијание во регионот“. За време на одржувањето на 29-та Конференцијата на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени (COP29) во Баку, покрај тоа што на сите панели го промовиравме големото богатство што го имаме, нашата земја, која произведува 100 отсто обновлива енергија, го потпиша еден од најважните договори за соработка со гигантот Масдар. Оваа компанија работи долго време на Балканот, но сега со КЕШ, се создава заедничка компанија која ќе инвестира на целата област на Западен Балкан, но пред се во Албанија, рече Балуку, објави АТА. Претставникот на компанијата Масдар истакнал дека „како глобален лидер во обновливите извори на енергија, Масдар е горд што го потпишал овој договор со Албанија, особено со КЕШ“, при тоа додавајќи дека компанијата е многу активна во балканскиот регион. Всушност, ние сме една од најголемите компании за обновлива енергија во светот. Среќни сме што соработуваме со албанската влада и КЕШ за овој стратешки проект кој ќе ги искористи извонредните обновливи извори на енергија што ги има Албанија. Со нетрпение очекуваме да работиме на напредокот на овој проект, изјави претставникот на Масдар. Според министерката Балуку „енергијата и економијата на обновливите извори на енергија се врвен приоритет за Албанија“. Advertisement Post Views: 309 Албанија Обединетите Арапски Емирати 2024-11-13 Весник Илинден...
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето од фашистичката окупација
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето од фашистичката окупација На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. Скопје денеска одбележува 80 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда, а најавени се повеќе манифестации, работилници, изложби, промоции… На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. Advertisement Post Views: 167 Македонија Скопје одбележува 80 години од ослободувањето од фашистичката окупација 2024-11-13 Весник Илинден...
Министерот Муцунски домаќин на министерот за надворешни и европски работи и трговија на Малта и претседавачот на ОБСЕ, Иан Борџ
Македонски весник Илинден - пред 8 дена
Министерот Муцунски домаќин на министерот за надворешни и европски работи и трговија на Малта и претседавачот на ОБСЕ, Иан Борџ Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски денеска беше домаќин на министерот за надворешни и европски работи и трговија на Малта и претседавачот на ОБСЕ, Иан Борџ. По билатералната средба помеѓу министрите Муцунски и Борџ, се одржа и состанок на ОБСЕ Тројката, со учество на министрите за надворешни работи на Македонија, Малта и Финска, Елина Валтонен. На средбата со министерот Борџ беше потврдена потребата од заеднички и координиран пристап во справувањето со сериозните предизвици со кои се соочува ОБСЕ, вклучувајќи го конфликтот во Украина, прашањето за финансирање на организацијата, изборот на раководни позиции и долгорочната стабилност на ОБСЕ. Покрај мултилатералната соработка, на средбата се разгледаа и билатералните односи помеѓу двете земји и можностите за нивно продлабочување и унапредување. Во текот на состанокот на ОБСЕ Тројката, министерот Муцунски ја истакна посветеноста на Република Македонија како член на Тројката и даде поддршка за активниот ангажман на Малта, која, и покрај непредвидените пречки, покажа лидерство во овој критичен период за ОБСЕ. Исто така, беше истакната заедничката заложба на ОБСЕ Тројката во одбрана на основните вредности на ОБСЕ – мирот, безбедноста и меѓусебната соработка – како основа за долгорочна стабилност во регионот и пошироко. По средбата, двајцата министри одржаа прес-конференција. Во своето обраќање пред медиумите, министерот Муцунски изрази надеж дека малтешкото претседателство заедно со идното финско претседателство, дополнително ќе ги зајакне целите на ОБСЕ преку политички дијалог, демократски средства и добро владеење. „Во овој контекст, се согласивме дека на ОБСЕ како најголемата регионална безбедносна организација, во денешниот сложен геополитички контекст, и треба стратегиска предвидливост и функционална непреченост.“, акцентираше министерот Муцунски во изјавата. Advertisement Post Views: 171 малта Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија обсе Тимчо Муцунски 2024-11-12 Весник Илинден...
Оддадена почит на загинатите Македонци во француската војска
Македонски весник Илинден - пред 8 дена
Оддадена почит на загинатите Македонци во француската војска Денеска Франција на државно ниво го одбележа денот кога беше означено примирјето и победата на сојузниците над Германија во Првата светска војна. Примирјето стапи во сила во Париз и овој историски датум е познат под називот „во 11 часот на 11 ден од 11 месец“ во 1918 година, односно денот кој се смета за капитулација на Германија во Првата светска војна. Македонската заедница од Франција секоја година полага венец пред спомен-обележјето во Паркот на мирот во Колумел каде се овековечени/изгравирани имињата на 33 Македонци кои загинале на страната на француската армија во Првата светска војна. По еден век Франција прва се одважи да ја исправи историската неправда за овие млади македонски војници и досега ова е прв и единствен чин од една учесничка страна во Првата светска војна да оддаде почит кон македонските учесници во таа војна. Оваа година Македонците беа претставени од здружението „Илинден 1903“ и здружението „Заборавени Македонци“ кои заедно со претставници на локалната градска власт на општината Колумбел положија венци во сеќавање на младите Македонци кои ги дадоа животите за француската држава. Иницијативата за подигнување на спомен-обележје беше покрената во 2017 година пресрет на одбележувањето на 100 години од крајот на Првата светска војна и учество зедоа општината Колумбел од Франција, општината Штајнхајм ам Албух од Германија, општините од кантонот Карнака од Република Нигер и општина Новаци од Македонија. Спомен-обележјето со имињата на загинатите војници во виорот на Првата светска војна се наоѓа во Паркот на мирот во гратчето Колумбел во Нормандија и испишан е на француски, германски и македонски јазик, официјалните јазици на земјите учеснички во проектот. Проектот почива врз европските принципи и вредности и не ја велича само победничката страна (Франција) туку оддава почит кон сите жртви кои неволно биле инволвирани во воениот конфликт и затоа тука е вклучена и Германија како страна која ја изгубила војната. Во Првата светска војна Македонците беа мобилизирани во различни завојувани војски на Македонскиот (Солунскиот) фронт и во битките на Кајмакчалан згаснаа голем број на млади македонски животи кои насилно беа мобилизирани во други војски, но досега за нив нема подигнато ниедно спомен-обележје што ќе потсетува на тие жртви. Македонската заедница од Франција преку проектите на здружението „Заборавени Македонци“ ги охрабрува и поттикнува и другите учесници во Првата светска војна (пред сѐ Србија и Бугарија) да го следат примерот на Франција и да покажат храброст и направат напори на сличен начин да бидат овековечени имињата на сите Македонци кои насилно биле мобилизирани во нивните војски претворајќи го Македонскиот (Солунскиот) фронт во „кланица на македонската младост“ и најсуров приказ за бесмисленоста од воените конфликти кои го опустошија Балканскиот полуостров со последици кои се чувствуваат и ден-денес – повеќе од еден век од тие немили настани. Еве го списокот на загинатите Македонци од општина Новаци чии имиња се изгравирани на споменикот во Коломбел во Франција: Павел Георгиев, с. Агларци, Стојан Димитров, с. Билјаник, Васил Колев, с. Брод, Васил Христов, с. Брод, Христо Петков, с. Будимирци, Марко Иванов Раклев, с. Градешница, Мирчо Стоиков, с. Градешница, Киро Христов, с. Грумази, Иван Петков, с. Маково, Иван Петков, с. Рапеш, Сокле Крстев, с. Мегленци, Богдан Мегленеца, с. Мегленци, Стојан Мегленеца, с. Мегленци, Мице Христов, с. Мегленци, Сребре Костов, с. Новаци, Гроздан Лозанов, с. Рапеш, Иван Петков, с. Маково, Иван Петков, с. Рапеш, Лазар Атанасов, с. Скочивир, Китан Митрев, с. Скочивир, Петар Толев, с. Сливица, Коле Никола, с. Брник, Тодорче Стојан Никола, с. Брник, Петко Стојан, с. Брник, Миле Коте, с. Градешница, Филип Трајче, с. Градешница, Павле Диме, с. Градешница, Цветан Крсте, с. Далбеговци, Митре Петков, с. Добровени, Петко Боше, с. Рапеш, Петко Лисковски, с. Добрушево, Стевче Новевски, Јован Битољ./Георги Гоце Дуртаноски, здружение „Заборавени Македонци“ Advertisement Post Views: 165 Македонци во француската војска 2024-11-11 Весник Илинден...
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија, е првиот пример на леукизам кој некогаш бил забележан кај овој вид и истата го воодушеви светот, објавија албанските медиуми. Леукизам е ретка состојба која предизвикува делумно губење на пигментацијата на кожата и крзното кај животните, но за разлика од албинизмот, не ги погодува и очите. Ајкулата „дух“ која беше откриена на албанскиот брег е позната како ајкула со груб агол (Oxynotus centrina). Овој редок примерок е пронајден во близина на островот Сазан, изолирана воена база, на длабочина од околу 200 метри. Ајкулата се разликувала поради ретка генетска состојба наречена леукизам, која го нарушува производството на меланин и предизвикува намалена пигментација, наведуваат медиуми. Според „Livescience“, ова е првпат да се документира леукизам кај овој вид и кај целото семејство на ајкули, Oxynotidae. Таквите аголни ајкули обично имаат темно сиво-кафеава или црна боја со темни дамки на нивните страни за да им помогнат да се вклопат во нивната околина. Ајкулата-дух е со совршено здравје, што го потврдуваат и објавените фотографии. Некои истражувања сугерираат дека недостатокот на пигментација може да ги направи поединците повидливи и за предаторите и за пленот, потенцијално намалувајќи ги нивните шанси за преживување, изјавил фотографот Андреј Гајиќ од Sharklab ADRIA. Тој смета дека ова откритие, заедно со други податоци од здрави ајкули со нарушувања на пигментот, имплицира дека овие абнормалности немаат значително негативно влијание врз способноста на длабоко морските ајкули да се хранат, избегнуваат предатори или да се размножуваат. Advertisement Post Views: 393 Белата ајкула-дух Сазан во Албанија 2024-11-12 Весник Илинден...
Трибина во Дебар за семејството како основа на соживот и општествени вредности (ФОТО)
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Трибина во Дебар за семејството како основа на соживот и општествени вредности (ФОТО) Во саботата попладне, на 9 ноември, градот Дебар беше домаќин на првата Трибина која се одржа во рамки на проектот за поддршка на соживотот во регионот, чијшто носител е Здружението за заштита и негување на културните вредности „Рајчица“. Овој значаен мултикултурен и мултирелигиски проект се случува по идеја и со благослов на нашиот Старец, епископот Антаниски г. Партениј, а е одобрен и поддржан од страна на Општина Дебар. Трибината која носеше наслов „Семејството: стожер на љубовта и општествениот развој“, за прв пат на иста маса ги донесе претставниците на двете најголеми верски заедници во регионот, но и во државата, имено православната и исламската. Поканетите говорници, секој од аспект на својата експертиза, имаа можност да ги изнесат своите согледби во однос на посочената тема, придонесувајќи на тој начин да се пренесат нивните зборови во јавниот дискурс. На трибината, меѓу многуте присутни граѓани од различна етничка и верска припадност, на наша голема радост присуствуваа: нашиот Старец, епископот Антаниски г. Партениј, заедно со архимандритот г. Доситеј и дел од нашето братство и сестринствата; градоначалникот на Општина Дебар г. Хекуран Дука; дебарскиот муфтија г. Решат Качалнику; директорката на Центарот за култура во Дебар г-ѓа Едона Алили; парохискиот свештеник о. Миле Ангеловски; монаси и монахињи, просветни и културни работници, како и голем број претставници на институции. Трибината ја отвори психологот Ангелина Василевска, која го истакна значењето на соживотот во регионот низ многуте децении наназад, како и важноста од дискусиите на овие теми во јавниот простор. Веднаш по неа, пред присутните се обрати и Градоначалникот на Општина Дебар, г. Хекуран Дука, кој го поздрави одржувањето на оваа Трибина, истакнувајќи дека треба да ги развиваме ваквите заложби за поддршка на соживотот, со кој Дебар се гордее. „Во фокус на оваа трибина, би сакал да кажам дека сум многу задоволен што ќе се дискутира на тема поврзана со семејството, бидејќи многу пати сум бил присутен на различни трибини каде што се зборува за правата на децата, правата на жената, но никогаш не сум бил присутен, ниту пак, сум разбрал дека има дебата на која се зборува за нашето најважно, а тоа е семејството, кое е основна клетка на општеството. Оти какво што ни е семејството, такво ќе ни биде општеството“, рече меѓу другото Градоначалникот на отворањето на трибината, кој вети дека ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи насочени кон развој на младите во општеството. Првото предавање на конкретната тема беше произнесено од монахињата Ефимија Зајковска од манастирот во Рајчица, која се фокусира на современите состојби и предизвиците исправени пред семејството. „Денес, и покрај сиот економски, индустриски и технолошки развој, сепак, се забележува еден парадокс, кој рефлектира сериозни оштетувања внатре во човечката личност: наместо да напредува, човекот регресира, се соочува со неверојатен стрес, страв, незнаење, болести. А најсилен, пак, негативен ефект од современиот развој е настанатото отуѓување меѓу луѓето, што значи дека тие отстапуваат од целта заради која се создадени, а тоа е живот во заедница и соединување со Бога. Денес човекот професионално непрестајно се развива, но стагнира и потфрлува на семеен план, тој има многу виртуелни пријатели, но со никого не создава длабоки физички и емотивни врски, неверојатно е храбар за да освојува нови сложени предизвици, а сериозно исплашен да го отвори своето срце за да го пушти внатре својот ближен“, истакна сестра Ефимија во своето обраќање. Меѓу другото, таа ги поттикна присутните на размислување, поставувајќи им го прашањето: Дали денешните семејства имаат реална способност да се спротивстават на модерните трендови, кои се насочени пред сè кон индивидуалниот развој на човекот, за сметка на неговото отуѓување од ближниот? „Токму таму, во модерниот амбиент во кој реално сите ние живееме, имаме задача да ја понудиме нашата перспектива, да придонесеме и системски да се променат нештата, да се избориме за подобро образование на нашите деца, да бидеме истрајни во почитувањето на моралните вредности. Го менуваме општеството влијаејќи на него со својот позитивен пример, бранејќи ги, додека дишеме, вредностите кои ги стекнавме и научивме благодарение на животот во нашите семејства: почитувањето на секоја личност, скромноста, чесноста, трудот, пожртвуваноста, добротата, незлобливоста, милосрдието, простувањето, љубовта! Овие семејни вредности, од нашиот мал семеен круг непрестајно треба да ги пренесуваме во големото семејство на светот. Ако тоа го имаме, тогаш тоа ќе го дадеме. Бидејќи, секој го пренесува она што го научил, секој од срцето го дава тоа што во него го поседува, истакна сестра Ефимија. Веднаш по монахињата Ефимија се обрати клиничкиот психолог и психотерапевт г-ѓа Сумеа Рамадани, која со својот особено инспиративен говор го држеше будно вниманието на сите присутни, велејќи дека „во секоја религија семејството е нешто свето, единствено