Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО
Време - пред 1 ден
Поранешната македонска министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО. Ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на Алијансата.Информацијата ја потврди и НАТО со објава од Генералниот секретар Руте на официјалниот <a href="https://www.nato.int/cps/en/natohq/news_230683.htm">сајт</a> на Алијансата:„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“.Шеќеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција до крајот на годината.Почина пешак на патот Штип – Кадрифаково, го прегазил штипјанец со „фолксваген поло“Министерката најави, ЌЕ СЕ ЗАТВОРААТ ИНСТИТУТИ, не почитуваат закон и не исполнуваат услови...
Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО
А1он - пред 1 ден
– Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка, објави првиот човек на Северноатлантската алијанса. Добивај вести на вибер – Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава....
Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера
А1он - пред 19 часа
„Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Добивај вести на вибер Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. „Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани“, посочи Мицкоски....
Прво јавување на Заев по журката во Дубаи со Филипче
Време - пред 1 ден
Поранешниот премиер Зоран Заев на социјалните мрежи и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО, посочувајќи дека македонската дипломатија денеска добива круна.Ова е прво јавување на Заев во јавноста откако се појави видео на кое се гледа како се забавува со претседателот на СДС Венко Филипче во Дубаи, во присуство на Харис Џиновиќ."Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет," напиша Заев.Тој додава, "Ова е доказ дека<span> </span>Северна<span> </span>Македонија е исклучително важна членка на НАТО."Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа државаВМРО-ДПМНЕ: СДС е против покачувањето на платите на вработените во здравството...
Честитки до Шекеринска, но и до премиерот Мицкоски и Владата од амбасадорката Агелер
А1он - пред 1 ден
Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Добивај вести на вибер – Честитки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х. Изборот на Шекеринска за оваа функција претходно го честитаа и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој истакна дека со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Поранешниот премиер Димитар Ковачевски на својата Фејсбук страница напиша дека нејзиниот избор „истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО алијансата“. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка. – Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава....
Мицкоски уште вчера и се јавил на Шекеринска: Ние како влада ја поддржавме кандидатурата и активно разговаравме со нашите сојузници
Време - пред 20 часа
Премиерот Христијан Мицкоски, по 24 часовен молк,<span style="mso-spacerun:yes"> </span>соопшти дека и се јавил на Радмила Шекеринска<span style="mso-spacerun:yes"> </span>и го честитал именувањето за заменик генерален секретар на НАТО. „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции.<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Но, како влада имавме предизвик<span style="mso-spacerun:yes"> </span>за одлуката кого и како да го поддржиме<span style="mso-spacerun:yes"> </span>за заменик генерален секретар на НАТО бидејќи иамше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, а ако тоа не го правиме на дело а повикувате, тогаш тоа е лицемерие. Затоа ние како влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единството и интересите на земјата се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест, и тука немавме дилема и добро е што успешно се заврши“,<span style="mso-spacerun:yes"> </span>рече Мицкоски.Потоа тој соопшти дека уште вчера и се јавил по телефон и најавил соработка.Кривична пријава за загадување на Каменичка рекаПалчо во Турција ИЗНАЈМИЛ КУЌА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ, откри вели Стефан Димковски кој го возел од Белград за Турција...
Радев и честиташе на Шекеринска: Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана
А1он - пред 1 ден
Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ го честиташе назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО посочувајќи дека очекува таа да придонесе во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на Алијансата. Добивај вести на вибер „Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, напиша Радев на социјалната мрежа X. Поздравявам Радмила Шекеринска с назначаването й на отговорната позиция заместник-генерален секретар на НАТО и очаквам тя да допринесе с работата си за укрепването на колективната отбрана и сигурност на алианса. — President.bg (@PresidentOfBg) November 19, 2024...
Претседателот на СДСМ Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска
Бизнис вести - пред 1 ден
Претседателот на СДСМ Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска 19/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО СООПШТЕНИЕ: Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик Генерален секретар на НАТО Алијансата. . Извор: МИА 2024-11-19 korisnik...
