(Видео) „Ти благодариме Рафа“ – Тенискиот свет го испрати Надал во пензија
Макфакс - пред 23 часа
Шпанија испадна во четвртфиналето во Дејвис купот. На домашен терен во Малага, Панија загуби од Холандија со 1:2. Овој пораз го означи и крајот на кариерата на рафаел Надал. Во воведниот меч Надал загуби од Ботик ван де Зандсхулп со резултат 6:4, 6:4. Изедначи Карлос Алкараз со победата 7:6, 6:3 над Талон Гриксспор. Победникот беше решен во двојки. На едната страна беа Алкарас и Гранољерс, на другата Кулхоф и Ван де Зандсхулп. На крајот Холанѓаните славеа со 7:6(4), 7:6(3). „Бикот“ на патиките на Рафаел Надал ќе остане запаметен како симбол на неговата борбеност и пожртвуваност на теренот. Со интересно видео неговиот главен спонзор компанијата „Најки“ му се заблагодари на Надал за неговата неверојатна кариера. Очекуваното пензионирање на еден од најуспешните тенисери на сите времиња предизвика многу реакции. Главниот спонзор на Надал, компанијата „Најки“, на многу интересен начин и оддаде почит на кариерата на големиот шпански тенисер. Wow, this Nike tribute to Rafael Nadal in Paris is INSANE 🥹🇪🇸🔥 pic.twitter.com/J8TbztOemo — Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) November 19, 2024 Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Претходно Гвардиола ќе остане во Манчестер сити Би можело да ве интересира и... Гвардиола ќе остане во Манчестер сити (Видео) Албанија испадна во Ц дивизијата, Турција ќе игра бараж за пласман во А дивизијата Влаховиќ ќе го пропушти дербито со Милан и дуелот со Астон Вила во ЛШ (Видео) Можеби ова е крајот на една величенствена кариера, Надал загуби од Ван де Зандсхулп Елмас се повреди против Латвија, ќе паузира шест недели Милитао успешно опериран, се враќа за девет месеци...
(Видео) „Ти благодариме Рафа“ – Тенискиот свет го испрати Надал во пензија
Топ Спорт - пред 23 часа
Шпанија испадна во четвртфиналето во Дејвис купот. На домашен терен во Малага, Панија загуби од Холандија со 1:2. Овој пораз го означи и крајот на кариерата на рафаел Надал. Во воведниот меч Надал загуби од Ботик ван де Зандсхулп со резултат 6:4, 6:4. Изедначи Карлос Алкараз со победата 7:6, 6:3 над Талон Гриксспор. Победникот беше решен во двојки. На едната страна беа Алкарас и Гранољерс, на другата Кулхоф и Ван де Зандсхулп. На крајот Холанѓаните славеа со 7:6(4), 7:6(3). „Бикот“ на патиките на Рафаел Надал ќе остане запаметен како симбол на неговата борбеност и пожртвуваност на теренот. Со интересно видео неговиот главен спонзор компанијата „Најки“ му се заблагодари на Надал за неговата неверојатна кариера. Очекуваното пензионирање на еден од најуспешните тенисери на сите времиња предизвика многу реакции. Главниот спонзор на Надал, компанијата „Најки“, на многу интересен начин и оддаде почит на кариерата на големиот шпански тенисер. Wow, this Nike tribute to Rafael Nadal in Paris is INSANE 🥹🇪🇸🔥 pic.twitter.com/J8TbztOemo — Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) November 19, 2024...
(Видео) Можеби ова е крајот на една величенствена кариера, Надал загуби од Ван де Зандсхулп
Макфакс - пред 1 ден
Рафаел Надал, веројатно во својот последен меч во кариерата, загуби од Ботик ван де Зандсхулп. На отворењето на завршниот турнир во Дејвис купот, Холанѓанецот за 113.минути игра го победи Надал со 6:4, 6:4. Големиот Рафа Надал, пушти солзи во моментот кога се интонираше шпанската химна, пред почетокот на двобојот. Rafael Nadal crying during the national anthem. Can be the last time. They hope it’s not. pic.twitter.com/OCkWboW3sm — José Morgado (@josemorgado) November 19, 2024 На теренот осовојувачот на 22 Гренд слем трофеи, не делуваше лошо во првиот сет, во првите седум гема. Потоа попушти од 3:4, Ван де Зандсхулп дојде со 4:6, предност од 1:0 во сетови. Кризата на Надал продолжи и во вториот сет, Холанѓанецот направи два брејка, дојде до 1:4 имаше и сервис, но во тие моменти како да се исплаши од победата. Надал успеа да врати еден брејк дојде до 4:5, но немаше шанси во гемот во кој Ван Зандсхулп сервираше за победа. Холандија во четвртфиналето поведе со 1:0, во вториот меч ќе го одиграат Алкараз и Грикспор. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Влаховиќ ќе го пропушти дербито со Милан и дуелот со Астон Вила во ЛШ Претходно Елмас се повреди против Латвија, ќе паузира шест недели Би можело да ве интересира и... Влаховиќ ќе го пропушти дербито со Милан и дуелот со Астон Вила во ЛШ Елмас се повреди против Латвија, ќе паузира шест недели Милитао успешно опериран, се враќа за девет месеци Бразилците (повторно) испратиле понуда до Анчелоти Буфон: Нејмар заслужи пет „Златни топки“ Роџерс го продолжи договорот со Астон Вила...
(Видео) Можеби ова е крајот на една величенствена кариера, Надал загуби од Ван де Зандсхулп
Топ Спорт - пред 1 ден
Рафаел Надал, веројатно во својот последен меч во кариерата, загуби од Ботик ван де Зандсхулп. На отворењето на завршниот турнир во Дејвис купот, Холанѓанецот за 113.минути игра го победи Надал со 6:4, 6:4. Големиот Рафа Надал, пушти солзи во моментот кога се интонираше шпанската химна, пред почетокот на двобојот. Rafael Nadal crying during the national anthem. Can be the last time. They hope it’s not. pic.twitter.com/OCkWboW3sm — José Morgado (@josemorgado) November 19, 2024 На теренот осовојувачот на 22 Гренд слем трофеи, не делуваше лошо во првиот сет, во првите седум гема. Потоа попушти од 3:4, Ван де Зандсхулп дојде со 4:6, предност од 1:0 во сетови. Кризата на Надал продолжи и во вториот сет, Холанѓанецот направи два брејка, дојде до 1:4 имаше и сервис, но во тие моменти како да се исплаши од победата. Надал успеа да врати еден брејк дојде до 4:5, но немаше шанси во гемот во кој Ван Зандсхулп сервираше за победа. Холандија во четвртфиналето поведе со 1:0, во вториот меч ќе го одиграат Алкараз и Грикспор....