место каде што нè прифаќаат онакви какви што сме, бидејќи само во семејството се потпираме на љубов. Во семејството сите сме исти, еден за сите и сите за еден. Љубовта е фундаментална потреба за да опстанеме во живот. Љубовта пренесена од родителите на детето, детето ја пренесува на светот. Семејството нè учи на сите социјални вештини и емоционална стабилност. А мајката, пак, е најсветото нешто, најубавиот цвет во семејството, мајката е таа која го собира целото семејство и треба да се почитува со милост. Секако, клучна улога во семејството и развојот на детето во вистинска личност одигрува и таткото, меѓутоа, мајката е најубавиот подарок што таткото може да му ја даде на детето“, рече меѓу другото г-ѓа Рамадани. По г-ѓа Рамадани се обрати Имамот од Дебар г. Орхан Зенго, кој го изрази своето огромно задоволство што може да даде придонес на една ваква одлична средба. Тој истакна дека „религијата има клучна улога во создавањето на вистинска здрава личност. Да се биде религиозен, значи да се биде човек во потполна смисла на зборот. Религијата нè поучува како најдобро да го изградиме нашето семејство. Семејството е првата институција во која се раѓа и се гради една вистинска личност. Од исламска перспектива, за да изградиме здрава личност потребно ни е да изградиме здраво семејство. А предуслов за здраво семејство е бракот помеѓу маж и жена, кои треба да бидат здрави и изградени личности. Преземањето на одговорноста е на двајцата родители, кои треба да го едуцираат своето дете, да му ги инсталираат сите човечки и хумани вредности и да го изградат во вистинска личност. И општествениот развој зависи токму од самиот човек и неговата личност. Колку повеќе добри личности ќе изградиме толку побрзо ќе се промени и развие во подобро нашето општество“. На крајот се обрати и архимандритот Кирил Деловски од Бигорскиот Манастир, кој ја нагласи позитивната улога на градот Дебар во одржувањето на добриот соживот низ вековите. Исто така, тој со посебна теолошка длабочина, пред присутните ја истакна возвишената православната перспектива за бракот и семејството, заокружувајќи ја вчерашната Трибина со надежта дека оваа практика ќе продолжи и понатаму. „Со голема чест и радост се собравме денес во овој знаменит и благороден град Дебар, кој низ вековите претставува жив симбол на соживот, взаемна почит и братство. Град каде што христијанските и муслиманските заедници секогаш биле блиски, каде што во домовите се негувале семејните вредности и каде што грижливо се пренесувал духот на широкоградоста и меѓусебното разбирање од поколение на поколение. Секако, имало и негативни ситуации и такви што сакале да внесат раздор, непочит и омраза, но, овде, за среќа, историјата памети само добри примери и оние кои твореле добро. Во овој град, љубовта и почитта кон ближниот се градат на секојдневно ниво, правејќи го Дебар неприкосновен пример во нашата држава за заедништво и почитување на разликите. Верувам дека „денешното наше заедничко присуство е плод на вековната традиција на заедништво и меѓусебна почит, толку важна за овој град, но нема да претерам ако речам и за светот. Токму затоа, им благодарам на сите кои се потрудија во организацијата на оваа прекрасна трибина, а особено на градоначалникот на општина Дебар, г. Хекуран Дука, на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, со чијшто благослов сме вечерва тука и на почитуваниот дебарски муфтија, г. Решат Качалнику. Ќе ги истакнам зборовите од мојата внука Коприна, кои таа ги кажа кога имаше само четири годинки: ‘Колку е тажен светот да немам родители!’ Децата, според природниот поредок, имаат неопходност од родители во секој аспект на нивниот живот. Потребата за топлината, присуството и поддршката на родителите е неизмерна и непроценлива – таа е вградена во самото битие на детето. Но, дилемата на нашето време, во ерата на технократија и непрестајна трка по материјалните вредности и современите трендови, е дали родителите се навистина тука за децата. Живееме во општество кое ги вреднува видливите успеси, во кое човекот се оценува според неговиот успех на социјалните мрежи, според висината на неговиот доход и престижот на неговата позиција. Овој безмилосен ритам ја осиромашува човечката душа и го оддалечува од суштинските врски кои го облагородуваат животот. Родителите, заслепени од новите идеали за успех и самореализација, сè почесто се жртви на зависноста од социјалните мрежи и на бездушната трка за кариера и богатство, првонаредувајќи го, пред сè, својот дигитален имиџ, на сметка на семејната близина. Притоа, невидливата цена на оваа опсесија се плаќа со тежок данок: во изгубени моменти, во изгубено присуство, во изгубено воспитание. Родителите, погледнати низ очите на детето, се далечни, отсутни – дури и кога физички се присутни. Колку тажно е кога децата го бараат погледот на своите родители, но наместо на поглед кој зрачи со емпатија, нежност, радост и разбирање, наидуваат на екрани кои светат со друга светлина, светлина која не е топла и животворна, туку студена и илузорна. Екраните, кои ја крадат внимателноста на родителите, на детето му порачуваат дека неговото време и неговата љубов не се доволно важни. Детето сака мајка и татко, а не успешни бизнисмени и нашминкани слики во дигиталниот простор“. Уште еднаш ја изразуваме нашата голема благодарност до Општина Дебар, до „Просветно дело“ кои несебично се вклучија во овој проект, овозможувајќи школски прибор за децата од руралните средини, до сите просветни и културни работници од регионот, кои несебично го подржуваат овој проект. Advertisement Post Views: 159 Здружението за заштита и негување на културните вредности „Рајчица“ Трибина во Дебар 2024-11-11 Весник Илинден...
Средба на министрите Муртезани и Хасани – зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справување со предизвиците од европската агенда
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Средба на министрите Муртезани и Хасани – зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справување со предизвиците од европската агенда Министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Тирана оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани. Оваа средба ја рефлектира зајакнатата билатерална посветеност за напредување на интегративниот пат кон ЕУ на двете пријателски земји. Во тој контекст, најнапред Муртезани упати честитки до албанскиот колега за неодамна одржаната втора Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што го започнува преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, според ревидираната методологија за проширување, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Темели“. Воедно, тој ја потенцираше подготвеноста на Северна Македонија за отпочнување на преговорите до крајот на годината, што би бил дополнителен импулс за континуитет на заедничките напори во пробивот на европскиот пат. Министрите Муртезани и Хасани го реафирмираа традиционалното пријателство и блиските билатерални односи и разговараа за интензивирање на дипломатските врски и зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справување со предизвиците од европската агенда. Тие ја нагласија важноста на регионалната солидарност во овој процес, како и заедничката решеност на Македонија и Албанија да ги испорачаат потребните реформи кои се во согласност со европските стандарди. Министерот Муртезани посочи дека соработката на реформските агенди преку развивање заеднички планови за работа за клучните области овозможува поголема ефикасност и интензивирање на реформските процеси за двете земји. Advertisement Post Views: 120 2024-11-11 Весник Илинден...
Белорусија стана партнер на БРИКС
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Белорусија стана партнер на БРИКС Белорусија стана партнер на БРИКС, објави прес-службата на Министерството за надворешни работи, пренесува РИА Новости. „На 5 ноември 2024 година, претседателот на Република Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша писмо до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, за подготвеноста на нашата земја да се приклучи на БРИКС како партнер“. Како што истакна Лукашенко во својата порака, БРИКС од своето формирање континуирано ја зајакнува мултилатералната интеракција, станувајќи не само симбол, туку и еден од столбовите на мултиполарноста. Не само земјите-членки, туку и сè поголем број земји од глобалното мнозинство полагаат надеж во праведниот светски поредок на ова обединување. Белорускиот лидер му се заблагодари на рускиот колега на поддршката, истакнувајќи со особено задоволство што учеството на републиката во БРИКС како партнер беше официјализирано токму за време на претседавањето на Москва. „Така, Белорусија ја потврди својата усогласеност со потребните стандарди и критериуми и се согласи да ги следи водечките принципи на моделот на земја-партнер на БРИКС“, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Како што е наведено, статусот на земја-партнер предвидува континуирано учество на специјални седници на самити и состаноци на министрите за надворешни работи на БРИКС. Исто така, можно е да се поканат партнери на други настани на министерско ниво, особено за трговија, состаноци на претставници на националната безбедност и парламентарни форуми. Партнерите можат да се приклучат на финалните документи на здружението. По самитот на БРИКС во Казан во октомври, претседателот на Белорусија објави дека републиката станала партнерска држава во организацијата. Според неговите зборови, Минск ја потврдува својата целосна подготвеност за полноправно членство во БРИКС. Advertisement Post Views: 64 belorusija БРИКС 2024-11-11 Весник Илинден...
Македонските државјани од Нова година без зелен картон кон Албанија, Србија и Молдавија?
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Македонските државјани од Нова година без зелен картон кон Албанија, Србија и Молдавија? Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и Молдавија најверојатно ќе се знае до крајот на годинава, односно кон средината на декември. Овој трошок за граѓаните на Македонија, но и за граѓаните на другите членки на ЦЕФТА договорот треба да се укине, вели Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел . Поседувањето на овој документ сега е задолжителен при влез на територијата на Русија , Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко. Зелениот картон е само доказ дека сопствениците на автомобили веќе платиле осигурување за својот автомобил и не е посебен документ, туку само потврда дека сте платиле осигурување, но за него се издвојуваат одредена сума пари. Возачите во Македонија во просек ги чини околу 2.000 денари месечно или речиси 4.000 денари годишно. Advertisement Post Views: 178 Албанија Македонија Молдавија 2024-11-11 Весник Илинден...
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија Серија на земјотреси во Албанија, со слаб интензитет ја погодија југозападна Албанија во близината на Валона, јавува ЕМСЦ. Земјотресот се случил утрово во 6:01 минута, а со послаб интензитет бил почувствуван и во југозападниот дел на земјава. Ова е еден од неколкуте земјотреси кои се случиле во тоа подрачје. Вториот и третиот беа со јачина од 3 и 2,3 степени, а потоа и со 2,5 и 2,8 степени. Advertisement Post Views: 159 Албанија земјотрес Македонија 2024-11-11 Весник Илинден...
Сијарто: Унгарија е во центарот на вниманието на светот, западните лидери се обидуваат да ја изолираат
Македонски весник Илинден - пред 10 дена
Сијарто: Унгарија е во центарот на вниманието на светот, западните лидери се обидуваат да ја изолираат Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија ја посетиле сите европски лидери во последните два дена, и покрај тоа што западните власти тврдат дека земјата е изолирана во своите ставови. Всушност, ние сме толку изолирани што во последните два дена секој европски лидер не посети овде во Будимпешта. Со самитот на европската политичка заедница и состанокот на Европскиот совет ги организиравме најголемите дипломатски настани во историјата на Унгарија, вели Сијарто во авторскиот текст, пренесува Индекс. ху. Тој додаде дека лидерите на западниот свет се собрале во Будимпешта само два дена по убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. „Лажат дека сме изолирани … Да се кажуваат такви глупости дури и во денешната меѓународна политичка дебата, која нема баш висок стандард, е подвиг. Толку сме изолирани што се осмелувам да кажам … денес само унгарскиот премиер може истовремено да разговара со лидерите на најсилните светски полови на моќ: претставниците на Обединетите нации, претседателите на Кина, Русија и Турција и премиерот на Израел“, рече Сијарто, додавајќи дека тоа значи и дека сме опкружени со нова реалност – „старите клишеа не функционираат, повторувањето познати позиции не води никаде“. „Живееме во доба на опасност, светот пред нашите очи влегува во сосема нова економска и политичка ера. Во ера во која ништо не е (и нема да биде) исто … Во Европа се уште има војна, речиси една деценија живееме под притисок на илегалната миграција, европската политика е заглавена во политичката коректност, а меѓународниот либерален мејнстрим почна уште еден очајнички напад за да го премести стариот континент во пост-национална и постхристијанска ера“, наведе унгарскиот министер. Тој нагласи дека Унгарија е една од ретките земји во Европа во последниве години која се осмелила отворено да „почне борба“ во согласност со трите цели на националната надворешна политика – зачувување на суверенитетот, унапредување на мирот и одржување на економската неутралност. Тој додаде дека има впечаток „дека либералниот мејнстрим нема што друго да прави освен да ја поткопува унгарската надворешна политика секој ден“. „Зошто зборуваме за мир, зошто ги одржуваме односите со Русија, зошто ги охрабруваме кинеските компании да инвестираат во Унгарија, зошто ставаме вето на резолуциите со кои се критикува Израел, зошто не ги осудуваме арапските земји по прашањето за спроведување на човековите права, зошто го напаѓаме Брисел поради илегалната миграција, зошто премиерот се среќава со 45-от претседател на САД“, нагласи Сијарто и оцени дека фактите не се во корист на бриселските власти и дека е докажано дека европската и американската воена стратегија „биле сериозно промашување“. Не ги интересираше фактот дека испораките на оружје не доведоа до напредок на Украинците на бојното поле, туку до смрт на многу повеќе луѓе, дека санкциите не функционираат, дека уништувањето се зголемува. Не можеа да разберат дека затворањето на каналите за комуникација значи целосно напуштање на надежта за мир“, предупреди Сијарто. Тој додаде дека Брисел не го интересира тоа што Унгарија и во најтешкиот период немала проблем со снабдувањето со енергија, ниту дека во земјата се градат најмодерни германски и кинески фабрики и се отвораат десетици илјади работни места. Со широк спектар на правни, политички, медиумски и финансиски напади, Брисел сака да ја вовлече Унгарија во „провоена политика“, да „го предаде суверенитетот, да ги прифати мигрантите, поклонувајќи се на агресивниот политички мејнстрим на родовата пропаганда“. „Се спротивставивме: три години успешно ја држевме земјата надвор од војна, не се откажавме ниту од мал дел од нашиот суверенитет, тука нема мигранти, а ни ЛГБТ активистите не можат да им го збунат умот на нашите деца“, заклучува Сијарто Advertisement Post Views: 214 Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто 2024-11-10 Весник Илинден...
