Елиф Елмас конечно има нов клуб
off.net - пред 9 часа
Елиф Елмас конечно има нов клуб 28 јануари 2025 SharePostСподели Познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо вечерва на својот Х профил каде има повеќе од 23 милиони следбеници, напиша дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е пред вратата на Торино каде ќе дојде на позајмица од Ред Бул Лајпциг со право на откуп. Елмас откако замина од Наполи со кого освои историско шампионско скудето, не добиваше многу шанса во германски Ред Бул Лајпциг. Последниве пар месеци поради повреди и слаба форма беше надвор од теренот а сега се очекува во Серија А да ја врати препознатливата форма затоа што го познава менталитетот и лигата. Торино во исто време се договара и со големиот италијански талент од Челси, Чезаре Касадеи како и со шпицот на Наполи Џовани Симеоне (син на Диего). 🚨🐂 EXCL: Torino are closing in on Eljif Elmas deal with RB Leipzig, loan move with buy option until June. Despite links with Valencia and more clubs, he’s returning to Italy. ⛔️ Cesare Casadei-Torino deal now expected to be off.@sanchis14 @MatteMoretto 🤝🏻 pic.twitter.com/eQEg72U26h — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 28, 2025 извор...
Луда ракометна драма, Хрватска со гол во последна секунда во полуфинале
off.net - пред 10 часа
Хрватска успеа да се врати по голема негатива а на десет секунди пред крајот следеше брз напад кој во гол го реализираше ракометарот на Криенс Луцерн, 28-годишниот Марин Шипиќ. CROATIA WIN IT IN THE LAST SECOND! Marin Sipic with the buzzer beater to send Croatia to a WC Semifinal! pic.twitter.com/pzWlg61Rkj — (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 28, 2025 Натпреварот стартуваше со блага предност на домаќините кои во неколку наврати имаа гол-два предност, но упорните и тврди Унгарци кои се спасија претходно од пораз од Македонија во групната фаза, не се предаваа до самиот крај. Предводени од трофејниот Шпанец Чема Родригез, Унгарија водеше и со 4 гола предност во првиот дел но Хрватите се вратија и на полувреме се отиде со нерешен резултат 16:16. Ритамот на натпреварот од првиот дел се повтори и во вториот. Хрватска упорно се обидуваше да го скрши отпорот на Унгарците но ривалот немаше намера да крене бело знаме. Предводени од сјајните Зоран Илиќ, Фазекаш и Имре во 48' минута имаа +3 гола предност. Тогаш хрватскиот селектор, Исланѓанецот Дагур Сигурдсон повика тајм-аут за да ги смири своите ракометари. И му успеа намерата затоа што „каубојците“ израмнија на 24-24 и следуваше права драма. Прво Унгарија ја смрзна целата загрепска Арена кога на пет минути до крајот направи луда серија и поведе 25-29. Во тие моменти речиси сите мислеа дека Унгарците се во полуфинале. Искусниот Домагој Дувњак, капитенот и лидер на Хрватите кој игра повреден на последните неколку средби, постигна гол од пенал, започна луд пресврт на својот тим. Главаш донесе израмнување за Хрватска а на секунда пред крајот Марин Шипиќ постигна гол вреден полуфинале за тотален делириум во салата. Хрватска оди во полуфинале. Најефикасни поединци кај победникот беа Филип Главаш со шест гола, Марин Шипиќ стигна до 5 гола, Срна имаше исто 5 а по 4 Лучин, Јелиниќ и Мартиновиќ. Голманот Кузмановиќ имаше 9 одбрани. Најефикасен на мечот беше унгарскиот репрезентативец Зоран Илиќ со осум погодоци. Хрватска ќе го чека подобриот од мечот Франција - Египет. Фото: Anne-Christine Poujoulat Afp...
Њујоршкиот ресторан кадешто готвачки се бабички од различни култури
off.net - пред 13 часа
Носталгичните мисли за минатото често се врзуваат за начинот на кој нашите баби подготвувале она што денес се нарекува „слоу фуд“ - чорби, манџички, пити, васини торти. Оттаму, идејата наместо познати готвачи, најчесто мажи, да се ангажираат „обични“ баби е генијална. Кога на ова ќе се додаде и нивното различно културно и гастрономско потекло, тоа е место во кое навистина би сакале да јадеме. Во случајов се работи за енотеката Марија на Стејтен Ајленд во Њујорк, чија кујна ја раководат, со ротирање, „нони“ од Шри Ланка, Египет, Перу, Јапонија, Узбекистан, Аргентина. И сето ова како дополнување на основното мени на италијанска храна. Концептот е произлезен од желбата да се возобноват спомени, откако сопственикот ги загубил мајка си, по потекло Италијанка, во чија чест местото го носи името и баба му. Првите неколку месеци биле катастрофални, но кога почнал со концептот на бабите се барала маса повеќе. Ресторанот работи три дена во неделата, а последната нарачка е во 19:30 за жените кои се во години да не се преморуваат. Тоа жените да се ротираат се наметнало како потреба откако станало јасно дека две нони од ист регион на Италија не се трпат во една кујна. Сега различните комбинации не предизвикуваат конфликт бидејќи едната не знае што прави другата. Има и жени кои гостуваат само еднаш годишно при нивната посета на САД, како бабичка од Тајван. Единствен проблем понекогаш е набавката на сите потребни состојки - готвачките реагираат ако тие не се сосема исти по вкус и квалитет како „нивните“. Така, една баба од Грција не била задоволна со фетата што ја купил сопственикот, па си донела своја која тој ѝ ја откупил. Има и интересни ситуации кога муштериите посакуваат да готват со бабите за да ги научат рецептите. Така Скаравела сфатил дека тука има потенцијал за „еден на еден“ курсеви, што истовремено овозможува пренесување на знаењето од една генерација на друга. извор...
Четвртфинален мундијалски ангажман за Начевски и Николов
off.net - пред 16 часа
Четвртфинален мундијалски ангажман за Начевски и Николов 28 јануари 2025 SharePostСподели Македонската ракометна репрезентација го заврши Светското првенство на 15-та позиција, но Македонија и натаму има претставници на турнирот. Светски афирмираните судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија средбата меѓу Франција и Египет која се игра вечерва со почеток од 21:00 часот. Првото четвртфинале на програмата е денес од 18 часот меѓу Хрватска и Унгарија, а утре се среќаваат Данска – Бразил и Португалија – Германија. извор...
Кој носи повеќе пари дома, Кариус или Дилета Леота?
off.net - пред 16 часа
Кој носи повеќе пари дома, Кариус или Дилета Леота? 28 јануари 2025 SharePostСподели Лорис Кариус од годинава е нов член на второлигашот Шалке со кој потпиша договор до крајот на сезоната. Билд ја објави неговата плата, па почнаа да му го прават домашниот есап, заедно со примањата на жена му. Германскиот голман за шестмесечниот ангажман се согласил да брани за 150.000 евра или 25.000 евра месечно, а Дилета со ДАЗН има договор од 1 милион евра годишно. 31 годишниот Кариус играше за Мајнц, Ливерпул, Бешикташ, Унион Берлин и Њукасл и нема ниту еден трофеј во кариерата, но затоа ја има најпосакуваната тв водителка во Италија. Сврти се ко човек Бобо, не ги штеди очите извор...