ДУИ со честитка: Ова е голем успех, Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност
Макфакс - пред 22 часа
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) упатува најискрени честитки до Радмила Шекеринска по повод нејзиното именување за Заменик генерален секретар на НАТО. „Ова е голем успех не само за г-ѓа Шекеринска, туку и за Република Северна Македонија, која преку ова именување ја потврдува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди. Како партија која отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на нашата држава, оваа значајна постигнување го гледаме како признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија. Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност, и уверени сме дека ќе ја претставува нашата земја достоинствено на оваа висока функција“, велат од ДУИ. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:ДУИтоп-тема Следно Љутков од Баку: Министерскиот состанок е поттик за враќање на балансот меѓу туризмот и животната средина Претходно Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа Би можело да ве интересира и... Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци, велат од ДУИ „Вреди“: Селвер Ајдини со партиска книшка служеше во советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги, ДУИ сака да наметне лажен политички морал Додека Скопје се задушува: Неспособноста и бизнис-интересите на нелегитимниот министер за животна средина го загрозуваат животот на граѓаните, велат од ДУИ Кој ја дестабилизира државата, прашува ДУИ Министерот за здравство шета во Дубаи додека децата умираат во болниците, велат од ДУИ „Вреди“: Загубата на детски живот нѐ погодува сите и случајот не смее политички да се злоупотребува, за ДУИ нема дно кое можaт да го пробијат...
Со гордост ќе ја претставувам Северна Македонија на оваа висока меѓународна позиција, рече Шекеринска
Макфакс - пред 21 часа
Радмила Шекеринска, која беше назначена за втор човек на НАТО, односно заменик-генерална секретарка на алијансата, утрово се заблагодари за честитките и поддршката. „Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците што претстојат. Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно. Пред мене е одговорност, која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности што ги зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција“, напиша Шекеринска на социјалните мрежи. Вели дека секој збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. „Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво. Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу“, додава Шекеринска. Државниот врв сè уште не упати честитка за оваа висока функција, на која првпат застанува политичар од Македонија, но и од Западен Балкан. Северна Македонија стана 30-тата членка на НАТО пред четири години кога Шекеринска беше министерка за одбрана. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Следно На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред, велат приватните превозници Претходно (Видео) Николовски: Во буџетот има помалку пари за земјоделците за 15 проценти и 10 пати помалку пари за рурален развој Би можело да ве интересира и......
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
Бизнис вести - пред 1 ден
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО 19/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка, објави првиот човек на Северноатлантската алијанса. – Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава. са/вг/Фото: НАТО / МИА архива . Извор: МИА 2024-11-19 korisnik...
Филипче ѝ го честита изборот на Шекеринска за втор човек на НАТО: „Успешно ќе се справи со предизвиците“
Макфакс - пред 1 ден
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ѝ го честита изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО. „Честитки, Радмила! Убеден сум дека Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено-политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се справи со најголемите предизвици што ѝ претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех Северна Македонија уште еднаш ги потврдува својата вредност и капацитетот да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО, која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност“, порача Филипче. Според него, назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и, како што вели, историскиот успех на СДСМ и владата, кои со посветена работа успеаја да ја внесат Северна Македонија во НАТО. Претходно денес, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата која е потребна за да се приклучи на алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, истакна Руте. Шекеринска беше министер за одбрана на Северна Македонија пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Следно Ахмети – Силвестри: Нарушувањето на изборниот легитимитет и упадот врз албанскиот јазик влијаат на меѓуетничките односи и на стабилноста на државата Претходно До јануари ќе се заврши експропријацијата за изградбата на коридорите, најави Николоски Би можело да ве интересира и......
Шекеринска избрана за заменик-генерален секретар на НАТО
Макфакс - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата која е потребна за да се приклучи на алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, истакна Руте. Шекеринска беше министер за одбрана на Северна Македонија пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:Радмила Шекеринска Следно Јаневска очекува деновиве да се реши проблемот со студентскиот дом „Пелагонија“ Претходно Средба Стоилковиќ – Леј: најавено олеснување на визниот режим, кинеските компании расположени за учество во капитални проекти Би можело да ве интересира и... Шекеринска кандидатка за заменик-генерална секретарка на НАТО, пишува „Политико“ Шекеринска за „метлата“: Освен кадровски, ќе анализираме и системски промени (Видео) Шекеринска: Крај за десороизацијата, нема дополнителен данок за невладините Шекеринска ќе ги посети македонските војници што се на обука во Церкле Шекеринска во официјална посета на Албанија Шекеринска отпатува на Денот за високи гости на вежбата „Сајбер Гардијан 17“ во Романија...