Рама: Размислувам да ја напуштам работата, ќе бидам многу среќен
Македонски весник Илинден - пред 10 дена
Рама: Размислувам да ја напуштам работата, ќе бидам многу среќен Премиерот на Албанија Еди Рама денеска изјави дека размислува да ја напушти работата, нагласувајќи дека тоа „ќе го направи многу среќен“. Колку пати помислувам ќе бидам многу среќен ако ја напуштам оваа работа, проблемот е што тогаш се прашувате како ќе продолжи работата – рече Рама во подкастот „Фласим“. Тој рече дека ужива во уметноста и разговорот, како и дека за викенд оди во пештерата Дуле без телефон – пренесува Албеу. Advertisement Post Views: 150 Еди Рама 2024-11-10 Весник Илинден...
Македонија: Во Охрид археолозите открија остатоци од ранохристијанската базилика (ФОТО)
Македонски весник Илинден - пред 10 дена
Македонија: Во Охрид археолозите открија остатоци од ранохристијанската базилика (ФОТО) Културно-историските монументи на Македонија продолжуваат да ме фасцинираат и воодушевуваат, Охрид се соочува со нови откритија што говорат за богатата историја на регионот, вели министерот за култура и туризам Зоран Љутков. На локацијата „Зарчевци“, веднаш до познатата црква Света Софија, археолозите открија остатоци од ранохристијанската базилика, каде што се истакнуваат убавината на крстилницата, како и зачуваните подни мозици и ѕидови со фреско декорација. На соседната локација „Манчевци“ веќе е завршена конзервацијата и презентирањето на сегмент од претходно откриените мозаични подови, ѕидови, столбови и арки, кои заедно со новите откритија создаваат единствена целина, посочува Љутков. Овие археолошки наоди, потенцира, не само што се неми сведоци на нашата историја и култура, туку и важен дел од идентитетскиот код на Македонија.Тие служат како инспирација за натамошни археолошки истражувања и поддршка на промоцијата на културното наследство пред домашната и меѓународната јавност, додава Љутков. Advertisement Post Views: 343 Македонија охрид 2024-11-10 Весник Илинден...
Второ место за македонскиот кадетски репрезентативец во Таеквондо, Теодор Стојановски во кадетско европско првенство во Тирана
Македонски весник Илинден - пред 11 дена
Второ место за македонскиот кадетски репрезентативец во Таеквондо, Теодор Стојановски во кадетско европско првенство во Тирана Голем успех за македонскиот кадетски репрезентативец во Таеквондо Теодор Стојановски на официјалното кадетско европско првенство што се одржува во Тирана, Албанија. Стојановски избори финале со победите против претставниците на Кипар, Украина и Велика Британија и во финалето за златниот медал ќе се бори против преставникот на Франција. Ова е уште еден голем успех за таеквондото како олимписки спорт и воедно за Теодор Стојановски кој е втор на европската ранг листа во неговата категорија. Advertisement Post Views: 198 Македонија таеквондо 2024-11-09 Весник Илинден...
Во Преспа се појавија стари живеалишта и артефакти, најверојатно од неолитот (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 11 дена
Во Преспа се појавија стари живеалишта и артефакти, најверојатно од неолитот (ВИДЕО) Advertisement Post Views: 461 преспа 2024-11-09 Весник Илинден...
МЕПСО: Проектот за интерконективно поврзување со соседна Албанија е најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа
Македонски весник Илинден - пред 11 дена
МЕПСО: Проектот за интерконективно поврзување со соседна Албанија е најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа Интензивни градежни активности се вршат на градилиштето во близина на селото Мешеишта каде се гради новата 400/ 110 kV трансформаторска станица Охрид, велат од МЕПСО. „Стабилните временски услови овозможуваат компанијата изведувач да работи согласно планираниот динамички план. На површина од 80 000 метри квадратни се изведуваат потпорни ѕидови и наклони, се гради командната зграда на станицата, се работи на изведба на фундаменти за монтирање на челични носачи на опрема во 400 kV постројка. Членовите на Управниот Одбор на чело со генералниот директор Бурим Љатифи, ја потенцираа важноста на овој капитален инфраструктурен проект и за државата и за регионот бидејќи со инвестицирање во преносната мрежа градиме добрососедски односи и се поврзуваме со цел, поголем економски просперитет и повисок стандард за граѓаните. Со проектот се заокружува електроенергетското поврзување со сите наши соседи, се овозможува поголема сигурност, стабилност и доверливост на нашиот електроенергетски систем, но и вклучување во сите регионални иницијативи за размена на енергија како и учество на пазарите на балансните и системски услуги. Проектот за интерконективно поврзување со соседна Албанија е најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа. Опфаќа две компоненти а тоа се 400 kV далекувод ТС Битола 2 – албанска граница и изградба на ТС Охрид која ќе има 400 kV влез и излез, и три излеза на 110 kV ниво кон Охрид, Струга и Ресен“, пишува во соопштението испратено од МЕПСО. Advertisement Post Views: 249 МЕПСО 2024-11-09 Весник Илинден...
На 10 години затвор е осуден поранешен албански министер за животна средина
Македонски весник Илинден - пред 12 дена
На 10 години затвор е осуден поранешен албански министер за животна средина Специјалниот суд против организиран криминал и корупција, попладнево ја соопшти одлуката за обвинетите во случајот „инценератор во Елбасан” меѓу кои и поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока. На Кока, кој беше уапсен во средината на декември 2021 година му е изречена затворска казна во траење од 10 години, но поради согласноста за скратен судски процес, казната е намалена на 6 години и 8 месеци. Обвинението го товареше за неколку кривични дела, во врска со истрагата за процедурата за договорот за концесија за изградбата на пречистителната станица за урбан отпад и производство на енергија во Елбасан, централна Албанија, која никогаш не профункционира. Истрагата покажала дека не е спроведена нормална законска процедура што се однесува до видот на постапката што е користена за доделување на концесијата за која станува збор. Од фирмите корисници на договорот за концесија побарал, Кока прифатил и примил на индиректен начин неправилни парични поволности преку формирање фиктивна шема за извршување на работите на фирмата концесионер, користејќи некои други фирми што се индиректно контролирани од негова страна, од членови на неговото семејство, како и од страна на трговски субјекти во негова сопственост. Министер за животна средина на Албанија беше од 2013 до 2017 година. Во овој коруптивен случај осудени се и бизнисмените Клодијан Зото и Мирел Мертири, кои добија идентична казна како и Кока. Алќи Блако, поранешен пратеник од Социјалистичката партија, за злоупотреба на службената должност, доби 4 но ќе одлежи 2,8 години. Осудени се и петмина други носители на високи функции во министерството. Advertisement Post Views: 148 Лефтер Кока. 2024-11-08 Весник Илинден...
Македонија: Две гробници од архајскиот период откриени во струшко од пред 2500 години (ФОТО)
Македонски весник Илинден - пред 12 дена
Македонија: Две гробници од архајскиот период откриени во струшко од пред 2500 години (ФОТО) Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. На прес-конференцијата, на која ексклузивно беа изложени дел од пронајдоците, министерот Љутков рече станува збор за голем научно-истражувачки успех кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на нашата земја, туку и претставува значаен придонес во европското и светското археолошко наследство. „Пред нас и пред целата јавност денеска ексклузивно ги презентираме вредните наоди откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион. Истражуваниот локалитет на ова место претставува некропола од архајскиот период (6 век пр. Христа), која по многу нешта наликува на далеку попознатата Требенишка некропола која е во непосредна близина. Во рамките на гробната целина регистрирани се околу 80 наоди, од кои дел се пред нас. Откритијата се резултат на последните археолошки ископувања кои го осветлуваат животот на цивилизациите што оставиле траги од минатото, но чија култура и влијание се и понатаму значајни за нашето разбирање на историскиот контекст“, рече министерот Љутков. Тој информираше дека археолошките истражувања се дел од проектот за „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ на Археолошкиот музеј, што се одвиваат на локалитетот Расница во атарот на с. Корошишта, Струшко. Се започнало во 2020 година кога Шефит Шемшедини при извршување на земјоделски работи во атарот на с. Корошишта, Струшко открива бронзен шлем кој потоа го предава во Завод и музеј Охрид. Министерот изрази голема благодарност за одговорниот пристап кон културното наследство и за несебичната помош и соработка. „Зачувувањето на нашето културно наследство, не е само наша обврска, туку и одговорност кон идните генерации. Со овие откритија, не само што го прошируваме нашиот историски контекст, туку ја зацврстуваме нашата позиција како важен чинител на регионалната, балканската и европската археолошка сцена“, рече Љутков. Археологот Перо Арџанлиев раководител на истражувањата информираше дека во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј Скопје добива согласност од сопственикот на нивата Букури Шемшедини за вршење археолошки истражувања. „Во рамки на гробната целина откриени се бронзен шлем; златни прстени, килибарни и стаклени перли; златни фолии со различни форми и декорација; сребрени игли; бронзен сад за вино; сребрен кантарос; бронзени чинии и др кои подоцна ќе бидат конзервирани и претставени пред јавноста. Овие наоди се од посебно значење за научниот и културниот аспект на истражувањата туку тие ја надополнуваат и сликата за нашето познавање за културно-историските и општествени прилики во овој регион“, рече Арџанлиев. Инаку во Охридско-струшкиот Регион досега се истражувани голем број на некрополи од архајскиот период, со богати гробни наоди што сугерира на активен живот на високо организирана социјална елита на овој простор во тоа време. На прес-конференцијата на која беа изложени ексклузивно дел од пронајдоците присуствуваа и директорите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, НУ Археолошкиот музеј од Скопје и на НУ Музеј Д-р Никола Незлобински од Струга, Горан Патчев, Славица Бабамова и Цветлана Василевска како и археологот Перо Арџанлиев со дел од тимот археолози. Advertisement Post Views: 227 Македонија Наоди од пред 2500 години г Струга 2024-11-08 Весник Илинден...
Ексклузивните наоди од пред 2500 години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот (ФОТО)
Македонски весник Илинден - пред 12 дена
Ексклузивните наоди од пред 2500 години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот (ФОТО) Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. На прес-конференцијата, на која ексклузивно беа изложени дел од пронајдоците, министерот Љутков рече станува збор за голем научно-истражувачки успех кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на нашата земја, туку и претставува значаен придонес во европското и светското археолошко наследство. „Пред нас и пред целата јавност денеска ексклузивно ги презентираме вредните наоди откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион. Истражуваниот локалитет на ова место претставува некропола од архајскиот период (6 век пр. Христа), која по многу нешта наликува на далеку попознатата Требенишка некропола која е во непосредна близина. Во рамките на гробната целина регистрирани се околу 80 наоди, од кои дел се пред нас. Откритијата се резултат на последните археолошки ископувања кои го осветлуваат животот на цивилизациите што оставиле траги од минатото, но чија култура и влијание се и понатаму значајни за нашето разбирање на историскиот контекст“, рече министерот Љутков. Тој информираше дека археолошките истражувања се дел од проектот за „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ на Археолошкиот музеј, што се одвиваат на локалитетот Расница во атарот на с. Корошишта, Струшко. Се започнало во 2020 година кога Шефит Шемшедини при извршување на земјоделски работи во атарот на с. Корошишта, Струшко открива бронзен шлем кој потоа го предава во Завод и музеј Охрид. Министерот изрази голема благодарност за одговорниот пристап кон културното наследство и за несебичната помош и соработка. „Зачувувањето на нашето културно наследство, не е само наша обврска, туку и одговорност кон идните генерации. Со овие откритија, не само што го прошируваме нашиот историски контекст, туку ја зацврстуваме нашата позиција како важен чинител на регионалната, балканската и европската археолошка сцена“, рече Љутков. Археологот Перо Арџанлиев раководител на истражувањата информираше дека во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј Скопје добива согласност од сопственикот на нивата Букури Шемшедини за вршење археолошки истражувања. „Во рамки на гробната целина откриени се бронзен шлем; златни прстени, килибарни и стаклени перли; златни фолии со различни форми и декорација; сребрени игли; бронзен сад за вино; сребрен кантарос; бронзени чинии и др кои подоцна ќе бидат конзервирани и претставени пред јавноста. Овие наоди се од посебно значење за научниот и културниот аспект на истражувањата туку тие ја надополнуваат и сликата за нашето познавање за културно-историските и општествени прилики во овој регион“, рече Арџанлиев. Инаку во Охридско-струшкиот Регион досега се истражувани голем број на некрополи од архајскиот период, со богати гробни наоди што сугерира на активен живот на високо организирана социјална елита на овој простор во тоа време. На прес-конференцијата на која беа изложени ексклузивно дел од пронајдоците присуствуваа и директорите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, НУ Археолошкиот музеј од Скопје и на НУ Музеј Д-р Никола Незлобински од Струга, Горан Патчев, Славица Бабамова и Цветлана Василевска како и археологот Перо Арџанлиев со дел од тимот археолози. Advertisement Post Views: 3 Македонија Наоди од пред 2500 години г Струга 2024-11-08 Весник Илинден...