Моментот со Гави кој го воодушеви тренерот Флик
off.net - пред 17 часа
the moment when Gavi tells Hansi Flick to put Pablo Torre instead 🥺🥺🫶 pic.twitter.com/d7HaT3Qa1D — GAVI IS BACK💙❤️ (@V10_fcb_) January 27, 2025...
Вујошевиќ на комеморацијата за Далипагиќ: „Беше Југословен, остави аманет да биде испратен со Хеј Словени“
off.net - пред 17 часа
Вујошевиќ на комеморацијата за Далипагиќ: „Беше Југословен, остави аманет да биде испратен со Хеј Словени“ 28 јануари 2025 SharePostСподели Легендарниот тренер на КК Партизан, Душко Вујошевиќ одржал говор на комеморацијата по повод смртта на прославениот кошаркар и тренер Дражен Далипагиќ. „Се обраќам пред семејството Далипагиќ и ми припадна голема чест на овој собир на кој се собравме за полесно да ја поднесеме тагата, свесни дека отиде најдобриот од нас. Овој собир излезе од рамките на пораката која ја остави да нема никакви комеморативни собири но неговата величина просто е таква што тој веќе не можеше да влијае“. „Беше голем Југословен и по генетика но пред сè по определување. Стана Белграѓанец (инаку роден Мостарец) и ми викаше: „Дојдов во главниот град на Југославија“. Јас и денес кога ќе ја слушнам химната на Југославија се сеќавам на таа генерација како стои на победнички подиум. И денес станувам кога ќе ја слушнам, а ќе биде засвирана и денес на испраќањето на Праја (Дражен Далипагиќ). Многу ја сакаше Југославија, ја сметаше за аксиом, нешто што не се објаснува“, рече Вујошевиќ. извор...
Најјакиот буцко-шутер и најсмешните коментари
off.net - пред 17 часа
The comments 💀 pic.twitter.com/xYokaK4NW1 — Football Twats (@FootbaIITwats) January 28, 2025...
Серија Redmi Note 14 - со одличните телефони доаѓаат и одлични подароци
off.net - пред 17 часа
Новата серија телефони се карактеризира со супериорна издржливост и напреден систем за AI камера со висока резолуција. Сите овие карактеристики ги класифицираат моделите од серијата Redmi Note 14 во категоријата паметни телефони кои можат да ги задоволат потребите и на најпребирливите потрошувачи. Неверојатни фотографии со новиот систем на AI камери Серијата Redmi Note 14 нуди напредни камери кои овозможуваат исклучителни фотографии. Pro верзиите доаѓаат со камери до 200 MP кои вклучуваат AI технологија и оптичка стабилизација на сликата (OIS), што дополнително помага во снимањето на неверојатните животни спомени. За оние кои сакаат одлични резултати по уште попристапна цена, Redmi Note 14 располага со систем камери од 108 MP кој обезбедува исклучително остри и живописни слики. За корисниците кои се стремат кон фотографирање на професионално ниво, серијата Redmi Note 14 ги надгради задните и предните камери за најмалку 20 MP. Со креативната функција Dynamic shots фотографиите оживуваат со суптилни движења, додека функцијата Dual видео овозможува истовремено снимање преку предната и задната камера, обезбедувајќи различни перспективи. Pro моделите имаат посебни AI можности – oд AI Image Expansion, што ја проширува позадината за уште подобра снимка и AI Erase Pro, функција која ги отстранува објектите од фотографиите што не ги сакате, преку AI Sky, едноставна замена на позадината, па се до Google Gemini, кој обезбедува директен пристап до вештачката интелигенција. Отпорен на паѓање, прскања и гребаници Со телефоните од серијата Redmi Note 14, можете да се опуштите кога станува збор за падови, прскања и гребаници, бидејќи All-Star Amor Structure работи во Ваша корист. Алуминиумската рамка, пената што апсорбира удари и полимерниот материјал се присутни на моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G, додека на моделите Pro им дава дополнителна отпорност на гребење со Corning® Gorilla® Glass Victus. Серијата телефони Redmi Note 14 функционира беспрекорно во различни временски услови. Со IP64 и IP68 сертификатите, телефоните од оваа серија имаат и заштита од прашина и вода, како и отпорност на прскање и мали честички. Redmi Buds 6 и Redmi Buds 6 Pro – Најдобро аудио искуство како подарок Redmi Buds 6 обезбедува врвен звук и персонализирано аудио искуство, со напредниот систем кој го намалува шумот до 49 dB и автоматски се прилагодува на околината. Двојните микрофони со AI намалување на бучавата овозможуваат јасни повици дури и при силен ветер, додека батеријата што трае до 42 часа со куќиштето овозможува повеќе музика, видео игри или повици со само едно полнење. Паметните опции за поврзување овозможуваат непречено споделување звук или користење на слушалките за hands-free фотографирање со едноставни движења. Redmi Buds 6 Pro оди чекор подалеку – тројните драјвери со Hi-Res Audio Wireless сертификат обезбедуваат богати басови и кристално чисти тонови, со ANC до 55 dB и ултра широк опсег на фреквенции за елиминирање на звуците што го одвлекуваат вниманието. Со едноставни контроли на допир, можете лесно да управувате со повиците, музиката, јачината на звукот и режимите ANC. За уште подобро искуство, приспособливиот еквилајзер (EQ) има различни режими кои Ви овозможуваат да го приспособите звукот според своите желби и потреби. Не пропуштајте ја можноста да си набавите еден од телефоните што ќе ја редефинира категоријата, а заедно со него да добиете и фантастичен подарок! Повеќе за понудата можете да дознаете на линкот. (Комерцијален текст)...
Серија Redmi Note 14 - со одличните телефони доаѓаат и одлични подароци
off.net - пред 17 часа
Серија Redmi Note 14 - со одличните телефони доаѓаат и одлични подароци 28 јануари 2025 SharePostСподели извор...
Српскиот премиер и новосадскиот градоначалник поднесоа оставки
off.net - пред 18 часа
Српскиот премиер и новосадскиот градоначалник поднесоа оставки 28 јануари 2025 SharePostСподели Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка, ден откако претседателот Александар Вучиќ повика на итна и масовна реконструкција на владата. Покрај него, оставка најави и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ. Вучевиќ предуреди дека во Србија постои сериозна поделба, а земјата е на раб на судир. „Сето ова што се случува е осмислено во странство, во тоа немам никаков сомнеж“. Српскиот претстедател Александар Вучиќ вчера кажа дека досега се објавени повеќе од 13.000 документи кои се евентуално релевантни за натстрешницата на Железничката во Нови Сад и дека е спремен да ги помилува сите уапсени и приведени на протестите. извор...