Агелер: Честитки до Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја застапуваа нејзината кандидатура
Бизнис вести - пред 1 ден
Агелер: Честитки до Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја застапуваа нејзината кандидатура 19/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. -Чеситки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х. Изборот на Шекеринска за оваа функција претходно го честитаа и лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој истакна дека со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Поранешниот премиер Димитар Ковачевски на својата Фејсбук страница напиша дека нејзиниот избор „истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО алијансата“. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка. – Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава. нд/аа/Фото: МИА архива; Платформа Х . Извор: МИА 2024-11-19 korisnik...
Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси
Република - пред 20 часа
Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на Македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани, посочи Мицкоски. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО, за нас – националното единство е пред партиските интереси
Макфакс - пред 19 часа
„Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошките разлики – и тоа не треба да го криеме бидејќи доаѓаме од разни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело, а повикуваме, тогаш тоа е лицемерство“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за изборот на Шекеринска за втор човек во НАТО. Премиерот Мицкоски нагласи дека, за него, националното единство е пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организирана алијанса во историјата е навистина чест. „Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас, националното единство е пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организирана алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме сè што е во наша моќ да ѝ помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и за сето она што им е потребно на македонските граѓани“, посочи Мицкоски. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Следно Децата со атипичен развој од Кисела Вода ќе добиваат бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација Претходно Светскиот ден на детето е ден кога не смее само да се зборува, туку треба да се дејствува, порача Мицкоски Би можело да ве интересира и......
„Моќен доказ за стручноста и искуството“: Агелер со честитка до Шекеринска за новата функција и до Мицкоски за поддршката
Макфакс - пред 1 ден
Американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелер, ѝ го честита изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО. Таа му честита и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура. „Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша Агелер во честитката до Шекеринска. My warmest congratulations to Radmila @Sekerinska, NATO’s next Deputy Secretary General, and to @MickoskiHM and the Government of North Macedonia for championing her candidacy. A powerful testament to Ms. Shekerinska’s expertise and experience, and 🇲🇰 role as a valued @NATO ally… — Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) November 19, 2024 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Информацијата е објавена на официјалната веб-страница на НАТО. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:Агелертоп-темаШеќеринска Следно Ласовска: Пратениците од СДС забораваат дека додека беа на власт, намерно во буџетот не предвидуваа средства за плати за „Македонски шуми“, „Пошта“ и „Водостопанство“ Претходно Ристески до Битиќи: Kаде завршија над 600 илјади евра што ги доби вашата сопруга како државен грант Би можело да ве интересира и... Агелер за можно проширување на црната листа: Се разгледуваат повеќе случаи и имиња и се следи ситуацијата Средба Тошковски-Агелер: во фокусот борбата против организираниот криминал и корупцијата Николоски-Агелер: разговарано за реформските процеси и стратешките приоритети Муцунски – Агелер: земјата посветено ќе продолжи да работи на спроведувањето на неопходните реформи за полноправно членство во ЕУ Меџити на средба со Агелер: Испораката на правдата мора да биде неселективна Агелер на средба со Јавниот обвинител Коцевски: во фокусот материјалните и кадровските ресурси на институцијата...
