Ќе почне ли конечно пласманот на унгарските пари наменети за македонскиот бизнис ?
Нетпрес - пред 3 дена
Најверојатно до крајот на овој месец банките ќе ги добијат договорите за да може конечно да започне пласманот на унгарските пари кај фирмите. Измените во Законот за јавен долг по скратена постапка поминаа во Собранието, што е некако сигнал дека работите полека финишираат. Според информациите од банкарскиот сектор, сега се чека на следната владина седница да поминат и двата потребни договора – едниот за трансферот на парите кај Развојната банка, другиот со условите под кои банките ќе треба да ги пласираат средствата во стопанството. Откако сето ова ќе се заврши, банкарите ќе ги добијат договорите и ќе можат да го почнат процесот, а компаниите да ги поднесуваат своите проекти. Надежите се дека тоа ќе се случи до крајот на јануари годинава. Досега средствата требаше да бидат легнати на сметките на кредитобарателите. Последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски беше дека пласманот ќе почне по завршувањето на новогодишните празници. Процесот со унгарските пари за фирмите се одолговлечи со преговорите кои ги водеа банките и Владата. Работата запна кај каматите. На крајот падна договор, средствата да се пласираат кај стопанството со камата од 1, 95 отсто. Односно со ова банките ќе го покријат својот кредитен ризик, а каматата од 3,25 проценти кон Унгарија. ќе се враќа од Буџетот. Ова практично значи дека и граѓаните ќе учествуваат во покривањето на трошоците за кредитот наменет за домашниот бизнис. Познато е и дека највисоката сума за која можат да аплицираат фирмите е 10 милиони евра, но треба да имаат 20 отсто учество. Првичните најави беа дека кредитната линија ќе биде наменета за финансирање на дејноста – производство, односно за инвестиции во опрема, машини, погони, фабрики. Но, премиерот Мицкоски неодамна изјави дека парите ќе можат да се користат и за изградба на трговски центри....
Наскоро ќе почне пласманот на парите од унгарскиот кредит, ќе се градат и трговски центри
Express - пред 2 дена
Најверојатно до крајот на јануари банките ќе ги добијат договорите за да може конечно да почне пласманот на унгарските пари кај фирмите. Измените во Законот за јавен долг по скратена постапка поминаа во собранието. Тоа е некако сигнал дека работите полека финишираат. Измените во Законот за јавен долг по скратена постапка, кои поминаа во Собранието, ја одглавуваат процедурата за дистрибуција на парите од унгарскиот заем од банките до фирмите. На следната владина седница треба да поминат двата потребни договори што банките ќе им ги дадат на потпис на фирмите. Едниот договор е за трансферот на парите кај развојната банка, а во другиот се условите под кои ќе треба банките да ги пласираат средствата во стопанството. Според, информациите од банкарскиот сектор, сега се чека на следната владина седница да поминат и двата потребни договори – едниот за трансферот на парите кај развојната банка, другиот со условите под кои банките ќе треба да ги пласираат средствата во стопанството. Премиерот Христијан Мицкоски вели има некои измени, односно проширен е рангот на корисници, банките ќе ги добијат договорите до крајот на месецов и веќе од февруари да почне дистрибуцијата на средствата. – На следна седница во вторник ќе помине договорот и ќе може Македонската банка за обнова и развој да ги потпишува договорите со комерцијалните банки и веќе од февруари компаниите ќе можат да ги користат – вели Мицкоски. Според договорот меѓу Владата и банките, средствата што ќе се пласираат кај стопанството се со камата од 1,95 проценти и со овие пари банките ќе го покријат својот кредитен ризик, а каматата од 3,25 проценти кон Унгарија ќе се враќа од буџетот. Највисоката сума за која можат да аплицираат фирмите е 10 милиони евра, но треба да имаат учество од 20 проценти. Првичните најави беа дека кредитната линија ќе биде наменета за финансирање на дејноста производство, односно за инвестиции во опрема, машини, погони, фабрики, но премиерот Мицкоски неодамна изјави дека парите ќе можат да се користат и за изградба на трговски центри....