Еве и официјално: Комерцијална банка ќе подели дивиденда! Колкава ќе биде?
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Речиси е извесно дека дивидендата, во годината во која Комерцијална банка има историски најдобри резултати, ќе биде повисока од тоа што акционерите го добија за 2023 година и изнесуваше 15 евра во бруто износ. Годинава за првите три квартали Комерцијална банка има неоданочена добивка која е двојно повисока од оданочениот профит за 2023 година. Затоа никого не треба да го чуди тоа што берзанската цена на таа акција е на историски рекордно нивоКомерцијална банка најдоцна до 28 февруари ќе го објави износот на дивиденда што ќе ја подели од добивката во рекордната 2024 година на своите акционери. Ова е веќе официјална вест, потврдена од Комерцијална банка со објавата на „Календарот на настани во 2025 година“ што е достапен на веб страницата на Македонската берза на следниот линк https://www.seinet.com.mk/document/70836Во таа објава кај ставката Други корпоративни настани во зграда е објаснето дека станува збор за цитираме „Собрание на акционери, исплата на дивиденда, и.т.н“. А при тоа е објавено дека повикот за наредното редовно Собрание ќе биде објавен на платформата СЕИ НЕТ во периодот меѓу 24 и 28 февруари годинава.Од овој контекст на дадената информација може да се заклучи дека дивиденда сигурно ќе има, а најдоцна до 28 февруари ќе биде познато и официјално колкав ќе биде нејзниот износ. А секако таа информација најмногу ги интересира инвеститорите во нашата инвеститорска заедница.За да се оформи целосно контекстот на значењето на погоре анализираната информација мора да се наведе дека ова лето во интервјуто кое го даде Хари Костов, претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на Комерцијална банка, кажа дека ова ќе биде најдобра година досега на најголемата банка во Македонија. И токму заради тоа и може да се очекува најголем до сега износ на дивиденда што банката ќе ја исплати на сите свои акционери.И тука вреди да се потсети дека копроративната политика на Комерцијална банка декларира дека секогаш кога дозволуваат условите таа банка е подготвена да исплати во дивиденда до 72 отсто од нејзината добивка.Тргувањето на берзата и досега отворено покажува високо изразен оптимизам и доверба на инвеститорите во акцијата на Комерцијална банка. Затоа што нејзината пазарна цена за прв пат во нашата корпоративна историја ја проби психолошката граница од 30.000 денари за една акција.Ако дивидендата, која и официјално ќе се знае најдоцна за 38 дена, биде најголема досега, тоа само ќе биде причина плус таа акција, во песимистичко сценарио, да остане над границата од 30.000 денари за акција.Според најновите актуелни податоци што ги објави таа банка, а се однесуваат за периодот јануари-септември 2024 година, Комерцијална банка за тој период има историски рекордна добивка (пред оданочување) од речиси 72 милиони евра. А тоа е за 46 отсто подобар резултат од истиот период во 2023 година.Всушност неоданочената добивка на оваа банка за три квартали во 2024 година е двојно повисока од профитот по оданочување што таа банка го пријави во 2023 година.Така што, повеќе од сигурно е дека дивидендата што ја дели Комерцијална банка ќе биде повисока од тоа што го добија акционерите од добивката во 2023 година.Вреди да се истакне и тоа што Комерцијална банка заедно со „Алкалоид“ и „Макпетрол“ се единствени од успешните компании, чии акции котираат на берзата, чија дивиденда во огромен износ завршува кај домашни акционери – физички лица и не оди во странство.Н.С....
ЕВЕ КАДЕ БЕРЗАНСКИТЕ ИГРАЧИ САКАА ДА ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ - топ пет акции кои лани имаа најголем раст на цената
Фактор - пред 2 дена
Добивај вести на Viber Првите три акции со најголем рат на Берзата за минатата година се всушност трите најголеми банки во земјава.Лидер според најголем раст на акцијата за минатата година е Стопанска банка Скопје, чии годишен раст на цената на акцијата изнесува 125,64 проценти. Втора акција по најголем раст за минатата година е акцијата на Комерцијална банка, чии раст за 2024 година бил за 99,91 отсто.Уште една банка „растура“ според растот на цената на нејзините акции, а тоа е НЛБ Банка. Четврта според раст на цената е „Реплек“, која стартувала со 9.300 денари, а завршила со 16.598 денари за акција, што е зголемување за една година за 78,5 отсто. И, на петто место според најголем пораст на цената на акциите не акцијата на „Македонијатурист“, околу која се водеше голема битка за превласт во нејзината сопственичка структура. Ова значи дека оние што решиле да ги купат токму овие акции на почетокот на минатата година, се всушност најголемите добитници.Повеќе детали тука...