Кака раскажува анегдота од соблекувална со Роналдо и Анчелоти
off.net - пред 18 часа
😂 “I don’t know the defenders, but I’m pretty sure they know me!” Kaká tells incredible story between R9 and Carlo Ancelotti 🎥 @ShootforLoveYT pic.twitter.com/DEZT59332G — Italian Football TV (@IFTVofficial) January 27, 2025...
Најбудалеста промоција на нов играч
off.net - пред 20 часа
Малку од малку да се потрудеа, ова на ништо не личи: This is definitely up there for one of the worst unveiling in football history 😂😂 pic.twitter.com/Ef1BZobK7S — Marvin Abbey (@marvinabbey) January 26, 2025...
Дали Алкараз срамно го исмеваше Ѓоковиќ?
off.net - пред 20 часа
Carlos Alcaraz grabs his leg after losing the set to Djokovic at Australian Open “He’s kind of limping around. Then he gets up & does it again. Limping around & sitting down. He’s obviously fine. Just acting like he’s got an injury” “He’s being Novak.” pic.twitter.com/maX3mDKPfa — The Tennis Letter (@TheTennisLetter) January 21, 2025 Новак Ѓоковиќ по разни реакции од јавноста, се огласи на друштвените мрежи каде објави снимка од повредата и напиша порака „до експертите кои сомневаат во мојата повреда“. Францускиот Л'Екип го консултирал докторот во Француската тениска федерација Венсан Гијар за да ја анализира снимката од повредата и тој рекол: „Гледам мускулна лезија на ниво кај адукторот, но без целосен МРИ тешко е прецизно да се утврди за кој мускул се работи. Времето на опоравок може да варира од три до шест недели во зависност од третманот“, рекол Гијар. Новак Ѓоковиќ поради повреда ќе ги пропушти натпреварите Србија - Данска во Дејвис Купот на крајот од јануари а неизвесен е и неговиот настап на АТП турнирот во Доха кој почнува на 17-ти февруари. Новак најави дека ќе игра таму....
Неприкосновената навивачка култура во Германија со нови рекордни бројки
off.net - пред 20 часа
19-то коло од Бундеслигата 2 или Цвајта бележи рекорд. 322.486 луѓе биле на стадион на деветте натпревари. Тоа е просек од 30.329 навивачи по натпревар, што го надминува просекот од минатата година од 29.109. Вкупно на сите 19 кола до сега на 171 средба во втората германска лига забележано е присуство од над 5 милиони луѓе. Само на Олимпијастадион изминатиов викенд на мечот Херта Берлин - Хамбург имало 71.500 гледачи. Шалке го пречекал Нирнберг на распродадената Велтинс арена со поддршка од 62.278 навивачи, а Келн против Елверсберг играл пред 49.800 од можни 50.000 гледачи. Просечниот капацитет на 18-те стадиони оваа сезона во втората германска лига е 33.799 и со просечна посетеност од 30.329, скоро 90% е исполнет. За споредба, тоа е повеќе од шпанската Ла Лига (29.875) и француската Лига 1 (27.173). Во Чемпионшип овие бројки изнесуваа 21.842. Ако ја погледнете табелата на топ 10 посети оваа сезона во Германија после 19 кола ќе дојдете до следниот податок. Пет екипи се од прва и пет од втора лига. Шалке 04 како второлигаш е посебна приказна за анализа, бидејќи може да се пофали со повеќе публика отколку 16 од можни 18 германски прволигаши. И не само тоа. Всушност, во сите лиги во Европа, само девет клубови сезонава имаат поголема посетеност од нив. И покрај тоа што се на табела 13-ти, играат пред повеќе навивачи од Атлетико Мадрид, Бенфика, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем. Велтинс арената на Шалке беше една од петте стадиони во Бундеслигата 2 кои беа домаќини на ЕП 2024 минатото лето, заедно со Фолкпаркстадион од Хамбург, Меркур Шпил-Арена од Фортуна Дизелдорф, Олимпијастадион од Херта и Рајн Енерџи од Келн. Зошто има таква магнетна привлечност во германскиот фудбал? За оние што не ја следат, Германија е позната по својата фудбалска култура каде на прво место се навивачите, а најдобриот пример за ова е регулативата 50+1 која им забранува на надворешните инвеститори да станат мнозински акционери. Како такви, клубовите ја задржуваат својата поврзаност со нивните локални корени, а најголемиот збор го имаат навивачките групи кои се дел од клубовите. Вториот многу важен момент е што не ги горат со скапи карти, како во една Англија на пример. Просекот за сезонски билет на стоење минатата сезона изнесуваше 205 евра или 11 евра по натпревар, а најевтиниот сезонски билет беше 150 евра. Покрај тоа, картите значат и бесплатен јавен превоз до стадион. Последната компонента за севкупно уживање е пивото во комбинација со колбас за пристапни цени. Кога ќе станете дел од Цвајта, наместо да се прашувате зошто толпата е толку голема, порелевантно прашање е: Зошто да не биде? И зошто да не бидете дел од тоа? Германската втора лига е една од најпосетените лиги во Европа....
Некој си поиграл јако со Аморим
off.net - пред 20 часа
Рубен Аморим: „Јунајтед во два месеци ме остаре“ Го чекаш тренерот на Манчестер за фотка, а тој ти вика влези во кола да се прошетаме...
Македонските невладини организации ќе станат вистински невладини
off.net - пред 20 часа
Македонските невладини организации ќе станат вистински невладини 28 јануари 2025 SharePostСподели Финансирањето на македонските невладини организации од страна на американската влада ќе биде прекинато за најмалку 90 дена. Запирањето од парите, кое воопшто не е сигурно дека нема да биде трајно, следува откако новата американска влада одлучи да прекине со финансирање на најразличните проекти низ светот што се покриени од државните пари на САД (амбасади + УСАИД) Без да се пресметува воената помош, САД до сега за НВО-а и нивни проекти во Македонија имаат дадено над 1 милијарда долари. извор...
