Со настанот „Песна за неговата песна“ КИЦ ќе одбележи 90 години од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски
Република - пред 1 ден
Со настанот „Песна за неговата песна“, Културно-информативниот центар – Скопје ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски. На 20 ноември (среда), со почеток во 12 часот, со актерска изведба на делови од неговото творештво, книжевен разговор преку кој ќе се отворат важни прашања за неговата поезија и со проекција на архивски видео материјали, во салонот Империјал 2, сѐ ќе биде во знакот на неговиот творечки опус. Во централниот дел на настанот, кон поетското творештво на Андреевски ќе се осврне универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, којашто важи за исклучителна познавачка на опусот на овој македонски класик, авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред точно дваесет години. Во разговорот што со неа ќе го води Иван Антоновски ќе се оствари обид за ново препрочитување на поезијата на Петре М. Андреевски и за согледување на некои аспекти што досега не се афирмирани пред пошироката јавност. Делови од творештвото на Андреевски ќе одекнат со актерска изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска, а пред присутните ќе бидат прикажани и архивски видео материјали на коишто говори самиот Андреевски. Петре М. Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на XX век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист. Покрај најпопуларните – поетската книга „Дениција“ (1968) и романот „Пиреј“ (1980), меѓу позначајните негови дела се вбројуваат и поетските: „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994) и романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997) и „Тунел“ (2003). Автор е и на култната книга за деца „Касни – порасни“. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Одбележани 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски: Секој од нас во својата библиотека, но и во својата меморија треба да ги има „Дениција“ и „Пиреј“
Република - пред 18 часа
Петре М. Андреевски внесе нов бран во македонската книжевност. Неговата збирка „Дениција“ се смета за „златна книга“ на модернизмот и за химна на љубовта. Во неговите стихови се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината. Тој вели „кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“. Тој успева многу суптилно, преку портретот на саканата, да го даде и пејсажот на татковината, изјави универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска. Со настанот „Песна за неговата песна“, денеска Културно информативниот центар – Скопје ја одбележа деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски. Пред почетокот на настанот, Мојсова-Чепишевска за МИА изјави дека токму Петре М. Андреевски бил главната тема на нејзината докторска дисертација, а фокусот на денешниот разговор се поетските слики кои Петре М Андреевски ги остава како аманет. Таа е авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред точно дваесет години. Ова е настан по повод 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски. Јас премногу добро го познавам творештвото на Петре М. Андреевски, бидејќи тој беше мојата главна тема на докторската дисертација. Докторирав на неговото поетско творештво и потоа излезе една книга која што годинава одбележува 20 години, насловена „Лицето на зборовите“. Ние денеска сакаме преку разговор да видиме кое е тоа лице на зборови, односно кои се тие поетски слики кои ги остава Петре М. Андреевски како аманет, додаде Мојсова-Чепишевска. Според Мојсова-Чепишевска, Петре М. Андреевски внесе еден нов бран во македонската книжевност. На пример, како што подвлече, неговата збирка „Дениција“ која излезе во 1968 година, се смета дека е „златна книга на модернизмот“ и дека е химна на љубовта. Мислам дека многу поети пишуваат на темата љубов, меѓутоа никој така не ја опеал љубовта, како збирката „Дениција“ на Петре М Андреевски. Петре е и извонреден раскажувач. Тој ги понел сите таленти од своите баби и од дедо, но најмногу од своите баби и успева да создаде прозно творештво насловено „Пиреј“. Мислам дека секој од нас во својата библиотека, но и во својата меморија, треба да ги има „Дениција“ и „Пиреј“, рече Мојсова-Чепишевска. Таа потсети и на неговото творештво за деца „Касни, порасни“ – лектира за второ одделение. Во неговите стихови се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината. Тој вели „кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“. Тоа не е патриотизам низ флоскули, туку патриотизам кој што бие во градите. Тој успева многу суптилно, преку портретот на саканата, да го даде и пејсажот на татковината, појасни Мојсова-Чепишевска. Во централниот дел на настанот, универзитетската професорка Мојсова-Чепишевска даде осврт на поетското творештво на Андреевски. Во разговорот, Мојсова-Чепишевска заедно со писателот Иван Антоновски ја препрочитаа поезијата на Петре М. Андреевски и дадоа ново согледување на некои аспекти што досега не беа афирмирани пред пошироката јавност. Делови од творештвото на Андреевски одекнаа со актерска изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска, а пред присутните беа прикажани и архивски видео материјали на коишто говори самиот Андреевски. Петре М. Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на XX век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист. Покрај најпопуларните – поетската книга „Дениција“ (1968) и романот „Пиреј“ (1980), меѓу позначајните негови дела се вбројуваат и поетските: „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994) и романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997) и „Тунел“ (2003). Автор е и на култната книга за деца „Касни – порасни“ Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Kога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава
Независен - пред 19 часа
Kога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава Во неговите стихови се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината, рече денес во КИЦ, универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, по повод деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик 20/11/2024 14:51 Петре М. Андреевски внесе нов бран во македонската книжевност. Неговата збирка „Дениција“ се смета за „златна книга“ на модернизмот и за химна на љубовта. Во неговите стихови се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината. Тој вели „кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“. Тој успева многу суптилно, преку портретот на саканата, да го даде и пејсажот на татковината, изјави универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска. Со настанот „Песна за неговата песна“, денеска Културно информативниот центар – Скопје ја одбележа деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски. Пред почетокот на настанот, Мојсова-Чепишевска за МИА изјави дека токму Петре М. Андреевски бил главната тема на нејзината докторска дисертација, а фокусот на денешниот разговор се поетските слики кои Петре М Андреевски ги остава како аманет. Таа е авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред точно дваесет години. -Ова е настан по повод 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски. Јас премногу добро го познавам творештвото на Петре М. Андреевски, бидејќи тој беше мојата главна тема на докторската дисертација. Докторирав на неговото поетско творештво и потоа излезе една книга која што годинава одбележува 20 години, насловена „Лицето на зборовите“. Ние денеска сакаме преку разговор да видиме кое е тоа лице на зборови, односно кои се тие поетски слики кои ги остава Петре М. Андреевски како аманет, додаде Мојсова-Чепишевска. Според Мојсова-Чепишевска, Петре М. Андреевски внесе еден нов бран во македонската книжевност. На пример, како што подвлече, неговата збирка „Дениција“ која излезе во 1968 година, се смета дека е „златна книга на модернизмот“ и дека е химна на љубовта. -Мислам дека многу поети пишуваат на темата љубов, меѓутоа никој така не ја опеал љубовта, како збирката „Дениција“ на Петре М Андреевски. Петре е и извонреден раскажувач. Тој ги понел сите таленти од своите баби и од дедо, но најмногу од своите баби и успева да создаде прозно творештво насловено „Пиреј“. Мислам дека секој од нас во својата библиотека, но и во својата меморија, треба да ги има „Дениција“ и „Пиреј“, рече Мојсова-Чепишевска. Таа потсети и на неговото творештво за деца „Касни, порасни“ – лектира за второ одделение. -Во неговите стихови се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината. Тој вели „кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“. Тоа не е патриотизам низ флоскули, туку патриотизам кој што бие во градите. Тој успева многу суптилно, преку портретот на саканата, да го даде и пејсажот на татковината, појасни Мојсова-Чепишевска. Во централниот дел на настанот, универзитетската професорка Мојсова-Чепишевска даде осврт на поетското творештво на Андреевски. Во разговорот, Мојсова-Чепишевска заедно со писателот Иван Антоновски ја препрочитаа поезијата на Петре М. Андреевски и дадоа ново согледување на некои аспекти што досега не беа афирмирани пред пошироката јавност. Делови од творештвото на Андреевски одекнаа со актерска изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска, а пред присутните беа прикажани и архивски видео материјали на коишто говори самиот Андреевски. Петре М. Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на XX век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист. Покрај најпопуларните – поетската книга „Дениција“ (1968) и романот „Пиреј“ (1980), меѓу позначајните негови дела се вбројуваат и поетските: „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994) и романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997) и „Тунел“ (2003). Автор е и на култната книга за деца „Касни – порасни“ Поврзани содржини Италијанска гала магија со „Жените на Пучини“ во НОБ (галерија) 20/11/2024 17:11 Лабина Митевска ја доби наградата на Еуримаж за меѓународни копродукции 20/11/2024 13:11 Изложба на фотографии на Киро Урдин во Романија 20/11/2024 07:11 Промоција на стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје“ од д-р Блага Панева 20/11/2024 07:11 Драмски ги започна подготовките за новата претстава „Фамилија Адамс“ 19/11/2024 13:11 Матео Бочели, синот на славниот тенор, со ексклузивен концерт во Филхармонија 19/11/2024 13:11 “Некој тропа на вратата“ од Никола Маџиров ќе се чита во вагоните и станиците на софиското метро 19/11/2024 08:11 „Жените на Пучини“ во НОБ во рамките на „Месец на Пучини“ 19/11/2024 07:11 Најчитани Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Средба во Влада утре во врска со поранешно „Фени“ најави кавадаречкиот градоначалник Јанчев 14/11/2024 16:09 Скопјани утрово смрзнаа по постојките – автобус ни за лек 18/11/2024 09:50 Теа од Куманово е нашиот адут на Мис Универзум 2024 15/11/2024 18:43...
