Адвокатот што го возел Палевски до Турција се онесвестил кога прочитал за што го обвинуваат Палевски
А1он - пред 18 часа
На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција. Добивај вести на вибер Сведок Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија „Десна“, а со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности. -До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година имав приватни проблеми и ретко одев, рече сведокот. Прашан дали Палчо му се јавил на 1 декември 2023 година, одговори да. -На Телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски во 15 за 9. „Што правиш, можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, дојдов на прегледи и нешто да завршам за партијата“? Реков дека ќе дојдам, да завршам само со сервисот, образложи сведокот. Продолжи, „ми рече да го земам од Белград и да го вратам во Македонија. Во Белград стигнав во 15:30 попладнето на први. Ми пушти адреса каде да го најдам. Го земав во центарот на Белград“. Прашан каде и кога тргнале, одговори дека тргнале да се враќаат кон Скопје. -Тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва, ми требаше многу време да излеземе од Белград, некаде Велика Плана застанавме на ручек. Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборевме за активностите во партијата, дека требало да се активира, рече тој. Од Велика Плана, на враќање, тргнавме по патот за Скопје, пред Ниш ми кажа дека треба да застанеме во Ниш. Разговараше со Васко, адвокатот и затвори, тогаш разбрав дека е со Васко. Не знам зошто разговарал со него, само ме информираше дека разговарал со Васко. Потоа рече изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што требало да се види му закажал во за 8:30 часот утредента, рече сведокот. Потоа посочи дека останале во хотел во Ниш и кога седеле на тераса, како што рече му соопштил дека му е резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за кичмата. -И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники, рече сведокот, дополнувајќи дека поефтина варијанта му било да го однесе до Турција. Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не.Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај Турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски. -Вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување по хотели, не му успеваше, како што го разбрав отпосле преку лицето Велибор се сместивме во една куќа, плати, рече сведокот. Прашан дали додека се возеле до Турција, забележале нешто невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување, сведокот одговори не. -На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале, рече тој. Прашан зошто Палевски одлучил да се смести во куќа, а не во хотел, одговори дека му испаѓало дека треба да плати 800 евра. -Поефтино му беше да земе стара куќа под наем за 150 евра. Куќата беше изнајмена за три месеци. Операцијата му беше закажана во Истанбул за понеделник, затоа сакаше поефтин смештај, беше кус со пари, рече сведокот. Во продолжението од сведочењето рече дека на 3.12.2023 после доручекот си заминал. -На доручекот ме информираше, го видов блед, абе, вели, „го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа во Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене“. Вели, „вчера влегле у штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче“, раскажа сведокот. Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата. Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и откако си заминал Љупчо останал во градот. -Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, „што е ова, да не го местат“. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата, рече сведокот. Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил. -Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил, цитираше сведокот. Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно. -Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто, рече сведокот. На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта. Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“. Претходно денеска сведочеа познаници на Палчо, сведоците Ерол Османи и Ламбе Бучков. Воедно, на денешното рочиште судот информираше дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ. Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за прв пат денеска се запознава со изјавата и допрва ќе треба да се види за што станува збор. На следното рочиште закажано за 25 ноември 2024 се предвидени сведоците Игор Јанушев, Зоран Абаз и Љупчо Мицевски. Досега, на изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 25 ноември 2024 година....
ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО за двојното убиство на Вања и Панче
Време - пред 23 часа
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања.На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.Сведокот Османи: ПАЛЧО ДОЈДЕ СО БЕЛ ПИКАП, ИМАШЕ ВДЛАБНАТИНА НА ВРАТАТАТомовски: Владините објекти 7 години се оставени без имотни листови и без да се закова една шајка...
СВЕДОК: ПАЛЧО МИ ДОЛЖИ 15 000 ЕВРА!
Време - пред 21 часа
Несудениот инвеститор, кој му ги дал парите на Палевски, всушност биле за парцели кои ги поседувал во општина Центар, но никогаш општината не дала дозвола за градба. Сведокот Ламбе Бучков е сведок на обвинителството кој тврди дека Палевски му должи 15 илјади евра пари кои сведокот ги подигнал на кредит за да го подмири долгот на Палчо кај негов пријател.Сведокот секој ден одел во седиштето на партијата да си ги бара парите од Палевски, а овој му ветувал дека ќе ги има до петок (01-12-2023).Сведокот комуницирал со Палевски додека бил во Белград и Турција, му кажал дека ќе се врати наскоро бидејќи му дошла полиција во партијата и барале некое возило. Сведокот тврди дека Палевски имал неколку пиштоли, а Палчо му се жалел дека службите го следеле и му правеле опструкции.ИМАМЕ ПРИЈАТЕЛИ ВО НАЈМОЌНАТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ, рече Мицкоски за номинацијата на Лутник за секретар за трговијаНиту еден од 45 доктори специјалисти НЕ ДЕЖУРАЛ ВО АМБУЛАНТАТА НА ДЕТСКА КЛИНИКА...
Палевски дојде кај мене да го поправи котелот за греење ден по убиството на Вања – сведочи негов пријател
А1он - пред 20 часа
– Во Основен кривичен суд Скопје во врска со случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на обвинителството сведочат познаници на обвинетиот Љупчо Палевски. Добивај вести на вибер Сведокот Ерол Османи, изјави дека се познава со Палчо во време на издавање на дневниот весник „Глобал“. -Тогаш бев повикан од неговите издавачи да помогнам во издавање на весникот затоа што не одеше како што треба, рече тој, дополнувајќи и дека откако се затворил весникот останале во комуникацијата и биле пријатели. Според неговото сведочење, тие биле во контакт и лани, кога Османи го побарал за сервис на котел за греење. -Го побарав, затоа што земав котел за греење дома, го контактирав често пред сезона на греење. Последната година, лани, не ми функционираше воопшто котелот и не можев воопшто да го користам и затоа се зачестени тие повици од мене кон него во тој период, од средина на ноември лани, рече сведокот. Прашан дали го побарал Палевски на 27.11.2023, одговори потврдно. -Го барав на Фејсбук и околу 11 и нешто часот навечер, ми јави дека ќе дојде утре сабајле и сабајлето утре имаме комуникација дека доаѓа и потврдува во 11 часот дека доаѓа и дојде и го среди котелот, дополни сведокот. Прашан кое било образложението за причината што не дошол на 27.11.2023, одговори дека Палчо му рекол дека е преладен. -На 28.11.2023 беше добар со здравјето. Разговаравме, не спомна ништо во врска со претходниот ден. Однесувањето му беше сосем нормално, рече Османи Дополни дека Палчо кај него дошол со, како што рече „некое бело возило, француско, пик ап, забележав дека беше удрена вратата кај возачот“. Прашан дали му кажал дека планира да замине на лекување, одговори дека не. -Не. Знам дека последните две години имаше проблем со кичмата, меѓутоа не ми спомна такво нешто, рече тој Сведокот посочи дека не забележал Палчо да носи оружје и одговори дека никогаш не комуницирале преку радио-врски. На прашања од обвинетиот Палчо, дали на 22.11.2023 бил кај него да поправа котел и дали му е познато дека на 28 од 10 до 12:30 Палчо бил во живо на Јутуб поткаст, тој цитираше порака од Палчо. -Јас сум на лајв редовен поткаст во живо, завршувам брзо, ја земам ќерка ми од Алкалоид, лаптопот е со мене и доаѓам кај тебе. Прашан колку време траеше сервисот, рече од прилика половина час, до 40 минути а може и саат време. -Го дијагностицира проблемот многу брзо, го отвори редукторот и го среди, рече сведокот, дополнувајќи дека Палчо не му наплатил за својата работа. Прашан дали постои можност да го помешал денот 22 ноември со 28 ноември, тој одговори не. -На 22.11.2023 година јас имам пуштено порака до фотографија на која што сти моторот од котелот. Потоа моите пораки продолжуваат до 27 ноември. И на 27 навечер во 23:30 добивам одговор кој што вели „Ќе дојдам бе сабајле, одма сум подобар. Одлежав три четири часа, како да ме згазил камион, ама океј не е страшно, ќе пројдам со лаптоп, сабајле само да станам“, цитираше сведокот. Сведок Ламбе Бучков, рече дека го познава Палчо повеќе од 20 години. -Во периодот кога се запознавме бев вработен во МВР, тој се занимаваше со градежништво, рече тој. Прашан каква соработка воспоставиле, одговори дека таа почнала кон крајот на 2011 година. -Нашата соработка почна крајот на 2011-2012 година кога Љупчо Палевски побара, знаеше дека мој другар е еден од поимотните луѓе, да инвестира да се доврши зградата Тифани. Соработката почна успешно, зградата се заврши и почна да функционира, рече сведокот. Дополни дека и потоа продолжиле да соработуваат. -Продолживме и потоа да соработуваме, тој ги понуди локациите што ги имаше земено во Општина Центар, доколку сака другарот мој да ги откупи и да почне да гради зграда. Направен договор, пренесено, но до ден денеска нема одобрение за градба, рече тој. Посочи дека на Палчо му бил Даден аванс од 15 000 евра кои откако увиделе дека договорот не може да се реализира, му ги побарал назад, но тој не им ги вратил. -Од септември 2022 јас почнав поинтензивно да се гледам со Палчо и му кажав дека треба да се вратат парите што се дадени затоа што од локациите и од работата нема ништо. Јас со него контактирав 2-3 пати неделно и му одев во седиштето на партијата, некогаш сам, некогаш со мој пријател, на сите локации во седиштето, рече тој. Прашан дали Палевски му одговарал на пораките, одговори да. -Ми рече дека чека некои средства и дека ќе ми ги врати парите, секогаш кога ќе се видевме. Тоа се одолговлекуваше затоа што и него некој го лажел, рече сведокот Бучков. Сведокот беше прашан дали се познава со некој од обвинетите, при што посочи дека го сретнувал Влатко Кешишов во седиштето на партијата, последниот пат кога го видел Кешишов ми рекол дека Палчо е на пат. -Со Љупчо Палевски последен пат искомуницирав во месец декември во неделата, ми се јави од Турција. Ми кажа дека отишол во Турција по работа, рече сведокот. Дополни дека Палчо му кажал дека сакал да се врати во Македонија и дека Кешишов му кажал дека го бара полицијата. Прашан дали на 1.12.2023 разговарал со Палевски, одговори да. -Разговаравме на Вибер и Ватсап, ми кажа дека сакал да тргне за Македонија, меѓутоа има договорено состаноци во Бугарија и во Турција и дека сакал да дојде тука, наводно дека му кажал на Влатко, „дај им сѐ што бараат на полицијата“. Кога ми кажа дека сакале некое возило да земат, му реков да не сте направиле некои судар, тој ми одговори „не, било видено негде такво возило негде каде што го снемало некое девојче“, рече сведокот. Прашан дали се слушнал со Палчо кога бил во Турција, одговори да. -Ми се јави од неговиот број на Вибер неделата околу ручек. Ми кажа дека е во Турција во Истанбул и дека понеделник сабајле ќе тргне и ќе дојде во Македонија да расчисти што го бараме, рече тој. Прашан каква била финансиската состојба на Палевски во периодот додека се познавале, одговори дека имал многу пари. -Човекот имаше многу пари и сите околу него имаа пари, меѓутоа почнаа да се случуваат некои работи, да одат против него политичката елита и да му одат работите надолу, рече тој. Прашан дали се познава со членови од семејството на Палевски, тој одговори дека се познавал со брат му и ја има видено мајка му. -Летно време се видов со брат му, додека беше Палевски во притвор во Турција. Рече „брат ми не можел да направи такво дело ти го знаеш тоа, можеби ќе те викаат на суд, само да ја кажуваш вистината“, рече сведокот. Тој рече дека знаел дека Палчо има неколку вида на оружје, меѓутоа, како што посочи, не ги видел никогаш. Прашан што му кажал Палчо кога му се јавил од Белград, одговори дека му кажал дека имал состаноци. -Ми кажа дека има договорено состанок во Софија, потоа оди за Турција. Во Бугарија состанок со некоја политичка партија во врска со избори. Во Турција исто, се ближат избори рече, мора да се прави нешто. Кога се објави сѐ, се јавив кај висок полициски функционер, им кажав дека сум во контакт со Палчо и ги известив дека им стојам на располагање да го донесам Палчо, никој не ми се обрати. Шест месеци ме следат по базни станици кај одам и што барам, рече сведокот. Сведокот беше испрашан и од обвинетиот Љупчо Палевски, по однос на договорот за отстапените места во Центар. Прашан дали Палчо е должен да ги врати парите, сведокот одговори дека тој усно му кажал дека ако не се заврши работата ќе ги врати парите. Во продолжението на судењето треба да сведочи сведокот Стефан Димовски, лицето кое го превезе Палчо од Белград до Турција, за кого исто така се води постапка. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска....
Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски
А1он - пред 1 ден
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Добивај вести на вибер На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска....
Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември
Бизнис вести - пред 19 часа
Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција. Сведок Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија „Десна“, а со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности. -До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година имав приватни проблеми и ретко одев, рече сведокот. Прашан дали Палчо му се јавил на 1 декември 2023 година, одговори да. -На Телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски во 15 за 9. „Што правиш, можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, дојдов на прегледи и нешто да завршам за партијата“? Реков дека ќе дојдам, да завршам само со сервисот, образложи сведокот. Продолжи, „ми рече да го земам од Белград и да го вратам во Македонија. Во Белград стигнав во 15:30 попладнето на први. Ми пушти адреса каде да го најдам. Го земав во центарот на Белград“. Прашан каде и кога тргнале, одговори дека тргнале да се враќаат кон Скопје. -Тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва, ми требаше многу време да излеземе од Белград, некаде Велика Плана застанавме на ручек. Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборевме за активностите во партијата, дека требало да се активира, рече тој. Од Велика Плана, на враќање, тргнавме по патот за Скопје, пред Ниш ми кажа дека треба да застанеме во Ниш. Разговараше со Васко, адвокатот и затвори, тогаш разбрав дека е со Васко. Не знам зошто разговарал со него, само ме информираше дека разговарал со Васко. Потоа рече изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што требало да се види му закажал во за 8:30 часот утредента, рече сведокот. Потоа посочи дека останале во хотел во Ниш и кога седеле на тераса, како што рече му соопштил дека му е резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за кичмата. -И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники, рече сведокот, дополнувајќи дека поефтина варијанта му било да го однесе до Турција. Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не. Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски. -Вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување по хотели, не му успеваше, како што го разбрав отпосле преку лицето Велибор се сместивме во една куќа, плати, рече сведокот. Прашан дали додека се возеле до Турција, забележале нешто невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување, сведокот одговори не. -На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале, рече тој. Прашан зошто Палевски одлучил да се смести во куќа, а не во хотел, одговори дека му испаѓало дека треба да плати 800 евра. -Поефтино му беше да земе стара куќа под наем за 150 евра. Куќата беше изнајмена за три месеци. Операцијата му беше закажана во Истанбул за понеделник, затоа сакаше поефтин смештај, беше кус со пари, рече сведокот. Во продолжението од сведочењето рече дека на 3,12. 2023 после доручекот си заминал. -На доручекот ме информираше, го видов блед, абе, вели, „го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа у Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене“. Вели, „вчера влегле у штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче“, раскажа сведокот. Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата. Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и откако си заминал Љупчо останал во градот. -Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, „што е ова, да не го местат“. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата, рече сведокот. Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил. -Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил, цитираше сведокот. Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно. -Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто, рече сведокот. На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта. Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“. Претходно денеска сведочеа познаници на Палчо, сведоците Ерол Османи и Ламбе Бучков. Воедно, на денешното рочиште судот информираше дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ. Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за прв пат денеска се запознава со изјавата и допрва ќе треба да се види за што станува збор. На следното рочиште закажано за 25 ноември 2024 се предвидени сведоците Игор Јанушев, Зоран Абаз и Љупчо Мицевски. Досега, на изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 25 ноември 2024 година. ар/ев/ФОТО: МИА Архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Во Кривичен продолжува судењето за убиствaтa на Вања и Панче
Република - пред 1 ден
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Кешишев се предомисли, Палчо не бил со нив кога се случиле убиствата
Република - пред 18 часа
Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев доставил изјава преку затворот до судот, во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палвески Палчо не бил со другите обвинети кога се случиле киднапирањата и убиствата, туку спиел во штабот на партијата Десна. Кешишев тврди дека едниот од обвинетите, Велибор Манев, им се заканувал и вршел притисок првично да каже дека Палевски е организатор и дека тој пукал. Според неговата нова изјава, само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје. На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев. Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата. Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби ќе треба да барам политички азил во Белорусија, му рекол Палчо на пријателот Денеска сведочеше и Стефан Димковски, основач на партијата Десна и човек кој од Србија преку Бугарија, со кола го однел Палевски до Турција. Палевски му се јавил на први декември лани, откако според обвинението, на 27 ноември ја киднапирал, убил и веќе ја закопал и Вања. „Ми рече да го земам од Србија, да го вратам назад во Скопје“, сведочеше Димковски кој потоа, откако Палевски сменил план, го одвезол во Беликесир, Турција. Јас стигнав околу 16 часот во Белград. Го зедов од хотел во центарот. Веднаш тргнавме назад кон Скопје. И некаде по пат застанавме на ручек, бидејќи јас бев гладен. Додека се возевме, ми кажа дека бил во Белград да договори нешто за 12-ти декември, кога требаше да биде годишнина од партијата“, одговараше сведокот. Но, Палевски го сменил планот. Му кажал, да не чекаат лет за Истанбул за утре, туку ако е одморен, да го префрли со кола до Истанбул“. Палевски во Турција купил нова сим-картичка и изнајмил куќа за 3 месеци. Пред да замине од Турција, Димовски забележал дека Палевски е вознемирен. Го прашал што му е, му кажал дека имало апсење, полицијата го истражува пикапот и дека го мешаат и него. Му наброил кои од партијата Десна ги уапсиле, па ги пуштиле. Палевски му кажал дека „го местат“. Возачот на Палчо: Ако мене некој ми лепи таква работа и јас би бил блед Судењето продолжува в понеделник. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Пресврт во случајот за убиствата на Вања и Панче: Кешишев со писмо обелодени дека Велибор Манев е убиецот, а не Палчо
Република - пред 11 часа
Напишано рачно на кирилично писмо на бел лист А4 формат. Испратена преку затворот, а не преку неговиот бранител, Влатко Кекишев во писмо напиша дека се кае што посочил лажен убиец на Вања и Панче, но пишува дека тогаш се плашел. Во изјавата напишана пред два дена, а доставена до судечкиот совет вели дека извршител на убиствата е Велибор Манев. На крајот од писмото стои неговиот потпис. Исто и јас како и вие денес за прв пат се запознав со дадената изјава која беше доставена и до нас како бранители преку судот. Истиот има напишано некаква изјава но не би сакал да ја коментирам содржината, имајќи предвид дека ниту потписот е негов дали истиот своеволно ја има пишано или не сакам да помислам дека некоја присилба или закана имало за таква изјава. Во однос на содржината ќе разговарам со него па ќе ве известам и вас – рече Дејан Ефремов, адвокат на Влатко Кешишев. На крајот на процесот секако ќе има соочување помеѓу сите нив. Значи како би ја коментирал…би ја коментирал едноставно во ваков предмет не е совесно еднаш да се изјавува едно, друг пат да се изјавува друго, вели Марјан Витанов, адвокат на Палчо. Во изјавата Кешишев пишува дека за време на убиствата, Палчо спиел во штабот на „Десна“ и не бил со нив. Инаку Кешишев и Манев се тие што првично го посочија Палевски како извршител на убиствата. Кешишев ја однесе полицијата до местото каде е закопано девојчето, а Манев до местото каде бил убиен Жежовски. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Палчо додека бил во Белград знаел дека го бара полицијата – сведочење на пријател на Палчо
Либертас - пред 21 часа
Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, додека бил во Белград, знаел дека го бара полицијата. Ова денеска пред судот го сведочеше Ламбе Бучков кој го знаел Палевски повеќе од 20 години и со кого телефонски разговорал во тој период, пренесе Телма. Палевски му рекол дека Влатко Кешишев кој, исто така, е обвинет во случајот, го информирал дека полицијата била во партијата „Десна“ и дека бара одреден пикап кој бил поврзан со исчезнувањето на некое девојче. Палевски на Бучков му рекол дека планира да замине во Софија, па во Турција бидејќи таму поради претстојните избори имал состаноци со политички партии со кои соработувал...