Под голем емотивен набој, Рафаел Надал се прости од тенисот пред своите
off.net - пред 1 ден
Репрезентацијата на Холандија ја победи Шпанија во четвртфинале на Дејвис Купот со 2-1 откако прво Ботик Ван де Зандшулп (80-ти на свет) го победи токму Надал со 2-0 по сетови 6:4, 6:4, подоцна Алкараз израмни на 1-1 откако го доби Телон Грикспор со 2-0 по сетови 7:6, 6:3, а на крај во решавачкиот меч во дубл Алкараз и Марсел Гранољерс изгубија 2-0 од Весли Колхоф и Ботик ван де Зандшулп. Тоа значеше и дефинитивен крај на кариерата на славниот и легендарен Рафаел Надал кој заплака за време на интонирање на шпанската химна пред почетокот на четвртфиналето против Холандија во Малага. Големиот Рафа ја завршува кариерата со дури 22 Гренд Слем пехари, со 36 Мастерси, со вкупно 92 шампионски титули од кои и две олимписки злата. Одигра голем број неверојатни мечеви против големи ривали. Шпанскиот селектор и јавност можеби свесно „го жртвувваа“ овогодишниот Дејвис Куп затоа што Рафаел Надал играше пред Роберто Баутиста кој е во далеку подобра форма, игра одлично во услови во сала и неодамна освои титула во Атнверпен, така што ќе беше сигурен фаворит против холандските ривали. Рафа и самиот после мечот за себе изјави: „Да бев јас селекторот немаше да го ставам Надал во игра“. Но ова беше прекрасна можност Рафаел да стави точка на својата неверојатно богата кариера, како што и самиот најави, во Малага пред своја публика. La emoción de @RafaelNadal 🇪🇸🥹#CopaDavis | @RFETenis pic.twitter.com/ZXVVutZCNv — Copa Davis (@CopaDavis) November 19, 2024 There are no words to thank you enough for what you’ve done to the sport. Gracias, Rafa ❤️@RafaelNadal | #RafaSiempre pic.twitter.com/PsYuuPbwGb — ATP Tour (@atptour) November 19, 2024 On the court and beyond, Rafa left an impression. Players share their stories about the man and the legend. 👥🌟 #RafaSiempre pic.twitter.com/kbH2eTB1ME — ATP Tour (@atptour) November 20, 2024...
Надал стави крај на кариерата, откри по што сака да го паметат
Либертас - пред 22 часа
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одржа емотивен говор по пензионирањето. „Бикот од Мајорка“ го одигра последниот натпревар против Ботик ван де Зандшулп во Дејвис купот, а Холанѓаните продолжија со вкупни 2-1. „Имам толку многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам. Тешко е да се започне. Благодарност до навивачите. Тоа беше 20-годишна кариера во која секогаш ме носеше. Ми помагаше да го освојам следниот бод, во добри времиња. Во лошо, да продолжи да се бори. Шпанија, светот воопшто, среќен сум што добивам толку многу љубов, особено овде во Шпанија. Сакам да и честитам на Холандија за победата и да и се заблагодарам на целиот шпански тим што ми дозволи да играм Дејвис куп. Не испадна како што сакавме. Дадов се што имав и од се срце ви благодарам за можноста овие неколку дена да ги поминам како професионалец во тимот“, изјави Надал и додаде: „Реалноста е дека никогаш не сакаш да дојде до оваа точка. Не сум уморен од тенис, телото само дојде до точка каде што повеќе не сака да игра тенис“. Надал потоа им се заблагодари на сите што беа со него – компанијата, здружението, спонзорите, семејството. Рафа истакна дека сака да биде запаметен како добар човек. „Титулите, бројките се таму, луѓето го знаат тоа, но јас би сакал да бидам запаметен како добар човек од мал град во Мајорка кој имал среќа да има вујко кој бил тениски тренер кога бил млад и одлично семејство кое ме поддржуваше во секое време отколку што можев ни да сонувам“, нагласи меѓудругото...
Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
Сител - пред 17 часа
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се осврна на крајот на кариерата на сонародникот Рафаел Надал. -Она што ќе го паметам за Надал е страста со која го живееше тенисот. Својот последен турнир го одигра со неверојатна страст. Имав среќа што играв со него, тренирав со него...помалку отколку што би сакал. Ако мојата кариера е дури половина добра од онаа на Рафа, ќе бидам повеќе од среќен. Мојот сон отсекогаш бил да станам број еден во светот и да освојам Грен слемови. Голем дел од овој сон постоеше благодарение на Рафа Надал. Се сеќавам како победуваше кога бев мал. Тогаш помислив дека еден ден ќе бидам јас таму, изјави Алкараз за „The Tennis Letter“. Шпанската репрезентација синоќа загуби од Холандија (1:2) во четвртфиналето на Дејвис купот. Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Надал....
Надал: Сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка
Сител - пред 17 часа
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по поразот на шпанската репрезентација синоќа од Холандија (1:2) во четвртфиналето на Дејвис купот, проговори како навивачите треба да го паметат. -Титулите се важни, но најмногу сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка и момче кое постигна повеќе отколку што можеше да замисли, изјави Надал на тернот во Малага. Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Шпанец. Има 1.080 победи во сингл и 92 титули, вклучувајќи 22 Грен слем титули. Надал е сопственик и на две златни олимписки медали. Во полуфиналето на Дејвис купот, Холандија ќе игра со победникот од пресметката Германија – Канада....
Прошталните зборови на Рафаел Надал, за навивачите, семејството, тенисот
off.net - пред 22 часа
На Шпанецот му пуштија видео пораки и обраќања од Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Енди Мареј, Серена Вилијамс и Дејвид Бекам. А потоа Рафа го зема микрофонот и настапи со трогателни зборови додека толпата на трибините громогласно му го скандираше името: „Добро вечер. Ви благодарам... Ќе почнам со тие кои се тука - навивачите. Мојата професионална кариера траеше 20 години, и вие бевте со мене во добри времиња и ме мотивиравте во лоши времиња. Многу сум благодарен за љубовта на навивачите посебно во Шпанија. Сакам да ја поздравам селекцијата на Холандија и да ѝ заблагодарам на целата шпанска екипа која ми дозволи да играм во Дејвис Купот. Не испадна така како што сите сакавме. Но ви благодарам за пружената можност. Сакав да ги проживеам последните денови во професионалниот тенис заедно со репрезентаијата. Преживеав многу важни моменти со луѓето кои се сега тука. Тоа е огромна привилегија, ние многу постигнавме и сега дојде ред за нови радости. Сигурен сум дека ќе дојдат. Да бидам искрен, ова е момент до кој не сакав да дојдам. Тенисот сака уште, но моето тело веќе не сака да игра и тоа треба да се прифати. Ми се погоди хобито да ми стане професија. Противниците ми помагаа да направам долга и успешна кариера. На пример Давид Ферер е еден од тие кои се сега тука. И многу други кои не се овде. Му благодарам на семејството, вие бевте неизбежен дел од мојот живот сите овие години. Во кариерата имаше и лоши моменти но морам да признаам дека голем дел од неа беше незаборавен и добар. И благодарен сум им на медиумите што беа исто дел од мојата историја. Им благодарам на сите организации кои го одржуваат тенисот на врвот и привлекуваат маса луѓе во него. Многу го сакам тенисот и никогаш нема да го напуштам, сакам да бидам добар тениски работник. Се трудам за тоа секој ден со уважување и скромност. За мене е најважно да се биде добар човек и верувам дека ми успева. Заминувам од светот на професионалниот тенис на чиј пат најдов многу добри пријатели. Заминувам со мирна душа зошто оставив не само спортско туку и лично наследство. Ја примам љубовта која ја добивам по целиот свет, љубов која доаѓа не само благодарение на достигнувањата на теренот. Сакам и последните зборови да ги посветам на семејството кое секогаш беше со мене. Тие беа тука во тешки времиња, а во добри времиња не ми даваа да го кренам носот. Благодарение на тоа во иднина ќе се справувам со се што ме чека. Спокоен сум зошто сум научен иднината мирно да ја чекам. Спокоен сум зошто имам прекрасно семејство кое ми помага во се. Титулите и бројките секако постојат. Секако дека луѓето ги знаат. Но би сакал мене да ме паметат како добар човек од мало село на Мајорка. Имав среќа што чичко ми беше тениски тренер, имав семејство кое секогаш ме поддржуваше. Јас бев дете кое ја следеше мечтата, работев со сите сили за да го постигнам тоа што го постигнав. И треба да се биде искрен: Многумина работат со сите сили, многумина даваат се од себе секоој ден но јас имав голема среќа. Животот ми пружи прилика благодарение на тенисот да проживеам неверојатни моменти“. Под голем емотивен набој, Рафаел Надал се прости од тенисот пред своите...
Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
Курир - пред 18 часа
тенис ВИДЕО: Надал емотивен: Се расплака, па го загуби можеби последниот меч во кариерата...
Алкараз вели ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
Нетпрес - пред 18 часа
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се осврна на крајот на кариерата на сонародникот Рафаел Надал. – Она што ќе го паметам за Надал е страста со која го живееше тенисот. Својот последен турнир го одигра со неверојатна страст. Имав среќа што играв со него, тренирав со него… помалку отколку што би сакал. Ако мојата кариера е дури половина добра од онаа на Рафа, ќе бидам повеќе од среќен. Мојот сон отсекогаш бил да станам број еден во светот и да освојам Грен слемови. Голем дел од овој сон постоеше благодарение на Рафа Надал. Се сеќавам како победуваше кога бев мал. Тогаш помислив дека еден ден ќе бидам јас таму, изјави Алкараз за „The Tennis Letter“. Шпанската репрезентација синоќа загуби од Холандија (1:2) во четвртфиналето на Дејвис купот. Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Надал....
Дејвис куп: Холандија во полуфиналето, Надал го одигра последниот натпревар
Нетпрес - пред 1 ден
Холандската тениска репрезентација се пласираше во полуфиналето на завршниот Дејвис куп турнир победувајќи ја шпанската селекција во Малага со 2-1, а решавачкиот бод во игра на двојки го освоија Весли Кулхоф и Ботик ван де Зандшулп, кои со 7-6 (4), 7-6 (3) ги победија Карлос Алкараз и Марсело Гранолерс. Холанѓаните во петок ќе играат во полуфиналето против подобриот од мечот меѓу Германија и Канада кој е закажан за в среда. Поразот на Шпанија значи дека Рафаел Надал стави крај на својата блескава кариера во вторникот, а Ботик ван де Зандшулп ќе биде играч кој го победи во збогувањето (6-4, 6-4) за да им донесе водство на Холанѓаните и да стане единствениот тенисер кој успеал да го порази Надал во сингл меч од Дејвис купот на шпанска почва. Тоа беше втор пораз за Надал во Дејвис купот (29-2), откако првиот го претрпе во 2004 година во своето деби, кога беше поразен во Брно од сега пензионираниот чешки тенисер Јиржи Новак. „На некој начин, можеби е добро што тоа беше мојот последен натпревар. Изгубив во првиот настап во Дејвис купот, а загубив на последниот. Го затворив кругот. Сакав да му помогнам на тимот да победи, но јас не успеав“, рече Надал на прес-конференцијата. Карлос Алкараз не успеа да ја продолжи кариерата на Надал за барем уште еден настап во Дејвис купот. Во сингл мечот ја надополни „брејк“ негативата во првиот сет (2-4) и го совлада Талон Грикспур со 7-6 (0), 6-3, но во двојка со Марсел Гранолерс не можеше да го комплетираа пресвртот за пласман во полуфиналето, бидејќи Ботик ван де Зандшулп и Весли Кулхоф беа нешто подобри во дуел со многу висок квалитет. Шпанците пропуштија сет-поен во првиот дел од мечот на сервис на противникот при водство од 5-4, а во вториот сет пропуштија и брејк предност (4-2). Во двата тај-брејка Холанѓаните сервираат и брилијантно вратија, што беше нивна добитна комбинација. Со тоа Весли Кулхоф ја продолжи кариерата за уште еден натпревар, која ќе трае сѐ додека Холанѓаните ќе останат на турнирот во Малага....
Дојде и тој ден – Збогувањето на Рафа Надал од тенисот
Екипа - пред 1 ден
Се е подготвено за завршниот турнир од Дејвис-купот што денеска стартува во Малага, што дополнително е во центарот на целокупната спортска јавност бидејќи на него крај на кариерата ќе означи Рафаел Надал. Шпанскиот тениски великан уште пред два месеца објави дека настапот во Дејвис-купот ќе значи и негово збогување од тенисот, а останува да се види дали тоа ќе се случи со денешното четвртфинале против Холандија, или доколку Шпанија се пласира во следната рунда кариерата на Надал ќе продолжи за уште неколку дена, до завршницата на овој завршен турнир. „Не постои идеално збогување, филмските краеви се резервирани за американските филмови, а јас пред долго време сфатив дека нема да бидам дел од такво сценарио. Но, не сум загрижен за тоа, збогувањето ќе биде такво какво што ќе биде, јас само би сакал сите во тимот да бидеме натпреварувачки настроени, да се обидеме да освоиме уште еден Дејвис Куп“, изјави Надал. Шпанецот во кариерата четири пати го освојуваше ова репрезентативно натпреварување, покрај него има и 22 гранслем трофеи, 36 пехари од Мастерс-турнири и вкупно 92 титула, вклучувајќи го тука и олимпското злато. Тој долго се мачи со повреди, но Надал донесе важна одлука, па попладнево ќе настапи и во сингл, што најверојатно ќе биде и негов последен сингл во кариерата, пред дубл-пресметката во која ќе биде заедно со Карлос Алкараз. Тој ќе ја отвори денешната програма со сингл-дуелот против Ван дер Зандшулп, со надеж дека ќе стигне до позитивен резултат и ќе продолжи кариерата… за уште некој ден. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Крај за „кралот на земјата“: Холандија славеше над Шпанија и го испрати Надал во пензија
Екипа - пред 23 часа
Репрезентацијата на Холандија славеше над Шпанија со 2-1 во четвртфиналето од Дејвис купот и со тоа стави крај феноменалната кариера на неверојатниот Рафаел Надал. Токму Рафа беше еден од виновниците за поразот бидејќи го загуби својот сингл-меч против Ван де Зандшулп, а пораз забележаа и Карлос Алкараз и Марсел Гранољерс во игра на двојки. Недоволна за Шпанија беше победата на Алкараз во сингл. Рафа Надал кариерата ја заврши со 22 освоени гранд-слем титули. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Надал се расплака па загуби во веројатно последниот меч во својата кариера (ВИДЕО)
Екипа - пред 1 ден
