Рама најави новогодишен бонус од 100 до 150 евра за пензионерите
Либертас - пред 2 дена
Албанскиот премиер Еди Рама денеска објави дека пензионерите ќе добијат новогодишен бонус во износ од 100 до 150 евра во зависност од висината на пензиите. За таа цел, додаде тој, владата ќе издвои фонд од 100 милиони евра. „Овој бонус ќе биде на две нивоа: сите пензионери кои имаат пензија до 200 евра ќе добијат по 150 евра, што е трипати поголем износ од претходниот бонус. Пензионерите кои имаат пензија поголема од 200 евра ќе добијат двојно поголем бонус од претходните години, односно по 100 евра“рече Рама. Оваа разлика меѓу првата и втората група, според него, не се прави за да се даде помалку на оние кои имаат повисока пензија, туку за да се даде повеќе на оние кои имаат помала пензија. „Бонус од по 150 евра ќе добијат повеќе од половина милион пензионери. Опфатени се и трудови инвалиди и корисници на пензија како мајки или деца без родители. По 100 евра ќе добијат други околу 210 илјади пензионери“ кажа албанскиот премиер. Тој вети исплата на бонус за пензионерите и во месец март...
Пензионерите во Албанија ќе добијат од 100 до 150 евра новогодишен бонус, најави Рама
Нетпрес - пред 2 дена
Албанскиот премиер Еди Рама ја објави, како што ја нарече, одличната вест за пензионерите, кои ќе добијат новогодишен додаток во износ од 100 до 150 евра, зависно од висината на пензиите. За таа цел владата во наредните денови ќе издвои фонд од 100 милиони евра. -Овој бонус ќе биде на две нивоа: Сите пензионери кои имаат пензија до 20 илјади леки или 200 евра ќе добијат по 150 евра, што е три пати поголем износ од претходниот додаток. Пензионерите кои имаат пензија поголема од 20 илјади лека ќе добијат двојно поголем бонус од претходните години, односно по 100 евра, рече Рама. Оваа разлика меѓу првата и втората група, според него, не се прави за да се даде “помалку на оние кои имаат повисока пензија, туку за да се даде повеќе на оние кои имаат помала пензија“ -Бонус од по 150 евра ќе добијат повеќе од половина милион пензионери. Точно, 511 илјади, каде покрај 400 илјади 500 баби и дедовци, опфатени се и 65.800 трудови инвалиди и 44.600 корисници на пензија како мајки или деца без родители. По 100 евра ќе добијат други околу 210 илјади пензионери, рече Рама. Тој вети дека владата планира исплата на бонус за пензионерите и во месец март....
ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber Пензионерите во Србија ќе добијат зголемување на пензиите од 10.9 отсто. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека пензионерите први ќе добијат зголемување од 10.9 отсто, пресметано на декемвриските пензии. Тие следната година пензионерите ќе добијат зголемување на декемвриските пензии, врз основа на високата стапка на раст на бруто домашниот производ (БДП), потврди Вучиќ, соопшти Н1. Албанскиот премиер Еди Рама денеска објави дека пензионерите ќе добијат новогодишен бонус во износ од 100 до 150 евра во зависност од висината на пензиите....