Во Кривичен суд продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Либертас - пред 1 ден
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска...
Палевски размислувал за политички азил
Либертас - пред 18 часа
Денеска во Основен кривичен суд Скопје за убиството на Вања и Панче сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил. -Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил, цитираше сведокот. Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно. -Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто, рече сведокот. На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта. Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“....
Кешишев со изјава до судот го амнестира Палчо. Сега тврди дека не бил со нив на денот на убиствата
Либертас - пред 19 часа
Еден од обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Влатко Кешишев, кој според обвинението ги откри местата каде се закопани жртвите, неочекувано достави изјава до судот и го смени првичното тврдење дека Љупчо Палевски е извршител на убиствата. Според она што го дознаваме, Кешишев сега тврди дека Палчо не бил со нив тројцата, Кешишев, Велибор Манев и Боре Видевски деновите кога се извршени убиствата. Обвинетиот Влатко Кешишев ја повлекол изјавата дека Љупчо Палевски бил присутен за време на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кешишев во изјавата која ја доставил преку затворот до судот навел дека Велибор Манев им вршел притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал. Манев наводно им се заканил на него и на Боре дека ќе ги здробат ако не кажат така. На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев. Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата. За неговата изјава не е запознат ниту неговиот адвокат....
Тројца нови сведоци ќе дадат исказ за убиствата на Вања и Панче
Либертас - пред 23 часа
Нови сведоци ќе раскажат што се случувало пред и по грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичниот суд. Денеска ќе сведочат лицата Еролд Османи, Ламбе Бучков и Стефан Димовски. Обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски, Влатко Кешишов и Велибор Манев кои се обвинети за грабнување и убиство седнаа на обвинителна клупа. Од куќен притвор беше спроведен и обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања, кој се гони за помагање на групата.(Скопје1)...
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Сител - пред 1 ден
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска....
Од денешното рочиште за Вања и Панче
off.net - пред 18 часа
Од денешното рочиште за Вања и Панче 20 ноември 2024 SharePostСподели Заврши денешното рочиште за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски. Обвинетиот Влатко Кешишев ја повлекол изјавата дека Љупчо Палевски бил присутен за време на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Навел дека Велибор Манев им вршел притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал. Манев наводно им се заканил на него и на Боре дека ќе ги здробат ако не кажат така (Плусинфо). „Ова е тешка местенка, не знам што ми смислил Спасовски, може треба да барам азил во Белорусија“ – велел Палевски во Турција (Слободен печат). Палевски беше кај мене дома ден по убиството на Вања, ми поправаше котел за греење, сведочел пријател на Палчо (Телма) извор...
ДЕН ПО УБИСТВОТО НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА, ПАЛЕВСКИ СЕРВИСИРАЛ КОТЕЛ ЗА ПАРНО, НЕ СЕ ПОЖАЛИЛ ДЕКА ГО БОЛИ КИЧМАТА, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ
Сакам да кажам - пред 19 часа
Ерол Османи од Скопје, сведок повикан од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд сведочеше дека и на 22 ноември 2023 кога бил убиен 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, и на 27 ноември, кога била убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, го барал првообвинетиот Љупчо Палевски по телефон и по месинџер. Палевски вечерта на 27 ноември му пишал дека ќе дојде утредента, на 28 ноември. Османи рече дека го барал и деновите измеѓу, затоа што му се расипал котелот за парно што го купил од Палевски, а веќе заладувало. Го барал и пред 22 ноември, кога кога на месинџер на Фејсбук му дал нов телефонски број на кој може да го бара. „Од обвинетите тука, се познавам само со Палевски. Во време на издавањето на весникот ‘Глобал’ бев повикан да работам од издавачите. Се запознавме со Палевски, почнав со работа. Тоа беше 2001-2002 година. Весникот се затвори, ние останавме пријатели. Во 2023 година го побарав, бидејќи купив котел за греење од него. Не ми функционираше воопшто. Затоа имав зачестени повици кон него. Го барав на 27 ноември и на Фејсбук, и на редовна линија. На 27 ноември вечерта дури ми се јави и кажа дека ќе дојде следниот ден. На 28-ми дојде, го среди котелот”, одговараше сведокот на прашања на обвинителката. Таа го праша што му кажал кога дошол? Дали се пожалил на здравјето? „Палевски ми рече дека на 27-ми бил преладен, настинат, затоа не дошол. На 28-ми беше добар со здравјето. Зборувавше нормално, зборевме за технички работи што се скршило во котелот. Дојде со бел пикап, некое француско возило беше. Забележав дека беше удрена шоферската врата. Имаше вдлабнатина. Му реков: ‘Си го удрил возилово’“, одговараше Османи на повеќе директни прашања. Во сведочењето на 13 ноември, Васко Стојков, адвокатот кој го однел во Белград Палевски, рече дека тој во Белград отишол за преглед на кичмата, а ако не се средело сакал да оди на операција Турција. Османи рече дека со Палевски комуницирал на фејсбук месинџер и на обична линија. На Фејсбук повеќе, зашто обично не му кревал. Сведокот рече дека Палевски не му спомнал оти ќе патува негде да се лечи за кичмата. „На 28 ноември во 11.42 часот ми пиша: ‘На подкаст сум во живо, можеш да видиш. Ја земам ќерка ми пред ‘Алкалоид’, со мене е лаптопот, доаѓам“, кажа Османи комуникацијата за утредента по убиството на Вања. Османи рече дека Палевски утредента дошол за 40-ина минути и за пола саат го средил котелот. По сведочењето, Палевски стана и во вкрстени прашања тврдеше дека не бил тоа време кај сведокот, туку на подкаст, кој траел до пладне. Го праша дали можеби и го помешал денот, сведокот Османи беше категоричен и тајмингот го докажа со испечатен лист од нивната комуникација. За киднапирање и свирепоубиство на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември 2023, како и за киднапирање и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. С. К. ДЕЛЕВСКА...
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Нетпрес - пред 1 ден
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска....
Продолжува судењето за убиството на девојчето Вања и велешанецот Панче
Нова Македонија - пред 1 ден
Фото: МИА Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска....
Кешишев се предомисли, Палчо не бил со нив кога се случиле убиствата
Нетпрес - пред 18 часа
Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев доставил изјава преку затворот до судот, во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палвески Палчо не бил со другите обвинети кога се случиле киднапирањата и убиствата, туку спиел во штабот на партијата Десна Кешишев тврди дека едниот од обвинетите, Велибор Манев, им се заканувал и вршел притисок првично да каже дека Палевски е организатор и дека тој пукал. Според неговата нова изјава, само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје. На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев. Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата. Денеска сведочеше и Стефан Димковски, основач на партијата Десна и човек кој од Србија преку Бугарија, со кола го однел Палевски до Турција. Палевски му се јавил на први декември лани, откако според обвинението, на 27 ноември ја киднапирал, убил и веќе ја закопал и Вања.„Ми рече да го земам од Србија, да го вратам назад во Скопје“, сведочеше Димковски кој потоа, откако Палевски сменил план, го одвезол во Беликесир, Турција. „Јас стигнав околу 16 часот во Белград. Го зедов од хотел во центарот. Веднаш тргнавме назад кон Скопје. И некаде по пат застанавме на ручек, бидејќи јас бев гладен. Додека се возевме, ми кажа дека бил во Белград да договори нешто за 12-ти декември, кога требаше да биде годишнина од партијата“, одговараше сведокот. Но, Палевски го сменил планот. Му кажал, да не чекаат лет за Истанбул за утре, туку ако е одморен, да го префрли со кола до Истанбул“. Палевски во Турција купил нова сим-картичка и изнајмил куќа за 3 месеци. Пред да замине од Турција, Димовски забележал дека Палевски е вознемирен. Го прашал што му е, му кажал дека имало апсење, полицијата го истражува пикапот и дека го мешаат и него. Му наброил кои од партијата Десна ги уапсиле, па ги пуштиле. Палевски му кажал дека „го местат“. Судењето продолжува в понеделник....
ДЕН ПО УБИСТВОТО НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА, ПАЛЕВСКИ СЕРВИСИРАЛ КОТЕЛ ЗА ПАРНО, НЕ СЕ ПОЖАЛИЛ ДЕКА ГО БОЛИ КИЧМАТА, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ
Сакам да кажам - пред 22 часа
Ерол Османи од Скопје, сведок повикан од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд сведочеше дека и на 22 ноември 2023 кога бил убиен 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, и на 27 ноември, кога била убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, го барал првообвинетиот Љупчо Палевски по телефон и по месинџер. Палевски вечерта на 27 ноември му пишал дека ќе дојде утредента, на 28 ноември. Османи рече дека го барал и деновите измеѓу, затоа што му се расипал котелот за парно што го купил од Палевски, а веќе заладувало. Го барал и пред 22 ноември, кога кога на месинџер на Фејсбук му дал нов телефонски број на кој може да го бара. „Од обвинетите тука, се познавам само со Палевски. Во време на издавањето на весникот ‘Глобал’ бев повикан да работам од издавачите. Се запознавме со Палевски, почнав со работа. Тоа беше 2001-2002 година. Весникот се затвори, ние останавме пријатели. Во 2023 година го побарав, бидејќи купив котел за греење од него. Не ми функционираше воопшто. Затоа имав зачестени повици кон него. Го барав на 27 ноември и на Фејсбук, и на редовна линија. На 27 ноември вечерта дури ми се јави и кажа дека ќе дојде следниот ден. На 28-ми дојде, го среди котелот”, одговараше сведокот на прашања на обвинителката. Таа го праша што му кажал кога дошол? Дали се пожалил на здравјето? „Палевски ми рече дека на 27-ми бил преладен, настинат, затоа не дошол. На 28-ми беше добар со здравјето. Зборувавше нормално, зборевме за технички работи што се скршило во котелот. Дојде со бел пикап, некое француско возило беше. Забележав дека беше удрена шоферската врата. Имаше вдлабнатина. Му реков: ‘Си го удрил возилово’“, одговараше Османи на повеќе директни прашања. Во сведочењето на 13 ноември, Васко Стојков, адвокатот кој го однел во Белград Палевски, рече дека тој во Белград отишол за преглед на кичмата, а ако не се средело сакал да оди на операција Турција. Османи рече дека со Палевски комуницирал на фејсбук месинџер и на обична линија. На Фејсбук повеќе, зашто обично не му кревал. Сведокот рече дека Палевски не му спомнал оти ќе патува негде да се лечи за кичмата. „На 28 ноември во 11.42 часот ми пиша: ‘На подкаст сум во живо, можеш да видиш. Ја земам ќерка ми пред ‘Алкалоид’, со мене е лаптопот, доаѓам“, кажа Османи комуникацијата за утредента по убиството на Вања. Османи рече дека Палевски утредента дошол за 40-ина минути и за пола саат го средил котелот. По сведочењето, Палевски стана и во вкрстени прашања тврдеше дека не бил тоа време кај сведокот, туку на подкаст, кој траел до пладне. Го праша дали можеби и го помешал денот, сведокот Османи беше категоричен и тајмингот го докажа со испечатен лист од нивната комуникација. За киднапирање и свирепоубиство на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември 2023, како и за киднапирање и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. С. К. ДЕЛЕВСКА...
ПАЛЕВСКИ НЕ ГИ УБИЛ ВАЊА И ПАНЧЕ, ТВРДИ СЕГА ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ КОЈ ВИКАШЕ „НЕ СМЕ НИЕ УБИЈЦИТЕ, ПАЛЧО Е“
Сакам да кажам - пред 15 часа
Влатко Кешишев, еден од тројцата обвинети кои тврдеа: „Не сме ние убијците, Палчо ги уби Вања и Панче“, се премислил и сега вели дека Љупчо Палевски не ги убил. Такво писмо денеска преку затворот „Скопје“ во Шутка, Кешишев доставил до судот. Не преку неговиот адвокат, туку преку затворската управа. Во рачно напишаното писмо, Кешишев навел дека за време на убиствата, всушност, Палевски бил во партијата Десна и спиел таму, а дека Велибор Манев, кој е еден од обвинетите, го натерал да каже оти Палевски лани на 22 ноември го убил прво 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, па по 5 дена, на 27 ноември, и 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Не се знае точната содржина на писмото и дали Кешишев, кој ја одведе полицијата до дупката каде што беше закопана Вања, навел име на друг убиец. Како знаеле Кешишев, Манев и Боре Видевски кај се закопани Панче и Вања, а не ги убиле ни тие ни Палевски, останува прашање. За киднапирање и свирепо убиство на Жежовски и на Вања Ѓорчевска, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. Адвокатот на Кешишев, Игор Ефремов, рече дека и тој ја добил изјавата од судот, а не од клиентот. „Кешишев има напишано некоја изјава но, не би сакал да ја коментирам содржината, бидејќи не знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали тој своеволно ја пишувал, не сакам да помислам дека можеби некој го присилил или му се заканил. Откако ќе разговарам со него, по однос на содржината, дополнително ќе ве известам и вас“, рече Ефремов. Адвокатот на Боре Видевски рече дека нелогично е што Кешишев ја сменил првата изјава. „Мислам дека не е совесно во ваков предмет еднаш да се изјавува едно, вторпат да се изјавува друго. Во понатамошниот тек од постапката ќе има соочување помеѓу сите нив, до тоа мора да дојде“, кажа Бојан Манев, адвокат на Видевски. По денешното сведочење на сведоците на Обвинителството, судењето продолжува на 25 ноември. АДВОКАТОТ ШТО ГО ВОЗЕЛ ПАЛЕВСКИ ОД СРБИЈА ДО ТУРЦИЈА СЕ ОНЕСВЕСТИЛ КОГА ВИДЕЛ ЗА ШТО ГО ОБВИНУВААТ, А ТОЈ МУ РЕКОЛ „МЕ МЕСТИ ОЛИВЕР“ БИВШ ВРАБОТЕН ВО МВР СВЕДОЧЕШЕ ДЕКА ПАЛЕВСКИ МУ ДОЛЖИ 16.000 ЕВРА ДЕН ПО УБИСТВОТО НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА, ПАЛЕВСКИ СЕРВИСИРАЛ КОТЕЛ ЗА ПАРНО, НЕ СЕ ПОЖАЛИЛ ДЕКА ГО БОЛИ КИЧМАТА, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ С. К. ДЕЛЕВСКА...