Рафаел Надал под силни емоции го одигра натпреварот за Шпанија во Дејвис Купот, на мечот во Малага на кој доби шанса од капитенот Ферер прв да излезе на теренот. Целокупниот амбиент, ако се знае дека ова е можеби и последниот меч за Надал во кариерата бидејќи најави повлекување по турнирот во Малага, донесе силни емоции кај Рафа кој не можеше да се воздржи при интонирањето на химната пред стартот на мечот. А, потоа не можеше да му парира на Холанѓанецот Ван де Зансхулп кој лесно го победи миленикот на домашната публика, во два сета со 6-4 и 6-4, па со тоа малку го расипа славеничкото расположение во Малага. La congoja de Nadal escuchando el himno español antes del que puede ser el último partido de su carrera 😪 A ver quién aguanta una lágrima 😢pic.twitter.com/HNofsvx0CY — David Orenes (@david_lrl) November 19, 2024 По овој стартен пораз, сега Шпанците ќе мора да бркаат пресврвт за триумф над Холандија доколку сакаат полуфинале во Дејвис Купот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Надал: Сакам да ме паметат како…
Екипа - пред 18 часа
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одржа емотивен говор по пензионирањето. „Бикот од Мајорка“ го одигра последниот натпревар против Ботик ван де Зандшулп во Дејвис купот, каде Шпанија беше елиминира со 2-1. Рафа по завршувањето на кариерата истакна дека сака да биде запаметен како добар човек. „Титулите, бројките се таму, луѓето го знаат тоа, но јас би сакал да бидам запаметен како добар човек од мал град во Мајорка кој имал среќа да има вујко кој бил тениски тренер кога бил млад и одлично семејство кое ме поддржуваше во секое време и многу повеќе отколку што можев да сонувам“, изјави Надал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Најдобрите поени во историјата на Рафа Надал (ВИДЕО)
Екипа - пред 21 часа
Репрезентацијата на Холандија славеше над Шпанија со 2-1 во четвртфиналето од Дејвис купот и со тоа стави крај феноменалната кариера на неверојатниот Рафаел Надал. Шпанецот во неверојатната кариера освои дури 22 грандслем трофеи, од кои дури четиринаесет на Ролан Гарос што веројатно ќе остане рекорд кој никогаш нема да биде урнат не само на францускиот опен, туку и на било кој од преостанатите три гранд-слем турнира. Во продолжение ви го издвојуваме најдобрите поени во историјата на „кралот на земјата“. He came. He saw. He conquered. Every single championship winning moment in the legendary career of @RafaelNadal 🏆 ✨ pic.twitter.com/LU5r0azOTf — Tennis TV (@TennisTV) November 19, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
ВИДЕО: Надал емотивен: Се расплака, па го загуби можеби последниот меч во кариерата
Курир - пред 1 ден
Останати спортови Ѓоковиќ кон Надал: Последниот танц беше епски...
Надал се збогува: Чувствувам дека е ова мој последен меч
Екипа - пред 1 ден
Тениската репрезентација на Холандија поведе против Шпанија во четвртфиналниот натпревар на завршниот Дејвис куп турнир во Малага, откако Ботик ван де Зандшулп (АТП – 80.) го совлада Рафаел Надал со 6:4, 6:4. Ова е прв пораз за Надал на домашен терен во сингл мечеви во Дејвис купот и само втор во кариерата во ова натпреварување (29-2). До денес, Јиржи Новак, пензиониран чешки тенисер, беше единствениот кој успеа да го победи Надал, а тоа беше во 2004 година во дебито на Рафа во Дејвис купот, во затворени услови на тврда подлога во Брно. „Чувствувам дека ова е мојот последен меч во сингл“, рече Надал по поразот. Надал претходно најави дека по завршувањето на сезоната, ќе се откаже од тенисот. „Најк“ веќе му се заблагодари за се во кариерата. Thank you for giving everything, @RafaelNadal. pic.twitter.com/Cvye6Lpt20 — Nike (@Nike) November 19, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Надал со болен пораз се прости од тенисот пред домашните навивачи
Кајгана - пред 1 ден
Надал со болен пораз се прости од тенисот пред домашните навивачи Тенис А.С. / 19.11.2024 / 20:29 Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е поразен од Холанѓанецот Ботика ван де Зандшулп со 2:0 во сетови (6:4, 6:4) во четвртфиналето на Дејвис купот што Шпанија го игра против Холандија во Малага. Надал уште во октомври најави повлекување од тенисот во дуелите со Холандија во Дејвис купот, но крајот беше повеќе од болен. Пред натпреварот се интонираа државните химни, а Надал беше крајно емотивен, а на неговото лице можеа да се забележат солзи. Во првиот сет Ван де Зандшулп направи брејк на 4:4 и го доби првиот сет со 6:4. Во вториот рано стекна две брејк топки, по што Рафа успеа да врати една, но немаше шанси за пресврт Надал, кој на збогувањето не беше ниту сенка на поранешниот најдобар тенисер во светот. Иако постои можност Надал да игра во двојки, што допрва треба да се потврди, сè поизвесно е дека ова му беше последен меч во кариерата. Во текот на неговата прекрасна кариера, Надал освои 22 Грен слем титули, вклучувајќи 14 на Ролан Гарос. На тоа додаде четири титули на УС Опен и по две титули на Австралија Опен и Вимблдон. Тој исто така го освои олимпиското злато во Пекинг во 2008 година и 36 титули на Мастерс. Беше дел од најголемото трио во историјата на тенисот заедно со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, а јасно е дека по нивното заминување „белиот“ спорт никогаш повеќе нема да биде истиот. Тагови Рафаел Надал...
Надал заплака пред последниот меч во кариерата
Кајгана - пред 1 ден
го совладаа емоциите Надал заплака пред последниот меч во кариерата Тенис А.С. / 19.11.2024 / 17:56 Рафаел Надал во моментов го игра својот проштален натпревар, кој е номиниран за првиот меч од четвртфиналето на Дејвис купот што Шпанија го игра против Холандија во Малага. На првиот меч меѓу овие репрезентации, Надал ќе се соочи со Ботика ван де Зандшулп. Пред натпреварот се интонираа државните химни, а Надал беше крајно емотивен, а на неговото лице можеа да се забележат солзи. An emotional anthem for @RafaelNadal 🥹#DavisCup | @RFETenis pic.twitter.com/wZNt3kmB9x — Davis Cup (@DavisCup) November 19, 2024 Надал моментално води со 3:2 во првиот сет, а Ван де Зандшулп е на сервис, а во полуфиналето ќе се пласира првата селекција која ќе победи на два меча. Потсетуваме, Надал уште во октомври најави збогување со дуелите со Холандија во Дејвис купот. Тагови Рафаел Надал...