Три банкарски меѓу петте акции со најголем раст на вредноста
Пари - пред 3 дена
Време зa читање: 3 минутиНајголемо позитивно движење кај цената во текот на минатата година е забележано кај акцијата на Стопанска банка Скопје. Меѓу хартиите од вредност со највисок раст се уште две банкарски. Листата на акциите со најголем пад во 2024 ја предводи „Либерти“. За една година акцијата на Стопанска банка Скопје ја зголемила вредноста за високи 125,64 проценти. На 28 декември 2023 имала просечна цена од 1.317,78, а на 30 декември 2024 – 2.973,47 денари. Најтргуваната акција на официјалниот пазар е втора според годишниот раст од 99,91 насто. Акцијата на Комерцијална банка ја заврши минатата година со просечна вредност од 28.440,34 денари (14.226,83 денари на крајот од 2023). Во големата банкарска тројка е и НЛБ Банка, чија акција е трета со просечната цена од 56.162,27 денари и со зголемувањето од 90,13 проценти. Претходното ниво беше 29.539,32 денари. Листата продолжува со акцијата на „Реплек“ и позитивната промена од 78,48 проценти, по која просекот за 2024 е во износ од 16.598,33 денари. Лани во јули компанијата направи поделба на обичните акциии и намалување на номиналниот износ во сооднос 1:10, и како што посочуваат од Македонска берза, прикажаната споредбена цена за 2023 од 9.300 денари е прилагодена со тоа. Интересот на инвеститорите и интензивните активности во тргувањето и ги кренаа „акциите“ на акцијата издадена од „Македонијатурист“. Од 4.774,12 денари (28.12.2023) на просечните 8.450 денари (30.12.2024). Разликата е претставена со раст од 77 проценти. Статистиката на Македонска берза ги рангира и акциите со најголем минусен предзнак. Со негативни 65,22 отсто прва е акцијата на скопски „Либерти“. На крајот од 2023 чинела просечни 46, а една година подоцна 16 денари. На втората и третата позиција се акциите на двете струмички целни друштва „Герас Цунев конфекција“ и „Герас Цунев трговија“, со падот од 38 отсто регистриран уште во октомври. Просечната вредност се спушти од 500 на 310 денари. Тоа се случи откако „Тотал инженеринг“ на Вице Заев, кој веќе е единствен сопственик, ја објави намерата за нивно преземање по цена од 310 денари за акција. Приоритетната акција на „Скопски пазар“ е на четвртото место со намалувањето на вредноста за 29,39 отсто. Изнесува 4.000 денари, за разлика од крајот на 2023 кога чинела просечни 5.665 денари. Годишната листа на петте акции со најголем пад се заокружува со „Лотарија на Македонија“. Акцијата која на 28 декември 2023 вредела 180 денари, на 30 декември 2024 е 150 денари. Тие 30 денари помалку се изразени со минусот од 16,67 проценти....
ТРИ БАНКАРСКИ МЕЃУ ПЕТТЕ АКЦИИ СО НАЈОГЛЕМ РАСТ на вредноста

ТРИ БАНКАРСКИ МЕЃУ ПЕТТЕ АКЦИИ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ на вредноста

ПРОМЕТ ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА – Која е акцијата што привлече најмногу пари од инвеститорите?
