Спортска опрема за секое училиште во Ѓорче Петров!
Нетпрес - пред 19 часа
Општина Ѓорче Петров е една од двете скопски општини вклучени во пилот проект на Македонскиот олимписки комитет (МОК) за поддршка на училишниот спорт. Во рамки на оваа иницијатива, МОК донирше спортска опрема на училиштата со цел да ги поттикне младите кон физичка активност и здрав живот. Со новата опрема, учениците ќе можат да учествуваат и да уживаат во различни спортски активности, како фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, во значително подобрени услови. Оваа иницијатива е насочена кон поттикнување на младите да ги развиваат своите спортски таленти и да создаваат здрави навики. На настанот, кој се одржа во соработка со МОК, беше организирана и обука за наставниците по физичко образование со цел унапредување на наставните спортски активности. Дополнително, планирано е одржување централен спортски настан за наставниците и учениците, што ќе ја зацврсти оваа плодна соработка. „Оваа донација е само почеток на серија активности со кои сакаме да го подигнеме нивото на спортот и физичката активност во општината. Младите се нашата иднина, а нивниот развој и здравје се наш врвен приоритет. Можеби следниот олимпиец ќе потекнува токму од Ѓорче Петров!“ – изјави градоначалникот Александар Стојкоски. Покрај донациите, проектот опфаќа и едукативни активности за наставниците, со цел унапредување на спортските програми и организација на заеднички спортски настани....
МОК со донација на спортска опрема во основните училишта од општина Ѓорче Петров
Екипа - пред 15 часа
Македонскиот Олимписки Комитет повторно се вклучи во акција за помагање на условите за спортување, донирајќи спортска опрема во основните училишта во скопската населба Ѓорче Петров. Оваа опрема секојдневно се користи за вежби од Едукативната Олимписка програма за развој на младите преку Олимписки вредности, кои наставниците им ги пренесуваат на учениците, помагајќи им да ги усвојат Олимписките вредности: почит, еднаквост и инклузија. „Со новата опрема, учениците ќе имаат можност да се натпреваруваат и уживаат во различни спортови, како фудбал ⚽️, кошарка 🏀, ракомет 🤾♂️, одбојка 🏐 и останати спортови и тоа во значително подобри услови. Целта е да им се овозможи на младите да ги развиваат своите спортски вештини и да се насочат кон здрави навики што нам како општина ни е особено важно. Со задоволство ја поздравив оваа иницијатива и изразив благодарност за поддршката од МОК. Ваквите проекти кои ја подобруваат инфраструктурата и опремата во училишните спортски сали ќе продолжат и во иднина за да се обезбедат уште подобри услови за развој на младите спортисти, но и оние со желба за рекреативен спорт“, изјави Александар Стојкоски, Градоначалник на општината Ѓорче Петров. „Во декември нè очекуваат мини спортски олимписки игри во СЦ „Јане Сандански“, каде повеќе од 500 ученици ќе учествуваат и ќе се натпреваруваат на различни полигони и дисциплини“, информираат од МОК. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Како да заспиете за 10 минути?
Курир - пред 1 ден
НСДП ГО АНЕКСИРА СДСМ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СДСМ дигна раце од Општина Ѓорче Петров? Новата координаторка во Советот е Маја Стојкоска од НСДП...
МОК донираше спортски реквизити за училиштата од Ѓорче Петров
Скопје Инфо - пред 20 часа
Македонскиот олимписки комитет (МОК) донираше нови и квалитетни спортски реквизити за училиштата во општина Ѓорче Петров. Со новата опрема, учениците ќе имаат можност да се натпреваруваат и уживаат во различни спортови, како фудбал , кошарка , ракомет , одбојка и останати спортови и тоа во значително подобри услови. Целта на ваквата донација е да им се овозможи на младите да ги развиваат своите спортски вештини и да се насочат кон здрави навики. „Со задоволство ја поздравив оваа иницијатива и изразив благодарност за поддршката од МОК. Ваквите проекти кои ја подобруваат инфраструктурата и опремата во училишните спортски сали ќе продолжат и во иднина за да се обезбедат уште подобри услови за развој на младите спортисти, но и оние со желба за рекреативен спорт. Ова е само почеток на серија активности кои имаат за цел да го подигнат нивото на спортот и физичката активност во општината. Младите се нашата иднина, и инвестицијата во нивниот развој е инвестиција во здрава и успешна општина.Во соработка со МОК на настанот му претходеше обука за наставниците по физичко образование, а во насока на подобро функционирање на спортските училишни активности. Заедно со Комитетот планирано е одржување и централен настан со спортски карактер наменет за наставниците по физичко образование и учениците, а продолжуваме и со соработката на други нивоа“ напиша на неговиот Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски....
Ученици во Општина Ѓорче Петров предлагаа идеи како да се подобри животот на граѓаните
365.mk - пред 1 ден
Во рамки на наставниот предмет Историја и општество, учениците од четврто одделение при ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ денеска посетија Општина Ѓорче Петров. Со општинските власти, учениците како ,,општински советници,, на интерактивен начин, преку симулација на општинска седница, научија како се дискутираат и усвојуваат предлози за различни проекти. Малите „советници“ учествуваа во дебата, поставувајќи интересни прашања како: „Кој одлучува за изградба на нови паркови и игралишта?“ и „Како се избира што е најважно за граѓаните?“. Вработените од различни одделенија во Општината ги запознаа децата со нивната работа. Учениците предлагаа идеи како општинските власти да ги подобрат условите за животот на граѓаните во скопската општина Ѓорче Петров. - Реклама -...
Спортска опрема за секое училиште – нова ера за младите во Ѓорче Петров
Макпрес - пред 6 часа