Надал заплака на збогувањето: Памтете ме не само како тенисер, туку и како добар човек
Кајгана - пред 20 часа
Надал заплака на збогувањето: Памтете ме не само како тенисер, туку и како добар човек Тенис Ф.З. / 20.11.2024 / 11:35 Холандската тениска репрезентација со победа од 2:1 ја запре Шпанија во четвртфиналето на Дејвис купот во Малага, со што и официјално ја заврши играчката кариера на Рафаел Надал. Во решавачкиот меч холандските двојки Ботик ван де Зандсхулп и Весли Коолхоф ги совладаа Карлос Алкарас и Марсел Гранољерс со 7:6 (7:4), 7:6 (7:3). „Постигнав повеќе отколку што можев да сонувам, сакам да ме паметат како добра личност. Заврши 20-годишната професионална кариера, во која ме носевте во добрите моменти, а во лошите ме туркавте да продолжам да играм. Ѝ честитам на Холандија за победата. Му честитан и на тимот на Шпанија бидејќи ми дозволија повторно да играм на Дејвис купот, кој не заврши како што сите сакавме. Проживеав многу важни моменти во кариерата со вас, тоа беше привилегија“, рече Надал во својот проштален говор. Шпанецот во кариерата освои 92 титули, вклучувајќи 22 Грен слем трофеја. Со шпанскиот тим 4 пати го освојуваше Дејвис купот. „Реалноста е дека човек никогаш не сака да дојде до овој момент, не сум уморен од тенис, но моето тело не сака повеќе да играм и морам да го прифатам тоа. Се чувствувам привилегирано, можам да бидам благодарен што моето хоби ми е професија“, додаде Шпанецот. Rafa Nadal during his retirement speech: “The titles, numbers, they’re there. People probably know that. The way I’d like to be remembered more is like a good person from a small village in Mallorca.” 🥹 pic.twitter.com/WzWoiKNfpY — The Tennis Letter (@TheTennisLetter) November 19, 2024 Надал истакна дека сака да биде запаметен како добар човек. „Титулите, бројките се таму, луѓето го знаат тоа, но јас би сакал да бидам запаметен како добар човек од мал град во Мајорка кој имаше среќа да има вујко кој беше тениски тренер и одлично семејство кое ме поддржуваше во секој момент. Имам среќа, бидејќи животот ми даде можност да доживеам незаборавни работи благодарение на тенисот“, заклучи Надал. Remote video URL Тагови Рафаел Надал...
(Видео) „Ти благодариме Рафа“ – Тенискиот свет го испрати Надал во пензија
Инфо - пред 18 часа
Шпанија испадна во четвртфиналето во Дејвис купот. На домашен терен во Малага, Панија загуби од Холандија со 1:2. Овој пораз го означи и крајот на кариерата на рафаел Надал. Во воведниот меч Надал загуби од Ботик ван де Зандсхулп со резултат 6:4, 6:4. Изедначи Карлос Алкараз со победата 7:6, 6:3 над Талон Гриксспор. Победникот беше решен во двојки. На едната страна беа Алкарас и Гранољерс, на другата Кулхоф и Ван де Зандсхулп. На крајот Холанѓаните славеа со 7:6(4), 7:6(3). „Бикот“ на патиките на Рафаел Надал ќе остане запаметен како симбол на неговата борбеност и пожртвуваност на теренот. Со интересно видео неговиот главен спонзор компанијата „Најки“ му се заблагодари на Надал за неговата неверојатна кариера. Очекуваното пензионирање на еден од најуспешните тенисери на сите времиња предизвика многу реакции. Главниот спонзор на Надал, компанијата „Најки“, на многу интересен начин и оддаде почит на кариерата на големиот шпански тенисер. Wow, this Nike tribute to Rafael Nadal in Paris is INSANE pic.twitter.com/J8TbztOemo — Olly (@Olly_Tennis_) November 19, 2024 Би можело да ве интересира Димитирјевиќ: Идол ми е Теодосиќ, но навивам за Партизан Тирам ќе отсуствува најмалку три недели (Видео) Денвер без Јокиќ падна во Оклахома, Дурент го растури поранешниот тим Кошаркарките на Србија се европски шампионки Надал контра бојкотот на Осака: Медиумите не направија тоа што сме Крај на лошата серија – Ваљадолид го победија Хетафе...
(Видео) Можеби ова е крајот на една величенствена кариера, Надал загуби од Ван де Зандсхулп
Инфо - пред 1 ден
Рафаел Надал, веројатно во својот последен меч во кариерата, загуби од Ботик ван де Зандсхулп. На отворењето на завршниот турнир во Дејвис купот, Холанѓанецот за 113.минути игра го победи Надал со 6:4, 6:4. Големиот Рафа Надал, пушти солзи во моментот кога се интонираше шпанската химна, пред почетокот на двобојот. Rafael Nadal crying during the national anthem. Can be the last time. They hope it’s not. pic.twitter.com/OCkWboW3sm — José Morgado (@josemorgado) November 19, 2024 На теренот осовојувачот на 22 Гренд слем трофеи, не делуваше лошо во првиот сет, во првите седум гема. Потоа попушти од 3:4, Ван де Зандсхулп дојде со 4:6, предност од 1:0 во сетови. Кризата на Надал продолжи и во вториот сет, Холанѓанецот направи два брејка, дојде до 1:4 имаше и сервис, но во тие моменти како да се исплаши од победата. Надал успеа да врати еден брејк дојде до 4:5, но немаше шанси во гемот во кој Ван Зандсхулп сервираше за победа. Холандија во четвртфиналето поведе со 1:0, во вториот меч ќе го одиграат Алкараз и Грикспор. Би можело да ве интересира Надал: По Дејвис купот ќе се случи голема промена во мојот живот (Видео) Никогаш поемотивен Ѓоковиќ за пензионирањето на Надал: „Шок – дел од мене замина со него“ (Видео) Надал ја заврши кариерата Крокодил влета на фудбалски тренинг на Флорида Три натпревари суспензија за Нејмар „Најсекси“ атлетичарката го испоти Томас Муние...