Шекеринска: Мојот успех не е само личен, туку е и успех за нашата државаа
Република - пред 21 часа
Радмила Шекеринска се огласи по вчерашното назначување за заменик-генерален секретар на НАТО за да се заблагодари на бројните честитки и порача дека нејзиниот личен успех е успех на целата држава. Вели дека со гордост ќе ја претставува земјата во својата нова улога. Драги пријатели, Од срце ви благодарам за сите честитки, пораки и зборови на поддршка по повод моето назначување за заменик генерален секретар на НАТО. Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат. Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно. Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Cеверна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција. Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Cеверна Македонија има што да понуди на глобално ниво. Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу, порача поранешната министерка за одбрана. Таа во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите зад генералниот секретар Марк Руте. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Радмила Шекеринска е нов заменик-генерален секретар на НАТО
Република - пред 1 ден
НАТО објави дека поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе стане нов заменик-генерален секретар на воената алијанса. Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога – изјави шефот на Алијансата, Марк Руте. Пополнувањето на заменичката позиција беше еден од приоритетите на генералниот секретар Марк Руте, кој ја зазеде функцијата на 1 октомври. Шекеринска е поранешна министерка за одбрана (2017-2022 година) и вицепремиерка за евроинтеграции (2002-2006 година) во Владите кои ги предводеше СДСМ. Од 2006 до 2008 година беше и претседател на СДСМ. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура
Република - пред 1 ден
Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Честитки до Радмила Шеќеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка. Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Престижната функција е од големо значење за целата држава: Сиљановска Давкова лично ќе и честита на Шекеринска
Република - пред 11 часа
Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО. На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот. Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, објави Претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
ДУИ ѝ честиташе на Шекеринска за нејзиното назначување за втор човек на НАТО
Либертас - пред 22 часа
Демократската унија за интеграција ѝ честиташе на Радмила Шеќеринска за нејзиното назначување за заменик генерален секретар на НАТО. „Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) упатува најискрени честитки до Радмила Шекеринска по повод нејзиното именување за Заменик генерален секретар на НАТО. Ова е голем успех не само за г-ѓа Шекеринска, туку и за Република Северна Македонија, која преку ова именување ја потврдува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди. Како партија која отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на нашата држава, оваа значајна постигнување го гледаме како признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија“, велат од ДУИ. Од ДУИ велат дека Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност....
Мицкоски за Шекеринска: Чест е да се има македонка за заменик генерален секретар на НАТО
Либертас - пред 19 часа
Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата денеска изјави дека „за нас националните интереси се пред и над партиските и да се има Македонка за Заменик Генерален Секретар на НАТО е чест“. -Не е тајна дека со Радмила Шекеринска сме идеолошки разлики во минатото, но како влада имaвме пред нас предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го подржиме за заменик Генерален секретар на НАТО, имајќи предвид дека таму имаше кандидати од неколку други земји и ние тука немавме ниакаква дилема. Затоа што често повикуваме на единство и дијалог со опозицијата и ако тоа не го правите на дело тогаш сте лицемерни. Затоа како влада не само што ја подржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска туку и активно разговаравме со нашите сојузници за тоа. За нас националните интереси се пред и над партиските и да се има Македонка за Заменик Генерален Секретар на НАТО е чест, рече Мицкоски на прес конференција...
Руте ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка на НАТО
Либертас - пред 1 ден
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучите на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа важна улога“, се наведува во изјавата на Руте Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Информацијата е објавена на официјалната веб-страница на НАТО-алијансата. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучите на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа важна улога“,се наведува во изјавата на Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО-алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна оваа година, се додава во информацијата. Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото на Романецот Мирчеа Џеоана. „Политико“ во август годинава го објави името на Шекеринска како можен нов заменик-генерален секретар на НАТО. Како што напиша „Политико“, постоел општ консензус меѓу сојузниците дека Источноевропеец треба да биде назначен на оваа позиција. Друг кандидат за десна рака на Руте, според весникот, била поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел....
Советот на амбасадори го поздрави изборот на Шекеринска: Нејзината функција во НАТО е голем успех и за државата
Либертас - пред 1 ден
Советот на амбасадори на С Македонија денеска го поздрави изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО. Оттаму велат дека ова е голем успех за нејзината политичка кариера, но е уште поголем успех за државата. Веруваат дека Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата.11 „Поставувањето на личност од нашата земја на ваква висока позиција во НАТО-алијансата, во толку комплексен момент во нејзината историја, кога Европа се соочува со голема закана по нејзината безбдност претставува признание за Македонија, како точка која може да претставува место за отпуштање на затегнаст, пример за заемна почит на разлики и негување на европски вредности, но и пример за проактивност и донесување одлуки во клучни моменти со позитивни резултати“, се вели во сооптението на Советот на амбасадори. Руте ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка на НАТО 1Според Советот, РС Македонија покажува дека, иако мала, може значајно да придонесе кон мирот во Европа и светот преку нејзиното активно делување во НАТО. 1Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото Борис Руге, кој во моментов е вршител на должноста заменик-генерален секретар на Алијансата, откако, Романецот Мирчеа Џеоана се повлече од функцијата за да се кандидира за претседател на неговата земја....