Албанските власти дозволија истоварување на контејнери со отровен отпад вратени од Тајланд
Македонски весник Илинден - пред 12 дена
Албанските власти дозволија истоварување на контејнери со отровен отпад вратени од Тајланд Брод што превезува отровен индустриски отпад ќе може да се истовари на албанско пристаниште Драч, соопштија денеска властите откако му беше одбиен влезот во Тајланд и помина со месеци на море. Контејнерскиот брод „Молива“ кој плови под турско знаме, за кој се тврди дека превезувал 102 контејнери полни со отровен отпад, пристигна во водите во близина на пристаништето Драч пред 10 дена. Не му беше дозволено да се закотви бидејќи пристаништето и другите власти работеа за да обезбедат дека неговите контејнери може да се складираат на безбедно место. Но, денеска пристанишните власти соопштија дека на бродот ќе му биде дозволено да ги растовари контејнерите. Откако ќе се истовари, контејнерите ќе бидат пренесени на безбедно место и отворени за да може да се испита содржината, рекоа официјалните лица. Контејнерите ја напуштиле Албанија на почетокот на јули, а според документите на албанските царински органи во тоа време, неговиот товар се состоел од индустриски отпад, поточно „железен оксид“, чиј извоз е дозволен. Како и да е, информациите доставени од свиркач до Basel Action Network (BAN), невладина организација која се бори против извозот на токсичен отпад во земјите во развој, сугерираа дека товарот всушност содржи прашина од електрични печки (EAFD). Официјална истрага за ова прашање на 16 август почна Обвинителството на Драч, наведува Топ чанел. Класифицирана како токсичен отпад, оваа прашина мора да се складира и транспортира под многу строги услови. На крајот отфрлени од Тајланд, контејнерите се вратија во Албанија по неколку месеци на море, со застанувања и промени на бродови во различни земји, вклучувајќи ги Шпанија, Португалија, Италија и Турција На пристаништето веќе има полициски сили кои ќе бидат вклучени во безбедното транспортирањето и складирањето на контејнерите на место определено од властите, во периферијата на Драч. Според документите во досието, отпадот доаѓа од челичарницата „Курум“ во Елбасан, централна Албанија, поранешниот металуршки комбинат, приватизиран од турската компанија „Курум“. Испораката на индустриски отпад од западните земји за преработка на други места во земјите во развој е глобален бизнис кој се проценува дека вреди помеѓу 44 милијарди и 70 милијарди евра годишно, според еколошките невладини организации. Advertisement Post Views: 214 Албанија драч 2024-11-08 Весник Илинден...
Во Шенѓин пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија
Македонски весник Илинден - пред 12 дена
Во Шенѓин пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија Во Шенѓин пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија. Ова е втор трансфер на мигранти откако првата група од 12 мигранти беа вратени во Италија поради пресуда на судот во Рим дека нивните земји на потекло, Бангладеш и Египет, не се доволно безбедни за репатријација. Италијанската премиерка Џорџија Мелони предвиде два центри во Албанија да собираат до 3.000 мигранти месечно како начин Италија да се справи со пристигнувањето лица кои бараат азил на југот од земјата. Активистите за човекови права го осудија договорот за мигранти меѓу Албанија и Италија како опасен преседан. Премиерката Мелони, ја критикуваше пресудата на судот во Рим и рече дека сметањето на земјите како Бангладеш и Египет за небезбедни значи дека на сите мигранти ќе им биде забрането да бидат дел од програмата во Албанија, што го прави договорот неостварлив. Advertisement Post Views: 158 Албанија Шенѓин 2024-11-08 Весник Илинден...
Почина професорката Наде Проева, специјалист по историјата на Античка Македонија
Македонски весник Илинден - пред 13 дена
Почина професорката Наде Проева, специјалист по историјата на Античка Македонија Вчеравечер, на 6 ноември 2024 година почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја. Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја. Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната на историската вистина и на историската правда. Нејзините студенти ја паметат како професорка која целосно одговора на описот „строг, но правичен учител“. Нејзината книга „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата на античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на катедрата за Историја. Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година каде завршува средно образование – гимназија. Дипломирала на античка археологија во 1973 г. на Филозофскиот факултет во Белград со тема „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“.На Филозофскиот факултет во Белград, во 1978 година ја брани магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“, а во декември 1992 на групата за историја и докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“. Од 1979 до 1981 била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија.Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), Француски институт во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др. Учествувала на меѓународни научни собири во Франција, Канада, Србија Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска држела предавања во Хрватска Словенија, Франција, Холандија. Исто така учествувала во ископувањата на антички и средновековни локалитети во Македонија, Србија, Полска и Грција; во проекти на Археолошки институт во Белград, на МАНУ, на САНУ и на Берлинската академинја на науките. Како визитинг – професор има одржано предавања на универзитетите во Франција (Нанси, Нантер-Paris X), како и низа јавни предавања за разни прашања за античките МакедонциПрофесорката Наде Проева, до последните денови од својот живот беше ангажирана преку свои критички текстови и публикации за праведно решение, за како што велеше – „неправдите што современата политика ги нанесува на Македонија, Македонците и македонскиот национален идентитет“. Advertisement Post Views: 187 Наде Проева 2024-11-08 Весник Илинден...
Штајнмаер подготвен да распише избори во Германија
Македонски весник Илинден - пред 13 дена
Штајнмаер подготвен да распише избори во Германија Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека е подготвен да распише нови избори по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц, предупредувајќи ги сите партии да се однесуваат одговорно. Крај на една коалиција не е крај на светот. Тоа е политичка криза која треба да ја надминеме, рече Штајнмаер. Шолц соопшти дека ќе побара гласање за доверба во парламентот откако заминувањето на министерот за финансии Кристијан Линднер од редовите на Слободните демократи ја остави неговата влада без парламентарно мнозинство. Штајнмаер има моќ да го распушти парламентот и да распише нови избори само откако владата ќе изгуби на гласањето за доверба. Тој додаде дека на Германија и треба стабилно мнозинство и способна влада. Нашата демократија е силна. Но, сега не е време за тактики и измами, туку за разум и одговорност, нагласи германскиот претседател. Advertisement Post Views: 92 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер 2024-11-07 Весник Илинден...
Отворен е големиот мост над Црн Дрим кај Кукс
Македонски весник Илинден - пред 13 дена
Отворен е големиот мост над Црн Дрим кај Кукс Големиот мост „Кукс” е веќе отворен за сообраќај на возила, како едно од најважните инфраструктурни зафати што конечно го ослободува сообраќајот со пристап и до околните населби, објави премиерот Еди Рама. Мостот е над реката Црн Дрим во округот Кукс во северниот дел на земјата. Премиерот Еди Рама денеска на социјалните мрежи сподели и неколку фотографии и видео-запис од овој мост, кој ги поврзува бреговите на реката Дрим со автопатот Тирана- Кукс- граничен премин Морина на албанско-косовската граница, познат како патот на нацијата. Мостот претставува импресивно дело, кое конечно ќе го растовари сообраќајот што со години беше отежнат на стариот мост со две ленти. Сега има 4 коловозни ленти, во двата правци на движење со посредни сообраќајници и челични кабли кои се фиксирани од основата до лакот на мостот, напиша Рама. Неговата изградба започна во 2020 година и чинела околу 40 милиони евра, има широка заоблена метална конструкција со должина од 310 метри и висина од 56 метри. Според медиумите дизајниран од еден од најпознатите италијански архитекти, Џорџо Рицо, овој мост дава решение за стар спој што ги поврзува двете страни на патот со националниот пат, заменувајќи го постоечкиот стар мост и значително го олеснува сообраќајот во таа област. Advertisement Post Views: 267 Големиот мост „Кукс” 2024-11-07 Весник Илинден...
Македонскиот државен и политички врв очекува добра соработка со Трамп
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Македонскиот државен и политички врв очекува добра соработка со Трамп Пораки со честитки за импресивната победа на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп на 47-те претседателски избори во САД упатија македонскиот државен врв и опозициските лидери. Сите со очекување да се продлабочи стратешкото партнерство меѓу двете земји. Покрај светските лидери и македонските политичари испратија срдечни честитки, набрзо откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп на 47-мите претседателските избори во Соединетите Држави изјави дека ја победил неговата соперничка демократската кандидатка Камала Харис. Трамп се обрати пред неговите поддржувачи во Палм Бич, Флорида, оценувајќи дека ова е „политичка победа каква што Америка нема видено досега“, а вети и дека следува „златно доба за Америка“. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова му посака на Трамп „многу успех во извршувањето на одговорната функција“. „Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот“ напиша таа. Сиљановска Давкова очекува стратешкото партнерство да се унапреди и САД да помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели. Премиерот Христијан Мицкоски ја испрати честитката веднаш по обраќањето на Трамп пред поддржувачите во Палм Бич. „Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи“, вели Мицкоски во честитката. Тој додава дека „Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион“. Кон честитките на државниот врв се приклучи и претседателот на Собранието, Африм Гаши кој посочи дека овој значаен момент ја одразува силата на американската демократија. „Непоколебливата посветеност на САД за безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Македонија беше и останува еден од клучните столбови на нашата надворешна политика и постојан извор на поддршка“, напиша собранискиот спикер на неговиот профил на Фејсбук. Со честитка за победата на Трамп се огласи и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи. Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и верувам дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш взаемен напредок и благосостојба“, напиша Филипче. Гласањето за нов претседател на САД помина во атмосфера исполнета со напнатост и исчекување. Покрај на претседателски, дел од гласачите ширум САД гласаа и за избор на нови членови на Конгресот, за гувернери, за составите на локалните парламенти и совети, а во некои сојузни држави се одржуваат и референдуми за одредени прашања, како што е правото на абортус. Со победите во Западна Вирџинија и Охајо, Републиканската партија ја освои контролата над американскиот Сенат. За Претставничкиот дом, кој во моментов исто така е под контрола на Републиканците, пак, сè уште нема јасна слика која партија е во предност. Новиот претседател треба да ја презеде должноста во јануари 2025 година. Advertisement Post Views: 52 Македонија Сад 2024-11-07 Весник Илинден...
Предметот македонски јазик влегува во наставната програма на посдипломските студи на Факултетот за странски јазици во Тирана
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Предметот македонски јазик влегува во наставната програма на посдипломските студи на Факултетот за странски јазици во Тирана Предметот македонски јазик, влегува во редовната наставна програма на постдипломските студии на Факултетот за странски јазици во Тирана. Се работи за нова, современа, иновативна и интердисциплинарна насока на постдипломските студии „ИНТЕРКУЛТУРНА ТРИЈАЗИЧНА КОМУНИКАЦИЈА ВО ТУРИЗМОТ“. Во рамки на оваа насока, студентите избираат три од понудените јазици, кои се изучуваат паралелно со совладување на нивниот социо-културен контекст. Целта на наставната програма на овие постдипломски студии е создавање на висококвалификувани кадри кои со својот космополитски и полиглотски поглед на светот, ќе ги разбиваат јазичните бариери и ќе создаваат нови мостови меѓу културите преку туризмот. Студиската програма за магистерски науки по „Меѓукултурен јазик и комуникација и тријазичен туризам“ (2 години, 120 кредити) доаѓа со иновација за академската 2024-2025 година. Оваа целосно реструктуирана програма благодарение на соработката со бизнис и туристичката индустрија во земјава, странските партнерски универзитети и меѓународните експерти во оваа област е златна можност за сите студенти кои имаат страст за комуникација, странски јазици, култура, патување и туризам. Новата наставна програма е во согласност со највисоките стандарди на оваа струка и ќе биде изработена на 3 (три) странски јазици. Модулите кои се нудат врз основа на компетенции и проектот им даваат повеќе простор на професионалните и технолошките вештини на студентот. За прв пат стручната пракса ќе се протега во текот на 3 (три) семестри со што студентот ќе има можност да биде поблиску до професијата и пазарот на трудот. Факултетот за странски јазици ве поканува да ја направите оваа студиска програма дел по ваш избор, која ви гарантира професионален развој и итно вработување веднаш од аудиториумот. Иицијативата за повторно отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана беше отпочната во декември минатата година, кога беше остварен работен состанок меѓу директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и претседателот на “Илинден“, Никола Ѓурѓај. Тогаш беше и доставено барање до УКИМ за отворање на Лекторатот на Факултетот за странски јазици во Тирана. По више информаци на линкот : https://fgjh.edu.al/komunikim-nderkulturor-dhe-turistik-trigjuhesh/ Advertisement Post Views: 265 Предметот македонски јазик Факултетот за странски јазици во Тирана 2024-11-06 Весник Илинден...
Благодарница за Никола Ѓурѓај од Здружението на Македонците “Даме Груев” во Моравичкиот Округ во Србија
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Благодарница за Никола Ѓурѓај од Здружението на Македонците “Даме Груев” во Моравичкиот Округ во Србија По повод одбележувањето на 15- годишнината од формирањето, Здружението на Македонците “Даме Груев” во Моравичкиот Округ во Србија, му додели благодарница на Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден”- Тирана и главен и одговорен уредник на истоимениот весник. Благодарницата ми се доделува за долгогодишната соработка, помош и подршка на здружението и промовирање на Македонците од Србија во Македонскиот весник „Илинден”-Тирана. Голема благодарност до управата на Здружението на Македонците “Даме Груев” и посебно до Славе Груевски, претседателот на здружението, рече Ѓурѓај. На здружението, додаде, од мое и од име на Македонците во Албанија, му посакувам понатамошни успеси во промоцијата на нашинците во Република Србија. На одбележувањето Груевски поднесол извештај за активностите на здружението, оценувајќи меѓу другото дека ” здружението е само уште еден бисер во ѓерданот наречен македонска заедница во Србија, македонско национално малцинство, македонски исленици во странство”. Основната мисија за формирање на нашето здружение беше и останува, дружење на граѓаните од македонско потекло кои се во Моравичкиот округ, негување на традициите и обичаите, негување на јазикот и фолклорот, и зачувување на културните вредности на Македонија, посебно на писмото и јазикот, додал тој , објави весник “Илинден”. Оценил дека добрата соработка на здружението со “локалната самоуправа од Горњи Милановац и со збратимените градови од Македонија, на најдобар начин ги потврдила добрите односи помеѓу Македонија и Србија”. Advertisement Post Views: 144 Македонското друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај 2024-11-06 Весник Илинден...
Пописи на население 2023: Конечни резултати на ниво на oкрузи и општини
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Пописи на население 2023: Конечни резултати на ниво на oкрузи и општини Институтот за статистика (ИНСТАТ) го организираше семинарот за објавување на конечните резултати од Пописот на населението и домувањето во 2023 година на ниво на окрузи и општини. За време на семинарот, ИНСТАТ ги презентираше конечните податоци од Пописот на населението и домувањето во 2023 година, во согласност со календарот за објавување на институтот. Овие податоци вклучуваат важни информации за бројот на населението, бројот на згради за станбени цели, големината на семејните економски единици и други важни показатели на локално ниво. Исто така, беше презентирана методологијата користена за собирање и дистрибуција на овие податоци. Резултатите во линкот подолу: https://www.instat.gov.al/al/cens-2023/rreth-cens/publikimi-dhe-shp%C3%ABrndarja/ Advertisement Post Views: 256 Cens2023 Албанија 2024-11-06 Весник Илинден...