Надал го одигра последниот меч во кариерата и се збогува со емотивен говор: „Сакам да ме помните како добар човек од мало село во Мајорка“
Црнобело - пред 22 часа
Надал го одигра последниот меч во кариерата и се збогува со емотивен говор: „Сакам да ме помните како добар човек од мало село во Мајорка“ Детали среда, 20 ноември 2024 --> Tweet Откако го изгуби својот последен меч, Рафаел Надал одржа емотивен говор со кој им се заблагодари на фановите, тимот и семејството, но и ја покажа својата скромност. --> Рафаел Надал ја заврши блескавата 20-годишна кариера, откако го изгуби мечот во Дејвис Купот. --> 38-годишниот тенисер играше за Шпанија и изгуби против Холандија, а крајот на кариерата го одбележа со емотивен говор. View this post on Instagram A post shared by Roland-Garros (@rolandgarros) --> За тоа дали е задоволен од крајот на кариерата, тој изјави: --> --> „Не, задоволувачки е да му дадеш поен на тимот. Но, ова не се случи, го изгубив мојот меч. Но, во овој миг до мојата кариера, не можам многу да се жалам. Го дадов најдоброто од себе, пробав да уживам и да играм со вистинската енергија. Едноставно, не успеав. На некој начин добро е што ова беше мојот последен натпревар – го изгубив мојот прв меч на Дејвис Купот, а го изгубив и последниот. Па, го затворив кругот“. --> View this post on Instagram A post shared by Roland-Garros (@rolandgarros) --> На тенискиот терен се одржа церемонија во чест на познатиот тенисер, а Надал ја искористи можноста да му се заблагодари на семејството, на тимот, но и на бројните фанови од Шпанија кои го следеа натпреварот. „Имав 20-годишна професионална кариера во која вие ме водевте низ добрите времиња и лошите, и ме туркавте да продолжам да играм… Сакам да ѝ честитам на Холандија и да му се заблагодарам на целиот шпански тим што е овде, што ми дозволи повторно да играм во Дејвис Купот, што не помина како што сите сакавме. Го дадов најдоброто од себе.Поминав многу важни моменти од кариерата со оние кои се овде, беше привилегија. Постигнавме бројни убави нешта и сега вам ви е редот да продолжите...Вистината е дека никогаш не сакате да стигнете до оваа точка. Јас не сум уморен од играње тенис, но моето тело повеќе не сака да игра, и морам да го прифатам тоа. Се чувствувам привилегирано затоа што долго време моето хоби ми беше професионална кариера“. На видеобимот беше прикажано видео со инсерти од кариерата на тенисерот, но и говори во негова чест од страна на Федерер, Ѓоковиќ, Бекам, Серена Вилијамс… View this post on Instagram A post shared by Roland-Garros (@rolandgarros) Додека ги слушаше говорите, Надал едвај ги додржуваше солзите. „Титулите, бројките се овде, па луѓето сигурно веќе ги знаат. Но, повеќе би сакал да бидам запомнет како добра личност од мало село во Мајорка. Имав среќа што чичко ми беше тениски тренер во моето село кога бев мал и што имав прекрасно семејство кое можеше да ме поддржува. Само дете кое ги следеше своите соништа, работеше напорно за да стигне каде што сум денес...Но, многу луѓе го даваат најдоброто од себе, секој ден. Јас имав многу среќа во животот, имав можност да живеам, доживеав незаборавни искуства поради тенисот. Сакам да бидам запомнет како детето кое постигна повеќе отколку што сонуваше“, додаде тенисерот. Во продолжение видео од церемонијата во чест на пензионирањето на Надал: Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за... Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М... Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод... Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во ... Грижата за Михаел на годишно ниво чини неверојатни 7 милиони евра. Неговата сопр... Шампањ, факели и српска музика во луксузен ресторан – Како ја прослави Новак Ѓоковиќ победата во Пар... Со шампањ, факели и патриотска српска песна Новак Ѓоковиќ среде Париз го прослав... Контроверзии за боксерскиот меч на Мајк Тајсон и Џејк Пол + најсмешните мемиња Откако Џејк Пол го победи Мајк Тајсон во боксерски натпревар, многумина излегоа ... --> -->...
Тука е крајот: Холандија го испрати Надал во пензија
Спорт 1 - пред 1 ден
Дејвис куп репрезентацијата на Шпанија доживеа елиминација во четвртфиналето од турнирот во Малага, а со тоа официјално заврши блескавата кариера на Рафаел Надал. Легендарниот Шпанец најави дека овој турнир ќе биде негов последен, а на крајот излезе дека одигра само еден меч и тој го загуби. Шпанија загуби од Холандија со 1-2, Надал го играше првиот меч и го загуби од Ботик ван де Зандшлуп со 0-2 (4-6, 4-6), Алкараз израмни против Талон Грикспор, но во двојки со Гранољерс загуби од Кулхоф и Ван де Заншлуп и тоа беше крај за Шпанија и Надал. Кариерата на Надал траеше од 2002 до 2024 година, во овој период освои 92 трофеја од кои 22 Гренд слема, плус 36 на Мастерсите, 23 на турнирите од Серија 500, 10 на турнирите од Серија 250 и едно олимписко злато. На првото место на АТП листата помина 209 недали, најтрофеен играч е на Ролан Гарос со 14 титули, како и во Монте Карло, Рим и Мадрид. Единствени турнири кои не успеа да ги освои се Мастерсите во Мајами и Париз и завршниот во сезоната....
Надал се расплака пред „последниот танц“ во кариерата (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по 92 освоени титули во кариерата, меѓу кои и 22 гренслем-пехари, конечно се ближи кон крајот и наскоро ќе се повлече од тениските терени. Шпанија игра против Холандија во четвртфиналето на Дејвис Купот во Малага, а Надал претходно објави дека тоа му е последно натпреварување во кариерата. Пред почетокот на мечот, за време на химната, Надал не можеше да ги задржи солзите и се расплака пред публиката. Nadal was moved to tears while listening to the Spanish anthem ❤️💛 pic.twitter.com/QXTIoKZpzn — Bastien Fachan (@BastienFachan) November 19, 2024...
Дејвис куп: Холандија во полуфиналето, Надал го одигра последниот натпревар
365.mk - пред 5 часа
Холандската тениска репрезентација се пласираше во полуфиналето на завршниот Дејвис куп турнир победувајќи ја шпанската селекција во Малага со 2-1, а решавачкиот бод во игра на двојки го освоија Весли Кулхоф и Ботик ван де Зандшулп, кои со 7-6 (4), 7-6 (3) ги победија Карлос Алкараз и Марсело Гранолерс. Холанѓаните во петок ќе играат во полуфиналето против подобриот од мечот меѓу Германија и Канада кој е закажан за в среда. Поразот на Шпанија значи дека Рафаел Надал стави крај на својата блескава кариера во вторникот, а Ботик ван де Зандшулп ќе биде играч кој го победи во збогувањето (6-4, 6-4) за да им донесе водство на Холанѓаните и да стане единствениот тенисер кој успеал да го порази Надал во сингл меч од Дејвис купот на шпанска почва. Тоа беше втор пораз за Надал во Дејвис купот (29-2), откако првиот го претрпе во 2004 година во своето деби, кога беше поразен во Брно од сега пензионираниот чешки тенисер Јиржи Новак. „На некој начин, можеби е добро што тоа беше мојот последен натпревар. Изгубив во првиот настап во Дејвис купот, а загубив на последниот. Го затворив кругот. Сакав да му помогнам на тимот да победи, но јас не успеав“, рече Надал на прес-конференцијата. Карлос Алкараз не успеа да ја продолжи кариерата на Надал за барем уште еден настап во Дејвис купот. Во сингл мечот ја надополни „брејк“ негативата во првиот сет (2-4) и го совлада Талон Грикспур со 7-6 (0), 6-3, но во двојка со Марсел Гранолерс не можеше да го комплетираа пресвртот за пласман во полуфиналето, бидејќи Ботик ван де Зандшулп и Весли Кулхоф беа нешто подобри во дуел со многу висок квалитет. Шпанците пропуштија сет-поен во првиот дел од мечот на сервис на противникот при водство од 5-4, а во вториот сет пропуштија и брејк предност (4-2). Во двата тај-брејка Холанѓаните сервираат и брилијантно вратија, што беше нивна добитна комбинација. Со тоа Весли Кулхоф ја продолжи кариерата за уште еден натпревар, која ќе трае сѐ додека Холанѓаните ќе останат на турнирот во Малага. - Реклама -...