Ден по убиството на 14-годишната Вања, Палевски поправал котел за парно
Нова Македонија - пред 20 часа
Фото: Маја Јаневска-Илиева Во Основен кривичен суд Скопје во врска со случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на обвинителството сведочат познаници на обвинетиот Љупчо Палевски. Сведокот Ерол Османи, изјави дека се познава со Палчо во време на издавање на дневниот весник „Глобал“. – Тогаш бев повикан од неговите издавачи да помогнам во издавање на весникот затоа што не одеше како што треба – рече тој, дополнувајќи и дека откако се затворил весникот останале во комуникацијата и биле пријатели. Според неговото сведочење, тие биле во контакт и лани, кога Османи го побарал за сервис на котел за греење. – Го побарав, затоа што земав котел за греење дома, го контактирав често пред сезона на греење. Последната година, лани, не ми функционираше воопшто котелот и не можев воопшто да го користам и затоа се зачестени тие повици од мене кон него во тој период, од средина на ноември лани – рече сведокот. Прашан дали го побарал Палевски на 27.11.2023, одговори потврдно. – Го барав на Фејсбук и околу 11 и нешто часот навечер, ми јави дека ќе дојде утре сабајле и сабајлето утре имаме комуникација дека доаѓа и потврдува во 11 часот дека доаѓа и дојде и го среди котелот – дополни сведокот. Прашан кое било образложението за причината што не дошол на 27.11.2023, одговори дека Палчо му рекол дека е преладен. – На 28.11.2023 беше добар со здравјето. Разговаравме, не спомна ништо во врска со претходниот ден. Однесувањето му беше сосем нормално – рече Османи Дополни дека Палчо кај него дошол со, како што рече „некое бело возило, француско, пик ап, забележав дека беше удрена вратата кај возачот“. Прашан дали му кажал дека планира да замине на лекување, одговори дека не. – Не. Знам дека последните две години имаше проблем со кичмата, меѓутоа не ми спомна такво нешто – рече тој Сведокот посочи дека не забележал Палчо да носи оружје и одговори дека никогаш не комуницирале преку радио-врски. На прашања од обвинетиот Палчо, дали на 22.11.2023 бил кај него да поправа котел и дали му е познато дека на 28 од 10 до 12:30 Палчо бил во живо на Јутуб поткаст, тој цитираше порака од Палчо: „Јас сум на лајв редовен поткаст во живо, завршувам брзо, ја земам ќерка ми од Алкалоид, лаптопот е со мене и доаѓам кај тебе“. Прашан колку време траеше сервисот, рече од прилика половина час, до 40 минути, а може и саат време. – Го дијагностицира проблемот многу брзо, го отвори редукторот и го среди, рече сведокот – дополнувајќи дека Палчо не му наплатил за својата работа. Прашан дали постои можност да го помешал денот 22 ноември со 28 ноември, тој одговори не. – На 22.11.2023 година јас имам пуштено порака до фотографија на која што стои моторот од котелот. Потоа моите пораки продолжуваат до 27 ноември. И на 27 навечер во 23:30 добивам одговор кој што вели „Ќе дојдам бе сабајле, одма сум подобар. Одлежав три четири часа, како да ме згазил камион, ама океј не е страшно, ќе пројдам со лаптоп, сабајле само да станам“ – цитираше сведокот. Сведок Ламбе Бучков, рече дека го познава Палчо повеќе од 20 години. – Во периодот кога се запознавме бев вработен во МВР, тој се занимаваше со градежништво – рече тој. Прашан каква соработка воспоставиле, одговори дека таа почнала кон крајот на 2011 година. – Нашата соработка почна крајот на 2011-2012 година кога Љупчо Палевски побара, знаеше дека мој другар е еден од поимотните луѓе, да инвестира да се доврши зградата Тифани. Соработката почна успешно, зградата се заврши и почна да функционира – рече сведокот. Дополни дека и потоа продолжиле да соработуваат. – Продолживме и потоа да соработуваме, тој ги понуди локациите што ги имаше земено во Општина Центар, доколку сака другарот мој да ги откупи и да почне да гради зграда. Направен договор, пренесено, но до ден денеска нема одобрение за градба – рече тој. Посочи дека на Палчо му бил Даден аванс од 15.000 евра кои откако увиделе дека договорот не може да се реализира, му ги побарал назад, но тој не им ги вратил. – Од септември 2022 јас почнав поинтензивно да се гледам со Палчо и му кажав дека треба да се вратат парите што се дадени затоа што од локациите и од работата нема ништо. Јас со него контактирав 2-3 пати неделно и му одев во седиштето на партијата, некогаш сам, некогаш со мој пријател, на сите локации во седиштето – рече тој. Прашан дали Палевски му одговарал на пораките, одговори да. – Ми рече дека чека некои средства и дека ќе ми ги врати парите, секогаш кога ќе се видевме. Тоа се одолговлекуваше затоа што и него некој го лажел – рече сведокот Бучков. Сведокот беше прашан дали се познава со некој од обвинетите, при што посочи дека го сретнувал Влатко Кешишов во седиштето на партијата, последниот пат кога го видел Кешишов ми рекол дека Палчо е на пат. – Со Љупчо Палевски последен пат искомуницирав во месец декември во неделата, ми се јави од Турција. Ми кажа дека отишол во Турција по работа – рече сведокот. Дополни дека Палчо му кажал дека сакал да се врати во Македонија и дека Кешишов му кажал дека го бара полицијата. Прашан дали на 1.12.2023 разговарал со Палевски, одговори да. – Разговаравме на Вибер и Ватсап, ми кажа дека сакал да тргне за Македонија, меѓутоа има договорено состаноци во Бугарија и во Турција и дека сакал да дојде тука, наводно дека му кажал на Влатко, „дај им сѐ што бараат на полицијата“. Кога ми кажа дека сакале некое возило да земат, му реков да не сте направиле некои судар, тој ми одговори „не, било видено негде такво возило негде каде што го снемало некое девојче“ – рече сведокот. Прашан дали се слушнал со Палчо кога бил во Турција, одговори да. – Ми се јави од неговиот број на Вибер неделата околу ручек. Ми кажа дека е во Турција во Истанбул и дека понеделник сабајле ќе тргне и ќе дојде во Македонија да расчисти што го бараме – рече тој. Прашан каква била финансиската состојба на Палевски во периодот додека се познавале, одговори дека имал многу пари. -Човекот имаше многу пари и сите околу него имаа пари, меѓутоа почнаа да се случуваат некои работи, да одат против него политичката елита и да му одат работите надолу, рече тој. Прашан дали се познава со членови од семејството на Палевски, тој одговори дека се познавал со брат му и ја има видено мајка му. -Летно време се видов со брат му, додека беше Палевски во притвор во Турција. Рече „брат ми не можел да направи такво дело ти го знаеш тоа, можеби ќе те викаат на суд, само да ја кажуваш вистината“, рече сведокот. Тој рече дека знаел дека Палчо има неколку вида на оружје, меѓутоа, како што посочи, не ги видел никогаш. Прашан што му кажал Палчо кога му се јавил од Белград, одговори дека му кажал дека имал состаноци. -Ми кажа дека има договорено состанок во Софија, потоа оди за Турција. Во Бугарија состанок со некоја политичка партија во врска со избори. Во Турција исто, се ближат избори рече, мора да се прави нешто. Кога се објави сѐ, се јавив кај висок полициски функционер, им кажав дека сум во контакт со Палчо и ги известив дека им стојам на располагање да го донесам Палчо, никој не ми се обрати. Шест месеци ме следат по базни станици кај одам и што барам, рече сведокот. Сведокот беше испрашан и од обвинетиот Љупчо Палевски, по однос на договорот за отстапените места во Центар. Прашан дали Палчо е должен да ги врати парите, сведокот одговори дека тој усно му кажал дека ако не се заврши работата ќе ги врати парите. Во продолжението на судењето треба да сведочи сведокот Стефан Димовски, лицето кое го превезе Палчо од Белград до Турција, за кого исто така се води постапка. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска....
Познаникот што го возел Палевски до Турција се онесвестил кога дознал за што го обвинуваат
Нова Македонија - пред 19 часа
Фото: Маја Јаневска-Илиева На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција. Сведок Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија „Десна“, а со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности. – До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година имав приватни проблеми и ретко одев – рече сведокот. Прашан дали Палчо му се јавил на 1 декември 2023 година, одговори да. – На Телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски во 15 за 9. „Што правиш, можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, дојдов на прегледи и нешто да завршам за партијата“? Реков дека ќе дојдам, да завршам само со сервисот – образложи сведокот. Продолжи, „ми рече да го земам од Белград и да го вратам во Македонија. Во Белград стигнав во 15:30 попладнето на први. Ми пушти адреса каде да го најдам. Го земав во центарот на Белград“. Прашан каде и кога тргнале, одговори дека тргнале да се враќаат кон Скопје. – Тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва, ми требаше многу време да излеземе од Белград, некаде Велика Плана застанавме на ручек. Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборевме за активностите во партијата, дека требало да се активира – рече тој. Од Велика Плана, на враќање, тргнавме по патот за Скопје, пред Ниш ми кажа дека треба да застанеме во Ниш. Разговараше со Васко, адвокатот и затвори, тогаш разбрав дека е со Васко. Не знам зошто разговарал со него, само ме информираше дека разговарал со Васко. Потоа рече изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што требало да се види му закажал во за 8:30 часот утредента – рече сведокот. Потоа посочи дека останале во хотел во Ниш и кога седеле на тераса, како што рече му соопштил дека му е резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за кичмата. – И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники – рече сведокот, дополнувајќи дека поефтина варијанта му било да го однесе до Турција. Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не. Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај Турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски. -Вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување по хотели, не му успеваше, како што го разбрав отпосле преку лицето Велибор се сместивме во една куќа, плати, рече сведокот. Прашан дали додека се возеле до Турција, забележале нешто невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување, сведокот одговори не. – На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале – рече тој. Прашан зошто Палевски одлучил да се смести во куќа, а не во хотел, одговори дека му испаѓало дека треба да плати 800 евра. – Поевтино му беше да земе стара куќа под наем за 150 евра. Куќата беше изнајмена за три месеци. Операцијата му беше закажана во Истанбул за понеделник, затоа сакаше поевтин смештај, беше кус со пари – рече сведокот. Во продолжението од сведочењето рече дека на 3.12.2023 после доручекот си заминал. – На доручекот ме информираше, го видов блед, абе, вели, „го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа у Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене“. Вели, „вчера влегле у штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче“ – раскажа сведокот. Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата. Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и откако си заминал Љупчо останал во градот. – Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, „што е ова, да не го местат“. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата – рече сведокот. Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил. – Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил – цитираше сведокот. Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно. – Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто – рече сведокот. На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта. Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“. Претходно денеска сведочеа познаници на Палчо, сведоците Ерол Османи и Ламбе Бучков. Воедно, на денешното рочиште судот информираше дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ. Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за првпат денеска се запознава со изјавата и допрва ќе треба да се види за што станува збор. На следното рочиште закажано за 25 ноември 2024 се предвидени сведоците Игор Јанушев, Зоран Абаз и Љупчо Мицевски. Досега, на изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 25 ноември 2024 година....
БИВШ ВРАБОТЕН ВО МВР СВЕДОЧЕШЕ ДЕКА ПАЛЕВСКИ МУ ДОЛЖИ 16.000 ЕВРА
Сакам да кажам - пред 21 часа
На почетокот на декември лани, кога истрагата ги поврза двете убиства, тоа на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, првообвинетиот Љупчо Палевски замина за Србија на лечење на кичмата, каде останал само еден ден и оттаму заминал за Турција, каде беше уапсен и ставен во екстрадициски притвор. За разлика од сведокот Васко Стојков, кој го однел Палевски до Белград и на минатото судско рочиште сведочеше дека одел на лечење за кичмата и ако ништо не направи таму, ќе оди да се лекува во Турција, неговиот пријател Ламбе Бучков, поранешен вработен во МВР, денеска сведочеше дека Палевски не му кажал оти ќе се лекува во Софија и во Турција, туку дека таму имал закажано политички состаноци, бидејќи се ближеле избори. Бучков рече дека Палевски му се јавил од Турција и му кажал дека таму е по работа. А претходно се чуле и кога бил во Белград. Му кажал дека го барала полицијата во партијата и оти сакала некое возило да одземе. Тој му рекол и дека сакал да се врати од Белград, но дека имал договорено состаноци во Бугарија и во Турција. Бучков кажа дека Палевски му должи 16.000 евра и до денеска не му ги вратил. Бучков позајмил од негов пријател за да му даде заем. „Зедов кредит за да ги вратам парите, за да не се срамам пред мојот пријател“, кажа сведокот Бучков. „Палевски ми кажа дека му кажал на Влатко Кешишев да им даде на инспекторите сè што ќе побараат. Да им го даде возилото. За пикапот ми кажа дека полицијата го бара оти било видено на местото каде што исчезнало некое девојче. Не препрашав за кое девојче се работи“, сведочеше Бучков. На прашање дали видел дали Палевски носел пиштол, сведокот кажа: „Палевски кажувал дека има неколку вида оружје, пиштоли, но никогаш не сум ги видел кога сум одел во канцеларија или дома“. За киднапирање и свирепо убиство на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември 2023, како и за киднапирање и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. ДЕН ПО УБИСТВОТО НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА, ПАЛЕВСКИ МИ СЕРВИСИРАШЕ КОТЕЛОТ ЗА ПАРНО, НЕ СЕ ПОЖАЛИ ДЕКА ГО БОЛИ КИЧМАТА, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ С. К. ДЕЛЕВСКА...
Со писмена изјава Кешишев во судница го сменил исказот за убиството на Вања и Панче
Нова Македонија - пред 15 часа
Фото: Маја Јаневска Илиева Влатко Кешишев, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски го промени исказот кој претходно го дал во полиција. Во писмена изјава преку затворот доставена до судот, Кешишев напишал дека Љупчо Палевски Палчо ниту на 22 ниту на 27 ноември лани, деновите на грабнувањето и убиствата на Вања и Панче, не бил со другите обвинети туку спиел во штабот на партијата Десна. Кешишев напишал дека згрешил што го послушал Велибор Манев и кажал дека Палчо бил со нив. Тврди дека само тој, Боре Видевски и Велибор Манев биле на местата на настаните и во Велес и во Скопје. Кешишев во изјавата напишал дека истиот ден откако Палевски заминал на пат, Велибор извршил притисок и му се заканувал, во полиција да каже дека Палчо организирал и пукал, а тие само слушале. Неговиот адвокат не знаел за изјавата и не ја коментираше. Адвокатот на Видевски пак очекува соочување во судница. – Тој има напишано некоја изјава но, не би сакал да ја коментирам содржината, бидејќи не знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали тој своеволно ја пишувал, не сакам да помислам, дека можеби некој го присилил или му се заканил, изјави адвокатот на Кешишев. – Мислам дека не е совесно во ваков предмет еднаш да се изјавува едно, вторпат да се изјавува друго. Во понатамошниот тек од постапката ќе има соочување помеѓу сите нив – рече адвокатот на Видевски. Следно рочиште за случајот е закажано за 25 ноември....
ПАЛЕВСКИ НЕ ГИ УБИЛ ВАЊА И ПАНЧЕ, ТВРДИ СЕГА ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ КОЈ ВИКАШЕ „НЕ СМЕ НИЕ УБИЈЦИТЕ, ПАЛЧО Е“
Сакам да кажам - пред 15 часа
Влатко Кешишев, еден од тројцата обвинети кои тврдеа: „Не сме ние убијците, Палчо ги уби Вања и Панче“, се премислил и сега вели дека Љупчо Палевски не ги убил. Такво писмо денеска преку затворот „Скопје“ во Шутка, Кешишев доставил до судот. Не преку неговиот адвокат, туку преку затворската управа. Во рачно напишаното писмо, Кешишев навел дека за време на убиствата, всушност, Палевски бил во партијата Десна и спиел таму, а дека Велибор Манев, кој е еден од обвинетите, го натерал да каже оти Палевски лани на 22 ноември го убил прво 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, па по 5 дена, на 27 ноември, и 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Не се знае точната содржина на писмото и дали Кешишев, кој ја одведе полицијата до дупката каде што беше закопана Вања, навел име на друг убиец. Како знаеле Кешишев, Манев и Боре Видевски кај се закопани Панче и Вања, а не ги убиле ни тие ни Палевски, останува прашање. За киднапирање и свирепо убиство на Жежовски и на Вања Ѓорчевска, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. Адвокатот на Кешишев, Игор Ефремов, рече дека и тој ја добил изјавата од судот, а не од клиентот. „Кешишев има напишано некоја изјава но, не би сакал да ја коментирам содржината, бидејќи не знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали тој своеволно ја пишувал, не сакам да помислам дека можеби некој го присилил или му се заканил. Откако ќе разговарам со него, по однос на содржината, дополнително ќе ве известам и вас“, рече Ефремов. Адвокатот на Боре Видевски рече дека нелогично е што Кешишев ја сменил првата изјава. „Мислам дека не е совесно во ваков предмет еднаш да се изјавува едно, вторпат да се изјавува друго. Во понатамошниот тек од постапката ќе има соочување помеѓу сите нив, до тоа мора да дојде“, кажа Бојан Манев, адвокат на Видевски. По денешното сведочење на сведоците на Обвинителството, судењето продолжува на 25 ноември. АДВОКАТОТ ШТО ГО ВОЗЕЛ ПАЛЕВСКИ ОД СРБИЈА ДО ТУРЦИЈА СЕ ОНЕСВЕСТИЛ КОГА ВИДЕЛ ЗА ШТО ГО ОБВИНУВААТ, А ТОЈ МУ РЕКОЛ „МЕ МЕСТИ ОЛИВЕР“ БИВШ ВРАБОТЕН ВО МВР СВЕДОЧЕШЕ ДЕКА ПАЛЕВСКИ МУ ДОЛЖИ 16.000 ЕВРА ДЕН ПО УБИСТВОТО НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА, ПАЛЕВСКИ СЕРВИСИРАЛ КОТЕЛ ЗА ПАРНО, НЕ СЕ ПОЖАЛИЛ ДЕКА ГО БОЛИ КИЧМАТА, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ С. К. ДЕЛЕВСКА...