Тројна победа на републиканците: Трамп со „моќен мандат“ се враќа во Белата куќа
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Тројна победа на републиканците: Трамп со „моќен мандат“ се враќа во Белата куќа Доналд Трамп оствари историска победа на претседателските избори во САД, освојувајќи не само мнозинство од електорските гласови туку и т.н. „народното гласање“, односно мнозинството од вкупниот број гласови на Американците. Ова е голем успех за Трамп, имајќи предвид дека на последните избори во 2016 и 2020 година не успеа да го освои народниот глас, иако победи на изборите во 2016 година и стана претседател преку Изборниот колеџ. На изборите во 2016 година, Трамп го освои Изборниот колеџ, но го загуби „народниот глас“ од Хилари Клинтон, која имаше околу 2,9 милиони гласови повеќе. Слична шема беше повторена во 2020 година, кога тој освои помалку гласови од Џо Бајден, и покрај силната поддршка од гласачите во некои држави. Годинава, сепак, успеа да го надмине противникот во сите сегменти, вклучително и вкупниот број гласови. Тој сега освои речиси 5 милиони гласови повеќе од Камала Харис, иако треба да се напомене дека резултатите се уште не се конечни. Доналд Трамп во својот победнички говор одржан околу 8:30 часот по средноевропско време во конгресниот центар Вест Палм Бич во Флорида рече: „Исто така, победивме и според бројот на вкпни гласови, што е одлично. Нема да лажам, одлично е“. Инаку, ова е првпат од 2004 година републикански кандидат да освои мнозинство од вкупниот број гласови на национално ниво. Тоа му успеа на Џорџ В. Буш. Advertisement Post Views: 199 Доналд Трамп 2024-11-06 Весник Илинден...
Пописи на население 2023: Конечни резултати на ниво на Округ и Општина
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Пописи на население 2023: Конечни резултати на ниво на oкрузи и општини Институтот за статистика (ИНСТАТ) го организираше семинарот за објавување на конечните резултати од Пописот на населението и домувањето во 2023 година на ниво на окрузи и општини. За време на семинарот, ИНСТАТ ги презентираше конечните податоци од Пописот на населението и домувањето во 2023 година, во согласност со календарот за објавување на институтот. Овие податоци вклучуваат важни информации за бројот на населението, бројот на згради за станбени цели, големината на семејните економски единици и други важни показатели на локално ниво. Исто така, беше презентирана методологијата користена за собирање и дистрибуција на овие податоци. Резултатите во линкот подолу: https://www.instat.gov.al/al/cens-2023/rreth-cens/publikimi-dhe-shp%C3%ABrndarja/ Advertisement Post Views: 3 Cens2023 Албанија 2024-11-06 Весник Илинден...
Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД Доналд Трамп е старо-нов американски претседател. По вчерашните избори се поизвесна е неговата победа. Честитките веќе почнаа да стигнуваат, а тој ѝ се обрати на нацијата. По четири години, републиканците повторно го презедоа мнозинството во Сенатот. Камала Харис го одложи денешното обраќање. Доналд Трамп се појави на сцената во Флорида и прогласи победа на претседателските избори во САД. Ќе се борам секој ден, за секој од вас – изјави Трамп во обраќањето пред нацијата пренесува МРТ. „Ова беше најдоброто политичко движење на сите времиња, досега немало ништо вакво во земјава. Сега ќе достигнеме ново ниво на важност, ќе помогнеме на нашата земја да се опорави, да заздрави, да закрепне, нејзе и е потребна помош. Ќе ги исправиме сите гранични прашања. Имаме верба, вечерва ги надминавме сите пречки кои никој не очекуваше да ги надминеме и го постигнавме најневеројатното нешто-погледнете што се случи!“, рече Доналд Трамп во својот говор. „Господине претседателе ви благодарам што ми дозволивте да се приклучам на оваа ваше важно патување“, рече Џејмс Венс, кандидат на републиканците за потпретседател на САД. Републиканците го преземаат Сенатот од демократите. Очекуваат да го освојат и Претставничкиот дом со што би се заокружил триаголникот на моќта. „Ја прогласија нашата победа, така што повторно сум избран. Ќе бидеме подготвени да водиме, затоа што се соочуваме со најголемиот број предизвици што нашата земја ги сретнала, веројатно од Втората светска војна, ако не и од Граѓанската. Кога Републиканците ќе ја вратат контролата, ќе имаме најагресивен план за првите 100 дена, невиден досега во модерната ера“, изјави Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на САД. Во исчекување на финалниот исход од претседателската трка, демократката Харис реши да не и се обрати на јавноста додека не се пребројат гласовите иако насобраните следбеници го очекуваа нејзиниот говор. „Ви благодарам што верувате во ветувањето на Америка. Сè уште имаме гласови за броење. Сè уште има држави кои не се прогласени. Ќе продолжиме со пребројување за да се осигуриме дека секој глас ќе биде изброен и слушнат. Сега нема да ја слушнете потпретседателката, ќе ви се обрати во текот на денот“, рече Седрик Ричмонд, претседавач со кампањата на Харис. Изборите минаа мирно без поголеми инциденти иако во дел од клучните држави беа забележани лажни дојави за бомби. Властите од Аризона велат дека се со руска адреса, иако според нив, тоа не значи дека доаѓаат директно од Русија. „Не постои кредибилитет за овие закани за бомби. Потекнуваат од електронска адреса со руски домен, но не значи дека доаѓаат од Русија. Немаме потврдено потекло дека адресата е директно врзана од Руската Федерација“, изјави Адриан Фонте, секретар за државата на Аризона. Претходно, агенти на Федералното истражно биро уапсија две лица во Мичиген поради политички закани на социјалната платформа Редит. Advertisement Post Views: 85 Доналд Трамп 2024-11-06 Весник Илинден...
Здружението на Македонците “ДАМЕ ГРУЕВ” во Моравички Округ го прослави својот јубилеј, 15 години од формирањето
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Здружението на Македонците “ДАМЕ ГРУЕВ” во Моравички Округ го прослави својот јубилеј, 15 години од формирањето Славе Груевски, претседателот на здружението „Даме Груев“ Србија, во својот извештај за работата на здружението, истакна: Да не заборавиме! Да се потсетиме на нашите активности на здружението за сите овие 15 години, да кажеме како и колку сме успеале да ги оствариме целите и основната мисија на постоењето на здружението. Нашето здружение е само уште еден бисер во ѓерданот наречен Македонска заедница во Србија, Македонско национално малцинство, македонски исленици во странство. Основната мисија за формирање на нашето здружение беше и останува, дружење на граѓаните од македонско потекло кои се во Моравички округ, негување на традициите и обичаите, негување на јазикот и фолклорот, и зачувување на културните вредности на Македонија, посебно на писмото и јазикот. Од сите досегашни активности, најнапред да ги истакнеме традиционалните годишни македонски вечери кои што ги организираат и другите наши здруженија. Од формирањето до сега, редовно организиравме годишни македонски вечери. Ја истакнуваме посебноста на тие наши дружења. Секогаш тие забави беа со македонска музика, со музика од Македонија, со помош, подршка и редовно присуство на гости од збратимените градови од Македонија со општината Г.Милановац /Кавадарци, Куманово, Старо Нагоричане, Пробиштип. Секоја од тие забави се памети и прераскажува и денденес. Се знае како се финансираат здруженијата. Ја истакнувам и другата посебност на нашето здружение. Од формирањето од 2009 година досега, нашето здружение редовно конкурира со свои проекти и редовно, секоја година сме добиваме средства, од Националниот совет, од општината Горњи Милановац, 4 проекти од МНР на Македонија, 2 проекта од Министерството за култура на Србија. Не ги забораваме приватните помагатели од општината и округот, подршката и помошта од локалните самоуправи од Кавадарци, Куманово, Пробиштип, за организацијата и реализацијата на нашите проекти. Добрата соработка на нашето здружение со локалната самоуправа и нивната соработка со збратимените градови од Македонија, на најдобар начин ги потврди добрите односи помеѓу Македонија и Србија. За време на поплавите во Србија во 2014 година, збратимените општини Куманови и Кавадарци меѓу првите упатија помош за загрозените од поплавите. Градоначалникот на Куманово и лично дојде и ја предаде помошта. За време на поплавите во 2016 година во Скопје, нашето здружение беше организатор на хуманитарната помош, добиена од фирмите од Г.Милановац: 30 комплети сет тенџериња од „Металац“, 30 пакети од „SWISLION” д.о.о , и околу 4,5 тони боја поликолор од Компанијата „Helios“ а.д Горњи Милановац, и истата беше лично поделена на загрозените, што беше и „молба“ од дародавците, помошта да стигне лично кај тие на кој им е потребна. Од соработака со другите здруженија на Македонците во Србија, го истакнуваме целодневното дружење на нашето здружение со членовите на здружението „Македониум“ од Белград. Да не ја заборавиме добрата соработка со Културен центар во нашиот град, со чија помош ги организиравме нашите проекти: Денови на македонскиот филм, Изложби на слики на ДЛУМС, изложба на слики и фрески на Ѓорѓе Иванов, Промоција на книгата од Ване Трајков од Македонија „Македонскиот стрип во едицијата Никад робом“, промоцијата на книгите од Винко Марковски од Пожаревац, тетарската претства дуодрамата „Ветер во тапетите“… Концертот на македонска музика во 2017 година, во новата сала на Домот на културата во Г.Милановац, со учество на музичката група „Акустика бенд“ од Кавадарци, пеачката група „Чачанска лира“ од Чачак, пеачката група „Македонки“ од Белград и како специјален гостин Ана Синицки, „нашата Битолчанка по потекло“ е еден од најпосетените концерти досега во оваа сала. Ние ќе го паметиме и по бесплатното учеството на Ана без хонорар, како истакна, како нејзин придонес за Македонија, за Македонците во Србија. Да не ги заборавиме двата проекти “Македонците во Србија – истражување за положбата на македонското малцинство во Србија“, како и реализацијата на двете тркалезни маси, во Јабука и Белград, на тема „Македонците во Србија – денес и утре“. Да не ја заборавиме прославата на Илинден 2019 година во Прохор Пчињски во организација и самостално финасирање на нашето здружение но и прославата на Илинден во манастирот „Св.Прохор Пчињски“ финансирана како проект од МНР на Македонија, на која прослава после 18 години беше присутен и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. Како и кај секоја прослава и јубилеј, на заслужните, доделивме повеќе благодарници и признанија на поединци и установи. Благодарници се доделени за Националниот совет на МНЗ во Србија, Амбасадата на Македонија во Србија, за градоначалникот Директоот на Културен центар на општина Горњи Милановац за нивната помош и подршка за реализацијата на нашите проекти. Посебно признание и благодарница се додели и за Никола Ѓурѓај, претседател на Македонскот здружение „Илинден“-Тирана, Албанија, за долгогодишна соработка, помош и подршка на нашето здружение и промовирање на Македонците од Србија во весникот „Илинден”-Тирана, со кого имаме добра соработка уште од неговата прва посета на нашето здружение во Горњи Милановац во 2011 година. Званичниот дел од прославата заврши со заклучокот дека за овие 15 години од формирањето, постоењето и активната работа на здружението, можеме да бидеме задоволни со остварените цели и основната мисија на постоењето на нашето здружение. Македонците во нашиот град и во Моравички округ се ценети, почитувани, добро прифатени од месното население и локалните самоуправи, така било и така ќе остане. Нашето здружение и понатаму ќе биде мост за поврзување и добра соработка со Македонија. Advertisement Post Views: 272 Здружение на Македонците "ДАМЕ ГРУЕВ" во Моравички Округ 2024-11-05 Весник Илинден...
Изборен ден во САД: Непредвидливи и тесни претседателски избори
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Изборен ден во САД: Непредвидливи и тесни претседателски избори Според анкетите, ниту еден од кандидатите во државите Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Џорџија, Северна Каролина, Невада и Аризона нема значајно статистичка предност, што ја засилува високата неизвесност додека трката се движи кон целта. Непредвидливите и тесни претседателски избори во САД ќе кулминираат денеска кога гласачите низ длабоко поделената земја ќе одлучуваат дали Камала Харис или Доналд Трамп во јануари ќе бидат во Белата куќа, пренесе ДПА. Харис, актуелната демократска потпретседателка, и Трамп, републиканскиот поранешен претседател, кој бара втор четиригодишен мандат, ги поминаа последните френетични недели од кампањата, изнесувајќи ги своите ставови пред гласачите во седумте критични држави кои веројатно ќе го одлучат победникот. Според анкетите, ниту еден од кандидатите во државите Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Џорџија, Северна Каролина, Невада и Аризона нема значајно статистичка предност, што ја засилува високата неизвесност додека трката се движи кон целта. Но, правните и политичките аналитичари предупредуваат дека постои голема веројатност дека може да поминат неколку денови, па дури и недели, пред да се знае следниот претседател, доколку премногу тесните трки се заглават во пребројување на гласачките ливчиња и правни препукувања. Лидерите ширум светот, не само во Европа, ќе следат внимателно. Претседателските избори во САД имаат огромно влијание на глобално ниво, со тоа што Соединетите Држави играат клучна улога кога станува збор за меѓународните жаришта како Украина, Блискиот Исток и Тајван, како и во влијателни тела како што е воената алијанса на НАТО. Околу 240 милиони луѓе имаат право да гласаат на изборите, кои исто така ќе одлучуваат за составот на двата дома на Конгресот: Претставничкиот дом и Сенатот. Која партија ги контролира нив ќе има големо влијание врз агендата на политиката на идниот претседател. Повеќе од 78 милиони избирачи веќе гласале во 47 држави и во Дистриктот Колумбија, според податоците што ги собрале СИ-Ен-Ен, Edison Research и Catalist, компанија која обезбедува податоци, аналитика и други услуги на демократите, академиците и непрофитните групи за застапување, вклучително и увид за тоа кој гласа пред ноември. Advertisement Post Views: 83 Сад 2024-11-05 Весник Илинден...