Јокиќ со рекордни пет забивања стигна до нов трипл-дабл
off.net - пред 21 часа
Во српската културно-уметничка вечер при прославата на српското културно наследство, веќе традиционално во Чикаго членови на српската дијаспора настапија во салата на Булс пред мечот меѓу домаќинот и Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ги забавуваше своите навивачи. The largest Serbian Heritage Night so far! Bulls vs Nuggets coming up from Chicago. pic.twitter.com/vCd4mYy9DZ — Katy Winge (@katywinge) January 28, 2025 3 DUNKS IN ONE HALF FOR NIKOLA JOKIĆ ON SERBIAN HERITAGE NIGHT 🇷🇸 pic.twitter.com/2Si1hGKVjz — DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) January 28, 2025 Српскиот репрезентативец за 39 минути на паркетот успеа да забие дури пет пати, нешто што е сосема невообичаено за неговиот стил на кошарка. Тој никогаш во својата кариера не закуцал дури пет пати на еден натпревар. На крајот Јокиќ стигна до 33 поени (15/21 од игра), 14 асистенции и 12 скока. Во првиот дел постигна дури 21 поен и беше непогрешлив од игра (10/10). Man can't stop dunking pic.twitter.com/edHj4a6UO9 — Denver Nuggets (@nuggets) January 28, 2025 Told y'all 👀 https://t.co/gdpFRMyF2D pic.twitter.com/lzer9K2A1i — Denver Nuggets (@nuggets) January 28, 2025 AIR SERBIA IS CLEARED FOR TAKEOFF TONIGHT https://t.co/CzGd3MlcdB pic.twitter.com/XhGWKdADrv — Denver Nuggets (@nuggets) January 28, 2025 WHAT DID THE RIM DO TO NIKOLA TONIGHT?? pic.twitter.com/3Bb0MLA9Uw — Denver Nuggets (@nuggets) January 28, 2025 Jokić is dunking EVERYTHING tonight 😤 He's got 31p, 10a & 8r headed to the 4th! pic.twitter.com/8Az8q4wM6s — NBA (@NBA) January 28, 2025 Покрај Јокиќ, сјајна вечер имаше и Кристијан Браун со дури 28 поени, Џамал Мари додаде 18 поени колку што имаше и Мајкл Портер Џуниор. Ветеранот Расел Вестбрук стигна до 14 поени. Нагетси шутираа очајно за три поени затоа што погодија само шест тројки од 27 обиди и тоа беше причина за поразот. Кај домаќините кои славеа победа на крајот, Зек Лавин беше најефикасен со 21 поен а Никола Вучевиќ блескаше со 20 поени, 10 скока и шест асистенции. Лонзо Бол броеше до 18 поени во триумфот на Булси. Ова беше воедно втор пораз по ред на Денвер Нагетс по оној од Минесота Тимбервулвс и 10-ти загубен натпревар на гости. Чикаго во моментов е на 20 победи и 27 порази. „Биковите“ имаат девет победи дома. Синоќа го совладаа Денвер со уфрли 24 тројки од 53 обиди. Денвер Нагетс после овој натпревар ја продолжува турнејата на Истокот каде ќе игра против Њујорк Никс во ноќта меѓу среда и четврток во 1:30 по Централно европско време....
Вувузела падна од висина во Атланта, го извади Гобер од памет
off.net - пред 21 часа
Предметот падна близу Мухамед Гај од Атлана Хокс и за малку ќе го погодеше во глава. Изгледа на омразената вувузела со која се труби по спортски настани:...
Луда партија на Ентони Дејвис
off.net - пред 21 часа
🏀 MONDAY'S FINAL SCORES 🏀 Anthony Davis records the 5th 40-20 game of his career to lead the @Lakers to their 4th straight win! LeBron James: 22 PTS, 7 REB, 8 AST Austin Reaves: 17 PTS, 5 REB, 6 AST, 3 STL pic.twitter.com/7WpgSnxKmB — NBA (@NBA) January 28, 2025 Ниту еден играч во НБА од 2000-та наваму немал 40+ поени и 20+ скока на еден натпревар: Anthony Davis tonight: 42 PTS 23 REB (8 OREB) 2 BLK No player has more 40/20 games since 2000. pic.twitter.com/lespfQoerl — StatMuse (@statmuse) January 28, 2025 Ентони Дејвис игра во животна форма и е најзаслужен што Лејкерс се на одличен учинок од 26 победи и 18 порази. Anthony Davis over the last 4 games: 42 PTS - 23 REB - 2 AST - 2 BLK - 61% FG 36 PTS - 13 REB - 3 AST - 3 STL - 56% FG 24 PTS - 8 REB - 3 AST - 3 BLK - 50% FG 29 PTS - 16 REB - 5 AST - 4 BLK - 63% FG pic.twitter.com/aQckV3yGFS — Hoop Central (@TheHoopCentral) January 28, 2025 Леброн Џејмс додаде 22 поени со седум скока и осум асистенции за четвртата победа по ред на ЛА Лејкерс. Јокиќ со рекордни пет забивања стигна до нов трипл-дабл Вувузела падна од висина во Атланта, го извади Гобер од памет...
Повеќето од нас им веруваат на научниците ама им замеруваат на арогантноста
off.net - пред 22 часа
Јавната доверба во научниците е од огромно значење за донесување лични одлуки, но и за изготвување на такви државни политики кои би се справиле со најголемите локални или глобални закани. Во анкета која опфатила 71.922 испитаници од 68 земји, глобален тим составен од 241 истражувач заклучиле дека повеќето луѓе, без оглед на културниот и социјалниот контекст, имаат релативно висока доверба во научниците. Студијата, чии резултати се објавени во нов број на списанието Nature Human Behaviour од 20 јануари, ги зема предвид следиве прашања: Колку луѓе во светот имаат доверба во научници и дали и како нивоата на доверба варираат во различни земји? Како демографијата, идеолошките и други фактори се поврзани со довербата во научниците? Кои се нормативните перцепции за научниците во општеството (што се очекува тие да прават односно да не прават во одредени контексти)? Кои прашања луѓето сакаат да им бидат приоритет на научниците и дали оваа нивно очекување е исполнето? Сосема на место, студијата не имплицира однапред дека треба или мора да се има безусловна доверба во науката и научниците. На пример, контроверзната историска врска на науката со расизмот или неетичкото експериментирање врз припадници на маргинализирани групи се земаат предвид како оправдани извори на недоверба. Кон ова придонесуваат и кризата на репродуцибилност (можноста да се повтори истото истражување, за да се види дали би дало исти или различни резултати), како и јазот помеѓу „обичните луѓе“ и тн. здрав разум на една и академските елити и научната експертиза на друга страна. Како варијабили кои би довеле до одговор на гореспомнатите прашања, тимот составил скала од 12 елементи кои ги мерат четирите димензии на доверба: компетенција, добронамерност, интегритет и отвореност. Бидејќи јавноста не може секогаш да има реален увид во првиот елемент, под „компетенција“ се подразбира некакво чувство односно перцепција за истото. На светско ниво, според студијата повеќето луѓе имаат релативно висока доверба во научниците (во просек 3,62 на скала од 1 - многу ниско до 5 - многу високо). Глобално, се смета дека научниците имаат висока компетенција, умерен интегритет и добри намери, иако се малку помалку отворени за коментари и повратни информации. Повеќето од учесниците сметаат дека научниците се и квалификувани (78%), чесни (57%) и загрижени за благосостојбата на луѓето (56%). Но дали овие бројки се базирани на тоа кој одговарал? Глобално, довербата е повисока кај жените, постарите луѓе, жителите на урбани (наспроти рурални) региони и луѓе со високи примања, религиозни, со формално образование и либерални и левичарски политички ставови. Сепак, во повеќето земји, политичката ориентација и довербата во научниците не биле поврзани. Најголем број обратни случаи - козервативци кои искажуваат недоверба во науката - има во Северна Америка и некои од европските земји. Во однос на приоритетите, повеќето луѓе сметаат дека научните приоритети не секогаш се на иста линија со нивните. Ова е значајно бидејќи ваквата разлика, помеѓу перцепцираните и посакуваните истражувачки приоритети е поврзана со довербата. Оние кои помалку им веруваат на научниците истовремено сметаат дека научните напори не одат во прилог на нивните лични очекувања, а тоа е ставање на акцент на подобрување на јавното здравје, решавање на енергетски проблеми и намалување на сиромаштијата. Истражувањата поврзани со развивање на воена технологија според јавноста во ова истражување има нанизок приоритет. Единствено испитаниците од африканските и азиските земји сметале дека одбраната и воените технологии треба да имаат нешто повисок приоритет. Најинтересниот наод е дека глобално, помалку од половина учесници (42%) сметале дека научниците ги земаат предвид мислењата на другите. Иако тие биле оценети како високо компетентни и со добри намери, сепак подготвеноста да слушнат критики и коментари не се оценува како нивна силна страна....
