Тања Тас- Лакмус
off.net - пред 1 ден
Музика и текст- Игор Атанасоски - Харе Аранжман- Дамир Имери Музички продуцент- Мите Димовски...
Со „Лакмус“ продолжува соработката на Тања Тас и Игор Атанасоски-Харе
Нова Македонија - пред 16 часа
Фото: Приватна архива Тања Тас неодамна ја сними песната „Лакмус“, чиј автор е Игор Атанасоски – Харе, кој ги напиша музиката и текстот, аражманот е на Дамир Имери, а музички продуцент е Мите Димовски. Песната, како што вели Харе е малку поразлична од она што тој го создава во последниот период. – „Лакмус“ ја создадов пред десет години и ете го чекаше трпеливо своето време, да се најде во рацете на вистинскито пејач, а во случајот тоа е Тања Тас. Таа е плод на мојата желба постојано да истражувам, барајќи нови музички хоризонти. А нејзиниот специфичен звук и текст се должат на тоа што јас не калкулирам, едноставно го вадам тоа што го чувствувам во себе – вели авторот Игор Атанасоски – Харе. Успешната соработка меѓу Тања и Харе трае долго. – Одамна соработуваме со Тања и заедно бевме дел од многу проекти, меѓу кои се „Autmind“ и албумот што го снимивме со Игор Џамбазов „Првите 30“, каде таа ги пее придружните вокали – додава Игор. На снимањето на песната учествуваа и Дамир Имери, на клавијатури, на кларинет свиреше Благојче Трајковски, Мите Димовски свиреше бас и беше задолжен за дизјанот на звукот, а се разбира гитарите ги отсвире Харе. За песната е снимен и интересен видео запис, во режија на Александар Ристовски. М.Т....