Жупа: Парламентот треба да ја подобри правната рамка за заштита на слободата на медиумите
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Жупа: Парламентот треба да ја подобри правната рамка за заштита на слободата на медиумите Претседателката на Комисијата за образование и медиуми за јавно информирање, Ина Жупа, во изјава за медиумите изрази загриженост за нарушувањето на слободата на медиумите во Албанија, поврзувајќи го овој проблем со последните наоди од извештајот на ЕУ за напредокот на Албанија. Според Жупа, во извештајот се подвлекуваат заканувачките ставови кон новинарите, како и напорите на мнозинството да не се одобруваат закони кои би обезбедиле поголема заштита и слобода за нив. „Го следев извештајот на ЕУ со загриженост, бидејќи еден од најтемните делови беше делот за слободата на изразување и слободата на медиумите. Она што го посочи ЕУ е застрашувачко однесување кон новинарите, волјата на мнозинството да не се донесе ниту еден закон со кој би се зголемила безбедноста и гаранцијата за гасот и е волјата да се задржи владината активност како затворен балон. Слободата на медиумите не само што зависи многу од Владата и Собранието, туку и од јазикот на кој ние политичарите им се обраќаме на новинарите или се обидуваме да ги заплашиме новинарите“, рече Жупа. Пратеникот на ДП истакна дека слободата на изразување и медиумите се од суштинско значење за транспарентноста и одговорноста и дека застрашувачкото однесување кон новинарите не само што штети на нивната безбедност, туку и штети на јавниот интерес. Жупа побара Собранието на Албанија да го прочита и разбере извештајот на ЕУ и да преземе конкретни чекори за подобрување на правната рамка за заштита на слободата на медиумите. „За мене е важно овој извештај да биде јасно прочитан од Парламентот на Албанија, јасно прочитан од оваа комисија и да се преземат соодветни чекори барем за решавање на законодавната рамка со цел да се унапреди во агендата што ЕУ ја постави. за нас“, продолжи таа. „Ја отворивме и првата група-поглавје од преговорите и едно од главните прашања е дека кога се нарушува слободата на медиумите, не се нарушува само безбедноста и слободата на некои новинари, туку се нарушува и јавниот интерес, причината зошто сте заплашени е тоа што поставувате несоодветни прашања на кои не сакаат да бидат одговорени, сте побарале информации што ја разоткриваат владината пропаганда, тоа е показател дека има помала транспарентност, има помала одговорност, има помала можност луѓето да дознајте ја вистината“, рече Жупа, претседател на Комисијата за образование и медиуми од јавен карактер. Advertisement Post Views: 128 Комисијата за образование и медиуми за јавно информирање 2024-11-05 Весник Илинден...
Иранка се соблекла по долна облека на универзитетот, па била насилно приведена (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Иранка се соблекла по долна облека на универзитетот, па била насилно приведена (ВИДЕО) Активистите за човекови права ги повикаа властите во Иран да ја ослободат жената која била приведена откако се соблекла во кругот на универзитетот, наводно во знак на протест против законот за задолжителен хиџаб. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа жена во долна облека како седи на скалите, а потоа мирно оди по тротоарот на Универзитетот Исламски Азад во Техеран. Набргу потоа, биле забележани агенти во цивилна облека како насилно ја приведуваат и ја туркаат во автомобил. Универзитетот Азад соопшти дека жената била „ментално растроена“ и била пренесена во „психијатриска болница“. Многу Иранци на социјалните мрежи изразија сомнеж за тоа тврдење и ја поврзаа нејзината постапка со движењето „Жена, живот, слобода“. По ова движење, многу жени јавно ги пркосат законите кои бараат од нив да ја покриваат косата со шамии и да носат долга, широка облека. Наводно, повеќе од 500 луѓе биле убиени за време на протестите ширум земјата што избувнаа пред две години по смртта на Махса Амини во полициски притвор поради неносење „правилно“ хиџаб. Телеграмскиот канал Амиркабир, кој себеси се нарекува „гласот на иранското студентско движење“, прв ја објави приказната на жената, тврдејќи дека таа се скарала со обезбедувањето на универзитетот кое ја прекорило што не носи шамија. Наводно во тој метеж решила да се соблече во знак на протест. Младата жена била пријавена дека додека била приведена удрила со глава во вратата или рамката од полициското возило и крварела, а потоа била пренесена на непозната локација. Очевидец изјави за Би-Би-Си на персиски дека жената влегла во нивната училница на Универзитетот Азад и почнала да ги снима студентите. Кога предавачот се противел, таа си заминала викајќи, додава тој. Според сведоците, жената им рекла на студентите: „Дојдов да ве спасам“. Во меѓувреме, иранските медиуми објавија видео од маж со заматено лице кој тврди дека е поранешен сопруг на жената и ја замолија јавноста да не го споделува видеото за доброто на нивните две деца. Би-би-си на персиски не можеше да ги потврди неговите тврдења. „Кога протестирав против задолжителниот хиџаб, откако безбедносните сили ме уапсија, моето семејство беше под притисок да ме прогласи за ментално болна“, рече канадската активистка за правата на жените Азам Јанграви, која побегна од Иран откако беше осудена на три години затвор за отстранување на шамијата за време на протестите во 2018 година. „Моето семејство не го направи тоа, но многу други семејства под притисок го прават тоа, мислејќи дека тоа е најдобриот начин да се заштитат најблиските. „Вака Исламската држава се обидува да ги дискредитира жените, доведувајќи го во прашање нивното ментално здравје“, додаде таа. Амнести интернешнал објави дека Иран мора „веднаш и безусловно да го ослободи насилно уапсениот студент“. „Во очекување на нејзиното ослободување, властите мора да ја заштитат од тортура и друго малтретирање и да и овозможат пристап до семејството и адвокат. „Обвинувањата за тепање и сексуално насилство за време на апсењата бараат независна и непристрасна истрага. „Виновниците мора да одговараат“, се додава. Специјалниот известувач на ОН за Иран, Маи Сато, го објави видеото на социјалната мрежа Х и напиша дека „внимателно ќе го следи овој случај, како и одговорот на властите“. Наргес Мохамади, иранска добитничка на Нобеловата награда за мир, која моментално е во затвор во Иран, во изјавата рече дека е многу загрижена за оваа жена. „Жените плаќаат цена за пркосот, но ние не се потчинуваме на сила“, рече таа. „Студентката што протестираше на универзитетот го претвори своето тело во симбол на несогласување. Таа мора да биде слободна, како и сите други жени“, рече таа. Advertisement Post Views: 96 иран 2024-11-05 Весник Илинден...
Рама: Албанија се надева на членство во ЕУ до 2030
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Рама: Албанија се надева на членство во ЕУ до 2030 Албанија се надева на придружување на Европската Унија до 2030 година, изјави премиерот на таа земја Еди Рама. Тој пред околу 2.000 поддржувачи во хотел во Солун вети дека бројни албански иселеници за првпат ќе можат да гласаат на следните избори кои ќе бидат одржани на пролет 2025 година. И покрај разните спорови со Грција, Рама кажа дека односите на двете земји се одлични. Постоеја стравувања од контрапротести на грчките националисти, во градот во кој партиите од крајната десница се особено силни. На крајот околу 25 луѓе се појавиле пред местото на собирот, со транспаренти со пораки до Рама да замине од Грција. Advertisement Post Views: 147 Албанија Еу 2024-11-05 Весник Илинден...
Пописи на население 2023: По Тиранците, Дебарчаните се најголемата заедница во Тирана
Македонски весник Илинден - пред 16 дена
Пописи на население 2023: По Тиранците, Дебарчаните се најголемата заедница во Тирана Населението на Тирана достигна 598.176 жители на пописот во 2023 година, но најновите податоци покажуваат дека само 52% од нив (310 илјади) се родени во Тирана, а речиси половина од жителите се од други градови. Според деталните податоци на ИНСТАТ, Дебарчаните се најголемата заедница во главниот град по Тиранците, бидејќи 6,5% од населението во главниот град како родно место го имало Дебар, а потоа следат Корчарите кои се трета по големина заедница со 6%. од населението на главниот град се родени во Корча. Потоа, големо мнозинство во Тирана се оние родени во Фиер, Берат, кои соодветно зафаќале по 5,1% од населението на главниот град. Во Кукс се родени над 27.000 жители или 4,6% од населението на главниот град Лежа и Драч имаа најмали движења кон Тирана, бидејќи родените во овие окрузи сочинуваа 1,9 и 2,4% од вкупното население на општина Тирана, соодветно. Во Тирана во 2023 година имало над 14.000 странски државјани, кои сочинувале 2,4 отсто од населението на главниот град. Општина Тирана, најголемата во земјата, која е центар на гравитација во споредба со другите за внатрешна емиграција, од 2011 до 2023 година е зголемена само за 40 илјади 754 жители и вкупно има 598.176 жители. Малиот пораст на населението во главниот град не е добра вест за градежниците кои до сега работат на погрешни проекции, со податок дека Тирана расте за 20-25 илјади жители годишно. Населението на Тирана претрпе силна демографска транзиција. Локалните жители уште од првите години на транзицијата беа насочени кон емигрирање, бидејќи нивното отсуство беше исполнето со приходи од други региони во земјата. Демографската транзиција продолжува да биде интензивна бидејќи се повеќе образовани луѓе бегаат од Тирана во странство. Излегува дека населението на Тирана се зголемувало за околу 3400 жители годишно во периодот од 2011 до 2023 година, во време кога Тирана доби дозвола од општината за годишно зголемување од над 20 илјади жители годишно. Advertisement Post Views: 285 Cens2023 Албанија Тирана 2024-11-04 Весник Илинден...
Се конституира Советот за безбедност, состојбата во Македонија е стабилна
Македонски весник Илинден - пред 16 дена
Се конституира Советот за безбедност, состојбата во Македонија е стабилна Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов. На покана на претседателката Сиљановска Давкова, во работата на Советот за безбедност учествуваа и реферираа: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. Советот за безбедност на седницата констатираше дека состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата. Присутните констатираа дека надлежните институции редовно ги следат состојбите во земјата и опкружувањето и дека системот за национална безбедност е функционален и обезбедува рано предупредување за евентуални закани и ризици. Учеството на Армијата во НАТО-мисиите, ЕУ-мисиите и во мисии во ОН е успешно и продолжува, а бројот на учесниците во мисиите се одредува во зависност од потребите и одлуките на надлежните институции. Советот за безбедност ќе се состанува на секои три месеци, а по потреба и почесто. Advertisement Post Views: 181 Македонија е стабилна Советот за безбедност 2024-11-04 Весник Илинден...
Продолжува градењето на Коридорот VIII Елбасан-Ќафасан што поврзува Албанија и Македонија (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 16 дена
Продолжува градењето на Коридорот VIII Елбасан-Ќафасан што поврзува Албанија и Македонија (ВИДЕО) Градежните работи за проширување на патот Елбасан – граничен премин Ќафасан кој е дел од Коридорот 8, се одвиваат според планираната динамика, објави албанскиот премиер Еди Рама. Овој патен правец се смета за еден од најважните во државата, пат кој ќе ги поврзува Драч-Елбасан-Либражд-Ќафасан, за да продолжи понатаму кон Македонија. Од инвеститорот беше побарано изградбата да ја подели во неколку фази, со што реализацијата на работата ќе биде пофлексибилна, како од менаџерска, така и од економска страна, напиша Рама на социјалните мрежи. Патот Елбасан-Ќафасан е од категоријата Б, со четири ленти, по две од секоја страна, со разделници и сите параметри на патот, и со минимална брзина на движење од 110 километри на час. Предвидена е изградба на бајпас во Елбасан, со цел да не се влегува во градот. Релацијата Ќафасан – Елбасан во должина од 50,12 километри која се возеше за час и половина, со новиот автопат патувањето се скратува на 35 минути. Изграден пред повеќе од две децении единствените инвестиции беа во неговото одржување. Во нашата анализа оценуваме дека проширувањето на патот ќе ги намали сообраќајните незгоди и честите блокади, го олеснува сообраќајот и го скратува времето на патување, како во правец кон Корча и Македонија, со зголемување на максималната дозволена брзина, потврдуваат од Државната агенција за патишта. Работите започна во декември 2022 година и е предвидено да заврши до крајот на годинава. Дел од патот за сообраќај беше отворен во јуни годинава. https://www.facebook.com/watch/?v=1315563639609433 Advertisement Post Views: 364 Коридорот VIII Елбасан-Ќафасан што поврзува Албанија и Македонија 2024-11-04 Весник Илинден...
Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара Радио Тирана Интернационал да биде и на македонски јазик
Македонски весник Илинден - пред 17 дена
Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара Радио Тирана Интернационал да биде и на македонски јазик Македонското друштво “Илинден“-Тирана е регистрирано на 06.02.2009 година во Судскиот округ Тирана со мисија за заштита на македонското национално малцинство во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од Албанската радио телевизија (РТШ) Радио Тирана Интернационал да биде на македонски јазик, како што е на англиски, француски, италијански, германски, грчки, српски и турски јазик. Се надеваме дека барањето ќе биде прифатено и ќе биде разгледано за да биде и на македонски јазик. Advertisement Post Views: 109 Македонското друштво “Илинден“-Тирана Радио Тирана Интернационал 2024-11-04 Весник Илинден...
Повеќе од 60 милиони Американци ја искористиле можноста за предвремено гласање
Македонски весник Илинден - пред 17 дена
Повеќе од 60 милиони Американци ја искористиле можноста за предвремено гласање Според изборната лабораторија на универзитетот во Флорида ова е помалку отколку во текот на раното гласање во 2020 година за време на Ковид-19, но сепак укажува на високо ниво на ентузијазам на гласачите. На претседателските избори во САД повеќе од 60 милиони Американци веќе гласале. Според изборната лабораторија на универзитетот во Флорида ова е помалку отколку во текот на раното гласање во 2020 година за време на Ковид-19, но сепак укажува на високо ниво на ентузијазам на гласачите. Advertisement Post Views: 90 Сад 2024-11-03 Весник Илинден...
Изворот на вода е проблем за две семејства во Острен областа Голо Брдо (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 18 дена
Изворот на вода е проблем за две семејства во Острен областа Голо Брдо (ВИДЕО) Употребата на изворот на вода во селото Острен во областа Голо Брдо изведе на суд две семејства, кои сега бараат сопственост над него. Аслан Кочи вели дека изворот на вода тече на неговото земјиште и дека дозволил другото семејство да добие вода само при изградбата на станот. Но, според Коч, и по завршувањето на изградбата на станот, соседот тврдел дека водата е негова. Тоа предизвика странките да завршат на суд, поминувајќи низ неколку чекори. Аслан Кочи бара од органите на правдата, но и од државата да интервенираат и да спречат евентуално самопресудување. Advertisement Post Views: 189 Голо Брдо Македонци 2024-11-02 Весник Илинден...