Новата ИТ престолнина ќе биде Хангжу а не Пало Алто?
off.net - пред 1 ден
За само неколку дена, веста за кинеската сензација со вештачка интелигенција, DeepSeek R1, од благ повардарец премина во ураган од петти степен. Никој во Силициумската долина или Вашингтон немаше ни блага идеја дека еден нов иновативен производ ќе го преврти нивниот свет наопаку и новото тежиште на светот ќе го префрли на исток. Не само затоа што најновата верзија на ДипСик e или рамноправен или ги надминува перформансите на најдобриот американски модел, ОпенАИ, туку и затоа што е поевтин, попристапен и потранспарентен. Ова е вештачка интелигенција за секого, без оглед на нивното место или приход. Тоа што се појави „од ведро небо“ дополнително ја откри слабоста на западните технолошки гиганти да ги предвидат способностите на нивните конкуренти. Новиот робусен јазичен модел не само што врши „резонирање“ слично на тековниот најдобро достапен модел на ОпенАИ туку има висок или повисок резултат на различни репери а и се вели дека бил обучен за многу помала цена (90% поевтино). А за разлика од моделот o1 на ОпенАИ кој е достапен само за претплатници кои плаќаат за ChatGPT 20 долари месечно и поскапите нивоа (како Pro со 200 долари месечно), DeepSeek R1 беше објавен како модел со целосно отворен код, пишува Venture Beat во „Зошто сите паничат за ДипСик“. Паничат е благ збор, пишуваат други. Силициумската долина е во целосен емотивен колапс и западните мандарини стравуваат дека ќе мора да се вратат на почетна позиција, како во „Не лути се човече.“ Новата агенда ја одредуваат луѓе со различни приоритети, вредности и верувања од нивните кои живеат 15.000 километри од нив. Најимпресивно од сè е што не треба да сте софтверски инженер за да го користите: DeepSeek има бесплатна веб-страница и мобилна апликација дури и за американските корисници со интерфејс за R1 чет-бот, многу сличен на ChatGPT на OpenAI. DeepSeek дополнително го поткрши OpenAI со поврзување на моќен модел на расудување со веб-пребарувањата - нешто што OpenAI сè уште не го направил,“ објаснуваат во Venture Beat. Кинескиот блицкриг многумина го доживуваат атомска бомба детонирана во срцето на Силициумската долина и директна провокација за американската технолошка аристократија која мислеше дека нивното владеење ќе трае вечно....
Трамп - Колумбија во три чекори
off.net - пред 1 ден
Трамп - Колумбија во три чекори 27 јануари 2025 SharePostСподели По наредба на претстедателот Густаво Петро, Колумбија блокираше два лета на американската војска со нелегални имигранти да слетаат во земјата. Доналд Трамп се закани со казнени тарифи и увозни царини (25% веднаш, 50% за една недела), укинување на визите за колумбиските функционери, членовите на валдеачката партија, нивните семејства... и дека тоа само почеток. Колумбија прифати да ги прими имигрантите, само сега да биле во цивилни авиони. извор...
Зошто одеднаш има толку многу шпионски серии?
off.net - пред 1 ден
Ако сте седнале да гледате нова ТВ серија во последно време, голема е шансата таа да вклучува убиства, „кртови“ и најмалку еден таен агент кој се обидува да ја разоткрие вистината среде мрежа од лаги и манипулации. Во последниве месеци се случи нова екранизација на романот од 1970-тите, „Денот на шакалот“, за игра на мачка и глушец помеѓу убиец и агент на МИ5, како и нова сезона на одличната комедија-драма за не-баш-гламурозни агенти, „Слоу хорсис“ со Гери Олдман во главната улога. Во ноември беше прикажана првата епизода од „Агенција“ со Мајкл Фазбендер, американската адаптација на францускиот трилер „Бирото на легендите“, а веќе ја изгледавме „Црни гулаби“ со Кира Најтли на Нетфликс која се одвива во Лондон. Минатата недела се појави и новата, втора сезона на „Ноќниот агент“, чија прва сезона беше голем хит. И ова се само најизвиканите во морето нови наслови на филмови или серии на оваа тема. Секако, популарноста на шпионските трилери на телевизија не е ништо ново, а голем дел од овие производи се инспирирани од книжевноста. Шпионските романи станале „ин“ на почетокот од 19 век кога ги отсликувале нестабилните политички и воени околности на тоа време. Но жанрот особено процвета во текот на 20 век, со двете светски војни следени од Студената војна, плус создавањето на разузнавачките агенции во Британија и САД. Во времето на Студената војна, британски автори како Џон ле Каре и Јан Флеминг го создадоа моделот за сите идни тајни агенти. Во 1980-тите и 1990-тите, американскиот автор на шпионски романи, Том Кленси, стана глобален феномен со својата серија за Џек Рајан. Сега, повеќе од 200 години од излегувањето на првите шпионски дела, апетитот за вакви трилери никогаш не бил толку силен. Во Британија, пазарот на шпионски романи во 2024 пораснал за 45%, а дел од продажбата на книги се должи на популарноста на сериите кои ги имаат екранизирано. Што се однесува до нив, првата сезона на „Ноќен агент“ беше седма најгледана серија на сите времиња, со 98,2 милиони гледачи. Но зошто овој жанр доживува ваков подем токму сега? Со сета нивна мрачност и неизвесност, шпионските драми можеби ги рефлектираат чувствата на гледачите, кои живеат во непредвидлив и нестабилен свет, каде вистината е замаглена од дезинформации и каде довербата во властите, авторитетите и институциите се на најниско можно ниво. Во моментов онаму кадешто овие серии се емитуваат и гледаат можеби нема војна, но позадината е чувство на големи геополитички тензии помеѓу големи светски сили кои можат да излезат од контрола. Тука настапуваат прокси-војните и шпионажата, како канал за манипулирање со ова чувство на тензија и како метод на собирање информации. Но има и толкување кое е попозитивно. Од психолошка перспектива луѓето се можеби привлечени кон вакви серии поради катарзата која следува (или за која претпоставуваме дека ќе следи) на крајот, кога ќе се разоткријат вистинските „зликовци“, односно кога ќе стане јасно кој бил на добрата а кој на лошата страна. Освен ескапизмот и адреналинскиот наплив кои ги нудат, заедно со задоволството на следење на патот на херојот, еден значаен елемент на овие производи е што ја исполнуваат нашата силна желба да ги разрешиме сомнежите и несигурноста. Кога го правиме тоа, во мозокот ни се активираат системите за награда. Од една страна ни е задоволена љубопитноста за тоа како изгледа тој таен и забранет свет, но од друга страна ни е овозможено од безбедноста на своите домови да следиме разрешување на прашања од национално и глобално значење. извор...
