Мултимедијалниот проект „Дата база“ од Марија Мицова-Гацова денеска ќе биде претставен во Париз
Република - пред 19 часа
Мултимедијалниот проект „Дата база“ на ликовнaта уметница Марија Мицова Гацова денеска ќе биде претставен во Меѓународниот резиденционален центар (Cité internationale des Arts) во Париз. Проектот е избран на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година од областа на меѓународната дејност. На настанот Отворено студио во оваа престижна институција авторката изложува инсталација од цртежи, принтови од мемориски предмети, инсталација во техниката papier mâché и видео кое го документира целиот процес на творење. Изложбата произлегува од нејзиното истражување за комплексноста на меморијата, составена од генерациски наследни податоци, стекнати информации и нивната употреба во социјално-културен контекст. Овој двомесечен резиденционален престој со изложба во Париз е поддржан од Министерството за култура и туризам. Марија Мицова Гацова е ликовен уметник од Кочани. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
„Дата база“ од Марија Мицова-Гацова во Париз
365.mk - пред 4 часа
Мултимедијалниот проект „Дата база“ од уметничката Марија Мицова-Гацова ќе биде претставен вечерва во Меѓународниот резиденцијален центар (Cité internationale des Arts) во Париз. Таа ќе се претстави со инсталација од цртежи, принтови од мемориски предмети, инсталација во техниката papier mâché и видео кое го документира целиот процес на творење. – Преку користење на различни материјали и медиуми го претставувам визуелното истражување на релацијата со предците и раслојувањето на напластената содржина на заробената меморија. Оваа изложба произлегува од моето истражувањето за комплексноста на меморијата, составена од генерациски наследни податоци, стекнати информации и нивната употреба во социјално-културен контекст – вели Мицова-Гацова. Изложбата е завршница на нејзиниот двомесечен резиденцијален престој во Париз. Патувањето беше во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година од областа на меѓународната дејност на македонското Министерство за култура. - Реклама -...