“Се потврдува важноста и растечката улога на земјава во меѓународната безбедносна архитектура”Честитки за Радмила Шекеринска
Либертас - пред 1 ден
Стигнаа првите честитки за именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик генерална секретарка на НАТО -Честитки за Radmila Sekerinska за ова големо признание! Ова именување за следен заменик генерален секретар на НАТО е значајна победа, како за неа лично, така и за Северна Македонија. Ова ја потврдува важноста и растечката улога на земјава во меѓународната безбедносна архитектура – напиша Оливер Спасовски. -Честитки за Радмила Шекеринска, која е назначена за Заменик генерален секретар на НАТО! Ова е голема одговорност, но и успех и признание за нејзините квалитети, искуство и посветеност на евроатлантските интеграции. Ова истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО алијансата- напиша на фејсбук поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. -Честитки, Радмила! 💪🌍🇲🇰 Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност. Назначувањето на Шекеринска е уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да ја внесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница. На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех – стои во честитката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче....
Филипче: Преку успехот на Шекеринска, Северна Македонија ја потврдува својата вредност како дел од најзначајните меѓународни процеси
Либертас - пред 1 ден
Честитки, Радмила! 💪🌍🇲🇰 Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност. Назначувањето на Шекеринска е уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да ја внесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница. На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех – стои во честитката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче....
Шекеринска: Ќе работам на уште посилна и побезбедна Алијанса
Либертас - пред 1 ден
Ќе ми биде привилегија да служам како заменик-генерална секретарка на НАТО под раководство на генералниот секретар на Алијансата. Ова е првата реакција на Радмила Шекеринска на нејзиното именување за следен заменик на првиот човек на Алијансата, Марк Руте. Следната заменик-генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска / Фото: Архива Споделувајќи го официјалното соопштение на веб-страницата на НАТО за одлуката, таа во објавата додава: „Посветено ќе работам со сите сојузници за уште посилна и побезбедна Алијанса“. “. Во соопштението на Алијансата беше пренесена изјава на генералниот секретар, во кое тој вели оти е среќен што може да го објави именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. „Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучите на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа важна улога“, се наведува во изјавата на Руте.Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО-алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна оваа година, се додава во информацијата. Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото на Романецот Мирчеа Џеоана. Нејзиното име како како можен нов заменик-генерален секретар на НАТО, првично во август годинава го објави бриселски „Политико“, кој тогаш напиша дека постоел општ консензус меѓу сојузниците дека Источноевропеец треба да биде назначен на оваа позиција. Друг кандидат за десна рака на Руте, според весникот, била поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел. По објавувањето на одлуката на НАТО, стигнаа и првите честитки до Шекеринска од нејзините другари од матичната партија, СДСМ. Честитајќи ѝ и го именувањето, во подолга објава на социјалните мрежи, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, напиша дека таа е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено-политички сојуз во светот. „Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност“,напиша Филипче. Честитката на Венко Филипче Нејзиното назначување, додава тој, е и уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, предводена од него, кои со посветена работа успеаја да ја внесат Северна Македонија во НАТО. Претходникот на Филипче на лидерската позиција во СДСМ, Димитар Ковачевски, честитајќи ѝ на Шекеринска, напиша дека станува збор за голема одговорност, но и успех и признание за нејзините квалитети, искуство и посветеност на евроатлантските интеграции. „Ова истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО-алијансата“,вели Ковачевски во честитката. Честитката на Ковачевски Неговиот претходник и експремиер во чие време Северна Македонија стана членка на НАТО, во честитката до Шекеринска, која беше министерка за одбрана во неговата влада, напиша дека македонската дипломатија денеска добива круна. „Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет. Ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО. Честитки i!“, вели Заев во честитката на Фејсбук. Честитката на екслидерот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев „Честитки за Радмила Шекеринска за ова големо признание! Ова именување за следен заменик-генерален секретар на НАТО е значајна победа, како за неа лично така и за Северна Македонија. Ова ја потврдува важноста и растечката улога на земјава во меѓународната безбедносна архитектура“, напиша актуелниот пратеник и ексминистер за одбрана Оливер Спасовски....