Нејмар се враќа дома
off.net - пред 1 ден
Нејмар се враќа дома 27 јануари 2025 SharePostСподели Бразилскиот фудбалер Нејмар се враќа во Сантос, својот матичен клуб во Бразил кој го лансираше во ѕвездите. Последно Нејмар играше за Ал Хилал во Саудиска Арабија но поради повреди повеќе беше надвор од теренот отколку на теренот. Тренерот на Ал Хилал Жорж Жезус неодамна изјави дека Нејмар не може веќе да игра на нивото на кое ја навикнал јавноста. Нејмар веќе е во Бразил каде треба да потпише договор. Тој ќе го раскине договорот со Ал Хилал со заедничка спогодба и ќе остане „пократок“ за 65 милиони долари колку што требаше да заработи до крајот на договорот. извор...
Цепелините како заштитен знак на Македонија и на ова СП
off.net - пред 1 ден
Велковски и Костески против Австрија Серафимов и Кузмановски против Франција...
Бомбата на Дувњак за пласман на Хрватска во четвртфинале
off.net - пред 1 ден
Капитенот на Хрватска Домагој Дувњак го игра последното големо првенство во репрезентацијата и верува во медал. DOMAGOJ DUVNJAK The heart of a champion. From heartbreak to euphoria for him and the Croatian fans! Croatia claim a spot in the Quarterfinal! pic.twitter.com/rbnprsji1Z — (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 26, 2025 Словенија го отвори мечот со неверојатни 0:5 но Хрватите се вратија во игра и на крајот победија. Словенците се жалеа на судиите а нивниот селектор после натпреварот изјави дека „ракометот на крајот не победил“....
Почина македонската рок легенда Коце Икономов
off.net - пред 1 ден
Почина македонската рок легенда Коце Икономов 27 јануари 2025 SharePostСподели Вчера, недела 26-ти јануари, на 78-годишна возраст почина Константин Коце Икономов – гитаристот на култните македонски групи „Безимени“ и Бис – Без“ и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ. Икономов е роден 1946 година. Музиката ја засакал уште од мали нозе, па по завршувањето на основното училиште се запишал во средно музичко училиште, каде важел за еден од најтелентираните виолинисти. По наговор на неговата мајка која имала желба да стане лекар, запишал медицина. Но како лекар никогаш не работел, зашто музиката како негова прва и последна љубов толку го обземала што со појавата на рокенролот на овие простори, почнал да свири по разни групи. Тој важи за еден од основоположниците на македонската рок сцена. Како гитарист и клавијатурист членува во неколку од првите култни македонски бендови, меѓу кои секако се групите „Безимени“ од чија фузија со „Бисери“ ќе настане легендарната група „Бис – Без“, чиј еден од основоположниците е и самиот Икономов. Коце не бил само извонреден музичар, туку и композитор и аранжер. По неговите стапки ќе тргнат и неговите синови кои денес се исто така истакнати македонски музичари. извор...
Џеф Безос побрза да му направи мерак на Трамп
off.net - пред 1 ден
Вашингтон пост пишува дека Амазон со време ја направил чистката за да нема непотребни искрења со новата администрација. Пример, на истиот корпоративен сајт повеќе никаде не се споменува ниту зборот „транссексуалец“. Од сајтот целосно ги нема и сите референци за федерални и сојузни закони за заштита на транссексуалните лица и какво било споменување на здравствените бенефиции што ги добиваат транссексуалците вработени во компанијата. За сега не е јасно ни дали повлекувањето на овој текст ќе значи и укинување на бенефициите. Збришани се изјавите и поддршката и за други иницијативи и про-ЛГБТ политики, како поддршката за федералниот Закон за рамноправност. Наместо ова, Амазон сега има по-генерички изјави дека е против дискриминацијата, пример дека се благодарни што нивниот тим од 1,4 милиони вработени „ја отсликува разноликоста на светот.“ Безос (заедно со невестата) беше еден од неколкуте основачи на глобалните технолошки гиганти кои беа присутни на инаугурацијата на Трамп....
Раџа Наинголан уапсен за шверц на кокаин
off.net - пред 1 ден
Раџа Наинголан уапсен за шверц на кокаин 27 јануари 2025 SharePostСподели Некогашниот фудбалер на повеќе италијански клубови меѓу кои и Рома и Интер, 30-годишниот Раџа Наинголан е уапсен од белгиската полиција поради шверц на кокаин. Наинголан кој има 30 настапи за Белгија со која играше и на Светско и на Европско првенство, важеше за еден од најдобрите фудбалери од среден ред и најголеми фајтери во неговото време. Тој минатиот вторник потпишал договор со белгискиот второлигаш Локерен, а во Белгија е веќе неколку месеци по заминувањето од Италија. извор...
Узбекистанецот кој имаше тежок старт кај Гвардиола против Челси
off.net - пред 1 ден
Хусанов (20) не знаел ниту збор англиски и Пеп Гвардиола после мечот со Челси на кој Узбекистанецот направи кардинална грешка уште во 3' минута поради која примија гол па после победија после пресврт, рече дека Хусанов не знае англиски и дека „ќе морам јас да научам узбекистантски или руски јазик за да комуницираме“. Секој почеток е тежок, особено во најсилната фудбалска лига на светот, англиската Премиер лига. Притоа Манчестер Сити за младиот Узбекистанец плати 40 милиони евра што е дополнителен притисок на негов грб, што поскоро да мора да се докаже дека вреди. Но... Хусанов уште на своето деби во големото дерби против Челси во 3-та минута направи тежок кикс после што гостите поведоа преку Мадуеке 0-1: Само неколку секунди подоцна Хусанов доби и жолт картон а Пеп Гвардиола реши да го извади на полувремето и го замени со стоперот Џон Стоунс. Хусанов беше едно од најголемите изненадувања во француската Лига 1, мошне стамен стопер за негови години во Ленс. Сега игра на најголема сцена, по милионски трансфер во Манчестер Сити и нормално е да има трема и да прави киксови затоа што станува збор за најбрза, најсилна лига на свет. Сити за него плати 40 милиони евра и го доведе како замена за Кајл Вокер кој отиде во Милан. Хусанов важи за многу брз фудбалер кој може да игра десен бек и стопер, слично на Кајл Вокер. Узбекистанецот на еден натпревар во француската Лига1 за Ленс истрчал и спринт од 37,58 км/час со што влегол на листата најбрзи фудбалери во Европа. Таков тежок почеток на времето во Премиер лига имаше и Немања Видиќ кој прво правеше големи киксеви, а подоцна стана клупска икона и капитен на Манчестер Јунајтед....