АДВОКАТОТ ШТО ГО ВОЗЕЛ ПАЛЕВСКИ ОД СРБИЈА ДО ТУРЦИЈА СЕ ОНЕСВЕСТИЛ КОГА ВИДЕЛ ЗА ШТО ГО ОБВИНУВААТ, А ТОЈ МУ РЕКОЛ „МЕ МЕСТИ ОЛИВЕР“
Сакам да кажам - пред 19 часа
Судењето за киднапираните, па убиени Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска продолжи со распит на сведоци преку кои обвинителството ја уриваше приказната на првообвинетиот Љупчо Палевски, дека по овие убиствата тој не бегал, туку отишол во странство да се лекува. Сведочеше Стефан Димковски, основач на партијата Десна на Љупчо Палевски и човек кој од Србија ноќно време, преку Бугарија, со кола го одвезе до Турција. Во секојдневието со Палевски комуницирале преку Телеграм, Воцап и други апликации. Палевски му се јавил на први декември лани, откако според обвинението, на 27 ноември ја киднапирал, убил и веќе ја закопал и Вања. „На први декември Палевски ми се јави на Телеграм. Јас ги однесов децата во градинка и отидов на сервис да ги менувам гумите. Ми се јави и ме праша дали можам да отидам да го земам од Белград. Го прашав што прави, ми рече дека е на преглед и дека завршува некои работи таму. Јас потоа проверив што имам за работа со колегите. Немав некоја посебна работа и му кажав дека може, но морам прво да го завршам сервисот и да ги сменам гумите. Му кажав дека за саат време би тргнал. Ми рече да го земам од Србија, да го вратам назад во Скопје“, сведочеше Димковски кој потоа, откако Палевски сменил план, го одвезол во Беликесир, Турција. „Јас стигнав околу 16 часот во Белград. Го зедов од хотел во центарот. Веднаш тргнавме назад кон Скопје. И некаде по пат застанавме на ручек, бидејќи јас бев гладен. Додека се возевме, ми кажа дека бил во Белград да договори нешто за 12-ти декември, кога требаше да биде годишнина од партијата“, одговараше сведокот. Но, Палевски го сменил планот. Му кажал, „што ќе дремеме овде да чекаме лет за Истанбул за утре, ако си одморен, џитни ме до Истанбул, за 5 саата сме таму“. Палевски попат му рекол дека веќе закажал преглед за операција во Истанбул. На прашање на обвинителството, сведокот рече дека не видел медицинска документација со него, но имал тешки торби со себе. Палевски вртел по телефон на многу броеви. Вртел и од бројот на сведокот кога снемал батерија. Му свртел и на обвинетиот Влатко Кешишев. Сведокот не слушнал за што разговарале. За Турција патувале и стигнале ноќе. Пред него, рече Димковски, Палевски не разговарал за лекарскиот преглед. Кога стигнале во Турција, го однел кај сместувањето во куќа што го нашол претходно. Газдата се викал Усеин, знаел турски и македонски. Палевски купил нова сим картичка со голем интернет. Куќата ја изнајмил за 3 месеци. Сведокот си заминал на трети декември, а Палевски му рекол дека прегледот му е на 4 декември. Но пред тргнување, сведокот забележал дека Палевски е блед и вознемирен. Го прашал што му е, му кажал дека имало апсење, полицијата го истражува пикапот и дека го мешаат и него. Му наброил кои од партијата Десна ги уапсиле, па ги пуштиле. Палевски имал три торби со себе, во едната имал камери и техника за да снима подкаст. Ем да се оперира од кичмата, ем да работи во Турција. „Уште бев во хотелот во Турција, се онесвестив кога ја слушнав изјавата на Оливер Спасовски дека Палчо го обвинуваат. Му се јавив, го прашав зошто него го спомнуваат? ‘Ова е тешка местенка против мене’, му кажал Палевски и тоа било последен пат кога се чуле. Но овој сведок, кој беше кратко и во притвор за помагање на бегството на Палевски, потоа го порекна тоа и кажа дека на појадокот, пред да тргнат, разгледувал опција да замине во Белорусија. „Не знам што ми смислил Оливер, ама можно е да барам политички азил во Белорусија“, рекол Палевски. Потоа, двете обвинителки го прашуваа сведокот Димковски како во Ниш политичките состаноци во Турција станале потреба за операција. Судењето продолжува в понеделник. С. К. ДЕЛЕВСКА...
„ЗЕДОВ КРЕДИТ ЗА ДА ГИ ВРАТАМ ПАРИТЕ“: сведокот Бучков посочи дека Палчо му должел 15 илјади евра
Фактор - пред 20 часа
Добивај вести на Viber Денешното судење против петмината обвинети за свирепото убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски фрлаат нов апсект на настаните. Денеска во судницата сведочеше Ламбе Бучков кој е сведок на обвинителството, а тој во судницата посочи дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо му должи 15 илјади евра, кој тој ги поддигнал на кредит за да го подмири долгот на Палчо кај негов пријател.Според неговото тврдење, парите биле за парцели кои Палевски ги поседувал во општина Центар, но никогаш општината не дала дозвола за градба. Секој ден одел сведокот во седиштето на партијата да си ги бара парите од Палевски, а овој му ветувал дека ќе ги има до петок (01-12-2023).Сведокот комуницирал со Палевски додека бил во Белград и Турција, му кажал дека ќе се врати наскоро бидејќи му дошла полиција во партијата и барале некое возило. Сведокот тврди дека Палевски имал неколку пиштоли, а Палчо му се жалел дека службите го следеле и му правеле опструкции.За потсетување, минатата година, кога беше поврзана истрагата за двете убиства, на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, првообвинетиот Љупчо Палевски беше однесен од неговиот адвокат во Србија, каде останал само еден ден и оттаму заминал за Турција, каде беше уапсен и ставен во екстрадициски притвор. Причината за неговото патување, како што беше објавено, според лица со кои комуницирал тие денови било лекување на кичмата. Но, за разлика од претходните сведоци, како Васко Стојков, кој го однел Палевски до Белград кој на минатото судско рочиште сведочеше дека одел на лечење за кичмата, при што објави дека ако Палчо „не направи таму, ќе оди да се лекува во Турција“, денекса сведоците имаат поинакви тврдења. Имено, сведокот Бучков, поранешен вработен во МВР сведочеше дека Палевски не му кажал оти ќе се лекува во Софија и во Турција, туку дека таму имал закажано политички состаноци, бидејќи се ближеле избори. Бучков рече дека Палевски му се јавил од Турција и му кажал дека таму е по работа. А претходно се чуле и кога бил во Белград. Му кажал дека го барала полицијата во партијата и оти сакала некое возило да одземе. Тој му рекол и дека сакал да се врати од Белград, но дека имал договорено состаноци во Бугарија и во Турција. Бучков за позајмените 15.000 евра кажа дека се уште не ги добил назат. - Зедов кредит за да ги вратам парите, за да не се срамам пред мојот пријател - кажа сведокот Бучков. - Палевски ми кажа дека му кажал на Влатко Кешишев да им даде на инспекторите сè што ќе побараат. Да им го даде возилото. За пикапот ми кажа дека полицијата го бара оти било видено на местото каде што исчезнало некое девојче. Не препрашав за кое девојче се работи - сведочеше Бучков. На прашање дали видел дали Палевски носел пиштол, сведокот рече: „Палевски кажувал дека има неколку вида оружје, пиштоли, но никогаш не сум ги видел кога сум одел во канцеларија или дома“. За киднапирање и свирепо убиство на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември 2023, како и за киднапирање и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски....
ЦЕЛОСЕН ПРЕСВРТ НА ДЕНЕШНОТО РОЧИШТЕ, КЕШИШЕВ ЈА ПОВЛЕЧЕ ИЗЈАВАТА ПРОТИВ ПАЛЧО: За ова не знаел ниту неговиот адвокат
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Судењето за бруталното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес доби драматичен пресврт по изјавата на обвинетиот Влатко Кешишев, кој преку писмена изјава го повлече своето претходно тврдeње дека Љупчо Палевски, познат како Палчо, бил со нив за време на извршувањето на двојното убиство. Кешишев, кој претходно сведочеше дека Палевски бил присутен и го обвини како организатор на злосторството и извршител, во својата најнова изјава доставена од затворот до судот, откри дека бил под притисок од Велибор Манев. Според Кешишев, Манев ги принудувал него и Боре да лажат, заканувајќи им се со физичко насилство доколку не изјават дека Палевски бил извршителот на убиствата. „Згрешив што го послушав Велибор и кажав невистина дека Палчо бил со нас. На 22 и на 27 ноември 2023 година, Палевски спиеше во штабот, а не беше ниту во Велес ниту во Скопје со нас тројцата,“ напишал Кешишев во изјавата која ја напишал завчера, односно на 18 ноември 2024 година. На денешното рочиште, судот ја подели писмената изјава на Кешишев до адвокатите на сите обвинети. Иако адвокатите на обвинетите одбија да ја коментираат изјавата на Кешишев, тие изразија увереност дека вистината ќе се разјасни во соочувањата. Во изјавата, Кешишев не даде дополнителни детали за тоа кој пукал во Вања и Панче, што остава простор за натамошни шпекулации и истраги. Убиството на 19-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски предизвика огромно внимание во јавноста. Кешишев беше човекот кој ја откри локацијата каде е закопана Вања, што го стави во центарот на истрагата....
ПАЛЕВСКИ ВО ТУРЦИЈА ИЗНАЈМИЛ КУЌА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ: За исчезнатото девојче тврдел дека го местат
Фактор - пред 17 часа
Добивај вести на Viber Стефан Димковски, човекот што го возеше Љупчо Палевски од Белград до Турција сведочеше дека Палчо го викнал за да го врати во Македонија, но дека кога дошле во Ниш, Палевски го замолил да го однесе во Турција.Димковски се познавал со Палевски од 2017 или 2018 година, а се запознале поради политички активности. Тој живее во Струмица. За Боре првпат слушнал кога отишол во притвор, а Велибор Манев го знае од 2020 година, но кажа дека не се во добри односи, поради лични причини.Димковски вели дека Палевски му се јавил преку Телеграм на 1 декември 2023 година и го прашал дали може да дојде во Белград да го земе и да го врати во земјава.„За престојот во Белград ми кажа дека договарал гостувања со некој аналитичар, политиколог и некој професор за рудни богатства. Ми спомна дека има проблеми со кичмата“, рече Димковски.Вели дека поради здравствени проблеми, Палевски отишол во Турција. На граница немале проблеми. „Од Србија излеговме нормално. Само во Бугарија мене ми правеа проблем со колата. За Палевски на бугарската граница бараа да каже каде ќе престојува. Се сместивме во една куќа кај еден Турчин, мислам дека се викаше Усеин“, кажа Димковски. Тврди дека Палевски изнајмил куќа за три месеци во Турција. Палевски не му кажал во која болница имал закажано операција, но како што наведе операцијата била закажана за 3 или за 4 декември 2023 година и ќе чинела 5.000 евра. Димковски бил со Палевски до 3 декември 2023 година попладнето. Палевски му рекол дека го местат за исчезнатото девојче. Тој се товари за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес. Следното рочиште е закажано за 25 ноември, понеделник....
Кешишев го смени исказот: Палчо не бил со нив во деновите на грабнувањата и убиствата на Вања и Панче
Алфа - пред 16 часа
HomeUncategorizedКешишев го смени исказот: Палчо не бил со нив во деновите на грабнувањата и убиствата на Вања и ПанчеВикторија Миткованоември 20, 2024 По два месеци од кога седнаа пред судијата Ивица Стефановски обвинетите за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче на 22-ри и 27-ми ноември лани, Влатко Кешишев испрати нова изјава за случувањата. Во своерачно напишно писмо до судот, Кешишев, сега вели дека Палчо не бил со нив двата дена, односно „спиел во штабот на партијата „Десна“. Според ова писмо, Кешишев тврди дека Палчо не учествувал во грабнувањето и убиствата, а тој под закана на Велибор Манев, првично лажно изјавил пред полицијата и обвинителството дека сторителот е Палевски. Обвинетиот Влатко Кешишев, кој според досегашните сведочења, се однесувал како потчинет на Палевски, го напишал писмото од ќелија во Шутка и го испратил во судот без да знае дури и неговиот адвокат. „Тој има напишано некоја изјава но, не би сакал да ја коментирам содржината, бидејќи не знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали тој своеволно ја пишувал, не сакам да помислам, дека можеби некој го присилил или му се заканил“рече Адвокат на Влатко Кешишев, Игор Ефремов. На адвокатот на Видевски, не му е логично менувањето на изјавата на Кешишев сега. „Мислам дека не е совесно во ваков предмет еднаш да се изјавува едно, вторпат да се изјавува друго. Во понатамошниот тек од постапката ќе има соочување помеѓу сите нив“ рече адвокатот на Видевски. Изјавата на Кешишев беше доставена пред да почне испрашувањето на нови тројца сведоци. Меѓу нив беше возачот на Палчо, кој го превезуваше од Белград до турски Беликесир, Стефан Димковски. И тој беше осомничен и помина 30 дена во притвор, а потоа пуштен. Според неговото сведочење, Палевски на први декември го викнал во Белград за да го врати во Македонија, и така и било се до Ниш. Ја поминале ноќта тука, и тогаш Палевски му кажал дека наместо во Скопје, треба да го врати до Белград за потоа да лета до Турција. Палевски го убедува Димковски да го однесе директно во Истанбул, за да направел прегледи за операција. Наместо во Истанбул, завршуваат во Беликесир бидејќи смештајот таму бил поевтин според кажувањата на Димковски, па Палчо си плаќа кирија за три месеци во куќа. Димковски во неделата утрото на трети демекври решава да се враќа во родната Струмица, но тогаш Палчо му кажува што се случувало во Скопје и претресот во партискиот штаб. „На појадокот тој разгледуваше опции и рече „не знам овие што ми смислиле, можеби треба некаде да барам политички азил“. Му реков ова е сериозна работа, дека треба да се расчисти „Најубаво е да си дојдеш“. Рече „да видам, не сакам да ме задржат во притвор во Турција“.И тогаш ми рече ова е тешка местенка, сачекуша голема“ рече Димковски. Сведочеа и двајца познаници на Палевски кои лани во ноември-декември го барале бидејќи требало да им заврши работа. Еролд Османи му пратил порака на Палчо на 22-ри, кога е грабнат Жежовски, за да му го поправи котелот за греење. Ама Палевски дошол дури на 28-ми ноември. Со ова Османи му го поби тврдењето на Палчо, дека тој му го поправал котелот на 22-ри. „На 22.11 јас имам пуштено фотографија и порака преку месинџер, фотографија од моторот на котелот. Не ми одговори и му праќав пораки до 27 ноември, и на 27 ми навечер во 23,30 часот во кој што вели „одма сум подобар“, одлежав неколку саати. А претходно се слушнавме на телефон кај што ми кажа дека е болен. Ми рече „ќе поминам сабајле со лаптоп“. Другиот сведок, Ламбе Бучков го барал Палчо, кој му должел 15-тина илјади евра во врска со зградата позната како „Тифани“. Бучков рече постојано поминувал во седиштето на Десна за да си ги бара парите, а критичниот период се допишувал со Палевски. „Се слушнавме од Белград, ми рече дека таму е отиден за кичмата и додаде дека му се јавил Влатко од партијата во Скопје и му кажал дека полицијата го барала зошто сакала да земе некое возило. Некој пикап. Ми кажа дека сакал да тргне за Македонија, но дека имал состаноци во Бугарија и во Турција“, рече Бучков. Судењето за киднапирањата и убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски продолжува во понеделник со испрашување на нови тројца сведоци. КАТЕГОРИИ TопUncategorizedВестиМакедонија Споделете ja веста...
Кешишев ја повлекол првичната изјава, сега вели дека бил принуден да лаже дека Палчо организатор на убистваа на Вања и Панче
Скопје Инфо - пред 18 часа
Денеска на изненадување на сите, обвинетиот Влатко Кешишев ја повлече изјавата дека Љупчо Палевски бил присутен за време на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кешишев изјавата ја доставил преку затворот и во неа пишува дека Велибор Манев извршил притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал, во спротивно како што пишува Кешишев, Манев се заканил дека ќе ги здроби ако не кажат како што тој вели. Судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев. Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата. Во изјавата напишана на 18 ноември 2024 година, Кешишев навел дека Палевски на 22 и на 27 ноември 2023 година не бил со тројцата во Велес и во Скопје, туку дека спиел во штабот. Кешишев навел дека згрешил што го послушал Велибор и дека кажал невистина дека Палчо бил со нив. Во изјавата Кешишев не навел ништо за мотивите на двете убиства, ниту за тој кој всушност пукал во Вања и во Панче. Кешишев е човекот кој на полицијата ѝ откри каде е закопана Вања....
Кешишев ја повлекол првичната изјава, сега вели дека бил принуден да лаже дека Палчо бил организатор на убиствата на Вања и Панче
Скопје Инфо - пред 17 часа
Денеска на изненадување на сите, обвинетиот Влатко Кешишев ја повлече изјавата дека Љупчо Палевски бил присутен за време на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кешишев изјавата ја доставил преку затворот и во неа пишува дека Велибор Манев извршил притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал, во спротивно како што пишува Кешишев, Манев се заканил дека ќе ги здроби ако не кажат како што тој вели. Судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев. Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата. Во изјавата напишана на 18 ноември 2024 година, Кешишев навел дека Палевски на 22 и на 27 ноември 2023 година не бил со тројцата во Велес и во Скопје, туку дека спиел во штабот. Кешишев навел дека згрешил што го послушал Велибор и дека кажал невистина дека Палчо бил со нив. Во изјавата Кешишев не навел ништо за мотивите на двете убиства, ниту за тој кој всушност пукал во Вања и во Панче. Кешишев е човекот кој на полицијата ѝ откри каде е закопана Вања....
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Независен - пред 1 ден
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче 20/11/2024 08:31 Фото: Б. Грданоски Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Поврзани содржини Герасимовски: Потребна е заедничка стратегија на градот и општините за проблемот со загадувањето 20/11/2024 11:11 Сите службени возила ќе бидат обележани со специјални регистарски таблички 20/11/2024 10:11 Што претставува ХОББ? – Се одбележува Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест 20/11/2024 08:11 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд 20/11/2024 07:11 Астрономски календар 20/11/2024 07:11 Без вода утре делови од општина Карпош 19/11/2024 19:11 ЕК за образованието: Резултатите на учениците слаби, буџетот потпросечен 19/11/2024 18:11 Месец на машко здравје: Срцето не ги простува така лесно гревовите 19/11/2024 18:11 Најчитани Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија 13/11/2024 14:10 Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови 13/11/2024 14:14 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Зошто кинеските електрични автомобили се поевтини? Јапонците ги расклопија и открија 13/11/2024 20:36...
Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Прес 24 - пред 1 ден
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска....
Кешишов со писмена изјава го сменил првичното тврдење: Палевски не бил со нив за време на убиствата на Вања и Панче
365.mk - пред 16 часа
Во изјавата на Кешишов е наведено дека Палевски на 22 и на 27 ноември 2023 година не бил со другите тројцата во Велес и во Скопје, туку дека спиел во штабот. Понатаму пишува дека згрешил што го послушал Велибор Манев, еден од обвинетите за кој Палевски со писмо до јавноста тврдеше дека тој е извршител на убиствата. На местото на убиствата, според Кешишев, во Скопје и Велес биле тој, Велибор и Боре Видевски, но не пишува кој пукал „На појадокот ме информираше, го видов блед. Абе, вели, ’го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа во Скопје што одело на училиште. Епа, ми го лепат мене’. Вели, ’вчера влегле во штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче’“, сведочеше Димковски Еден од обвинетите за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Влатко Кешишев, кој според обвинението го откри местото каде што е закопано телото на девојчето, неочекувано до судот доставил изјава и го сменил првичното тврдење дека Љупчо Палевски-Палчо е извршител на убиствата. За изјавата денеска информираа од судот од каде што рекоа дека била доставена преку затворот. За изјавата на Кешишов, неговиот адвокат, Игор Ефремов, рече дека претходно не бил запознаен и оти допрва ќе треба да се види за што станува збор. „Денеска првпат се запознав со дадената изјава која беше доставена до нас како бранители преку судот. Тој има напишано некоја изјава, меѓутоа не би сакал да ја коментирам содржината имајќи предвид дека ниту знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали тој своеволно има пишувано или, можеби, не сакам да помислам, некоја присила или закана имало за таква изјава. По однос на содржината, ќе разговарам со него, па дополнително ќе ве известам и вас“, рече Ефремов во изјава за медиумите по судењето. Во изјавата од Кешишов наведено е дека Палевски на 22 и на 27 ноември 2023 година не бил со другите тројца во Велес и во Скопје, туку дека спиел во штабот. Понатаму пишува дека згрешил што го послушал Велибор Манев, еден од обвинетите за кој Палевски со писмо до јавноста тврдеше дека тој е извршител на убиствата. На местото на убиствата, според Кешишев, во Скопје и Велес биле тој, Велибор и Боре Видевски, но не пишува кој пукал. Изјавата од Кешишов, на адвокатите и на сите обвинети, судијата им ја подели на крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци. Адвокатот Бојан Манев, прашан за новата изјава за Кешишов, ја оцени како несериозна и додаде дека на крајот на процесот секако ќе има соочување помеѓу сите нив. „Едноставно мислам дека не е сериозно и совесно во ваков предмет прво да се изјавува едно, а потоа друго. Ќе има во понатамошниот тек на постапката соочување меѓу нив“, изјави Манев по завршување на денешното рочиште. Сведочење на лицето што го возел Палевски од Белград до Турција Третиот денешен сведок беше Стефан Димковски, лицето што го има превезено обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција. Димковски рече дека учествувал во основање на политичката партија Десна, а оти со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности. Потоа, како што рече, поради приватни проблеми од 2021 година ретко одел во партијата. Димковски сведочеше дека на 1 декември 2023 година, околу 8:45 часот, Палевски му се јавил и го прашал дали може да оди да го земе од Белград и да го врати во Македонија. „На Телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски. Што правиш, можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, дојдов на прегледи и нешто да завршам за партијата. Реков дека ќе дојдам, да завршам само со сервисот“, кажа сведокот додавајќи дека во 15:30 часот го земал Палчо од центарот на Белград. Потоа рече дека тргнале на пат за Скопје и оти во делот кај Велика Плана застанале на ручек. „Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборувавме за активностите во партијата, дека требало да се активира“, рече тој. Од Велика Плана, додаде Димковски, тргнале по патот за Скопје, а пред Ниш Палевски му рекол дека треба да застанат во градот. Таму разговарал со неговиот адвокат Васко, по што му рекол дека ќе треба да преспијат таму затоа што утредента требало да се види со некој човек. Додека седеле на терасата од хотелот, како што рече Димковски, Палевски му кажал дека му било резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за ‘рбетот. „И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога, немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники“, рече сведокот дополнувајќи дека поевтина варијанта му било да го однесе до Турција. Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не. Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај Турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски. Димковски сведочеше дека не забележал ништо невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување. „На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале“, рече тој. Во продолжението од сведочењето рече дека на 3.12.2023 по појадокот си заминал. „На појадокот ме информираше, го видов блед. Абе, вели, ’го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа во Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене’. Вели, ’вчера влегле во штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче’“, раскажа сведокот. Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата. Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и дека откако си заминал Љупчо останал во градот. „Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, ’што е ова, да не го местат’. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата“, рече сведокот. Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил. „Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил“, додаде сведокот. Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно. На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го принудувал да одат по споредни патишта. Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“. Претходно денеска сведочеа познаници на Палчо, сведоците Ерол Османи и Ламбе Бучков. Манев: Обвинителството нема никакви докази за самиот предмет За сведочењето на двајца сведоци, адвокатот Манев има поднесено приговори и рече дека нивните изјави покажуваат „само една работа, дека Јавното обвинителство овде нема никаков предмет“ „Ако мислите дека изјавите на сведоците, односно изјави за некакви должничко-доверителски односи на Љупчо Палевски со еден од сведоците, од пред десетина и повеќе години, се нешто важно за овој предмет, тогаш јас стварно не знам каква врска има сето тоа. Во изјавата на сите тројца сведоци денеска не видовме никаква важна работа што кореспондира со самиот предмет“, рече Манев. Марјан Витановски, адвокат на Палевски / ФОТО: Принтскрин Според него, Обвинителството нема никакви докази за самиот предмет и „вади некакви небулози што немаат допирна точка со самиот предмет“. Манев вели дека се промашени сите сведоци. „Овде Обвинителството има измислен мотив, нема докажано никаков мотив за поврзаност, прво за таткото на девојчето, нема пронајдено оружје со кое треба да биде извршено кривичното дело. Ние не знаеме дали има едно или две оружја со кое е извршено убиството. Штуро е обвинението во тој дел. Најголема непознаница, местото каде наводно е киднапирано девојчето и е земено, овде Обвинителството не посочи ниту еден доказ и не даде образложение за самото обвинение. Нема ниту една снимка ниту една безбедносна камера ниту изјава на сведок дека тие луѓе биле на тоа место“, рече тој. Следното рочиште е закажано за 25 ноември 2024 година, кога се предвидени сведоците Игор Јанушев, Зоран Абаз и Љупчо Мицевски. - Реклама -...
Палевски дојде кај мене да го поправи котелот за греење ден по убиството на Вања – сведочи негов пријател
365.mk - пред 20 часа
Пријателот на Палчо, Ерол Османи, рече оти последната комуникација со него ја имал на 28 ноември (еден ден по убиството на Вања), кога Палевски дошол кај него за да го поправи котелот Со сведочење на Ерол Османи, сведок на обвинителство, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Османи рече дека со Палевски се познавале од времето кога тој издавал весник, а тој бил повикан да помогне во издавањето. Рече дека со Палчо останале пријатели и по затворањето на весникот, а дека во 2011-2012 година од него имал земено котел за греење и комуникацијата со него била секогаш кога доаѓала грејна сезона. „Во 2023 година котелот не функционираше и го барав да дојде да го види за да можам да го користам”, рече Ерол Османи во своето сведочење. Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски / Фото: МИА (архива) Последната комуникација рече дека ја имале на 28 ноември (ден по грабнувањето и убиството на Вања), кога Палевски дошол кај него за да го поправи котелот. Пред тоа, на 22 ноември, Османи му пишувал на „Месинџер“, но не добил одговор. „На 27 ноември 2023 г. го барав на Фејсбук и го немаше. Околу 23 часот ми пиша дека ќе дојде другиот ден”, додаде Османи. Претходно, како што рече сведокот, Палевски не можел да дојде бидејќи бил настинат, а во пораката му напишал: „Одлежав 3-4 часа, како да ме згазна камион, ништо страшно не е, ќе дојдам сабајле”. „На 28 ноември беше добар со здравјето. Водевме нормални разговори и ништо не спомена околу 27 ноември, немаше ништо посебно во однесувањето“, рече тој. Според неговото сведочење, Палевски дошол со бел автомобил, за кој рече дека е пикап, но не беше сигурен дали станува збор за марка „ситроен” или „пежо”. Потоа прашања до Османи упати првообвинетиот Љупчо Палевски. Го праша во колку часот дошол кај него. Османи, вадејќи принтскринови од „Месинџер“ од разговорите со Палевски, рече дека на 27 ноември во 11:42 часот добил порака дека ќе дојде и оти пристигнал 40-ина минути подоцна. На ова Палевски упати друго прашање – дали Османи знаел дека во тој период од денот имал гостување на поткаст. Османи рече дека во пораката пишувало: „Завршувам брзо, ја земам ќерка ми од кај ‘Алкалоид’, лаптопот е кај мене, доаѓам кај тебе”. Сведокот додаде и дека пред 22 ноември Палевски му дал друг телефонски број на кој може да го бара. Рече дека Палевски не му кажал дека ќе оди на лекување, но потврди дека тој две години имал проблеми со ‘рбетот и оти лежел во „Систина”. На прашање на обвинителката дали некогаш го видел Палевски да носи пиштол, Османи одговори негативно, како и дека никогаш не комуницирале преку радиоврски. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката и зетот на Панче Жежовски, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија Десна. На последното рочиште беа сослушани мајката и таткото на Александар Ѓорчевски. На првото одржано рочиште во случајот за грабнувањето и убиството на Вања и Панче, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно го испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. - Реклама -...
Судењето за убиствата на Вања и Панче се заплеткува. Се менуваат изјави. Каде бил Палевски?
Независен - пред 18 часа
Судењето за убиствата на Вања и Панче се заплеткува. Се менуваат изјави. Каде бил Палевски? Обвинетиот Влатко Кешишов ја промени првичната изјава. Сега тврди дека Палевски не бил со нив кога се случиле убиствата 20/11/2024 15:20 Влатко Кешишов за време на судењето (Фото: Б. Грданоски) Денешната писмена изјава на Влатко Кешишов, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, може да го сврти наопаку целиот „процес на деценијата“. Кешишов преку затворот неочекувано достави изјава до судот со која го менува првичното тврдење дека Љупчо Палевски е извршител на убиствата. Кешишев во изјавата навел дека обвинетиот Велибор Манев им вршел притисок да кажат дека Палевски е организатор и дека тој пукал во двете жртви. Манев, наводно, им се заканил нему и на Боре Видевски дека ќе настрадаат ако не кажат така. Во изјавата напишана на 18 ноември 2024 година, Кешишев навел дека Палевски на 22 и на 27 ноември 2023 година не бил со тројцата во Велес и во Скопје, туку дека спиел во штабот. Кешишев навел дека згрешил што го послушал Велибор и дека кажал невистина дека Палчо бил со нив. Во изјавата Кешишев не навел ништо за мотивите на двете убиства, ниту за тој кој пукал во Вања и во Панче. Кешишев е човекот кој на полицијата ѝ откри каде е закопана Вања. На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев. Оваа изјава ќе може да се расчисти кога сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето. Меѓу денешните сведоци беше и Стефан Димковски, основач на партијата Десна, кој од Србија преку Бугарија, со автомобил го одвезе Палевски во Турција. „На први декември Палевски ми се јави на Телеграм. Јас ги однесов децата во градинка и отидов на сервис да ги менувам гумите. Ми се јави и ме праша дали можам да отидам да го земам од Белград. Го прашав што прави, ми рече дека е на преглед и дека завршува некои работи таму. Му кажав дека за еден час би тргнал. Ми рече да го земам од Србија, да го вратам назад во Скопје“, рече Димковски. Кога стигнал воБелград го зел Палевски од еден хотел во центарот на градот. Веднаш тргнале назад кон Скопје. Некаде по пат застанале да ручаат. Но, Палевски го сменил планот. Му кажал, „што ќе дремеме овде да чекаме лет за Истанбул за утре, ако си одморен, префрли ме ме до Истанбул, за 5 часа сме таму“. Палевски му рекол дека веќе закажал преглед за операција во Истанбул и носел тешки торби со себе. Кога стигнале во Турција, го однел кај сместувањето во куќа што го нашол претходно. Газдата се викал Усеин, знаел турски и македонски. „Уште бев во хотелот во Турција, се онесвестив кога ја слушнав изјавата на Оливер Спасовски дека Палчо го обвинуваат. Му се јавив, го прашав зошто него го спомнуваат? ‘Ова е тешка местенка против мене’“, му кажал Палевски и тоа било последен пат кога се чуле. Поврзани содржини Студентите, в петок, се приклучуваат на протестот на Дудуш за ЈСП 20/11/2024 20:11 Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје 20/11/2024 18:11 Грците доаѓаат на грчко гиро во Битола 20/11/2024 15:11 Град Скопје за градскиот превоз: Мицкоски креира кризи во јавните претпријатија 20/11/2024 15:11 Герила акција: Скопје 2024 – Европска претстолнина на ѓубрето 20/11/2024 15:11 Од попладнево ќе нема автобуси на ЈСП во Скопје – нема нафта 20/11/2024 15:11 Што ѝ порачаа децата на Владата на средбата со Мицкоски и министрите? 20/11/2024 14:11 Почнува кампањата „Сите права за сите деца“ 20/11/2024 13:11 Најчитани Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Средба во Влада утре во врска со поранешно „Фени“ најави кавадаречкиот градоначалник Јанчев 14/11/2024 16:09 Скопјани утрово смрзнаа по постојките – автобус ни за лек 18/11/2024 09:50 Теа од Куманово е нашиот адут на Мис Универзум 2024 15/11/2024 18:43...
Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, Кешишов го сменил првичниот исказ
365.mk - пред 13 часа
На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција. На денешното рочиште беше соопштено дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ. Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за првпат денеска се запознава со изјавата и дека допрва ќе треба да се види за што станува збор. Сведок Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија „Десна“, а со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности. -До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година имав приватни проблеми и ретко одев, рече сведокот. Прашан дали Палчо му се јавил на 1 декември 2023 година, одговори да. -На Телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски во 15 за 9. „Што правиш, можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, дојдов на прегледи и нешто да завршам за партијата“? Реков дека ќе дојдам, да завршам само со сервисот, образложи сведокот. Продолжи, „ми рече да го земам од Белград и да го вратам во Македонија. Во Белград стигнав во 15:30 попладнето на први. Ми пушти адреса каде да го најдам. Го земав во центарот на Белград“. Прашан каде и кога тргнале, одговори дека тргнале да се враќаат кон Скопје. -Тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва, ми требаше многу време да излеземе од Белград, некаде Велика Плана застанавме на ручек. Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборевме за активностите во партијата, дека требало да се активира, рече тој. Од Велика Плана, на враќање, тргнавме по патот за Скопје, пред Ниш ми кажа дека треба да застанеме во Ниш. Разговараше со Васко, адвокатот и затвори, тогаш разбрав дека е со Васко. Не знам зошто разговарал со него, само ме информираше дека разговарал со Васко. Потоа рече изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што требало да се види му закажал во за 8:30 часот утредента, рече сведокот. Потоа посочи дека останале во хотел во Ниш и кога седеле на тераса, како што рече му соопштил дека му е резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за кичмата. -И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники, рече сведокот, дополнувајќи дека поефтина варијанта му било да го однесе до Турција. Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не.Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски. -Вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување по хотели, не му успеваше, како што го разбрав отпосле преку лицето Велибор се сместивме во една куќа, плати, рече сведокот. Прашан дали додека се возеле до Турција, забележале нешто невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување, сведокот одговори не. -На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале, рече тој. Прашан зошто Палевски одлучил да се смести во куќа, а не во хотел, одговори дека му испаѓало дека треба да плати 800 евра. -Поефтино му беше да земе стара куќа под наем за 150 евра. Куќата беше изнајмена за три месеци. Операцијата му беше закажана во Истанбул за понеделник, затоа сакаше поефтин смештај, беше кус со пари, рече сведокот. Во продолжението од сведочењето рече дека на 3.12.2023 после доручекот си заминал. -На доручекот ме информираше, го видов блед, абе, вели, „го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа у Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене“. Вели, „вчера влегле у штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче“, раскажа сведокот. Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата. Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и откако си заминал Љупчо останал во градот. -Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, „што е ова, да не го местат“. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата, рече сведокот. Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил. -Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил, цитираше сведокот. Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно. -Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто, рече сведокот. На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта. Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“. Претходно денеска сведочеа познаници на Палчо, сведоците Ерол Османи и Ламбе Бучков. Воедно, на денешното рочиште судот информираше дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ. Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за прв пат денеска се запознава со изјавата и допрва ќе треба да се види за што станува збор. На следното рочиште закажано за 25 ноември 2024 се предвидени сведоците Игор Јанушев, Зоран Абаз и Љупчо Мицевски. Досега, на изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 25 ноември 2024 година. - Реклама -...