Регион Идентификувани се телата на сите 14 жртви од несреќата во Нови Сад
Македонски весник Илинден - пред 18 дена
Регион Идентификувани се телата на сите 14 жртви од несреќата во Нови Сад Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е извршена идентификација и на другите починати во уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, од кои двајца се од машки пол Н.К. (17), Ѓ.Ф. (53) и пет женски лица, М.А. (16), Ф.В. (10), С.Ф. (6) и Г.Р. (58), К.М. (76), како и повредените од кои две од женски пол, Т.М. (24) и А.Р. (23) и едно машко лице В.Ц. (18). Обвинителството вчера соопшти дека се идентификувани две женски лица, А.Р. (20) и А.Ќ.С. (35) и пет машки лица, Х.С. (27), М.М. (21), Ш.Ѓ. (77), Р.В. (69) и С.В. (45). Во текот на досегашните дејствија и мерки, јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Нови Сад, во соработка со Полициското одделение во Нови Сад, изврши увид на лице место и наредиле потребни вештачења, објави Телеграф. „Паралелно со вештачењата кои треба да се спроведат во најкраток можен рок, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад е целосно ангажирано на прибирање на сите известувања и информации и наложено е за таа цел, во текот на денот, најмалку дваесет лица, меѓу другите одговорни од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и надлежниот министер, одговорните лица од АД „Железница Србија“, одговорните лица на Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Нови Сад, како како и други лица, со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението. Advertisement Post Views: 135 нови сад 2024-11-02 Весник Илинден...
Македонија домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први
Македонски весник Илинден - пред 18 дена
Македонија домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први Свеченото отворање на овогодинешното дванаесетто по ред издание на Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, во организација на Институтот за национална историја, Универзитет Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“. Отворањето ќе се одржи на 1 ноември (петок), во 10 часот во Музејот на македонската борба. Симпозиумот „Денови на Јустинијан I” е традиционално поддржан и вклучен во годишната програма на Министерството за култура и туризам, како и од Италијанската амбасада, Музејот на македонската борба, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија и Јустинијана Прва и Винаријата Стоби. На свеченото отварање свое обраќање ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, Претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, проф.д-р Џузепе Маино, коорганизатор од Унивезитетот во Болоња, проф. д-р Дејан Борисов, Декан на Православниот богословски факултет „св. Климент Охридски“, г-а Анче Илиевска, Директор на Музејот на македонската борба, Н.Е. Марио Де Роса, Заменик амбасадор на Република Италија, г-а Марија Ѓоргова, Државен секретар во Министерството за култура и туризам и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва. Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустиниан I” претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан I и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа. Симпозимот ќе се реализира со комбинирано физичко и online учество. На шесте сесии кои ќе се реализираат во текот на двата работни дена во Музејот на македонската борба и преку online платформата Zoom, свои реферати ќе имаат 50-на еминентни проофесори и научници од 19 земји, покрај нашата земја, Италија, САД, Велика Британија, Германија, Русија, Украина, Полска, Словачка, Холандија, Финска, Австрија, Србија, Грција, Хрватска, Романија, Турција, Унгарија, На почетоот од работниот дел, пленарното предавање ќе има еден од најеминентните светски византолози, проф. Џонатан Шепард од Универзитетот во Оксфорд. Сеопфатниот тематско-содржински концепт на рефератите, потврдува дека симпозиумот „Денови на Јустинијан I”, прераснува во еден од најпрестижните научни собири од ваков вид во регионот и пошироко. Со тоа „Деновите на Јустинијан I”, ја постигнуваaт клучната цел за промоција на културното и историското наследство на Република Македонија, со што Јустинијан I станува културен и историски бренд кој ги обединува земјите и нациите кои го споделуваат византиското наследство, како и научниците од Европа и ширум светот. Advertisement Post Views: 196 Деновите на Јустинијан I 2024-11-02 Весник Илинден...
Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега
Македонски весник Илинден - пред 18 дена
Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Силвио Гонзато, денеска во Тирана на премиерот Еди Рама му го предаде Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година. На заедничката прес-конференција со амбасадорот Гонзато, премиерот Рама изрази големо задоволство што денеска земјата добива многу позитивен извештај „најпозитивен од сите овие години, бидејќи таков е напредокот на државата“. -Овој октомври е посебен, бидејќи пред неколку недели во Луксембург се одржа Втората меѓувладина конференција на Албанија со ЕУ, за отворање на преговорите за првата група од 8 поглавја и критериуми. На конференцијата, како што знаете, беше потврдено признавањето од страна на сите институции и земји на ЕУ за напредокот постигнат од Албанија во исполнувањето на условите за оваа фаза од преговорите за членство во ЕУ, а сè што е кажано и направено е истакнато во новообјавениот извештај од Европската комисија, рече Рама. Нагласи дека „извештајот е пореален и поизбалансиран, и бидејќи ги препознава сите напори и постигнатиот напредок, точно ги означува чекорите што треба да се преземат понатаму, како и прашањата на кои мора да се фокусираме со цел да се исполнат условите за членство и во презентацијата на амбасадорот беше многу јасно што треба да се направи во оваа нова фаза од процесот“. -Се разбира, овој процес е тековен процес, но секој кој навистина сака да разбере и научи каде е денес Албанија во сите области, треба да го прочита овој извештај, бидејќи никаде на друго место нема да најдат попрецизна анализа на моменталната ситуација на земјата, рече Рама. Амбасадорот Гонзато рече дека планот за затворање на сите поглавја од преговорите меѓу Албанија и Унијата во 2027 година може да се постигне доколку се работи. -Планот за членство до крајот на 2027 година е амбициозен, но може да се постигне доколку се работи. Албанија може да успее да ги отвори сите поглавја до крајот на 2025 година, рече Гонзато додека на премиерот Рама му го предаде извештајот за напредокот на Европската комисија за 2024 година. Сепак, тој рече дека политичката клима во земјата го попречува напредокот во вистинската насока. Што се однесува до политичкиот критериум, извештајот ја оценува функцијата на институциите како делумно задоволителна, главно поради политичкиот поларитет, рече тој. Во извештајот на ЕУ за напредокот на Албанија, меѓу другото се наведува дека е забележан напредок со реформите, јакнење на владеењето на правото, дека СПАК напредувал во борбата против организираниот криминал и перењето пари, со што се доближил до законодавството на Европската унија. Advertisement Post Views: 132 Европската Унија 2024-11-02 Весник Илинден...
Иницијатива на МАЕИ за поставување биста на Борис Малевски, првиот учител во Мала Преспа
Македонски весник Илинден - пред 19 дена
Иницијатива на МАЕИ за поставување биста на Борис Малевски, првиот учител во Мала Преспа Македонска алијансата за европска интеграција, МАЕИ, поведе иницијатива да се постави биста на првиот учител од Преспа, Борис Малевски, во дворот на училиштето „Митре Колефски и Трајан Ѓорѓиевски“ во село Пустец. Иницијативата ја презедовме по повод 80-годишнината од изучувањето на мајчиниот македонскиот јазик во Преспа и како напор да се оддаде и овековечи споменот за Борис Малевски, првиот учител по македонски јазик од ова наше сакано подрачје. Тоа во чест на неговиот особен придонес, бидејќи ќе послужи не само како почит на учителот Малевски, туку и како извор на инспирација за сегашните и идните генерации, овековечувајќи ги вредностите што тој ги застапувал, информираше за МИА, Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ. Борис Малевски, кој е роден на 20 септември 1914 година во село Глобочени, починал на 21 јануари 1979 година во Пустец, во соработка со учители Македонци кои дошле од Македонија во 1944 година, ги поставил темелите на наставата по мајчин македонски јазик во областа на Преспа. На сите познат како учителот Боре, тој даде извонреден придонес во образованието на преспанските села, борбата против неписменоста и развивањето на образованието на македонски јазик. Со отворањето на седумгодишното училиште во Пустец, тој беше назначен за прв директор, служејќи не само како учител, туку и како инспирација на заедницата, со убедување дека „учењето и учените луѓе се иднината на Преспа“. За неговите заслуги во образованието, на предлог на писателот Стерјо Спасе, Малевски беше одликуван од власта за неговите достигнувања во образованието, додава Стерјовски. За исполнување на оваа цел, посочува тој, доставено е барање до локалната власт на општина Пустец за поддршка во преземањето на сите неопходни законски мерки и во одобрувањето на одлуката за поставување на бистата на одредената локација. Предложената биста ќе биде донација од партијата Македонска алијанса за европска интеграција и има за цел да биде составен дел од културно-историскиот пејзаж на преспанскиот крај. Сметаме дека поставувањето на оваа биста ќе биде додадена вредност за македонската заедница и за зајакнување на нашата културна меморија, нагласува Стерјовски. Тој не го крие убедувањето дека Советот на општина Пустец ќе даде поддршка за оваа иницијатива, која ќе „означи важен чекор во зачувувањето на македонската историја и култура во Преспа“. Advertisement Post Views: 171 Борис Малевски првиот учител во Мала Преспа 2024-11-01 Весник Илинден...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на министерска конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина
Македонски весник Илинден - пред 20 дена
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на министерска конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски вчера и денес учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во ко-партнерство од министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина. Фокусот е ставен на третманот на политичките и воените заробеници, незаконски притворените цивили и присилно депортираните деца. Во рамките на обраќањето на пленарната сесија која се одржа при отворањето на конференцијата, министерот Муцунски се заблагодари за поканата и истакна дека суштината на конференцијата допира не само до рамката на меѓународното хуманитарно право, туку и до суштината на нашата заедничка човечност. „Ние силно ја осудуваме агресивната војна на Русија против Украина, која досега предизвика непоправливи загуби на човечки животи и разурнување. Целосната инвазија на Украина од страна на Русија претставува напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и флагрантно прекршување на основните начела на меѓународното право и, пред сè, вредностите на човештвото,“ истакна Муцунски во своето обраќање. Тој потенцираше дека нашата држава силно ја осудува и континуираната повреда на меѓународното хуманитарно право и човековите права од страна на Русија во Украина, што истовремено претставува директно кршење на меѓународното право и Женевските конвенции. „Сите прекршувања и злоупотреби на човековите права и на меѓународното хуманитарно право мора да бидат истражени, а сторителите изведени пред правдата, во согласност со меѓународното право,“ подвлече министерот Муцунски во обраќањето. Тој додаде и дека почитувањето на демократските принципи, човековите права и достоинството, како и владеењето на правото, се единствените универзални вредности што треба да бидат почитувани од сите. „Секој миг што го поминуваме во оваа просторија нè потсетува дека зад секоја статистика стои човечка приказна – дете разделено од семејството, мајка која го бара своето блиско, постаро лице принудено да го напушти својот дом,“ додаде министерот Муцунски во обраќањето. На крајот од својот говор, министерот Муцунски ја повтори поддршката за напорите на Украина да воспостави праведен и траен мир врз основа на клучните принципи и цели преку Формулата за мир на Украина. Advertisement Post Views: 165 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски 2024-10-31 Весник Илинден...
Албанија на прво место во Европа по раст на туризмот, втора во светот по Катар
Македонски весник Илинден - пред 20 дена
Албанија на прво место во Европа по раст на туризмот, втора во светот по Катар Светската туристичка организација на Обединетите нации го објави туристичкиот барометар за периодот јануари-јули 2024 година, во кој се потврдува дека Албанија е на прво место во Европа по зголемување на бројот на странски туристи, во однос на периодот пред пандемијата и на второ место во светот по Катар. Премиерот Еди Рама во објава на социјалните мрежи наведува дека „уште една меѓународна потврда за оваа туристичка година штотуку доаѓа од Барометарот на Светската туристичка организација, каде Албанија води во европската класификација за најголем пораст на странски посетители и е на второто место во светот, по Катар“, додека „златен медал ни се доделува и по приходи од туризам, со најголем раст во однос на периодот пред пандемијата“. „Вкупниот број од 9,7 милиони странски посетители од јануари до септември 2024 година и широкиот спектар на растечки туристички пазари се постојани, но сигурни показатели дека Албанија ќе продолжи да ги полни ѕидовите со такви сертификати за меѓународни успеси, кои се претвораат во повеќе приходи за бизнисите, вработување за семејствата и позитивен меѓународен имиџ за нашата Албанија, кој не можеше ни да се замисли пред неколку години,“ напиша Рама. Според него друга новина во туристичкиот барометар објавен од UN Tourism е тоа што за првпат се препознава зголемувањето на приходите од меѓународниот туризам. Според барометарот за периодот јануари-јули 2024 година, Албанија е на прво место по приходи од туризам, со над 128 отсто раст во однос на периодот пред пандемијата. Ова не е првпат UN Tourism, како најголема светска туристичка организација, да ги „потврдува“ достигнувањата на туристичката индустрија во Албанија, бидејќи за 2023 година Албанија беше рангирана на четвртото место во светот. Во април, Светската туристичка организација за првпат одржа настан на високо ниво во Тирана, како што е состанокот на Комисијата за Европа, каде што беше претставена и публикацијата „Да се прави бизнис во туризмот – инвестирање во Албанија“, заедничка публикација на UN Tourism и Министерството за туризам и животна средина. Advertisement Post Views: 161 Албанија 2024-10-31 Весник Илинден...
Масакр во Скадар, најмалку три жртви во вооружен инцидент (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 21 дена
Масакр во Скадар, најмалку три жртви во вооружен инцидент (ВИДЕО) Вооружен инцидент се случил доцна попладнево во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку три лица, додека две се тешко повредени и се во животна опасност. Идентитетот на сите жртви и околностите и мотивите за настанот не се познати, иако се поврзува со пресметка меѓу криминални групи. Се дознава дека две возила во движење пукале меѓу себе, при што во возило со хрватски регистарски таблички било пукано повеќе пати, а потоа удрило во бетонска ограда. Според истиот извор меѓу повредените е Арлинд Бушати (32), син на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на Демократската партија, Џемал Бушати. На терен се големи полициски сили, како и возила на брза помош. Advertisement Post Views: 190 Албанија 2024-10-30 Весник Илинден...