(ВИДЕО) Рафаел Надал ја заврши кариерата
Спорт Клуб - пред 23 часа
(ВИДЕО) Рафаел Надал ја заврши кариерата ТЕНИС 20/11/2024 91 Тениската репрезентација на Холандија се пласираше во полуфиналето на завршниот Дејвис куп турнир победувајќи ја Шпанија во Малага со 2:1, а во петок во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Германија и Канада. Поразот на Шпанија значи и дека кариерата на Рафаел Надал е завршена. Ботик ван де Зандшулп ќе остане запишан како играчот кој го победи на збогувањето (6:4, 6:4), со што стана единствениот тенисер кој успеал да го совлада Надал во сингл меч во Дејвис купот на шпанско тло. Gracias Rafa, for everything ❤️💛#DavisCup #GraciasRafa #Rafa pic.twitter.com/zpoenLcXel — Davis Cup (@DavisCup) November 19, 2024 Тоа беше втор пораз за Надал во Дејвис купот (скор 29:2), откако првиот го претрпе во 2004 година на дебито, кога во Брно беше поразен од пензионираниот чешки тенисер, Јиржи Новак. – На некој начин, можеби е добро што тоа беше мојот последен натпревар. Загубив на првиот настап во Дејвис купот, а загубив и на последниот. Го затворив кругот. Сакав да му помогнам на тимот да победи, но не успеав, изјави 38-годишниот, сега пензиониран леворак тенисер. На церемонијата на збогувањето, Надал зборуваше со солзи во очите и читаше проштални пораки од тениските великани. Легендите како Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј се простија од својот ривал, го поздрави Серена Вилијамс, како и Андрес Иниеста, Дејвид Бекам, Икер Касилјас… – Моето тело ми кажа дека повеќе не сака да игра тенис. Морам да го почитувам тоа. Се чувствувам привилегирано. Хобито го претворив во бизнис. Најважно е да ме сметате за добра личност, е дел од она што го кажа Надал на збогувањето со тенисот. Тенисот ќе го памети како еден од најголемите што некогаш зел рекет во раце. Поранешниот број 1 на АТП листата, единствениот што на таа позиција бил во минатите три децении, се пензионира со 22 грен слем титули, 92 освоени турнири, четири Дејвис купа и олимписко злато. Тој остави најдлабока трага на париско тло. На Ролан Гарос, на турнирот пред чии терени од 2021 година има негова статуа, тој победи на 112 од 116 натпревари во кариерата и го освои дури 14 пати. Тој освои две титули на Вимблдон, две на Австралија опен и четири на САД опен. Има 36 титули од турнирите од серијата Мастерс 1000. Сподели преку FacebookTwitterWhatsAppпечатењеTelegramCopy URL ПретходноЛегендите на Јунајтед веќе му посочија на Аморим: Ова мора да му биде првиот и најважен чекорСледно(ВИДЕО) Најдобриот тим во НБА го забележа првиот пораз сезонава ПОВРЗАНИ НОВОСТИ Меси остана без тренер. Легендата на Барса е еден од долгата листа можни наследници 20/11/2024 Надал заврши со активното играње, но нема да мирува 20/11/2024 Барса и Реал Мадрид во борба за одличен тинејџер 20/11/2024 (ВИДЕО) Денвер конечно победи без Јокиќ, историски трипл-дабл на Вестбрук 20/11/2024 НАЈНОВО Меси остана без тренер. Легендата на Барса е еден од долгата листа можни наследници ФУДБАЛ 20/11/2024 Надал заврши со активното играње, но нема да мирува ТЕНИС 20/11/2024 Џенова го отпушти тренерот Џилардинo, го менува Виера! ФУДБАЛ 20/11/2024 Барса и Реал Мадрид во борба за одличен тинејџер ФУДБАЛ 20/11/2024 (ВИДЕО) Денвер конечно победи без Јокиќ, историски трипл-дабл на Вестбрук КОШАРКА 20/11/2024...
Алкараз вели ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
365.mk - пред 13 часа
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се осврна на крајот на кариерата на сонародникот Рафаел Надал. – Она што ќе го паметам за Надал е страста со која го живееше тенисот. Својот последен турнир го одигра со неверојатна страст. Имав среќа што играв со него, тренирав со него… помалку отколку што би сакал. Ако мојата кариера е дури половина добра од онаа на Рафа, ќе бидам повеќе од среќен. Мојот сон отсекогаш бил да станам број еден во светот и да освојам Грен слемови. Голем дел од овој сон постоеше благодарение на Рафа Надал. Се сеќавам како победуваше кога бев мал. Тогаш помислив дека еден ден ќе бидам јас таму, изјави Алкараз за „The Tennis Letter“. Шпанската репрезентација синоќа загуби од Холандија (1:2) во четвртфиналето на Дејвис купот. Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Надал. Претходна статијаБарање за азил во земјите од ЕУ во август поднеле 69.270 лица – 24,8 отсто помалку од лани Следната статијаШтрајкуваат над 50.000 поштари во Канада поради ниски плати - Реклама -...
Ван де Зандшлуп го шокира Надал во првиот четвртфинален меч во Дејвис купот
Спорт 1 - пред 1 ден
Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал одамна не игра на посакуваното ниво поради тоа што се соочи со незгодни повреди, а денеска разочара пред својата публика и загуби со 0-2 во сетови, односно 4-6 и 4-6 од Ботик Ван Де Зандшлуп. Надал уште на самиот почеток покажа дека ќе има проблеми против Холанѓанецот во првиот четвртфинален меч од Дејвис купот, а не му помогна ни огромната поддршка на теренот во Малага. Шпанецот по 23 години во професионалниот тенис, 1.080 победи и 92 титули, можеби го одигра последниот меч во кариерата, но тоа ќе зависи од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Талон Грикспор....
Надал ја заврши кариерата: Сакам да ме памтите како добар човек од мал град
Супер спорт - пред 22 часа
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓ Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја заврши кариерата со последниот настап за неговата селекција, која беше поразена од Холандија со 1-2 во четвртфиналето на Дејвис Купот. Надал го одигра последниот турнир во кариерата и заминува во пензија со 92 титули, од кои 22 се гренслем-пехари. „Титулите се важни, но сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град и момче кое постигна повеќе отколку што некој можеше да замисли“, кажа Надал. Холандија во полуфиналето на Дејвис Купот ќе се соочи со подобриот од средбата меѓу Германија и Канада....
Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
Макпрес - пред 5 часа
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се осврна на крајот на кариерата на сонародникот Рафаел Надал. - Она што ќе го паметам за Надал е страста со која го живееше тенисот. Својот последен турнир го одигра со неверојатна страст. Имав среќа што играв со него, тренирав со него... помалку отколку што би сакал. Ако мојата кариера е дури половина добра од онаа на Рафа, ќе бидам повеќе од среќен. Мојот сон отсекогаш бил да станам број еден во светот и да освојам Грен слемови. Голем дел од овој сон постоеше благодарение на Рафа Надал. Се сеќавам како победуваше кога бев мал. Тогаш помислив дека еден ден ќе бидам јас таму, изјави Алкараз за „The Tennis Letter“. Шпанската репрезентација синоќа загуби од Холандија (1:2) во четвртфиналето на Дејвис купот. Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Надал...