Адвокатот што го возел Палчо до Турција се онесвестил кога прочитал за што го обвинуваат Палевски, а тој му рекол: „Не знам што ми смислил Оливер Спасовски“
Точка - пред 17 часа
Сведок Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија „Десна“, а со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности. - До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година имав приватни проблеми и ретко одев, рече сведокот. Прашан дали Палчо му се јавил на 1 декември 2023 година, одговори да. - На Телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски во 15 за 9. „Што правиш, можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, дојдов на прегледи и нешто да завршам за партијата“? Реков дека ќе дојдам, да завршам само со сервисот, образложи сведокот. Продолжи, „ми рече да го земам од Белград и да го вратам во Македонија. Во Белград стигнав во 15:30 попладнето на први. Ми пушти адреса каде да го најдам. Го земав во центарот на Белград“. Прашан каде и кога тргнале, одговори дека тргнале да се враќаат кон Скопје. - Тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва, ми требаше многу време да излеземе од Белград, некаде Велика Плана застанавме на ручек. Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборевме за активностите во партијата, дека требало да се активира, рече тој. Од Велика Плана, на враќање, тргнавме по патот за Скопје, пред Ниш ми кажа дека треба да застанеме во Ниш. Разговараше со Васко, адвокатот и затвори, тогаш разбрав дека е со Васко. Не знам зошто разговарал со него, само ме информираше дека разговарал со Васко. Потоа рече изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што требало да се види му закажал во за 8:30 часот утредента, рече сведокот. Потоа посочи дека останале во хотел во Ниш и кога седеле на тераса, како што рече му соопштил дека му е резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за кичмата. - И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники, рече сведокот, дополнувајќи дека поефтина варијанта му било да го однесе до Турција. Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не.Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај Турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски. - Вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување по хотели, не му успеваше, како што го разбрав отпосле преку лицето Велибор се сместивме во една куќа, плати, рече сведокот. Прашан дали додека се возеле до Турција, забележале нешто невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување, сведокот одговори не. - На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале, рече тој. Прашан зошто Палевски одлучил да се смести во куќа, а не во хотел, одговори дека му испаѓало дека треба да плати 800 евра. - Поевтино му беше да земе стара куќа под наем за 150 евра. Куќата беше изнајмена за три месеци. Операцијата му беше закажана во Истанбул за понеделник, затоа сакаше поефтин смештај, беше кус со пари, рече сведокот. Во продолжението од сведочењето рече дека на 3.12.2023 после доручекот си заминал. - На доручекот ме информираше, го видов блед, абе, вели, „го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа во Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене“. Вели, „вчера влегле у штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче“, раскажа сведокот. Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата. Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и откако си заминал Љупчо останал во градот. - Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, „што е ова, да не го местат“. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата, рече сведокот. Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил. - Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил, цитираше сведокот. Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно. - Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто, рече сведокот. На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта. Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“. Претходно денеска сведочеа познаници на Палчо, сведоците Ерол Османи и Ламбе Бучков. Воедно, на денешното рочиште судот информираше дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ. Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за прв пат денеска се запознава со изјавата и допрва ќе треба да се види за што станува збор. На следното рочиште закажано за 25 ноември 2024 се предвидени сведоците Игор Јанушев, Зоран Абаз и Љупчо Мицевски. Досега, на изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 25 ноември 2024 година....
Палевски размислувал за политички азил
Прес 24 - пред 18 часа
Денеска во Основен кривичен суд Скопје за убиството на Вања и Панче сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил. -Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил, цитираше сведокот. Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно. -Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто, рече сведокот. На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта. Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“....
Возачот кој го однел Палевски во Турција: Се онесвестив во хотелот кога видов што кажува министерот Спасовски
Прес 24 - пред 19 часа
На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција. Димковски посочи дека останале во хотел во Ниш и кога седеле на тераса, како што рече му соопштил дека му е резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за кичмата. -И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники, рече сведокот, дополнувајќи дека поефтина варијанта му било да го однесе до Турција. Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не.Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски. -Вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување по хотели, не му успеваше, како што го разбрав отпосле преку лицето Велибор се сместивме во една куќа, плати, рече сведокот. Прашан дали додека се возеле до Турција, забележале нешто невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување, сведокот одговори не. -На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале, рече тој. Прашан зошто Палевски одлучил да се смести во куќа, а не во хотел, одговори дека му испаѓало дека треба да плати 800 евра. -Поефтино му беше да земе стара куќа под наем за 150 евра. Куќата беше изнајмена за три месеци. Операцијата му беше закажана во Истанбул за понеделник, затоа сакаше поефтин смештај, беше кус со пари, рече сведокот. Во продолжението од сведочењето рече дека на 3.12.2023 после доручекот си заминал. -На доручекот ме информираше, го видов блед, абе, вели, „го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа у Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене“. Вели, „вчера влегле у штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче“, раскажа сведокот. Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата. Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и откако си заминал Љупчо останал во градот. -Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, „што е ова, да не го местат“. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата, рече сведокот....
Нови детали за движењата на Палевски - од Белград тргнале кон Скопје, па застанале во Ниш и ја смениле рутата за Турција
Прес 24 - пред 19 часа
На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција. Сведок Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија „Десна“, а со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности. -До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година имав приватни проблеми и ретко одев, рече сведокот. Прашан дали Палчо му се јавил на 1 декември 2023 година, одговори да. -На Телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски во 15 за 9. „Што правиш, можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, дојдов на прегледи и нешто да завршам за партијата“? Реков дека ќе дојдам, да завршам само со сервисот, образложи сведокот. Продолжи, „ми рече да го земам од Белград и да го вратам во Македонија. Во Белград стигнав во 15:30 попладнето на први. Ми пушти адреса каде да го најдам. Го земав во центарот на Белград“. Прашан каде и кога тргнале, одговори дека тргнале да се враќаат кон Скопје. -Тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва, ми требаше многу време да излеземе од Белград, некаде Велика Плана застанавме на ручек. Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборевме за активностите во партијата, дека требало да се активира, рече тој. Од Велика Плана, на враќање, тргнавме по патот за Скопје, пред Ниш ми кажа дека треба да застанеме во Ниш. Разговараше со Васко, адвокатот и затвори, тогаш разбрав дека е со Васко. Не знам зошто разговарал со него, само ме информираше дека разговарал со Васко. Потоа рече изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што требало да се види му закажал во за 8:30 часот утредента, рече сведокот....
Кешишев го смени исказот: Палчо не беше вмешан во убиствата, ми се заканија да го наместам
Прес 24 - пред 19 часа
Обвинетиот Влатко Кешишев ја повлекол изјавата дека Љупчо Палевски бил присутен за време на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кешишев во изјавата која ја доставил преку затворот до судот навел дека Велибор Манев им вршел притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал. Манев наводно им се заканил на него и на Боре дека ќе ги здробат ако не кажат така. На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата. Во изјавата напишана на 18 ноември 2024 година, Кешишев навел дека Палевски на 22 и на 27 ноември 2023 година не бил со тројцата во Велес и во Скопје, туку дека спиел во штабот. Кешишев навел дека згрешил што го послушал Велибор и дека кажал невистина дека Палчо бил со нив. Во изјавата Кешишев не навел ништо за мотивите на двете убиства, ниту за тој кој всушност пукал во Вања и во Панче....
Палевски планирал да замине за Софија и знаел дека го бара полицијата додека бил во Белград
Прес 24 - пред 21 часа
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Денеска пред судот сведочеше Ламбе Бучков кој го знаел Палевски повеќе од 20 години и со кого телефонски разговорал во тој период Додека Палевски бил во Белград, знаел дека го бара полицијата. Ова денеска пред судот го сведочеше Бучков, пренесува Телма. Палевски му рекол дека Влатко Кешишев кој, исто така, е обвинет во случајот, го информирал дека полицијата била во партијата „Десна“ и дека бара одреден пикап кој бил поврзан со исчезнувањето на некое девојче. Палевски на Бучков му рекол дека планира да замине во Софија, па во Турција бидејќи таму поради претстојните избори имал состаноци со политички партии со кои соработувал....
Ден по убиството на Вања, Палевски беше кај мене дома и ми поправаше котел за греење, сведочеше пријател на Палчо
Макпрес - пред 17 часа
Во Основен кривичен суд Скопје во врска со случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на обвинителството сведочат познаници на обвинетиот Љупчо Палевски. Сведокот Ерол Османи, изјави дека се познава со Палчо во време на издавање на дневниот весник „Глобал“. -Тогаш бев повикан од неговите издавачи да помогнам во издавање на весникот затоа што не одеше како што треба, рече тој, дополнувајќи и дека откако се затворил весникот останале во комуникацијата и биле пријатели. Според неговото сведочење, тие биле во контакт и лани, кога Османи го побарал за сервис на котел за греење. -Го побарав, затоа што земав котел за греење дома, го контактирав често пред сезона на греење. Последната година, лани, не ми функционираше воопшто котелот и не можев воопшто да го користам и затоа се зачестени тие повици од мене кон него во тој период, од средина на ноември лани, рече сведокот. Прашан дали го побарал Палевски на 27.11.2023, одговори потврдно. -Го барав на Фејсбук и околу 11 и нешто часот навечер, ми јави дека ќе дојде утре сабајле и сабајлето утре имаме комуникација дека доаѓа и потврдува во 11 часот дека доаѓа и дојде и го среди котелот, дополни сведокот. Прашан кое било образложението за причината што не дошол на 27.11.2023, одговори дека Палчо му рекол дека е преладен. -На 28.11.2023 беше добар со здравјето. Разговаравме, не спомна ништо во врска со претходниот ден. Однесувањето му беше сосем нормално, рече Османи Дополни дека Палчо кај него дошол со, како што рече „некое бело возило, француско, пик ап, забележав дека беше удрена вратата кај возачот“. Прашан дали му кажал дека планира да замине на лекување, одговори дека не. -Не. Знам дека последните две години имаше проблем со кичмата, меѓутоа не ми спомна такво нешто, рече тој Сведокот посочи дека не забележал Палчо да носи оружје и одговори дека никогаш не комуницирале преку радио-врски. На прашања од обвинетиот Палчо, дали на 22.11.2023 бил кај него да поправа котел и дали му е познато дека на 28 од 10 до 12:30 Палчо бил во живо на Јутуб поткаст, тој цитираше порака од Палчо. -Јас сум на лајв редовен поткаст во живо, завршувам брзо, ја земам ќерка ми од Алкалоид, лаптопот е со мене и доаѓам кај тебе. Прашан колку време траеше сервисот, рече од прилика половина час, до 40 минути а може и саат време. -Го дијагностицира проблемот многу брзо, го отвори редукторот и го среди, рече сведокот, дополнувајќи дека Палчо не му наплатил за својата работа. Прашан дали постои можност да го помешал денот 22 ноември со 28 ноември, тој одговори не. -На 22.11.2023 година јас имам пуштено порака до фотографија на која што сти моторот од котелот. Потоа моите пораки продолжуваат до 27 ноември. И на 27 навечер во 23:30 добивам одговор кој што вели „Ќе дојдам бе сабајле, одма сум подобар. Одлежав три четири часа, како да ме згазил камион, ама океј не е страшно, ќе пројдам со лаптоп, сабајле само да станам“, цитираше сведокот....
Пресврт: Кешишов го смени првичниот исказ, вели дека Палчо не ја убил Вања
Макпрес - пред 16 часа
На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција. На денешното рочиште беше соопштено дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ. Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за првпат денеска се запознава со изјавата и дека допрва ќе треба да се види за што станува збор. Сведок Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија „Десна“, а со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности. -До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година имав приватни проблеми и ретко одев, рече сведокот. Прашан дали Палчо му се јавил на 1 декември 2023 година, одговори да. -На Телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски во 15 за 9. „Што правиш, можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, дојдов на прегледи и нешто да завршам за партијата“? Реков дека ќе дојдам, да завршам само со сервисот, образложи сведокот. Продолжи, „ми рече да го земам од Белград и да го вратам во Македонија. Во Белград стигнав во 15:30 попладнето на први. Ми пушти адреса каде да го најдам. Го земав во центарот на Белград“. Прашан каде и кога тргнале, одговори дека тргнале да се враќаат кон Скопје. -Тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва, ми требаше многу време да излеземе од Белград, некаде Велика Плана застанавме на ручек. Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборевме за активностите во партијата, дека требало да се активира, рече тој. Од Велика Плана, на враќање, тргнавме по патот за Скопје, пред Ниш ми кажа дека треба да застанеме во Ниш. Разговараше со Васко, адвокатот и затвори, тогаш разбрав дека е со Васко. Не знам зошто разговарал со него, само ме информираше дека разговарал со Васко. Потоа рече изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што требало да се види му закажал во за 8:30 часот утредента, рече сведокот. Потоа посочи дека останале во хотел во Ниш и кога седеле на тераса, како што рече му соопштил дека му е резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за кичмата. -И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники, рече сведокот, дополнувајќи дека поефтина варијанта му било да го однесе до Турција. Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не.Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски. -Вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување по хотели, не му успеваше, како што го разбрав отпосле преку лицето Велибор се сместивме во една куќа, плати, рече сведокот. Прашан дали додека се возеле до Турција, забележале нешто невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување, сведокот одговори не. -На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале, рече тој. Прашан зошто Палевски одлучил да се смести во куќа, а не во хотел, одговори дека му испаѓало дека треба да плати 800 евра. -Поефтино му беше да земе стара куќа под наем за 150 евра. Куќата беше изнајмена за три месеци. Операцијата му беше закажана во Истанбул за понеделник, затоа сакаше поефтин смештај, беше кус со пари, рече сведокот. Во продолжението од сведочењето рече дека на 3.12.2023 после доручекот си заминал. -На доручекот ме информираше, го видов блед, абе, вели, „го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа у Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене“. Вели, „вчера влегле у штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче“, раскажа сведокот. Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата. Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и откако си заминал Љупчо останал во градот. -Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, „што е ова, да не го местат“. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата, рече сведокот. Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил. -Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил, цитираше сведокот. Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно. -Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто, рече сведокот. На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта. Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“. Претходно денеска сведочеа познаници на Палчо, сведоците Ерол Османи и Ламбе Бучков. Воедно, на денешното рочиште судот информираше дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ. Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за прв пат денеска се запознава со изјавата и допрва ќе треба да се види за што станува збор....
Поранешен вработен во МВР: Палевски ми должи 16.000 евра
Макпрес - пред 17 часа
Во Основен кривичен суд Скопје во врска со случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на обвинителството сведочат познаници на обвинетиот Љупчо Палевски. Сведок Ламбе Бучков, рече дека го познава Палчо повеќе од 20 години. -Во периодот кога се запознавме бев вработен во МВР, тој се занимаваше со градежништво, рече тој. Прашан каква соработка воспоставиле, одговори дека таа почнала кон крајот на 2011 година. -Нашата соработка почна крајот на 2011-2012 година кога Љупчо Палевски побара, знаеше дека мој другар е еден од поимотните луѓе, да инвестира да се доврши зградата Тифани. Соработката почна успешно, зградата се заврши и почна да функционира, рече сведокот. Дополни дека и потоа продолжиле да соработуваат. -Продолживме и потоа да соработуваме, тој ги понуди локациите што ги имаше земено во Општина Центар, доколку сака другарот мој да ги откупи и да почне да гради зграда. Направен договор, пренесено, но до ден денеска нема одобрение за градба, рече тој. Посочи дека на Палчо му бил Даден аванс од 15 000 евра кои откако увиделе дека договорот не може да се реализира, му ги побарал назад, но тој не им ги вратил. -Од септември 2022 јас почнав поинтензивно да се гледам со Палчо и му кажав дека треба да се вратат парите што се дадени затоа што од локациите и од работата нема ништо. Јас со него контактирав 2-3 пати неделно и му одев во седиштето на партијата, некогаш сам, некогаш со мој пријател, на сите локации во седиштето, рече тој. Прашан дали Палевски му одговарал на пораките, одговори да. -Ми рече дека чека некои средства и дека ќе ми ги врати парите, секогаш кога ќе се видевме. Тоа се одолговлекуваше затоа што и него некој го лажел, рече сведокот Бучков. Сведокот беше прашан дали се познава со некој од обвинетите, при што посочи дека го сретнувал Влатко Кешишов во седиштето на партијата, последниот пат кога го видел Кешишов ми рекол дека Палчо е на пат. -Со Љупчо Палевски последен пат искомуницирав во месец декември во неделата, ми се јави од Турција. Ми кажа дека отишол во Турција по работа, рече сведокот. Дополни дека Палчо му кажал дека сакал да се врати во Македонија и дека Кешишов му кажал дека го бара полицијата. Прашан дали на 1.12.2023 разговарал со Палевски, одговори да. -Разговаравме на Вибер и Ватсап, ми кажа дека сакал да тргне за Македонија, меѓутоа има договорено состаноци во Бугарија и во Турција и дека сакал да дојде тука, наводно дека му кажал на Влатко, „дај им сѐ што бараат на полицијата“. Кога ми кажа дека сакале некое возило да земат, му реков да не сте направиле некои судар, тој ми одговори „не, било видено негде такво возило негде каде што го снемало некое девојче“, рече сведокот. Прашан дали се слушнал со Палчо кога бил во Турција, одговори да. -Ми се јави од неговиот број на Вибер неделата околу ручек. Ми кажа дека е во Турција во Истанбул и дека понеделник сабајле ќе тргне и ќе дојде во Македонија да расчисти што го бараме, рече тој. Прашан каква била финансиската состојба на Палевски во периодот додека се познавале, одговори дека имал многу пари. -Човекот имаше многу пари и сите околу него имаа пари, меѓутоа почнаа да се случуваат некои работи, да одат против него политичката елита и да му одат работите надолу, рече тој. Прашан дали се познава со членови од семејството на Палевски, тој одговори дека се познавал со брат му и ја има видено мајка му. -Летно време се видов со брат му, додека беше Палевски во притвор во Турција. Рече „брат ми не можел да направи такво дело ти го знаеш тоа, можеби ќе те викаат на суд, само да ја кажуваш вистината“, рече сведокот. Тој рече дека знаел дека Палчо има неколку вида на оружје, меѓутоа, како што посочи, не ги видел никогаш. Прашан што му кажал Палчо кога му се јавил од Белград, одговори дека му кажал дека имал состаноци. -Ми кажа дека има договорено состанок во Софија, потоа оди за Турција. Во Бугарија состанок со некоја политичка партија во врска со избори. Во Турција исто, се ближат избори рече, мора да се прави нешто. Кога се објави сѐ, се јавив кај висок полициски функционер, им кажав дека сум во контакт со Палчо и ги известив дека им стојам на располагање да го донесам Палчо, никој не ми се обрати. Шест месеци ме следат по базни станици кај одам и што барам, рече сведокот. Сведокот беше испрашан и од обвинетиот Љупчо Палевски, по однос на договорот за отстапените места во Центар. Прашан дали Палчо е должен да ги врати парите, сведокот одговори дека тој усно му кажал дека ако не се заврши работата ќе ги врати парите. Во продолжението на судењето треба да сведочи сведокот Стефан Димовски, лицето кое го превезе Палчо од Белград до Турција, за кого исто така се води постапка. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска...