Мојсова-Чепишевска: Во стиховите на Петре М. Андреевски се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината
Макпрес - пред 6 часа
Петре М. Андреевски внесе нов бран во македонската книжевност. Неговата збирка „Дениција“ се смета за „златна книга“ на модернизмот и за химна на љубовта. Во неговите стихови се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината. Тој вели „кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“. Тој успева многу суптилно, преку портретот на саканата, да го даде и пејсажот на татковината, изјави универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска. Со настанот „Песна за неговата песна“, денеска Културно информативниот центар – Скопје ја одбележа деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски. Пред почетокот на настанот, Мојсова-Чепишевска за МИА изјави дека токму Петре М. Андреевски бил главната тема на нејзината докторска дисертација, а фокусот на денешниот разговор се поетските слики кои Петре М Андреевски ги остава како аманет. Таа е авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред точно дваесет години. -Ова е настан по повод 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски. Јас премногу добро го познавам творештвото на Петре М. Андреевски, бидејќи тој беше мојата главна тема на докторската дисертација. Докторирав на неговото поетско творештво и потоа излезе една книга која што годинава одбележува 20 години, насловена „Лицето на зборовите“. Ние денеска сакаме преку разговор да видиме кое е тоа лице на зборови, односно кои се тие поетски слики кои ги остава Петре М. Андреевски како аманет, додаде Мојсова-Чепишевска. Мојсова-Чепишевска за МИА: Во стиховите на Петре М. Андреевски се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината Според Мојсова-Чепишевска, Петре М. Андреевски внесе еден нов бран во македонската книжевност. На пример, како што подвлече, неговата збирка „Дениција“ која излезе во 1968 година, се смета дека е „златна книга на модернизмот“ и дека е химна на љубовта. -Мислам дека многу поети пишуваат на темата љубов, меѓутоа никој така не ја опеал љубовта, како збирката „Дениција“ на Петре М Андреевски. Петре е и извонреден раскажувач. Тој ги понел сите таленти од своите баби и од дедо, но најмногу од своите баби и успева да создаде прозно творештво насловено „Пиреј“. Мислам дека секој од нас во својата библиотека, но и во својата меморија, треба да ги има „Дениција“ и „Пиреј“, рече Мојсова-Чепишевска. Таа потсети и на неговото творештво за деца „Касни, порасни“ - лектира за второ одделение. -Во неговите стихови се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината. Тој вели „кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“. Тоа не е патриотизам низ флоскули, туку патриотизам кој што бие во градите. Тој успева многу суптилно, преку портретот на саканата, да го даде и пејсажот на татковината, појасни Мојсова-Чепишевска. Во централниот дел на настанот, универзитетската професорка Мојсова-Чепишевска даде осврт на поетското творештво на Андреевски. Во разговорот, Мојсова-Чепишевска заедно со писателот Иван Антоновски ја препрочитаа поезијата на Петре М. Андреевски и дадоа ново согледување на некои аспекти што досега не беа афирмирани пред пошироката јавност. Мојсова-Чепишевска за МИА: Во стиховите на Петре М. Андреевски се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината Делови од творештвото на Андреевски одекнаа со актерска изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска, а пред присутните беа прикажани и архивски видео материјали на коишто говори самиот Андреевски. Петре М. Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на XX век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист. Покрај најпопуларните – поетската книга „Дениција“ (1968) и романот „Пиреј“ (1980), меѓу позначајните негови дела се вбројуваат и поетските: „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994) и романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997) и „Тунел“ (2003). Автор е и на култната книга за деца „Касни – порасни“....
„Песна за неговата песна“ - 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски
Макпрес - пред 18 часа
Со настанот „Песна за неговата песна“, во Културно информативниот центар во Скопје денеска ќе се одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски. Како што е најавено, со актерска изведба на делови од неговото творештво, книжевен разговор преку кој ќе се отворат важни прашања за неговата поезија и со проекција на архивски видео материјали, во салонот Империјал 2, сѐ ќе биде во знакот на неговиот творечки опус. Организаторите од Културно информативниот центар соопштија дека во централниот дел на настанот, кон поетското творештво на Андреевски ќе се осврне универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред 20 години. Во разговорот што со неа ќе го води писателот Иван Антоновски, ќе се оствари обид за ново препрочитување на поезијата на Петре М. Андреевски и за согледување на некои аспекти што досега не се афирмирани пред пошироката јавност. Делови од творештвото на Андреевски ќе одекнат со актерска изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска, а пред присутните ќе бидат прикажани и архивски видео материјали на коишто говори самиот Андреевски. Петре М. Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на 20 век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист. Покрај најпопуларните – поетската книга „Дениција“ (1968) и романот „Пиреј“ (1980), меѓу позначајните негови дела се вбројуваат и поетските „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994) и романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997) и „Тунел“ (2003). Автор е и на култната книга за деца „Касни – порасни“....
Со „Песна за неговата песна“ денеска се одбележуваат 90 години од раѓањето на Петре М.Андреевски
Мкд.мк - пред 1 ден
Со „Песна за неговата песна“ денеска се одбележуваат 90 години од раѓањето на Петре М.АндреевскиСо настанот „Песна за неговата песна“, денеска во Културно информативниот центар – Скопје ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски. Објавено на20.11.2024 9:57часотСподелиСподелиFacebookTwitterWhatsAppEmailПринтViber Денеска, на 20 ноември (среда), со почеток во 12 часот, со актерска изведба на делови од неговото творештво, книжевен разговор преку кој ќе се отворат важни прашања за неговата поезија и со проекција на архивски видео материјали, во салонот Империјал 2, сѐ ќе биде во знакот на неговиот творечки опус.Во централниот дел на настанот, кон поетското творештво на Андреевски ќе се осврне универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, којашто важи за исклучителна познавачка на опусот на овој македонски класик, авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред точно дваесет години. Во разговорот што со неа ќе го води Иван Антоновски ќе се оствари обид за ново препрочитување на поезијата на Петре М. Андреевски и за согледување на некои аспекти што досега не се афирмирани пред пошироката јавност.Делови од творештвото на Андреевски ќе одекнат со актерска изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска, а пред присутните ќе бидат прикажани и архивски видео материјали на коишто говори самиот Андреевски.Петре М. Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на XX век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист. Покрај најпопуларните – поетската книга „Дениција“ (1968) и романот „Пиреј“ (1980), меѓу позначајните негови дела се вбројуваат и поетските: „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994) и романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997) и „Тунел“ (2003). Автор е и на култната книга за деца „Касни – порасни“. ТОП ВЕСТИКонцерт на Пламенка Трајковска гудачки квартет 19.11.2024 8:40 150 години од раѓањето на Крсте П. Мисирков: Мисирков ни остави национална програма како се сака и се почитува татковината 18.11.2024 13:58 Промоција на книга на словенечката писателка Наташа Конц Лоренцути 18.11.2024 9:50 Нова книга „Окружувањето на Мисирков“ од Димитар Пандев 18.11.2024 9:14 Признанија за македонските филателисти на Бaлканфила во Солун 17.11.2024 18:52 Симпозиум на АИКА Македонија, здружението на ликовните критичари 17.11.2024 14:45 ПОСЛЕДНИ ВЕСТИОКТА донира за кампањата во борба против гладот за ранливите категории на граѓаниНадал ја заврши кариерата: Сакам да ме паметите како добар човек од мал градДенеска, ново рочиште на судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче ЖежовскиБајден им праќа противпешадиски мини на Украинците, целта е да се запре рускиот пробивСАД ја затворија амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“...
Со настанот „Песна за неговата песна“ КИЦ ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски
Екран - пред 1 ден
Со настанот „Песна за неговата песна“, Културно-информативниот центар – Скопје ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски. На 20 ноември (среда), со почеток во 12 часот, со актерска изведба на делови од неговото творештво, книжевен разговор преку кој ќе се отворат важни прашања за неговата поезија и со проекција на архивски видео материјали, во салонот Империјал 2, сѐ ќе биде во знакот на неговиот творечки опус. Во централниот дел на настанот, кон поетското творештво на Андреевски ќе се осврне универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, којашто важи за исклучителна познавачка на опусот на овој македонски класик, авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред точно дваесет години. Во разговорот што со неа ќе го води Иван Антоновски ќе се оствари обид за ново препрочитување на поезијата на Петре М. Андреевски и за согледување на некои аспекти што досега не се афирмирани пред пошироката јавност. Делови од творештвото на Андреевски ќе одекнат со актерска изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска, а пред присутните ќе бидат прикажани и архивски видео материјали на коишто говори самиот Андреевски. Петре М. Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на XX век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист. Покрај најпопуларните – поетската книга „Дениција“ (1968) и романот „Пиреј“ (1980), меѓу позначајните негови дела се вбројуваат и поетските: „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994) и романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997) и „Тунел“ (2003). Автор е и на култната книга за деца „Касни – порасни“....