Агелер: Честитки до Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура
Либертас - пред 1 ден
Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. -Чеситки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х. Изборот на Шекеринска за оваа функција претходно го честитаа и лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој истакна дека со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Поранешниот премиер Димитар Ковачевски на својата Фејсбук страница напиша дека нејзиниот избор „истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО алијансата“. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка. – Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава....
Заев: Македонската дипломатија денеска добива круна!
Либертас - пред 1 ден
За поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев со назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО македонската дипломатија денеска добива круна! Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет. Ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО. Честитки Радмила!...
Која е Радмила Шекеринска – новиот заменик генерален секретар на НАТО?
Либертас - пред 1 ден
Радмила Шекеринска во објава на социјалната платформа Х напиша дека ќе и биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте. „Посветена сум на работата со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша таа. Со ова назначување таа стана највисокиот функционер во Алијансата досега што доаѓа регионот на Западен Балкан, но и од земја надвор од Европската унија. Инаку, Радмила Шекеринска влегува во политиката уште за време на студиите и е активна во Социјалдемократската партија, една од двете најголеми партии во државата, каде што има високи функции, а во еден период е избрана за лидер. На 26 години за прв пат станува пратеничка во македонското Собрание и освојува уште три мандати. Во насилствата во Собранието на „крвавиот четврток“ на 27 април 2016, Шеќеринска беше и повредена. Беше и на две министерски позиции, за одбрана и вицепремиер и министер за евроинтеграции. Радмила Шекеринска беше првата жена која застана на чело на една од најголемите политички партии во земјава, Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) од 2006 до 2008 година . Кусо ја водеше и македонската влада, како вршител на должност од 18 ноември до 17 декември 2004, откако тогашниот премиер Хари Костов поднесе оставка на функцијата. Како нејзин најголем успех се сметаше подготовката на Северна Македонија за време на нејзиниот мандат како вицепремиер за евроинтеграции, да ја поднесе кандидатурата за членство во Европската Унија во 2005 година. Како лидер на Социјалдемократите Радмила Шекеринска беше и кандидат за премиерка на вонредните парламентарни избори во 2008 година, но не успеа да го победи тогашниот актуелен премиер Никола Груевски. „Биди јунак како што велиш дека си, немој да бегаш од женски фустан“, му порачуваше Шеќеринска во еден од највпечатливите изборни спотови во тогашната кампања предизвикувајќи го Груевски на дуел. Тогаш таа и СДСМ ја предводеа „Коалицијата за Европа – СОНЦЕ“, но изгубија освојувајќи околу 233.000 гласови или повеќе од двојно помалку од коалицијата предвоена од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. 52- годишната Шекеринска е дипломиран електроинженер и и 4 години работела како професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Но сепак избира да се посвети на политичката кариера. Во меѓувреме магистрирала во престижната американска школа за дипломатија и право „Флечер“ во 2007-мата година. Во моментов е член на претседателството на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) која ги обединува социјалдемократските, социјалистички и лабуристички партии во Европа. Таа во 2009 и 2012 година беше Шеф на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарни избори во Киргистан и во Ерменија. Социјалдемократката е добитник и на наградата „ Глобални водачи на утрешнината “ на Светскиот економски форум. Наградата беше доделена за нејзиниот ангажман и посветеност на полето на европските интеграции на Западниот Балкан. Во едно интервју по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, таа го отфрли тврдењето на Русија дека проширувањето на НАТО кон исток е „злобен план на Западот“. „Напротив, првично големите членки на НАТО немаа посебен апетит за проширување“, рече Шекеринска, наведува „Политико“. Таа во интервју на 18 мај 2022 година, истакна дека тезата дека Русија ја нападна Украина, бидејќи НАТО ја „измамил“ со проширувањето на исток е неверојатно „плитка“ и неаргументирана. „Ајде да бидеме директни: НАТО не се прошири кон Источна Европа како дел од некој „злокобен западњачки план“. Напротив, иницијално големите НАТО членки немале особен апетит за проширување. Главниот притисок доаѓал од „ново-слободните“ држави кои потенцирале дека суверенитетот, меѓу останатото, значи и слобода сам да ги избереш своите сојузници. Земајќи ја предвид историјата на тој дел од Европа, не знам кој би се зачудил на нивната одлука да бараат членство во најмоќниот воено-политички сојуз, кој би можел да ги заштити и од повторна руска агресија“, рече Шекеринска во интервјуто за „Вистиномер“. Радмила Шеќеринска се очекува да ја преземе функцијата во НАТО во почетокот на декември и да присуствува веќе на следниот министерски состанок на Алијансата....