Кешишев го смени исказот: Палчо не бил присутен за време на грабнувањата и убиствата на Вања и Панче
Express - пред 16 часа
Обвинетиот Влатко Кешишев ја повлекол изјавата дека Љупчо Палевски бил присутен за време на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кешишев во изјавата која ја доставил преку затворот до судот навел дека Велибор Манев им вршел притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал. Манев наводно им се заканил на него и на Боре дека ќе ги здробат ако не кажат така. На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев. Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата. Во изјавата напишана на 18 ноември 2024 година, Кешишев навел дека Палевски на 22 и на 27 ноември 2023 година не бил со тројцата во Велес и во Скопје, туку дека спиел во штабот. Кешишев навел дека згрешил што го послушал Велибор и дека кажал невистина дека Палчо бил со нив. Во изјавата Кешишев не навел ништо за мотивите на двете убиства, ниту за тој кој всушност пукал во Вања и во Панче. Кешишев е човекот кој на полицијата ѝ откри каде е закопана Вања....
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
Express - пред 23 часа
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои и членови на политичката партија „Десна“, како и полициски инспектори. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска....
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
media.mk - пред 22 часа
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска....
Палевски поправал котел на пријател ден по убиството на Вања, за претходниот рекол дека бил настинат
еМагазин - пред 21 часа
На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеше и Ерол Османи, пријател на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Тој рече дека Палевски дошол кај него да му го поправи котелот за греење, ден по убиството на Вања, а за претходниот ден му рекол дека нема да може, бидејќи бил настинат. Кога дошол бил со добро здравје и не му кажал ништо за претходниот ден. Не забележал ништо чудно кај него. Палевски кај Османи дошол со бел пикап, на кој на возачката врата имало вдлабнатина. Не забележал дека Палевски носел оружје. Османи го испрашуваше и Палевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кешишев ја повлече изјавата дека Палевски бил прустен за време на убиствата на Вања и Панче Палевски по бегството во Турција изнајмил куќа за три месеци Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
еМагазин - пред 1 ден
Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинети се Љупчо Палевски Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Сите се изјаснија дека не се виновни. Судија е Ивица Стефановски, а обвинителката Жаклина Крстевска го застапува обвинението. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кираца Трајковска прва го поврзала грабнувањето на Вања со исчезнувањето на Панче Родителите на таткото на Вања потврдија дека е поранешен зависник од дрога Сведокот Трајковски, кој ги прегледувал снимките со таткото на Вања, не дојде на судењето, имал паничен напад Фото: Унсплеш Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Кешишев ја повлече изјавата дека Палевски бил прустен за време на убиствата на Вања и Панче
еМагазин - пред 18 часа
Влатко Кешишев, еден од обвинетите за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес ја повлекол првичната изјава дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо бил со него и со другите обвинети Велибор Манев и Боре Видовски за време на убиствата на Вања и Панче, објави Слободен печат. Според првичната изјава на Кешишев, Палевски е убиецот на Вања и Панче, кои се убиени на 22. и на 27. ноември 2023 година. Сега тврди дека таа изјава ја дал под притисок на Манев, а дека Палевски тие денови спиел во штабот на партијата „Десна“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Палевски по бегството во Турција изнајмил куќа за три месеци Палевски поправал котел на пријател ден по убиството на Вања, за претходниот рекол дека бил настинат Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Палевски по бегството во Турција изнајмил куќа за три месеци
еМагазин - пред 19 часа
На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеше и Стефан Димковски, член на основачкиот тим на партијата „Десна“, кој го возеше првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо од Белград до Турција. Како што кажа тој првично требало Палевски од Белград да го вози до Скопје, но во Ниш се сменил планот и продолжиле кон Турција, бидејќи немало летови од Скопје, а Палевски да оди на преглед за кичмата. Тој рече и дека во текот на патувањето Палевски зборувал често на телефон, а разговарал и со Влатко Кекишев, еден од обвинетите. Според Димковски, во Турција, Палевски, изнајмил куќа на три месеци, објаснувајќи дека тоа било поевтина опција. Кога Димковски се сместил во хотел од информациите во медиумите дознал дека се бара Палевски за убиството на Вања и Панче и се онесвестил. Палевски му кажал дека се работело за местенка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кешишев ја повлече изјавата дека Палевски бил прустен за време на убиствата на Вања и Панче Палевски поправал котел на пријател ден по убиството на Вања, за претходниот рекол дека бил настинат Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Палчо додека бил во Белград знаел дека го бара полицијата – сведочење на пријател на Палчо
24 Инфо - пред 21 часа
Македонија Палчо додека бил во Белград знаел дека го бара полицијата – сведочење на пријател на Палчо 20/11/2024 12:39 Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, додека бил во Белград, знаел дека го бара полицијата. Ова денеска пред судот го сведочеше Ламбе Бучков кој го знаел Палевски повеќе од 20 години и со кого телефонски разговорал во тој период, пренесува Телма. Палевски му рекол дека Влатко Кешишев кој, исто така, е обвинет во случајот, го информирал дека полицијата била во партијата „Десна“ и дека бара одреден пикап кој бил поврзан со исчезнувањето на некое девојче. Палевски на Бучков му рекол дека планира да замине во Софија, па во Турција бидејќи таму поради претстојните избори имал состаноци со политички партии со кои соработувал. Инаку Бучков сведочеше дека Палевски немал пари и негов имотен пријател му дал 15.000 евра како аванс со цел од него да земе земјиште за изградба на зграда. Но, бидејќи не било издадено одобрение за изградба на зграда, Бучков ги барал парите назад и затоа во периодот на исчезнувањето на Ѓорчевска, често комуницирал со Палевски....
Продолжува судењето за смртта на Вања и Панче
24 Инфо - пред 1 ден
Македонија Продолжува судењето за смртта на Вања и Панче 20/11/2024 09:26 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот ќе продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На претходните рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и инспектори и членови на политичката партија „Десна“ кои биле вклучени во истрагата. Последното рочиште беше фокусирано на исказите на семејството на таткото на Вања. Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, татко на девојчето, на првото рочиште се изјаснија дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно го испланирале грабнувањето на 14-годишната Вања за да изнудат пари од нејзиното семејство, додека грабнувањето на Панче Жежовски во Велес било со цел присилно да го добијат неговото возило „Цитроен“ за да го користат во киднапирањето на девојчето. Телата на Вања и Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, беа пронајдени мртви на 3 декември во близина на Скопје и Велес. Во случајот е осомничено уште едно лице за помагање по извршувањето на кривичното дело, а постапката против него ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, додека застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска....
Сведоци потврдија дека комуницирале со Палевски по убиствата на Вања и Панче
Мкд.мк - пред 20 часа
Судење за двојното убиство на Ѓорчевска и ЖежовскиСведоци потврдија дека комуницирале со Палевски по убиствата на Вања и ПанчеВо Основниот кривичен суд Скопје во врска со случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на обвинителството сведочат познаници на обвинетиот Љупчо Палевски. Објавено на20.11.2024 13:55часотСподелиСподелиFacebookTwitterWhatsAppEmailПринтViber Сведокот Ерол Османи изјави дека се познава со Палчо во времето на издавање на дневниот весник Глобал.„Тогаш бев повикан од неговите издавачи да помогнам во издавање на весникот затоа што не одеше како што треба“, рече тој, дополнувајќи и дека откако се затворил весникот, останале во комуникацијата и биле пријатели.Според неговото сведочење, тие биле во контакт и лани, кога Османи го побарал за сервис на котел за греење.„Го побарав, затоа што земав котел за греење дома, го контактирав често пред сезона на греење. Последната година, лани, не ми функционираше воопшто котелот и не можев воопшто да го користам и затоа се зачестени тие повици од мене кон него во тој период, од средината на ноември лани“, рече сведокот.Прашан дали го побарал Палевски на 27 ноември 2023, одговори потврдно.„Го барав на Фејсбук и околу 11 и нешто часот навечер ми јави дека ќе дојде утре сабајле и сабајлето утре имаме комуникација дека доаѓа и потврдува во 11 часот дека доаѓа и дојде и го среди котелот“, дополни сведокот.Прашан кое било образложението за причината што не дошол на 27 ноември 2023, одговори дека Палчо му рекол дека е настинат.„На 28 ноември 2023 беше добар со здравјето. Разговаравме, не спомна ништо во врска со претходниот ден. Однесувањето му беше сосем нормално“, рече Османи.Дополни дека Палевски кај него дошол со, како што рече „некое бело возило, француско, пикап, забележав дека беше удрена вратата кај возачот“.Прашан дали му кажал дека планира да замине на лекување, одговори дека не.„Не. Знам дека последните две години имаше проблем со кичмата, меѓутоа не ми спомна такво нешто“, рече тој.Сведокот посочи дека не забележал Палевски да носи оружје и одговори дека никогаш не комуницирале преку радиоврски.На прашања од обвинетиот Палчо дали на 22 ноември 2023 година бил кај него да поправа котел и дали му е познато дека на 28-ми од 10 до 12:30 часот Палевски бил во живо на Јутуб поткаст, тој цитираше негова порака.„Јас сум на лајв редовен поткаст во живо, завршувам брзо, ја земам ќерка ми од Алкалоид, лаптопот е со мене и доаѓам кај тебе“, му пишал Палевски на сведокот.Прашан колку време траел сервисот, рече од прилика половина час, до 40 минути, а може и саат време.„Го дијагностицира проблемот многу брзо, го отвори редукторот и го среди“, рече сведокот, дополнувајќи дека Палевски не му наплатил за својата работа.Прашан дали постои можност да го помешал денот 22 ноември со 28 ноември, тој одговори не.„На 22 ноември 2023 година јас имам пуштено порака до фотографија на која што стои моторот од котелот. Потоа моите пораки продолжуваат до 27 ноември. И на 27-ми навечер во 23:30 добивам одговор што вели ‘ќе дојдам бе сабајле, одма сум подобар. Одлежав три четири часа, како да ме згазил камион, ама океј не е страшно, ќе пројдам со лаптоп, сабајле само да станам’“, цитираше сведокот.Сведокот Ламбе Бучков рече дека го познава Палевски повеќе од 20 години.„Во периодот кога се запознавме бев вработен во МВР, тој се занимаваше со градежништво“, рече тој.Прашан каква соработка воспоставиле, одговори дека таа почнала кон крајот на 2011 година.„Нашата соработка почна крајот на 2011-2012 година кога Љупчо Палевски побара, знаеше дека мој другар е еден од поимотните луѓе, да инвестира да се доврши зградата Тифани. Соработката почна успешно, зградата се заврши и почна да функционира“, рече сведокот.Дополни дека и потоа продолжиле да соработуваат.„Продолживме и потоа да соработуваме, тој ги понуди локациите што ги имаше земено во Општина Центар, доколку сака другарот мој да ги откупи и да почне да гради зграда. Направен договор, пренесено, но до ден денеска нема одобрение за градба“, рече тој.Посочи дека на Палевски му бил даден аванс од 15.000 евра, кои откако увиделе дека договорот не може да се реализира, му ги побарал назад, но тој не им ги вратил.„Од септември 2022 јас почнав поинтензивно да се гледам со Палчо и му кажав дека треба да се вратат парите што се дадени затоа што од локациите и од работата нема ништо. Јас со него контактирав 2-3 пати неделно и му одев во седиштето на партијата, некогаш сам, некогаш со мој пријател, на сите локации во седиштето“, рече тој.Прашан дали Палевски му одговарал на пораките, одговори да.„Ми рече дека чека некои средства и дека ќе ми ги врати парите, секогаш кога ќе се видевме. Тоа се одолговлекуваше затоа што и него некој го лажел“, рече сведокот Бучков.Сведокот беше прашан дали се познава со некој од обвинетите, при што посочи дека го сретнувал Влатко Кешишов во седиштето на партијата, последниот пат кога го видел Кешишов, му рекол дека Палчо е на пат.„Со Љупчо Палевски последен пат искомуницирав во декември во неделата, ми се јави од Турција. Ми кажа дека отишол во Турција по работа“, рече сведокот.Дополни дека Палевски му кажал дека сакал да се врати во Македонија и дека Кешишов му кажал дека го бара полицијата.Прашан дали на 1.12.2023 разговарал со Палевски, одговори да.„Разговаравме на Вибер и Ватсап, ми кажа дека сакал да тргне за Македонија, меѓутоа има договорено состаноци во Бугарија и во Турција и дека сакал да дојде тука, наводно дека му кажал на Влатко, ‘дај им сѐ што бараат на полицијата’. Кога ми кажа дека сакале некое возило да земат, му реков да не сте направиле некој судар, тој ми одговори ‘не, било видено некаде такво возило, некаде каде што снемало некое девојче’“, рече сведокот.Прашан дали се слушнал со Палевски кога бил во Турција, одговори да.„Ми се јави од неговиот број на Вибер неделата околу ручек. Ми кажа дека е во Турција во Истанбул и дека понеделник сабајле ќе тргне и ќе дојде во Македонија да расчисти што го бараме“, рече тој.Прашан каква била финансиската состојба на Палевски во периодот додека се познавале, одговори дека имал многу пари.„Човекот имаше многу пари и сите околу него имаа пари, меѓутоа почнаа да се случуваат некои работи, да одат против него политичката елита и да му одат работите надолу“, рече тој.Прашан дали се познава со членови од семејството на Палевски, тој одговори дека се познавал со брат му и ја има видено мајка му.„Летно време се видов со брат му, додека беше Палевски во притвор во Турција. Рече ‘брат ми не можел да направи такво дело, ти го знаеш тоа, можеби ќе те викаат на суд, само да ја кажуваш вистината’“, рече сведокот.Тој рече дека знаел дека Палевски има неколку вида оружје, меѓутоа, како што посочи, не ги видел никогаш.Прашан што му кажал Палевски кога му се јавил од Белград, одговори дека му кажал дека имал состаноци.„Ми кажа дека има договорено состанок во Софија, потоа оди за Турција. Во Бугарија состанок со некоја политичка партија во врска со избори. Во Турција исто, се ближат избори рече, мора да се прави нешто. Кога се објави сѐ, се јавив кај висок полициски функционер, им кажав дека сум во контакт со Палчо и ги известив дека им стојам на располагање да го донесам Палчо, никој не ми се обрати. Шест месеци ме следат по базни станици кај одам и што барам“, рече сведокот.Сведокот беше испрашан и од обвинетиот Љупчо Палевски, по однос на договорот за отстапените места во Центар.Прашан дали Палевски е должен да ги врати парите, сведокот одговори дека тој усно му кажал дека ако не се заврши работата, ќе ги врати парите.Во продолжението на судењето треба да сведочи сведокот Стефан Димовски, човекот што го превезе Палевски од Белград до Турција, за кого исто така се води постапка.На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија Десна. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања.На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. ТОП ВЕСТИДојран ќе добие пречистителна станица до крајот на годинава 20.11.2024 14:43 Мицкоски „призна“ дека Владата ја поддржала кандидатурата на Шекеринска за НАТО 20.11.2024 14:04 Како македонската „Хајди“ ги освои врвовите на НАТО 20.11.2024 13:37 Утре врнежи од дожд и умерен до засилен северозападен ветер 20.11.2024 13:32 Скопската гимназија „Никола Карев“ прво пет френдли училиште во Македонија 20.11.2024 13:26 Угостителски објект во Охрид служел небезбедно месо, АХВ уништи 366 килограми 20.11.2024 13:22 ПОСЛЕДНИ ВЕСТИДојран ќе добие пречистителна станица до крајот на годинаваЛабина Митевска ја доби наградата на Еуроимаж за меѓународни копродукцииЕл капитан е новиот најбрз суперкомпјутер во светот (ВИДЕО)Мицкоски „призна“ дека Владата ја поддржала кандидатурата на Шекеринска за НАТОЃорческа загуби од првата носителка во Трнава иако доби сет со 6-0...
Денеска, ново рочиште на судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Мкд.мк - пред 1 ден
Денеска, ново рочиште на судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче ЖежовскиВо Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Објавено на20.11.2024 9:34часотСподелиСподелиFacebookTwitterWhatsAppEmailПринтViber На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. ТОП ВЕСТИОКТА донира за кампањата во борба против гладот за ранливите категории на граѓани 20.11.2024 9:53 Во сите поголеми македонски градови загаденоста на воздухот е голема 20.11.2024 7:23 Дожд и снег на планините 20.11.2024 6:34 Изведбата на интерконекторот со Грција да почне на пролет 19.11.2024 23:00 Честитки од регионот за Шекeринска за нејзиното именување за заменик генерален секретар на НАТО 19.11.2024 22:49 Халкбанк АД Скопје – Лидер во поддршка на женското претприемништво 19.11.2024 22:32 ПОСЛЕДНИ ВЕСТИСупер асистенција на Меси и перфектен волеј на Лаутаро за победа на Аргентина (ВИДЕО)Со „Песна за неговата песна“ денеска се одбележуваат 90 години од раѓањето на Петре М.АндреевскиОКТА донира за кампањата во борба против гладот за ранливите категории на граѓаниНадал ја заврши кариерата: Сакам да ме паметите како добар човек од мал градБајден им праќа противпешадиски мини на Украинците, целта е да се запре рускиот пробив...