Машинеријо, каде со овие боледувања?
off.net - пред 1 ден
Сите овие денови за боледување кога ќе се соберат на куп ги чинат германските работодавци 77 милијарди евра платени за луѓе да боледуваат по дома. Во овие пари се вклучени и 19 милијарди евра од парите на здравственото осигурување, што е 6% од парите од вкупните трошоци на социјално во земјата. Германскиот просек е далеку повисок и од просекот во остатокот од ЕУ кој е само осум дена годишно. Осигурителната компанија ДАК објаснува дека кај Германците се забележува посебен скок во земањето боледување по 2022, што тие делумно го објаснуваат со растот на настинки и ковид случаи. Моментално Германците имаат право на 6 недели целосно платено боледување годишно. Еден од предлозите за решавање на епидемијата на боледувања, е враќање на системот кој беше укинат во 1970, кога работниците остануваа без плата уште на првиот ден од боледувањето освен ако за тоа не донесат белешка од доктор. Германија беше единствената членка на Г7 чија економија се намали во 2023, а ММФ проценува дека таа ќе има најлоши резултати меѓу членките на групата и во 2024, за кога се очекува да има нула проценти раст....
Малер на колото со 2 промашени пенали и 1 чист зицер
off.net - пред 1 ден
На стадионот „Драгао“ во Порто, Санта Клара поведе со 0-1 преку Габриел Силва во 33' минута. Порто израмни дури во 76-та минута преку Отавио но мечот го одбележа Бразилецот Галено. Во 72' минута Порто доби пенал а Галено ја погоди стативата. Во 90+6' минута од судиското продолжение Порто доби нов пенал. Галено се спречка со еден соиграч за тоа кој да го изведе решавачкиот удар, па на крајот тој се избори за нова шанса. И пак промаши. Ај што му одбрани голманот туку Бразилецот натрча на одбиената топка и промаши чист гол од зицер. На крај 1-1 и Порто заостанува 6 бода зад лидерот Спортинг кој искористи прилика да се одлепи бодовно....
Познати се четвртфиналните парови и термините на Светско првенство
off.net - пред 1 ден
Познати се четвртфиналните парови и термините на Светско првенство 27 јануари 2025 SharePostСподели Синоќа заврши главната фаза на ракометниот Мундијал. Денес е пауза, ракометарите ќе одмораат, а веќе се знае распоредот за четвртфиналните парови. Во Загреб Хрватска ќе игра против разгоропадената Унгарија. Хрватите одиграа луд натпревар со соседна Словенија и со многу контроверзна победа поради сомнителни судиски одлуки на кои реагираа Словенците, заверија четвртфинале. Дуелот Хрватска - Унгарија е закажан за вторник од 18 часот, а истата вечер од 21 ќе играат Франција - Египет. Во среда во Осло ќе се судрат Данска - Бразил од 17:30 часот а од 20:30 ќе играат Португалија - Германија. извор...
Букбокс гледаше: „Шугаркејн“ (документарен, 2024)
off.net - пред 1 ден
Во мај 2021, археолози откриваат над 200 необележани гробници во домородно резиденцијално училиште во Канада. Ова фрла светлина врз мрачната историја на систематска злоупотреба од страна на свештеници и други лица кои требало да ја спроведуваат политиката на канадските власти, а која подразбирала отргнување на деца од семејствата и нивно „превоспитување“ во духот на католицизмот и културата на белците. Вакви интернати имало на повеќе места во Канада, а уште побројни биле во САД. Гробниците се откриени на територија на мисијата на св. Јосиф близу резерватот Шугаркејн, во Британска Колумбија. Низ филмот, на колку што е можно посуптилен, но сепак многу јасен начин, се открива што има во нив. Станува збор за ученици, главно тинејџери, кои не можејќи да ја издржат ситуацијата си го одземале животот. И за остатоци од бебиња родени од силувањата на ученичките од страна на свештениците, чии тела најпрвин биле палени во централната печка. Единственото дете за кое се знае дека го преживеало ова е таткото на ко-режисерот на „Шугаркејн“, Ед Арчи НојзКет. Како што известуваат медиумите од таа, 1959, тој бил фрлен во картон од сладолед во контејнер од кадешто бил спасен. Сега на возраст од над 60 години, тој се обидува да ги пополни празнините во сопствената биографија - што се случувало со него од тој момент, до оној кога бил вратен на мајка му, која е уште жива но воопшто не сака да зборува на оваа тема. Истовремено, и покрај очигледната согласност да се сними филм за оваа генерациска траума, и на Ед не му е лесно да објасни низ што поминувал во остатокот на животот и зошто подоцна го напуштил и сопствениот син, Џилијан Брејв НојзКет. Ова е столбот на приказната околу кој се плетат нишките на еден цел век злоупотреби, насилство, страдање и смрт кое институциите се правеле дека го нема. Особено се иронични извадоците од документарни пропагандни филмови снимани под покровителство на државата за тоа колку е идиличен и општествено корисен животот во интернатите. Додека денес возрасните жени низ солзи и со испрекинат говор раскажуваат за злосторствата на црковните лица, едно такви видео прикажува свештеник кон кого со трчање и насмевки се приближуваат куп деца, кој тој заштитнички ги покрива со својот капут, прибирајќи си ги во прегратка! Филмот треба да кулминира со аудиенција кај папата Франциск на дел од преживеаните жртви, од кои еден, поглавицата Рик Гилберт, е дете на свештеник. Иронично, и тој со сопругата држат црквичка која е очигледно христијанска, иако не е јасно во какво својство. Иако папата во својот говор бара прошка за злоделата на поединци, и од Бога и од самите жртви, целиот настан делува антиклимактично, бидејќи освен извинување жртвите и јавноста очекуваат и нешто повеќе - истрага, казна, откривање на сторителите по име и презиме. Сепак, фокусот на филмот не е на некаква „одмазда“ или обратно, на помирувањето помеѓу двете страни. Тој е повеќе за емоционалните лузни кои го носат овие луѓе, со кои живеат, но и со кои умираат. За некои од нив отворањето на раната самото по себе се укажува како смртоносно. За други, тоа е почеток на самоосознавањето и извојувањето правда. Илина, Букбокс...
На Валенсија и се падна седмица, ама среќа не ja прими Столе
off.net - пред 1 ден
Каталонците ја прекинаа лошата серија од само една победа на последните 8 меча во Ла Лига и тоа со немилосрдни 7:1 против Валенсија, за која бранеше Мамардашвили. Гостите беа поразени веќе во 24 минута од мечот кога на семафорот стоеше 4:0, а на полувреме беше 5:0. Хуго Дуро намали во 59 минута, но следуваа нови два гола на домаќините. Во листата на стрелци се запишаа Френки де Јонг, Феран Торес, Рафиња, два пати Фермин Лопез, Левандовски и на крај автогол си постигна Тарега. На овој меч Барса дојде до гол број 100 оваа сезона на сите натпреварувања, од кои 59 им се во првенство. Клупскиот рекорд го држи Пеп Гвардиола. Барселона има 42 бода и е на -3 од Атлетико и -7 од Реал Мадрид. Атлетико имаше нов кикс викендов и одигра само 1:1 дома против Виљареал, а Реал со хет-трикот на Мбапе го совлада Ваљадолид на гости. 100 - Barcelona have scored 100 goals in just 32 games in all competitions under Hans-Dieter Flick, making him the second fastest manager to reach that figure with Barça after Helenio Herrera in 1959 (31 games). Engineering. pic.twitter.com/5I2zQfD2UQ — OptaJose (@OptaJose) January 26, 2025 3 - Barcelona have scored three goals in the first 15 minutes of a LaLiga match for the third time in the entire 21st century, after doing so in April 2008 against Valencia and October 2008 against Atlético de Madrid. Steamroller. pic.twitter.com/EercCBzgsO — OptaJose (@OptaJose) January 26, 2025 Barcelona put SEVEN past Valencia, the second time this season they’ve put seven goals past an opponent 🤯 Flick’s created a goal scoring machine 😤 pic.twitter.com/KkSIyygSHC — Pubity Sport (@pubitysport) January 26, 2025...
Кога бојкотираа дома, Хрвати масовно купувале во Словенија
off.net - пред 2 дена
Кога бојкотираа дома, Хрвати масовно купувале во Словенија 26 јануари 2025 SharePostСподели Бројни Хрвати и онака често одат на шопинг во соседна Словенија, но, во петокот, кога кај нив беше организиран бојкот на продавници, трговски синџири, угостителски објекти и бензиски станици заради високите цени, баш навалиле. Особена гужва била во словенечко Брежице, на 40 километри од Загреб каде паркинзите околу трговските центри биле преполни со автомобили со хрватски таблички. „Често доаѓам овде и ваква гужва не е вообичаена. Тоа сигурно е резултат на бојкотот и на тоа што овде навистина можат да се најдат работи по поповолни цени,“ рекол купувач за новинарите на Јутарњи. Хрватската управа за јавни приходи забележа речиси преполовен промет во хрватските дуќани а за следниот петок се најавува нов бојкот. извор...
Реал Мадрид го испочитува големиот Дражен Далипагиќ
off.net - пред 2 дена
Пред крајот на својата богата кариера заигра и за Црвена Звезда. Далипагиќ се прослави со настапите за Југославија (имаше 243 натпревари) и освои се што можеше да се освои. Вечерва и Реал Мадрид во својата сала на мечот против Коруња со едноминутен молк му оддаде почит на некогашниот српски кошаркар и тренер: Madrid honours the memory of Dražen Dalipagićpic.twitter.com/l5G1CZMIIp — Eurohoops (@Eurohoopsnet) January 26, 2025 Реал оддаде сочувство и преку својот клупски сајт....
Германскиот шампион сака веднаш да го доведе Марко Митев
off.net - пред 2 дена
Германскиот шампион сака веднаш да го доведе Марко Митев 26 јануари 2025 SharePostСподели Македонскиот бек одигра фантастично Светско првенство и неговите партии не останаа незабележани од големите европски клубови. Митев во големиот триумф против Катар беше прогласен за играч на мечот и доби признание. Актуелниот германски шампион Магдебург кој во 2023-та година стигна и до европската титула, сега е цврсто решен во своите редови да го доведе Марко Митрев и спремни се веднаш да го платат потребното обештетување од 300.000 евра. За Митев се заинтересирани и Мелсуген и полски Кјелце. извор...
Надреална сцена во лудиот триумф на Милан, тренерот се фати со бекот Калабрија
off.net - пред 2 дена
По судиската свирка за крај, португалскиот тренер кој од Порто седна на клупата на Милан, Серџо Консеисао буквално ќе се степаше со капитенот Давиде Калабрија. Играчите го држеа да не избие голема тепачка, а Тео Ернандез долго му шепотеше нешто на Консеисао: Scena surreale pic.twitter.com/PT6Fr8pNWf — M4rk (@M4rkPhilips) January 26, 2025...
Реплика за Најчевска
off.net - пред 2 дена
Ами, Најче, како да ти кажам. Глуп е оној што работел на тоа да донесе таков политичар на врвот на власта каков што не сака. Што за таа цел - "да урне режим" - на стари години се резилеше дека е балерина, врескаше и фрлаше боја на државни институции и споменици зашто не ѝ се допаѓале, па после цимулеше по медиуми кога требаше да плати пропишана казна, чиј маж како претседател на дипломатскиот синдикат организираше бунтови во МНР и дипломатијата... ...и сето тоа за да донесе на трон/власт: 1. Сељачиште бизнисмен 2. Лакомо суштесво без памет 3. Манипулиран од домашни и странски безбедносни служби со селектирани снимени муабети 4. Вакциниран од срам 5. Инструмент на туѓи заговори и заговорџија 6. Аболициран за баснословен криминал Епа, точак, Најче, точак... Зора Јовановска...
Гренел за Србија: Не поддржуваме насилно заземање институции
off.net - пред 2 дена
Гренел за Србија: Не поддржуваме насилно заземање институции 26 јануари 2025 SharePostСподели Човекот на Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, снимка од протестите и блокадите во Србија ја придружи со порака дека е важно да се дозволат различни гласови но дека „нема поддршка за оние кои го подриваат владеењето на правото и на сила упаѓаат во државни институции“. „Секогаш е важно да можете да го кренете гласот и да бидете слушнати. Но, секој мора да го осуди насилството и да се држи до мирни демонстрации. Демократскиот процес мора да се почитува. Ние не ги поддржуваме оние кои ја поткопуваат правната држава и насилно ги окупираат зградите на државните институции“. „Ако не ви се допаѓа законот или лидерот, тогаш работете на смена – но не прибегнувајте кон насилство“, напиша Гренел во првата реакција од Вашингтон од почетокот на протестите иницирани од трагичниот настан на Железничката станица во Нови Сад. Опозиционата Демократска партија на Србија реагираше со порака дека како и Вучиќ, и Гренел не е надлежен за ова прашање. извор...
Додека Трамп ја „чисти Газа“, Палестинците малку да се тргнат
off.net - пред 2 дена
Додека Трамп ја „чисти Газа“, Палестинците малку да се тргнат 26 јануари 2025 SharePostСподели Американскиот претседател сака Јордан и Египет да ги земат на своја територија Палестинците од Газа додека се расчистува „сиот тој неред“во појасот. Тоа би било „привремено или долгорочно“. Од почетокот на војната таму, овие две земји го предводеа арапскиот отпор кон идејата за какво било присилно пренесување на Палестинците од Газа. Трамп телефонски се слушнал со јорданскиот крал Абдула во чија земја веќе има околу 3 милиони Палестинци. „Му реков, би сакал да земеш повеќе, бидејќи го гледам целиот појас Газа и тоа е вистински хаос“. Трамп кој своето богатство го направи градејќи хотели, неодамна залупа дека Газа има голем потенцијал и е убаво место бидејќи е на море. извор...
ИХФ го смести Галевски во топ 10 одбранети пенали
off.net - пред 2 дена
𝐓𝐨𝐩 𝟏𝟎 penalty saves today 🙅♂️⛔️#CRODENNOR2025 #inspiredbyhandball @HandballSchweiz pic.twitter.com/9ZXKTp8Hp9 — International Handball Federation (@ihfhandball) January 25, 2025 Херојската одбрана на Галевски вреда историски триумф над Франција...