Пуштен во употреба нов патен правец Керстец-Пакиша-Запод во подрачјето на областа Гора (ФОТО)
Македонски весник Илинден - пред 21 дена
Пуштен во употреба нов патен правец Керстец-Пакиша-Запод во подрачјето на областа Гора (ФОТО) Жителите на селата Керстец-Пакиша-Запод во областа Гора со децении многу страдаат од немањето патна инфраструктура, поради што се казнувани економски и во секој аспект од нивниот развој. Кога првпат ги посетивме и ја видовме непристојната состојба на патиштата во овие области, ветивме дека како министер ќе дадеме се од себе за да ја средиме патната инфраструктура. Тоа е она што го направивме, внимавајќи проектот за изградба на патишта што ги поврзуваат Косово и Албанија, кој исто така беше дел од протоколот потпишан меѓу двете влади, да се реализира прецизно и денес да биде реалност. Проектот е инвестиција на ММЗЗИ со должина од 6,3 километри и инвестиција од 2,6 милиони евра. Добредојдени како што е великодушната традиција на жителите на Гора, заедно со премиерот на Републиката, Албин Курти, заменик министерот Дурмиши, пратеникот Пандели Мајко, Намик Докле од областа Гора поранешен вицепремиер и претседател на парламентот на Албанија, како и со амбасадорите, овој пројект е витален за областа Гора. Во областа Гора во Албанија распослани се 9 села и во областа Гора во Косово распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповест. Advertisement Post Views: 193 Македонци во Албанија Областа Гора 2024-10-30 Весник Илинден...
Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија
Македонски весник Илинден - пред 21 дена
Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година жестоко реагираше кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостоечки Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок кој го трпеше Република Албанија од европската членка Република Бугарија, со уцени за вето на нејзиниот европски пат. На уцените потклекнаа албанските власти, при што го направија најсрамниот чин во постоењето на албанската држава од 1912 година до денес. Уште пожестока беше реакцијата кога со инженериг беа „избројани“ 7957 Бугари во Република Албанија на последниот попис на населението. Таквата измама можеше да се направи само со аминување од албанските власти, а повторно под уцени од бугарските европејци. Но, во океан од лаги, измами и притисоци, вистината испливува. Овој пат, на повторните, по седми пат избори за Народното собрание во Бугарија. Имено, како и за другите досегашни избори во Бугарија имаа право да се пријават за остварување на своето право на глас и Бугарите надвор од Бугарија. При тоа, во Албанија за гласање на изборите од 27. 10. 2024 година се пријавиле сe на сe дури 174 лица. Листата на гласачи, според информациите од Централната изборна комисија во Бугарија изгледа вака https://www.cik.bg/bg/ns27.10.2024/abroad/registered Елбасан (69) Корча (48) Кукс (52) Тирана (Амбасада) (5). Дополнително, надвор од Протоколите за гласање, во записниците стои дека гласале дополнителни 245 лица; со што вкупно гласале 329 лица. Ова јасно покажува дека и при ова гласање во записниците се среќаваат дополнителни гласови кои навреме не биле пријавени. Фактот што во Тирана, каде има најголема концентрација на население, навремено за гласање се пријавиле само 5 членови на бугарската Амбасада. Прашањето е каде исчезнаа Бугарите во Албанија? Или, дали ни со инженеринг не можеа да се вметнат повеќе „Бугари“ гласачи од Албанија за бугарското Народното собрание? Advertisement Post Views: 381 Измислените Бугари во Албанија 2024-10-30 Весник Илинден...
Мицкоски: Европскиот извештај како најголема слабост повторно ги посочува правосудството и реформата на администрацијата
Македонски весник Илинден - пред 21 дена
Мицкоски: Европскиот извештај како најголема слабост повторно ги посочува правосудството и реформата на администрацијата Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски го доби извештајот на Европската Комисија кој се однесува на напредокот во изминатата година. Со извештајот, како што рече Мицкоски, опфатени се практично три влади, една политичка влада, една техничка влада и една влада која беше избрана на 23 јуни оваа година. Мицкоски изјави дека и без извештајот, свесен е оти граѓаните живеат тешко и дека ни се потребни крупни чекори напред, клучни реформи и борба против корупцијата. „Со извештајот добиваме една реална, објективна слика за состојбите за целокупната подготвеност на земјата во достигнувањето на европските правила и стандарди, како и за тоа што било направено во текот на изминатата година. Детектиран е добар или одреден напредок во некои области, но и ограничен или недоволен односно нема никаков напредок во повеќе други области и теми од Европското законодавство и стандарди“, изјави Мицкоски, додавајќи дека го охрабрува тоа што и во овој кус период на новата Влада, Европската комисија ги препознава напорите за борбата против корупцијата, нешто што не било случај во минатиот извештај. Како и претходните години, најголемите слабости повторно се детектираат се однесуваат на кластерот 1- темели, односно на деловите поврзани со правосудството, реформа на јавната администрација. „Нашите претходници требало и морало да направат повеќе и подобро, но да го оставиме тоа зад нас, мора да ги надминеме политичките препукувања и да се фокусираме на она што треба сите ние заеднички да го направиме. Немаме време за губење. Не’ очекува уште многу работа, сите нас, бидејќи реформите и европскиот пат се долгорочен и сеопфатен процес. Затоа ве уверувам дека ние како нова Влада работиме интензивно и посветено за подобрување на состојбите во сите области, особено во оние области на живеење каде проблемите и слабостите на системот се најголеми. За тоа ни е потребен ангажман од сите нивоа на власт- извршната, но и законодавната и судската, како и од нашата администрација, и останатите чинители во општеството – приватниот сектор, граѓанското општество, академската заедница“, рече Мицкоски. Премиерот е дециден дека нема отстапување од реформите, бидејќи тоа е единствениот начин за да се подобри животот на граѓаните и да се зајакне македонското досие на патот кон членството во ЕУ. Мицкоски напомена и дека граѓаните се уморни од целиот процес, и дека неоправдано сме во чекалницата, но единствената одржлива и стратешка цел за иднината на сите останува членството во Европската Унија. Advertisement Post Views: 83 премиерот на македонија Христијан Мицкоски 2024-10-30 Весник Илинден...
Началникот на Генералштабот на Армијата оствари средба со одбранбеното аташе на Албанија
Македонски весник Илинден - пред 21 дена
Началникот на Генералштабот на Армијата оствари средба со одбранбеното аташе на Албанија Началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Република Албанија акредитирано за Република Македонија, полковник Бекир Тафили. Во рамки на денешната средба, генералот Лафчиски упати честитки до полковник Бекир Тафили и му посака успех во извршување на оваа должност за време на неговиот работен ангажман и продолжување на воспоставената билатерална меѓуармиска соработка. На средбата во Генералштабот се разговараше и за заедничкото членство во иницијативите за регионална соработка, како и за проширување на можностите за соработка во областите од заемен интерес. Advertisement Post Views: 141 Република Албанија република македонија 2024-10-30 Весник Илинден...
Македонија ќе потпише заедничка изјава со Унгарија, Србија и Грција за изградба на брза пруга Будимпешта-Атина
Македонски весник Илинден - пред 21 дена
Македонија ќе потпише заедничка изјава со Унгарија, Србија и Грција за изградба на брза пруга Будимпешта-Атина Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека брзата пруга на делницата Нови Сад – Суботица ќе биде пуштена во сообраќај на 24 ноември, а ден претходно Унгарија, Србија, Македонија и Грција ќе потпишат заеднички изјава за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина (Патра) преку Скопје. Брзата пруга низ Србија, како дел од идната брза пруга од Унгарија до Грција, се наоѓа на европската железничка мрежа. Како што најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ден пред да се пушти во сообраќај новата делница од Нови Сад до Суботица, Унгарија, Србија, Македонија и Грција ќе потпишат заедничка декларација за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина, односно Пиреја и Патра, изјави Весиќ за ТВ Пинк. Тој кажа дека се очекува до крајот на 2025 година унгарските партнери да го завршат својот дел од пругата, од српската граница до Будимпешта, долга 166 километри со што брзата железничка врска од Белград до Будимпешта ќе трае два часа и 45 минути. Во согласност со договорот за изградба на брзата пруга Белград – Ниш, долга 230 километри, Владата на Србија донесе уредба за план за посебна намена, со кој практично се овозможува работите да започнат следната 2025 година. Весиќ посочи дека за време на работите нема да има затворање на сообраќајот, бидејќи Србија не смее да го загуби товарниот сообраќај и кажа дека до февруари ќе заврши реконструкцијата на пругата Ниш – Брестовац, долга 23 километри. Тогаш ни преостанува уште 135 километри пруга од Брестовац до Прешево. Се договоривме со Владата на Македонија заеднички да побараме финансирање и да работиме на нашите 135 километри и нивните 50 километри до Скопје. Грците веќе проектираат пруга од Солун до Идомени, на грчко-македонската граница и ја обновуваат пругата Солун-Атина. Останува да се реши поврзувањето од Скопје до Идомени, а кога ќе се заврши ќе имаме над 1.638 километри пруга од Будимпешта до Патра. Тоа ќе биде столбот на транспортот на Западен Балкан, објасни министерот Весиќ. Тој додаде дека Србија е заинтересирана за изградба на дел од пругата од Ниш до бугарската граница. Тој рече дека пругата од Истанбул до бугарската граница се гради во Турција со поддршка на ЕУ и дека веќе е изградена пругата од границата до Софија и дека делот од Софија до Драгоман, на границата со Србија, останува да се уреди. Ако го прашате претседателот Вучиќ како и мене како надлежен министер – железницата е приоритет. Ако ја прашате Европската комисија, ќе го добиете истиот одговор, бидејќи ЕУ одлучи да го удвои бројот на обновени колосеци до 2030 година. Донесена е и нова регулатива за трансевропски коридори со која за првпат се изедначија земјите членки и оние кои се уште не се, во однос на пристапот до средства. А ЕУ издвојува 500 милијарди евра за европските коридори, од кои дури 80 отсто ќе одат за железницата, рече Весиќ. Advertisement Post Views: 69 Македонија 2024-10-30 Весник Илинден...
Објавен планот на Трамп за мир во Украина
Македонски весник Илинден - пред 22 дена
Објавен планот на Трамп за мир во Украина Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот кандидат за потпретседател претставија план за ставање крај на војната во Украина. Тие предложија модел на замрзнат конфликт, кој ќе вклучува автономни региони од двете страни на демилитаризираната зона, додека Киев ќе остане надвор од НАТО. Замрзнување на војната Концептот на Трамп ги ревидира договорите од Минск од 2014 и 2015 година кои не успеаја да ги запрат непријателствата во источна Украина. Еден од советниците на поранешниот претседател изјавил дека тие договори предвидувале зачувување на територијалниот интегритет на Украина преку формирање на автономни зони, но условите никогаш не биле применети или спроведени, пренесува „tportal“. Според советникот, овој пат ќе се воведат механизми за спроведување на договорот и дефинирање на последиците од прекршувањата. Сепак, според тој модел, европските сили, а не силите на НАТО или мировните сили на ОН, би го следеле почитувањето на договорот. Сојузниците на Трамп тврдат дека Украина ја губи војната, што ја прави нивната иницијатива морално исправна. Трамп смета дека сегашниот претседател на САД, Џо Бајден, треба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, слично како што американските претседатели разговарале со советските лидери за време на Студената војна. Членството на Украина во НАТО се смета за неприфатлива опција на краток рок. Фред Флејц, кој работеше во првата администрација на Трамп, тврди дека членството на Украина во НАТО може да биде исклучено неколку години за да се принуди Русија да преговара. „Го замрзнуваме конфликтот, „Украина не отстапува ниту една територија, не се откажува од своите територијални барања, а ние преговараме со разбирање дека веројатно нема да има конечен договор додека Путин не ја напушти политичката сцена“, рече тој. Сепак, малку е веројатно дека овој пристап ќе добие едногласна поддршка во Републиканската партија. Еден од водечките републикански експерти за национална безбедност во Претставничкиот дом, Мајк Волц, предложи Трамп да ја искористи заканата од економски колапс на Русија преку пониски цени на нафтата и гасот за да го принуди Путин да преговара со Украина. Саудиска Арабија, клучен сојузник на Трамп за време на неговиот прв мандат, веројатно нема да поддржи таков потег. Advertisement Post Views: 88 Доналд Трамп 2024-10-30 Весник Илинден...
Опозицијата во Албанија го блокираше сообраќајот низ земјата
Македонски весник Илинден - пред 22 дена
Опозицијата во Албанија го блокираше сообраќајот низ земјата Албанската опозиција ги блокираше крстосниците низ земјата барајќи актуелната влада да ја замени технократска привремена влада пред парламентарните избори следната година. Пратениците предводеа стотици поддржувачи на опозицијата на собирите на главниот влез во Тирана и на пет други главни крстосници низ земјата за да го блокираат сообраќајот. „Граѓанска блокада, денес или никогаш“, беше слоганот на сајтот на главната опозициска Демократска партија. Во Тирана опозициски пратеници паркираа автомобили за да го блокираат сообраќајот на три часа. Конзервативните демократи на чело со поранешниот премиер Сали Бериша долго ги обвинуваат социјалистите на премиерот Еди Рама за корупција, манипулирање на претходните избори и узурпирање на правосудството. Полицијата предупреди дека попречувањето на сообраќајот е кривично дело за кое следува казна до три години затвор. Илјадници полицајци беа распоредени да ги штитат владините згради. Демократите и нивните поддржувачи во опозициската коалиција одржуваат протести поради апсењето на Бериша и поранешниот претседател Иљир Мета во одвоени случаи на корупција, тврдејќи дека обвинувањата се политички мотивирани. Еден демократски пратеник, Еервин Салијањи, е исто така осуден за клевета. Во Албанија следната пролет се одржуваат парламентарни избори, на кои социјалистите на Рама се „спремни да победат“, делумно поради тоа што опозицијата е поделена. САД и ЕУ ја повикаа опозицијата да го продолжи дијалогот со владата, порачувајќи дека насилството нема да ѝ помогне на земјата да се интегрира во ЕУ. ЕУ во 2020 година одлучи да почне преговори за полноправно членство со Албанија. Претходно овој месец Тирана ги почна разговорите за тоа колку земјата е усогласена со ставовите на ЕУ за владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и борбата против корупцијата. Advertisement Post Views: 166 Албанија 2024-10-30 Весник Илинден...