Целосен пресврт на судењето денес: Кешишев ја повлече изјавата против Палчо
24 Инфо - пред 18 часа
Македонија Целосен пресврт на судењето денес: Кешишев ја повлече изјавата против Палчо 20/11/2024 15:21 Судењето за бруталното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес доби драматичен пресврт по изјавата на обвинетиот Влатко Кешишев, кој преку писмена изјава го повлече своето претходно тврдeње дека Љупчо Палевски, познат како Палчо, бил со нив за време на извршувањето на двојното убиство. Кешишев, кој претходно сведочеше дека Палевски бил присутен и го обвини како организатор на злосторството и извршител, во својата најнова изјава доставена од затворот до судот, откри дека бил под притисок од Велибор Манев. Според Кешишев, Манев ги принудувал него и Боре да лажат, заканувајќи им се со физичко насилство доколку не изјават дека Палевски бил извршителот на убиствата. „Згрешив што го послушав Велибор и кажав невистина дека Палчо бил со нас. На 22 и на 27 ноември 2023 година, Палевски спиеше во штабот, а не беше ниту во Велес ниту во Скопје со нас тројцата,“ напишал Кешишев во изјавата која ја напишал завчера, односно на 18 ноември 2024 година. На денешното рочиште, судот ја подели писмената изјава на Кешишев до адвокатите на сите обвинети. Иако адвокатите на обвинетите одбија да ја коментираат изјавата на Кешишев, тие изразија увереност дека вистината ќе се разјасни во соочувањата. Во изјавата, Кешишев не даде дополнителни детали за тоа кој пукал во Вања и Панче, што остава простор за натамошни шпекулации и истраги. Убиството на 19-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски предизвика огромно внимание во јавноста. Кешишев беше човекот кој ја откри локацијата каде е закопана Вања, што го стави во центарот на истрагата....
Возачот што го пренесе во Турција, сведочеше дека Палевски сакал да бара политички азил во Белорусија
Мкд.мк - пред 17 часа
Возачот што го пренесе во Турција, сведочеше дека Палевски сакал да бара политички азил во БелорусијаНа денешното судење за двојното убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје сведочеше и Стефан Димковски, човекот кој го превезол обвинетиот Љупчо Палевски од Белград, Србија до Турција. Објавено на20.11.2024 16:22часотСподелиСподелиFacebookTwitterWhatsAppEmailПринтViber Сведокот Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија Десна, а со Палевски се познавал од 2017-2018 година преку политички активности.„До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година имав приватни проблеми и ретко одев“, рече сведокот.Прашан дали Палевски му се јавил на 1 декември 2023 година, одговори да.„На телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски во 8:45 часот. Ме праша што правам и дали може да одам до Белград да го земам зашто отишол на прегледи и да завршел нешто за партијата. Му реков дека ќе дојдам, само да завршам само со сервисот“, образложи сведокот.Продолжи, „ми рече да го земам од Белград и да го вратам во Македонија. Во Белград стигнав во 15:30 попладнето на први. Ми пушти адреса каде да го најдам. Го земав во центарот на Белград“.Прашан каде и кога тргнале, одговори дека тргнале да се враќаат кон Скопје.„Тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва, ми требаше многу време да излеземе од Белград, некаде Велика Плана застанавме на ручек. Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборевме за активностите во партијата, дека требало да се активира“, рече тој.Од Велика Плана, на враќање, тргнавме по патот за Скопје, пред Ниш ми кажа дека треба да застанеме во Ниш. Разговараше со Васко, адвокатот и затвори, тогаш разбрав дека е со Васко. Не знам зошто разговарал со него, само ме информираше дека разговарал со Васко. Потоа рече изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што требало да се види му закажал во за 8:30 часот утредента“, рече сведокот.Потоа посочи дека останале во хотел во Ниш и кога седеле на тераса, како што рече му соопштил дека му е резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за кичмата.„И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники“, рече сведокот, дополнувајќи дека поефтина варијанта му било да го однесе до Турција.Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не. Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај Турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски.„Вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување по хотели, не му успеваше, како што го разбрав отпосле преку лицето Велибор се сместивме во една куќа. Плати“, рече сведокот.Прашан дали додека се возеле до Турција, забележал нешто невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување, сведокот одговори не.„На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале“, рече тој.Прашан зошто Палевски одлучил да се смести во куќа, а не во хотел, одговори дека му испаѓало дека треба да плати 800 евра.„Поевтино му беше да земе стара куќа под наем за 150 евра. Куќата беше изнајмена за три месеци. Операцијата му беше закажана во Истанбул за понеделник, затоа сакаше поефтино сместување, беше кус со пари“, рече сведокот.Во продолжението од сведочењето рече дека на 3 декември 2023 после доручекот си заминал.„На доручекот ме информираше, го видов блед, абе, вели, ‘го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа во Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене’. Вели, ‘вчера влегле во штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче’“, раскажа сведокот.Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата.Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и откако си заминал Палевски останал во градот.„Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, „што е ова, да не го местат“. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата“, рече сведокот.Прашан дали додека бил заедно со Палевски, тој споменал дека сака да патува во Минск, Белорусија, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил.„Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил“, цитираше сведокот.Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно.„Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто“, рече сведокот.На прашања од обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палевски нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта.Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори дека ако нему некој му лепи таква работа и тој би бил блед.Претходно денеска сведочеа познаници на Палчо, сведоците Ерол Османи и Ламбе Бучков.Воедно, на денешното рочиште судот информираше дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ и дека бил натеран да каже дека Палевски бил на местота на убиствата.Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за прв пат денеска се запознава со изјавата и допрва ќе треба да се види за што станува збор.На следното рочиште закажано за 25 ноември 2024 се предвидени сведоците Игор Јанушев, Зоран Абаз и Љупчо Мицевски.Досега, на изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија Десна. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања.На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило цитроен за да го користат за грабнување на детето во Скопје.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 25 ноември 2024 година. ТОП ВЕСТИУставниот суд одлучи да поведе постапка за Законот за данок на солидарност 20.11.2024 18:31 На тендерот за гасовод со Грција се пријавија фирми од Италија, Србија и Турција и една домашна компанија 20.11.2024 17:42 Ученици седнаа во пратеничките клупи во Собранието 20.11.2024 16:27 Клупите за седење во дебарското шеталиште и во паркот се искршени 20.11.2024 16:21 Попладнево нема градски превоз, Скопје остана со само 25 автобуси 20.11.2024 16:17 Јаневска: Планираме етапно воведување на вештачка интелигенција во образованието 20.11.2024 15:55 ПОСЛЕДНИ ВЕСТИШефот на руските разузнавачи: Ќе му се одмаздиме на НАТО ако ѝ помогне на Украина во нападитеУЕФА ги одреди казните по скандалот на натпреварот помеѓу Романија и КосовоНа тендерот за гасовод со Грција се пријавија фирми од Италија, Србија и Турција и една домашна компанијаЗК Пелагонија: Ги плативме обврските кон Бетон Штип, нема стечајПромоција на деби-албумот на Иван Кукиќ во „Аудиокултура“...
Пресврт во судењето за Вања и Панче со изјавата на Кешишев: Палчо не ја уби Вања
Лидер - пред 17 часа
Изјавата рачно напишана Кешишев во понеделникот до судот ја поднел без знаење на неговиот адвокат. За адвокатот на Видевски нелогично е што Кешишев ја сменил својата прва изјава. Кешишев тврди дека згрешил што го послушал едниот од обвинетите Велибор Манев и кажал невистини во исказот. Според него, Манев е тој што извршил притисок и му се заканил на полицијата да и каже дека Палевски е органзатор и извшрител на убиствата. Кешишев тврди дека само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје. Во изјавата Кешишев не навел ништо за мотивите на двете убиства, ниту за тој кој пукал во Вања и во Панче. Кешишев е човекот кој на полицијата ѝ откри каде е закопана Вања. На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. Оваа изјава ќе може да се расчисти кога сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето. Извор: Рацин.мк...
„Се онесвестив во хотелот“: Стефан Димковски во детали ја раскажа целата комуникација со Палевски кога го возел кон Турција
Лидер - пред 18 часа
Стефан Димковски, човекот што го возел Љупчо Палевски од Белград до Турција сведочеше дека Палчо го викнал за да го врати во Македонија, но дека кога дошле во Ниш, Палевски го замолил да го однесе во Турција. Димковски се познавал со Палевски од 2017 или 2018 година, а се запознале поради политички активности. Тој живее во Струмица. За Боре првпат слушнал кога отишол во притвор, а Велибор Манев го знае од 2020 година, но дека не се во добри односи, од лични причини. Во детали Димковски ја раскажа целата комуникација Димковски вели дека Палевски му се јавил преку Телеграм на 1 декември 2023 година и го прашал дали може да дојде во Белград да го земе и да го врати во Македонија. – Во Белград стасав околу 16 часот на 1.12.2023. Тој ми пушти адреса каде се наоѓа. Го зедов од центарот на Белград, ми рече дека е во хотел. Веднаш тргнавме да се враќаме кон Скопје, имаше гужва, долго ни требаше да излезам од Белград. Кај Велика Плана застанавме на ручек. За престојот во Белград ми кажа дека договарал гостувања со некој аналитичар, политиколог и некој професор за рудни богатства. Ми спомна дека има проблеми со кичмата – рече Димковски. – Имаше ли медицинска документација, видовте ли? – праша обвинителката. – Јас не проверував што носи, не видов – рече Димковски. – Колку телефони носеше? – праша обвинителката. – Јас видов два. Ми се јави од белградски број додека ми даваше насоки од каде да го земам – рече Димковски. – Ви кажа ли зошто воопшто отишол во Белград? – праша обвинителката. – За да прави прегледи и да договори гости за годишнината на партијата – рече Димковски. Тој раскажа дека после ручекот продолжиле кон Скопје. Пред Ниш Палевски му рекол дека треба да застанат во Ниш. По пат кон Ниш Палевски разговарал со адвокатот Васко, со кого Димковски вели дека не е во добри односи. – Кога влеговме во Ниш, пак му се јави Васко и му рекол дека мора да преспиеме во Ниш, затоа што човекот со кого требаше да се видиме вечерта презакажал за утредента во 10 часот. Не се видовме со тој човек. Палевски рече дека треба да оди во Турција, дека му е закажана контрола за да го примат на операција на кичмата. Ми рече „Треба да ме враќаш за Белград, од Скопје и од Ниш нема лет за Истанбул, а од Белград има утредента“. Ми рече: „А зошто да дремеме овде, ако не си изморен, ајде ти мене џитни ме до Турција, зошто да губиме време да чекаме до утре. Мислев се зеза, ама тој беше сериозен. Ме замоли, не можам да одам со торби, не знам турски, ти директно ќе ме однесеш кај еден Турчин кој ќе ме однесе по клиниките. Рече дека само што добил потврда дека му резервирале операција во Турција – рече Димковски. – Имавте ли проблеми на граничните премини? – праша обвинителката. – Не. Од Србија излеговме нормално. Само во Бугарија мене ми правеа проблем со колата. За Палевски на бугарската граница бараа да каже каде ќе престојува. Се сместивме во една куќа кај еден Турчин, мислам дека се викаше Усеин. – Даде ли пари за сместувањето? – праша обвинителката. – Даде дел, а во понеделникот требаше да доплати – рече Димковски. – Дали забележавте нешто невообичаено кај него додека во возевте? – – праша обвинителката. – Не, сѐ беше во ред, разговаравме за политика итн. – рече Димковски. Тој потврди дека Палевски се јавувал од неговиот телефон. Еднаш неговиот телефон немал батерија и еднаш во Пловдив кога се загубиле во магла. – Застанавме на бензинска за да видам каде се наоѓаме и тој ми го побара телефонот за да му се јави на Влатко Кешишев. Не знам што зборуваа. Ноќе патувавме, стигнавме во Турција во 6-7 часот наутро. Можеби со болницата комуницирал по мејл, пред мене по телефон, не. Во Турција купи картичка, сакаше да има брз интернет. Ја зеде куќата како поевтина варијанта од хотел, за кој му доаѓаше околу 800 евра за десетина дена колку што требаше да остане. Куќата ја зеде за 150 евра. Во Турција се сретна со Усеин, наш иселеник таму. Куќата ја изнајми за три месеци – рече Димковски. Тој рече дека Палевски не му кажал во која болница имал закажано операција, дека операцијата била закажана за 3 или за 4 декември 2023 година и дека ќе чинела 5.000 евра. Димковски бил со Палевски до 3 декември 2023 година попладнето. – Каков беше пред да си одите? – праша обвинителката. – Беше блед, ме викна и ми рече дека имало дешавка во Македонија. Ме праша го знаеш ли случајот со исчезнатото девојче? Јас мислев дека зборува за две исчезнати девочиња за Грција. Рече „Не, за Скопје, и тоа ми го лепат мене“. Рече дека вчера била полиција во штабот, вршела претсрес, привеле некои од партијата, па ги пуштиле. Го прашав, а што има девојчето со партијата, рече дека ги поврзал пикапот. Ми кажа кои сѐ биле на испрашување, Плотников, Ѓорѓи, жена му на Ѓорѓи… – рече Димковски. Тој вели дека после појадокот, кон 10 часот тргнал кон Македонија. – Бевме во градот Баликесир. Јас тргнав, Палчо остана во Баликесир. Усеин требаше да го носи во Истанбул на операција и да му преведува. Палчо ме праша дали можам да го однесам до Истанбул ама јас не можев, бев решен да се вратам дома – вели Димковски. Тој вели дека Палевски со себе имал три торби. Едната торба била полна со техника, камери, затоа барал и брз интернет, сакал од таму, на 3 декември да прави поткаст. – Кога го оставив, бев во еден друг град во Турција, каде преспав. Вечерта во 22 часот по турско време, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови со зборовите „што е ова, да не го местат“. Гледам изјава на министерот Оливер Спасовски, хаос, да ви кажам право се онесвестив во хотелот. После кога се слушнавме со Палевски го прашав што се случува, а тој ми рече дека ова е тешка местенка. „сачекуша голема“ и оттогаш се изгуби комуникацијата – сведочеше Димковски. – Додека бевте заедно надвор, сакаше ли тој да патува кон Белорусија? – праша обвинителката. – На појадокот тој разгледуваше опции и рече „не знам овие што ми смислиле, можеби треба некаде да барам политички азил“. Му реков ова е сериозна работа, дека треба да се расчисти „Најубаво е да си дојдеш“. Рече „да видам, не сакам да ме задржат во притвор во Турција“ – рече Димковски и додаде дека Манев го нашол сместувањето во куќата во Беликесир, преку Усеин. – Спомнавте дека сум бил блед и сум рекол дека ми го лепат тоа што се случува во Македонија. Дали вам ви изгледав сомнително? Дали Вие верувате дека сум ги убил Вања и Панче? – праша Палевски, а судијата не ги дозволи овие прашања. Димковски додаде дека не прашувал ништо за здравствената состојба на Палевски ниту дека му побарал резултати од наводниот преглед во Белград. – Зошто отидовте во Беликесир, а не во Истанбул? – праша судијата. – Затоа што таму смествањето е поевтино, а и контактот со Усеин таму го најдоа. Планот беше Усеин да го носи во Истанбул. Куќата беше изнајмена за три месеци затоа што не даваат договори за пократко – додаде Димковски. Следното рочиште е закажано за 25 ноември, понеделник, а како сведоци треба да се појават Зоран Аваз, Игор Јанушев и Љупчо Мицевски....
Ден по убиството на Вања, Палевски поправал расипан котел за парно: Сведокот Османи ги опиша неговите постапки
Лидер - пред 20 часа
Палевски вечерта на 27 ноември му пишал дека ќе дојде утредента, на 28 ноември, пишува СДК. Османи рече дека го барал и деновите измеѓу, затоа што му се расипал котелот за парно што го купил од Палевски, а веќе заладувало. Го барал и пред 22 ноември, кога кога на месинџер на Фејсбук му дал нов телефонски број на кој може да го бара. „Од обвинетите тука, се познавам само со Палевски. Во време на издавањето на весникот ‘Глобал’ бев повикан да работам од издавачите. Се запознавме со Палевски, почнав со работа. Тоа беше 2001-2002 година. Весникот се затвори, ние останавме пријатели. Во 2023 година го побарав, бидејќи купив котел за греење од него. Не ми функционираше воопшто. Затоа имав зачестени повици кон него. Го барав на 27 ноември и на Фејсбук, и на редовна линија. На 27 ноември вечерта дури ми се јави и кажа дека ќе дојде следниот ден. На 28-ми дојде, го среди котелот”, одговараше сведокот на прашања на обвинителката. Таа го праша што му кажал кога дошол? Дали се пожалил на здравјето? „Палевски ми рече дека на 27-ми бил преладен, настинат, затоа не дошол. На 28-ми беше добар со здравјето. Зборувавше нормално, зборевме за технички работи што се скршило во котелот. Дојде со бел пикап, некое француско возило беше. Забележав дека беше удрена шоферската врата. Имаше вдлабнатина. Му реков: ‘Си го удрил возилово’“, одговараше Османи на повеќе директни прашања. Во сведочењето на 13 ноември, Васко Стојков, адвокатот кој го однел во Белград Палевски, рече дека тој во Белград отишол за преглед на кичмата, а ако не се средело сакал да оди на операција Турција. Османи рече дека со Палевски комуницирал на фејсбук месинџер и на обична линија. На Фејсбук повеќе, зашто обично не му кревал. Сведокот рече дека Палевски не му спомнал оти ќе патува негде да се лечи за кичмата. „На 28 ноември во 11.42 часот ми пиша: ‘На подкаст сум во живо, можеш да видиш. Ја земам ќерка ми пред ‘Алкалоид’, со мене е лаптопот, доаѓам“, кажа Османи комуникацијата за утредента по убиството на Вања. Османи рече дека Палевски утредента дошол за 40-ина минути и за пола саат го средил котелот. По сведочењето, Палевски стана и во вкрстени прашања тврдеше дека не бил тоа време кај сведокот, туку на подкаст, кој траел до пладне. Го праша дали можеби и го помешал денот, сведокот Османи беше категоричен и тајмингот го докажа со испечатен лист од нивната комуникација. За киднапирање и свирепоубиство на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември 2023, како и за киднапирање и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски....