Се крчка „чорба“ во Македонијатурист! Ќе го вратат ли новите акционери прочуениот деликатес во легендарниот хотел „Бристол“?
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Откако секој од големата акционерска четворка во „Македонијатурист“ ги исфрли своите предлози за нови членови на Надзорен одбор повеќе од извесно е дека Доне Таневски по неколку децении заминува од најголемата хотелиерска компанија во Македонија. Заминува побогат за 20 милиони евра од продадените акции и тоа по цена што другите само можеа да ја сонуваат. Но заминува и со отворена постапка што ја води регулаторот КХВ по пријава на мали акционери кои декларираат дека се оштетени од Таневски. При тоа тие потврдуваат дека во периодот кога „Македонијатурист“ објави дека не поседува ценовно-чувствителна информација Таневски, според истите тие акционери, преговарал за цената на акцијата со некои од сегашните акционери во компанијата.И веќе со објавата на предлозите се гледаат разлики меѓу големите четири акционери. Притоа најголемиот акционер е најодмерен и предлага само еден член на четиричлениот Надзорен одбор. И тој само како надворешен член. А секој од другите три, помали од него, акционери предлага по четири членови за Надзорниот одбор иако се свесни дека тоа не може да помине. Меѓу кандидатите за членови на новиот Надзорен има специјалисти со најразлични вештини, профили и возрасти од правници и економисти, медицинари, технолог па дури и агроном. Но заедничко за сите 13 предложени кандидати е тоа ниту еден нема искуство во раководење со хотелиерско-угостителскиот бизнис. Веќе на 17 февруари ќе биде појасно дали „Македонијатурист“ ќе го враќа стариот сјај, а ќе добиеме и одговор на прашањето дали во блиска иднина, ќе има кохезија меѓу новите сопственици, односно фигуративно кажано, дали повторно ќе се служи легендарната чорба во веќе заборавениот скопски заштитен знак -хотелот „Бристол“...Очекуван и најавуван пресврт наскоро ќе се случи во најголемата македонска хотелиерска компанија - „Македонијатурист“. Доне Таневски заминува од таму по повеќе од четири децении во кои речиси имаше целосна доминација во раководењето со таа компанија. Факт е дека ја остава со богат мираз за новите доминанти акционери. А тоа се над 20 милиони евра актива во различни облици по депозити и финансиски вложувања во удели на фондови или хартии од вредност. Што се однесува до трансферот на сопственоста во која Таневски наплати околу 20 милиони евра за неговите акции, последниот збор не го кажал регулаторот КХВ кој има отворена постапка токму за трансферот врз сопственоста на акциите.Додека КХВ истражува, најголемиот поединечен акционер „Скопски пазар“ како и секој совесен приватен бизнис го направи првиот чекор чекор за да ја направи неопходната промена и свика вонредно акционерско собрание. Станува збор за промена на членови во Надзорниот одбор кој брои четири члена. При тоа „Скопски пазар“ предлага само еден член и тој како надворешен. Предлогот е познато име од македонскиот политички живот, Марјан Ѓорчев. Искусен економист, поранешен градоначалник на најголемата скопска општина Кисела Вода, лице со долгогодишно политичко искуство како член и потпретседател, пратеник и министер на ВМРО ДПМНЕ.Инвеститорската јавност можеби е изненадена од изборот на Ѓорчев за предлог во Надзорниот одбор, но во секој случај го проценува потегот како одмерен и објективен. Па гестот на „Скопски пазар“ изгледа како подавање рака за идна соработка со другите три големи акционери. Затоа што преку својот потег праќа порака секој од четирите големи акционери да номинира по еден член во Надзорниот одбор.Претходно трите акционери предложија по четири члена за четиричлениот Надзорен одбор. Еве ги предлозите на акционерот „Чеза Комерц“ кој поседува 6,2 отсто. Тука заради целосно и обејктивно информирање на јавноста мора да наведеме дека и акционерот Симеон Павлов кој поседува 10,5 отсто е еден од сопствениците на „Чеза комерц“.Предлозите на „Чеза Комерц“ се: Олга Павлова, менаџер за продажба во „Чеза Комерц“, со имресивно образование кое се состои во диплома на менаџмет и меѓународна економија на Универзитет во Италија и постипломски студии по менаџмет во Лозана Швајцарија. Потоа Наумче Стојковски, вработен во осигурителна компанија на позиција менаџер за осигурување имот и транспорт, дипломиран агроном. Гордана Тодорова прехранбен технолог со големо работно искуство со последно работно место во „Европа“ Скопје. За независен член е предложен Горан Марковски, главен извршен директор на КБ Публикум друштво што управува со шест инвестициски фондови со актива поголема од 100 милиони евра, според најновата објавена нето вредност на сите шест отворени фондови. Инвесторската заедница Марковски го препознава и како прв македонски портфолио менаџер со реномираниот сертификат CFA за финансиски аналитичар.Како што веќе објавивме, а текстот е достапен на следниот линк https://faktor.mk/kje-se-bie-teshka-bitka-za-nadzorniot-odbor-na-makedonijaturist---ova-se-iminjata-predlozeni-od-mg-feshn-i-promedika-a-svoi-lugje-bara-i-skopski-pazar„МГ Фешн“ која поседува 11,26 отсто од акциите во „Македонијатурист“ предлага четири члена за Надзорниот одбор. И тоа: Леонид Антиќ, актуелен оперативен директор на Гранд Скопје МГ Фешн, па Костадин Саздовски, кој е оперативен менаџер во МГ Фешн, Сашо Данаиловски, кој е комерцијален директор во Ривер Девелопмент Скопје, а бил управител во „Балфин.Мк“. Предлог на акционерот „МГ Фешн“ е и Стефан Спировски, дипломиран на Економскиот факултет на УКИМ во Скопје.Предлози на „Промедика„ , која поседува 11,9 отсто од акциите во „Македонијатурист“ се: Сашко Бошков, адвокат од Штип, Маја Николовска генерален директор на веледрогеријата „Промедика“, за независен член на Надзорниот одбор се предлага Горазд Поповски, директор на сектор за правни работи во Стопанска банка Скопје. Четвртиот предлог за член е Димитар Лузевски, раководител на сектор „Медицина“ во „Промедика“ и косопственик.Н.С....
И „ЧЕЗАКОМЕРЦ“ ПРЕДЛАГА МЕНАЏЕРИ, ЕКОНОМСТИ И ИНЖЕНЕРИ за Надзорниот одбор на „Македонијатурист“
Пари - пред 1 ден
Време зa читање: 2 минутиПредлог за составот на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“ достави и „Чезакомерц“, како сопственик на 28.158 акции. Тоа претставува 6,23 проценти од вкупно издадените акции. Компанијата на Симеон Павлов, која се занимава со трговија на прехранбени производи, пред неколку месеци првпат се појави како акционер во „Македонијатурист“. И сега, како сериозен партиципиент во сопственичката структура, ја предложи листата со имиња на четворица кандидати. „Овој предлог е изготвен врз основа на нивното долгогодишно искуство и значајниот придонес во работењето на повеќе успешни правни субјекти“, нагласуваат од „Чеза комерц“. За шестгодишиот мандат во високиот орган на управување се предложени: Олга Павлова, менаџер за набавка во „Чезакомерц“. Додипломските студии по Интернационална економија и менаџмент ги завршила во Италија, на Универзитет Бокони во Милано. Постдипломските по менаџмент во Швајцарија, НЕС Лозана. Наумче Стојчевски е менаџер за осигурување имот и транспорт во „Еуролинк осигурување“. Има диплома од Факултетот за земјоделски науки и храна. Гордана Тодорова е инженер технолог, со завршен Технолошко металуршки факултет, прехранбено биотехнолошко инженерство. Горан Марковски, кој се предлага за независен член, е главен извршен директор на КБ Инвест. Магистер е по економски науки. Освен на Економскиот факултет при УКИМ, се образувал и на американскиот CFA Institute Charlottesville Virginia и е овластен финансиски аналитичар. Пари во континуитет ги следи случувањата во и околу хотелско-угостителската компанија. Потребата од свикување вонредно Собрание произлезе откако неколкумесечната битка за акција повеќе резултираше со целосна промена во акционерската структура на „Македонијатурист“. По повеќе децении присуство и доминација, од компанијата се повлече Доне Таневски, кој во замена за акциите инкасираше дваесеттина милиони евра. Па, од најголем, стана мал акционер со 3,81 процент. Моменталната состојба меѓу големите сопственици е -19,76 проценти од основниот капитал се сопственост на „Скопски пазар“, 11,9 отсто на „Промедика“, 11,26 на „М.Г. Фешн“ и споменатите 6,23 проценти на „Чезакомерц“. И, од сите страни има предлог-листи. „М.Г. Фешн“, „Промедика“ и „Чезакомерц“ настапуваат со по четворица кандидати. За разлика од нив, најголемиот акционер оди со еден, со Марјан Ѓорчев, поранешен пратеник во парламентот и амбасадор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Се предлага за секој од предложените да се гласа поединечно. Каков ќе биде исходот, ќе се знае по гласањето на 17 февруари. „СКОПСКИ ПАЗАР“ ИМА САМО ЕДЕН ПРЕДЛОГ – Марјан Ѓорчев за Надзорниот одбор на „Македонијатурист“...
И Чезакомерц со свои предлози за членови на НО на Македонијатурист
еМагазин - пред 2 дена
По Промедика, Скопски пазар АД Скопје и М.Г. Фешн, уште еден акционер со над 5% во Македонијатурист АД Скопје, Чезакомерц ДОО Скопје, кој поседува 6,23% од акциите на угостителското друштво, предложи свои кандидати за нов состав на Надзорниот одбор (НО) на Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Загревање за нова „битка“ во Македонијатурист преку избор на нов Надзорен одбор Од таму ги предлагаат Олга Павлова, Наумче Стојчевски, Гордана Тодорова и Горан Марковски. Од Друштвото преку Македонската берза соопштија и детали од нивните биографии. Павлова е менаџер за набавка во Чезакомерц, Стојчевски е менаџер за осигурување имот и транспорт во Еуролинк, Тодорава е технолог во Европа, а Марковски има богата кариера во банкарскиот и секторот на инвестициски фондови, а бил и во надзорни одбори на неколку фирми. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе остане ли Доне Таневски претседател на НО на Македонијатурист, Скопски пазар предложи негово разрешување Предлогот за избор на нов состав на НО на Македонијатурист е на најголемиот акционер, Скопски пазар, а изборот е главна точка на престојното Собрание на акционери на 17. февруари. Во НО на Македонијатурист моментално се Доне Таневски, кој е претседател, Верица Хаџивасилева Марковска, Владо Богдановски и Ѓорѓи Јанчевски. Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Марјан Ѓорчев е предлогот на Скопски пазар за член на Надзорниот одбор на Македонијатурист И Промедика предложи кандидати за НО на Македонијатурист М.Г. Фешн предложи свои кандидати за членови на НО на Македонијатурист, Доне Таневски не е меѓу нив Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....