Пари - пред 1 ден
Време зa читање: 5 минутиЛидер според остварениот прометот во 2024 е акцијата на „Македонијатурист“. Највисоката пазарна капитализација ја има Комерцијална банка, чии акции се единствените со вредност од над една милијарда евра. Овие постигнувања се издвојуваат на листата составена од котираните друштва на Македонска берза. Освен најголемата, со пазарната капитализација се истакнуваат и Стопанска Скопје и НЛБ банка, а по нив следат „Алкалоид“ и „Макпетрол“. Инаку, на оваа листа се наведени податоците на 34 друштва, кои во текот на минатата година забележале промет од над еден милион денари. Под таа граница се сите останати, со заеднички 118 трансакции, промет од 5.737.183 денари, односно 93.271 евро и пазарна капитализација од 29.004.532.854 денари или 471,6 милиони евра. Акцијата на „Македонијатурист“, за која во втората половина од 2024 беше прикажан значителен интерес од страна на инвеститорите, е на самиот врв со прометот од 4,25 милијарди денари, а во евра 69,19 милиони. Просечната цена на акцијата е во износ од 7.974,18 денари, а максималната 10.950 денари. Се тргуваше на официјалниот пазар, а бројни беа и блок-трансакциите. Особено од јуни до крајот на декември, кога статистиката регистрираше 85 блокови. Пазарната капитализација на компанијата достигна 3,82 милијарди денари (62,14 милиони евра). Исходот од сето ова е целосна промена на сопствениците. Кои, засега, ги прават првите потези во поглед на распоредувањето на силите во раководната шема и управувањето со хотелско-угостителската компанија. Прагот од милијарда евра пазарна капитализација Комерцијална банка го надмина кон средината на декември. Годината ја заврши на нивото од 64,8 милијарди денари, што е противвредност на 1,05 милијарди евра. Толку вредат сите 2.279.067 издадени акции. Со тоа е најголемото друштво меѓу тие што котираат на Македонската берза. Просечната цена на акцијата е 20.654,75 денари, додека максималната достигна 29.200 денари. Запишаните 8.284 трансакции покажуваат висок степен на интерес од инвеститорите, што и го обезбедува водечкото место меѓу најтргуваните. Со промет од 1,4 милијарди денари (22,96 милиони евра) и просечна цена од 22.376,45 денари, на третата позиција е скопски „Алкалоид“. Достигнатиот ценовен максимум е 29.000 денари, што го истакнува статусот на компанијата како една од најстабилните и најреспектабилните, со континуиран раст. Пазарната капитализација е во износ од 40,43 милијарди денари или 657,49 милиони евра. Раздвиженост имаше и кај тргувањето со акциите на „Окта“, при што како најголем купувач се истакна доминантниот акционер ЕЛ.П.ЕТ од Грција. Годишниот промет достигна 713,29 милиони денари (11,59 милиони евра). Пазарната капитализација на снабдувачот со горива е 4,4 милијарди денари (71,5 милиони евра). Според пазарната капитализација од 47,96 милијарди денари (779,94 милиони евра), НЛБ банка е на третото, а по прометот од 619,36 милиони денари (10,06 милиони евра) на петтото место. Максималното ценовно ниво кај акцијата е 57.500 денари, а просекот 38.863,89 денари. Акциите на „Макпетрол“ се меѓу оние со највисоки просечни цени, достигнувајќи 78.751,78 денари. Максимално забележаната е 93.200 денари. А, пак, сите 112.382 издадени акции ја сочинуваат пазарната капитализација од 10,4 милијарди денари (169,5 милиони евра). За место меѓу десетте нај акции се избори и таа на Стопанска банка Битола. Со просечна цена од 3.092,16 денари и со промет од 364,6 милиони денари (5,9 милиони евра). И, со пазарна капитализација од 1,17 милијарди денари, односно 19,07 милиони евра. „Реплек“ има 259.200 акции, чија вредност е 4,3 милијарди денари / 69,9 милиони евра. Берзанскиот промет во 2024 изнесува 280,1 милион денари (4,5 милиони евра). За поголема достапност до заинтересираните инвеститори, компанијата направи поделба на акциите во однос еден спрема десет. Значајно е што оваа акција стана дел од основниот берзански индекс. Како деветтопозициониран следи битолскиот ЗК „Пелагонија“ со промет од 238 милиони денари (3,87 милиони евра). Просечната цена за акција е 3.599,39 денари. Комбинатот има издадено 202.891 акција, а пазарната капитализација изнесува 732,4 милиони денари, односно 11,9 милиони евра. Топ 10 се заокружува со Стопанска банка Скопје. Со акцијата која во текот на минатата година остварила просек од 1.816,48 денари, направен е промет од 218,7 милиони денари (3,5 милиони евра). Емитуваните 17.460.180 акции и ја определуваат капитализацијата од 51,9 милијарди денари или 844,18 милиони евра. Вредност, според која е на второто место меѓу друштвата што котираат на Македонска берза. Македонската берза ја заврши 2024 година со исклучителна активност и високи резултати. Акциите од релативно малата понуда го привлекоа вниманието на инвеститорите, меѓу кои сѐ уште е недоволен бројот на странци. Сепак, вкупниот промет на котираните друштва покажува дека интересот расте, а податоците за најтргуваните акции не само што говорат за апетитите на вложувачите, туку упатуваат и на доза оптимизам во однос на идните движења и развојот на домашниот пазар на капитал. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк. Прометот зголемен за 190%, блоковите за 230%, индексот рекорден – 2024 златна година за Берзата...
НА КОГО СЕ ТИПУВАА ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО 2024 – Топ 10 најтргувани акции на Берзата
Пари - пред 2 дена
Време зa читање: 3 минутиОфицијалниот пазар на Македонска берза минатата година забележа голем интерес од инвеститорите, со краен исход – вкупен промет од 6.898.517.099 денари и во евра – 112,17 милиони, со 22.789 реализирани трансакции. Во овие достигнувања не се вклучени резултатите од реализираните блок-трансакции, чиј удел е исто така висок. Во топ 10 најатрактивни се акциите на четири банки, на две фармацевтски куќи, на компании што се занимаваат со снабдување и дистрибуција на горива, со телекомуникации, хотелиерство… Без неочекувани пресврти и промени во врвот – Комерцијална банка, „Алкалоид“… Со вкупен промет од 2.413.156.404 денари (39,2 милиони евра), Комерцијална банка е убедливо најтргуваната акција за 2024 година. На пазарот беа истргувани 116.833 акции, а просечната цена изнесуваше 20.654,75 денари. Бројот на трансакции достигна 8.243, што ја потврдува високата доверба на инвеститорите во оваа акција. Стабилното работење и традиционално високите резултати на „Алкалоид“ ја позиционираат акцијата на второто место. Просечната вредност за 2024 изнесува 22.376,45 денари. Со вкупно истргуваните 59.170 акции преку 4.442 трансакции остварен е годишен промет од 1.324.014.476 денари (21,5 милиони евра). Во текот на минатата година имаше откуп на сопствени акции, а и грчки ЕЛ.П.ЕТ преку вложувањата ги зацврсти и онака доминантните позиции во „Окта“. Во јули изби на првото место како најтргувана, а за целата 2024 акцијата на оваа компанија го зазеде третото место со промет од 713.290.330 денари (11,59 милиони евра). Просечната цена изнесуваше 5.907,31 денар, со истргувани 120.747 акции низ 547 трансакции. Уште една банкарска акција меѓу најтргуваните, издадена од НЛБ Банка. Реализирани се 2.199 трансакции со 15.164 акции и просечни 38.863,89 денари. Направен е промет од 589.331.960 денари (9,58 милиони евра). Без големи осцилации, акцијата на „Макпетрол“ е редовна во првата петорка. Остварувањата на годишно ниво се промет од 455.185.272 денари (7,4 милиони евра), 1.224 трансакции и истргувани 5.780 акции. Просечната вредност на акцијата е 78.751,78 денари. Меѓу најдобрите, односно најтргуваните се и акциите на „Македонијатурист“ за кои во втората половина од годината имаше особена побарувачка, како и на „Реплек“, кои по последната ревизија на МБИ10 станаа составен елемент на индексот. Инвеститорите покажаа значителен интерес и кон акциите на Стопанска банка Скопје и на „Македонски телеком“. Веројатно најголемиот пробив лани го направи акцијата на Стопанска банка Битола, која во август се вброи меѓу најтргуваните пет и таму остана три месеци по ред. Во берзанската статистика, во неколку наврати влезе и како една од акциите со постигнат најголем раст на просечната цена. М.А. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк....
Стопанска Банка Битола со детали за финансискиот резултат минатата година
Express - пред 3 дена
Стопанска банка а.д. Битола (“Банката”) деловната 2024 година ја заврши со позитивен финансиски резултат односно добивка по одданочување во износ од 163,17милиони денари. Во 2024 година, фокусот на работењето беше ставен коностварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Сопанска банка а.д. Битола за 2024- 2026 година, приспособувајќи го своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања. 1. Финансиски перформанси на Банката Во периодот 1.1.2024 – 31.12.2024 година, Стопанска банка а.д. Битола оствари исклучителен позитивен финансиски резултат, добивка пред одданочување во износ од 181,86 милиони денари oдносно добивка по одданочување од 163,17 милиони денари што претставува значајно подобро остварување споредено со истиот период од минатата година, кога работеше со загуба од 189,82 милиони денари. Позитивниот финансиски резултат се должи на задржаниот високоперативен резултат (од 117,36 милиони денари), засилената активност за наплата на нефункционалното портфолио на Банката, како и на пониското ниво на исправка на вредност на нефункционални пласмани во однос на претходната година. Нето-приходите од камати бележат зголемување за 11,45 милиони денари, односно 2,54% во однос на остварувањето од минатата година. Приходите од каматисе повисоки за 16,99 милиони денари, односно 2,91%, додека расходите за камати бележат годишно зголемување од 5,54 милиони денари, односно 4,19% во услови на засилено штедење на населението во Банката,коeшто започна уште во 2023 година. Нето-приходите од провизии и надоместоциизнесуваат 95,87 милиони денари и се пониски за 30,70милиони денари, односно за 24,26% споредено со остварувањето од истиот период од минатата година, штоглавно се должи на зголемените тарифи на добавувачите на услуги на Банката. Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 19,54 милиони денари и пониски за 3,97милиони денари, односно 16,9% споредено со истите од минатата година. Останатите приходи од дејноста се повисоки за 5,47милиони денари, односно 24,70% во споредба со 2023година, како резултат на остварени капитални добивки од продажба на преземен имот. Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа во периодот 1.1.2024 – 31.12.2024 година е значително пониска споредено со истиот период од 2023 година, и тоа за 93,68%, како резултат на наплата на нефунционалните побарувања. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа е позитивна и изнесува 20,60 милиони денари, што во целост произлегува од ослободување на ревалоризациска резерва од продажба на преземен имот. Трошоците за вработените бележат намалување од 15,74 милиони денари, односно за 7,66% споредено со претходната година, што главно се должи на раст на продуктивноста на вработените и оптимизација на трошоците. Исто така, активностите за оптимизација на трошоците резултираа и со годишно намалување на останатите расходи од дејноста за 25,37 милиони денари, односно 12,39%, додека амортизацијата е пониска за 12,63 милиони денари односно 18,92%. Одразувајќи ги движењата на приходни и расходни билансни позиции, Банката во периодот 1.1.2024 – 31.12.2024 година оствари одлични ликвидносни и капитални показатели. Стапката на адекватност на капиталот заклучно со 31.12.2024 година изнесува 27,37%, додека учеството на ликвидната актива во вкупната актива достигна 45,45% и истите се значајно над просечните нивоа регистрирани во банкарскиот сектор. Силната капитализираност и ликвидност на Банката претставуваат главен предуслов за одржување на долгорочна финансиска стабилност и идно успешно работење. 2. Промени во сметководствените политики и методи на вреднување Во периодот 1.1.2024 – 31.12.2024 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување. 3. Дивиденди Во согласност со oдлуките од Собранието на акционери, во периодот 1.1.2024 – 31.12.2024 година нема распределба и исплата на дивиденди. 4. Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) Недвижностите и опремата бележат намалување од 1,81% во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2023 година, што се должи на месечно амортизирање на истите. 5. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) Обврските по кредити бележат намалување од 40,81% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2023 година, како резултат на редовна отплата на обврски по кредитни линии. 6. Очекувања за претстојниот период Приспособувајќи го своето работење на деловната клима и потребите на клиентите, Банката и во претстојниот период ќе ги презема неопходните мерки и активности за реализирање на поставените стратегиски и деловни цели од Деловната политика, развојниот и финансискиот план. Воедно, со своето работење во целост останува насочена кон задоволување на потребите на клиентите преку понуда на иновативни производи и услуги со фокус на понатамошна дигитализација во работењето, раст на кредитната активност при истовремено интензивирање на активностите за наплата на нефункционални кредити, континуирано следење на редовното портфолио и одржување на оптимално ниво на депозитен потенцијал, како од аспект на ликвидност така и од аспект на профитабилност во работењето, со што ќе се создадат неопходните предуслови за генерирање на позитивни финансиски резултати при прифатливо ниво на ризик....