Ван де Зандшлуп го победи Надал: Шпанија губи од Холандија во Дејвис купот
Макпрес - пред 1 ден
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е поразен од Ботик Ван де Зандшлуп со 2:0, во сетови 6:4, 6:4 во четвртфиналето на Дејвис купот. Самиот почеток на завршниот Дејвис куп турнир беше многу емотивен за Надал и сите присутни во Малага. Беше јасно дека еден од најдобрите тенисери во историјата можеби ќе го игра својот последен меч. Двајцата играчи беа доста сигурни во нивните почетни сервис гејмови. Тоа траеше речиси до самиот крај на првиот сет, а потоа Ван де Зандшлуп стигна до брејк на 4:4. Холанѓанецот потоа рутински стигна до сет водство. Добрата игра холандскиот тенисер ја продолжи на стартот од вториот сет, каде веднаш стигна до брејк. Надал не играше добро во тие моменти, а Ван де Зандшлуп стигна до водство од 4:1. Шпанецот успеа да возврати со еден брејк, но после тоа не се закани сериозно на сервисот на противникот кој стигна до триумфот. Шпанија, која е домаќин на финалето на Дејвис купот, губи со 1:0 од Холандија. Наскоро на терен ќе излезе Карлос Алкараз и во случај да го совлада Талон Грикспор ќе се играат двојки. Според распоредот за шпанските двојки пријавени се Алкараз и Марсел Ганољерс, а Холандија ќе ја претставуваат Ботик Ван де Зандшлуп и Весли Колоф....
Надал: Сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка
Макпрес - пред 17 часа
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по поразот на шпанската репрезентација синоќа од Холандија (1:2) во четвртфиналето на Дејвис купот, проговори како навивачите треба да го паметат. - Титулите се важни, но најмногу сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка и момче кое постигна повеќе отколку што можеше да замисли, изјави Надал на тернот во Малага. Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Шпанец. Има 1.080 победи во сингл и 92 титули, вклучувајќи 22 Грен слем титули. Надал е сопственик и на две златни олимписки медали. Во полуфиналето на Дејвис купот, Холандија ќе игра со победникот од пресметката Германија – Канада....
Надал: Сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка
Бриф - пред 23 часа
Надал: Сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка...
Солзи во Малага: Надал го загуби можеби неговиот последен меч
Спортмедиа - пред 1 ден
Други спортовиТенисТОП Солзи во Малага: Надал го загуби можеби неговиот последен меч 19.11.2024 20:43 318 Еден од најдобрите тенисери во историјата, Шпанецот Рафаел Надал го одигра можеби последниот натпревар во неговата кариера. Во денешното четврфинале во Дејвис Купот во Малага, Надал загуби од Холанѓанецот Ван де Зандшулп со 6:4, 6:4 по час и 51 минута игра. Холандија на тој начин поведе со 1:0. Од претставувањето до ракувањето по натпреварот, полната сала во Малага, гласно навиваше за Рафаел Надал. Освојувачот на 14 Грен слем турнири на Ролан Гарос во Париз, и вкупно 22 Грен слем титули во кариерата, ја завршува кариерата на 38 години. Можеби овој неговиот прв натпревар во четвртфиналето на Дејвис купот беше и последен. Триесет и осумгодишниот Надал за првпат играше во Малага откако беше елиминиран во второто коло на Олимписките игри во Париз, кога беше поразен од Новак Ѓоковиќ. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноРеал се откажа од Александер-Арнолд, барем до летоСледноМартино си замина од Интер Мајами, Бекам мора да бара нов тренер Saso Kuzmanovski...
„Ти благодариме Рафа“ – тенискиот свет го испрати Надал во пензија
24 Инфо - пред 20 часа
Спорт „Ти благодариме Рафа“ – тенискиот свет го испрати Надал во пензија 20/11/2024 12:10 Шпанија испадна во четвртфиналето во Дејвис купот. На домашен терен во Малага, Панија загуби од Холандија со 1:2. Овој пораз го означи и крајот на кариерата на рафаел Надал. Во воведниот меч Надал загуби од Ботик ван де Зандсхулп со резултат 6:4, 6:4. Изедначи Карлос Алкараз со победата 7:6, 6:3 над Талон Гриксспор. Победникот беше решен во двојки. На едната страна беа Алкарас и Гранољерс, на другата Кулхоф и Ван де Зандсхулп. На крајот Холанѓаните славеа со 7:6(4), 7:6(3). „Бикот“ на патиките на Рафаел Надал ќе остане запаметен како симбол на неговата борбеност и пожртвуваност на теренот. Со интересно видео неговиот главен спонзор компанијата „Најки“ му се заблагодари на Надал за неговата неверојатна кариера. Очекуваното пензионирање на еден од најуспешните тенисери на сите времиња предизвика многу реакции. Главниот спонзор на Надал, компанијата „Најки“, на многу интересен начин и оддаде почит на кариерата на големиот шпански тенисер. Wow, this Nike tribute to Rafael Nadal in Paris is INSANE 🥹🇪🇸🔥 pic.twitter.com/J8TbztOemo— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) November 19, 2024...
Надал денес го игра можеби последниот меч во кариерата!
Спортски - пред 1 ден
Во Малага, Шпанија денеска започнува завршниот турнир во Дејвис Купот кој е во центарот на вниманието поради збогувањето на Рафаел Надал. Надал пред два месеци најави дека со настапот во Дејвис Купот ќе се збогува од професионалниот тенис, а останува да видиме дали денес мечот помеѓу Холандија и Шпанија ќе биде негов последен. Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓ „Идеално збогување не постои, тоа го има само во американските филмови, го сфатив тоа пред многу време. Но, не сум загрижен, збогувањето ќе биде такво какво што ќе биде“, изјави НадалНадал во кариерата четири пати го освојуваше овој турнир, а освои уште 22 гренслем трофеи, 36 пехари од Мастерс турнирите и вкупно 92 титули. Шпанеот денеска ја отвора денешната програма против Ван дер Зандшулп, со надеж дека ќе стигне до позитивен резултат и ќе ја продолжи кариерата уште малку. Коментари...
Рафаел Надал ја заврши кариерата
Спортски - пред 1 ден
Тениската репрезентација на Холандија се пласираше во полуфиналето на завршниот Дејвис куп турнир победувајќи ја шпанската селекција во Малага со 2:1. Поразот од Шпанија значи и дека кариерата на Рафаел Надал е завршена. Тоа беше втор пораз за Надал во Дејвис купот (29:2), откако првиот го претрпе во 2004 година во своето деби, кога во Брно беше поразен од пензионираниот чешки тенисер Јиржи Новак. Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓ „На некој начин, можеби е добро што тоа беше мојот последен натпревар. Изгубив во првиот настап во Дејвис купот, и загубив на последниот. Го затворив кругот. Сакав да му помогнам на тимот да победи, но не успеав“, изјави 38-годишниот, сега пензиониран тенисер.На церемонијата на збогување, Надал зборуваше со солзи во очите и читаше проштални пораки од тениските великани. Од својот ривал се простија легендите како Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, го поздрави Серена Вилијамс, како и Андрес Иниеста, Дејвид Бекам, Икер Касиљас… Коментари...
Надал заплака пред последниот меч во кариерата🎥
Спортски - пред 1 ден
Во Малага, Шпанија денеска започнува завршниот турнир во Дејвис Купот кој е во центарот на вниманието поради збогувањето на Рафаел Надал. Надал пред два месеци најави дека со настапот во Дејвис Купот ќе се збогува од професионалниот тенис, Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓ Шпанија игра против Холандија во четвртфиналето на Дејвис Купот, а пред почетокот на мечот, за време на химната, Надал не можеше да ги задржи солзите и се расплака пред публиката.Nadal was moved to tears while listening to the Spanish anthem ❤️💛 pic.twitter.com/QXTIoKZpzn— Bastien Fachan (@BastienFachan) November 19, 2024 Коментари...