И НАТО е бонбона бизнис: Шеќеринска станува заменик генерален секретар
off.net - пред 1 ден
И НАТО е бонбона бизнис: Шеќеринска станува заменик генерален секретар 19 ноември 2024 SharePostСподели Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, изјави Руте. Славјанка Петровска прва ѝ честиташе на Шекеринска, пишуваат медиуми а јавноста очекува тоа наскоро да го направи и Боки 13. * Види: „Објавено видео од домот на Боки 13, на гости му се Катица Јанева и Радмила Шекеринска“ извор...
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
Сител - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка, објави првиот човек на Северноатлантската алијанса. -Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава....
Радев и честиташе на Шеќеринска
Либертас - пред 1 ден
И честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното именување на одговорната функција заменик генерален секретар на НАТО и очекувам со својата работа да придонесе за зајакнување на колективната одбрана и безбедност на алијансата“, напиша бугарскиот претседател Румен Радев на социјалната мрежа Х, пренесува Трибуна. Поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска стана нов заменик генерален секретар на НАТО. Поранешниот холандски премиер Марк Руте ја презеде функцијата генерален секретар во октомври, а Марија Габриел исто така беше во трка за негов заменик. Уште тогаш излегоа неофицијални информации дека за позицијата ќе се бира меѓу неа и Радмила Шекеринска. Шекеринска, која беше министерка за одбрана на Северна Македонија од 2017 до 2022 година, го надгледуваше пристапувањето на земјата во НАТО во 2020 година. Таа ќе го замени вршителот на должноста заменик генерален секретар на НАТО, Борис Руге, кој ја презеде функцијата на привремена основа откако тогашниот заменик генерален секретар Мирча Јоана објави дека ќе се кандидира за претседател на Романија....
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО
Сител - пред 17 часа
Владата на Република Северна Македонија ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски кој на денешната прес-конференција одговараше на новинарски прашања. Забележа дека не е тајна дека во минатото и до денеска можеби имаат многу концептуални разлики кога станува збор за сегашноста, справувањето со реалните проблеми, политиките, идеолошки разлики, бидејќи доаѓаат од различки политички семејства. -Како Влада имавме пред нас би рекол предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи в предвид дека таму имаше кандидати од неколку земји и ние тука немавме никаква дилема. Зошто? Прво, затоа што повикуваме често пати на единство, повикуваме на дијалог со опозицијата и доколку повикувате, а тоа не го правите на дела, тогаш сте лицемерни. Така што ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шеќеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници, рече Мицкоски. Премиерот посочи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските. -Да се има Македонка во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши, изјави Мицкоски. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Мицкоски додаде дека во текот на вчерашниот ден телефонски се слушнал со Радмила Шекеринска и какошто рече „разговараме нема дилема дека треба заедно да соработуваме и дека треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија и со тоа да помогнеме за безбедноста и сето она што им е потребно на македонските граѓани“....
Мицкоски и се јавил на Шекеринска, најави соработка во интерес на државата
Нетпрес - пред 20 часа
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека и се јавил на Радмила Шекеринска и го честитал именувањето за заменик генерален секретар на НАТО. „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата,но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие. Затоа ние како влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши“, рече Мицкоски. Потоа тој соопшти дека уште вчера и се јавил по телефон на Шекеринска и разговарал, со порака дека нема дилема дека треба да соработуваат и заедно да направат се што можат да и помогнат на македонската армија, а со тоа и за безбедноста....
Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО
Нетпрес - пред 1 ден
НАТО објави дека поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе стане нов заменик генерален секретар на воената алијанса. -Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога – изјави шефот на Алијансата, Марк Руте. Пополнувањето на заменичката позиција беше еден од приоритетите на генералниот секретар Марк Руте, кој ја зазеде функцијата на 1 октомври....
Мицкоски и честитал на Шекеринска, најави соработка во интерес на државата
Нетпрес - пред 19 часа
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека и се јавил на Радмила Шекеринска и го честитал именувањето за заменик генерален секретар на НАТО. „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата,но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие. Затоа ние како влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши“, рече Мицкоски. Потоа тој соопшти дека уште вчера и се јавил по телефон на Шекеринска и разговарал, со порака дека нема дилема дека треба да соработуваат и заедно да направат се што можат да и помогнат на македонската армија, а со тоа и за безбедноста....
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатирата на Радмила Шеќеринска за заменик-генерален секретар на НАТО
Нова Македонија - пред 19 часа
Фото: Влада Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој на денешната прес-конференција одговараше на новинарски прашања. Забележа дека не е тајна дека во минатото и до денеска можеби имаат многу концептуални разлики кога станува збор за сегашноста, справувањето со реалните проблеми, политиките, идеолошки разлики, бидејќи доаѓаат од различки политички семејства. -Како Влада имавме пред нас би рекол предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи в предвид дека таму имаше кандидати од неколку земји и ние тука немавме никаква дилема. Зошто? Прво, затоа што повикуваме често пати на единство, повикуваме на дијалог со опозицијата и доколку повикувате, а тоа не го правите на дела, тогаш сте лицемерни. Така што ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шеќеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници – рече Мицкоски. Премиерот посочи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските. -Да се има Македонка во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши – изјави Мицкоски. Претседателот на Владата Македонија, Мицкоски додаде дека во текот на вчерашниот ден телефонски се слушнал со Радмила Шекеринска и какошто рече „разговараме нема дилема дека треба заедно да соработуваме и дека треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија и со тоа да помогнеме за безбедноста и сето она што им е потребно на македонските граѓани“....
Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО
Нова Македонија - пред 1 ден
Фото: НАТО НАТО објави дека поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе стане нов заменик генерален секретар на воената алијанса. -Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога – изјави шефот на Алијансата, Марк Руте. Пополнувањето на заменичката позиција беше еден од приоритетите на генералниот секретар Марк Руте, кој ја зазеде функцијата на 1 октомври....
Шекеринска: Со гордост ќе ја претставувам Северна Македонија на оваа висока меѓународна позиција
Кајгана - пред 20 часа
Шекеринска: Со гордост ќе ја претставувам Северна Македонија на оваа висока меѓународна позиција Македонија Макфакс / 20.11.2024 / 13:05 Радмила Шекеринска, која беше назначена за втор човек на НАТО, односно заменик-генерален секретар на Алијансата, утрово се заблагодари за честитките и поддршката. „Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат. Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно. Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција“, напиша Шекеринска на социјалните мрежи. Вели дека секој збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. „Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво. Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу“, додава Шекеринска. Државниот врв сѐ уште не упати честитка за оваа висока функција, на кој за прв пат застанува политичар од Македонија, но и од Западен Балкан. Северна Македонија пред 4 години стана 30-тата членка на НАТО, кога Шекеринска беше министерка за одбрана. Тагови Радмила Шекеринска НАТО...
Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот, за нас националното единство е пред партиските интереси
Кајгана - пред 19 часа
Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот, за нас националното единство е пред партиските интереси Македонија Макфакс / 20.11.2024 / 14:16 Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошките разлики – и тоа не треба да го криеме бидејќи доаѓаме од разни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело, а повикуваме, тогаш тоа е лицемерство, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за изборот на Шекеринска за втор човек во НАТО. Премиерот Мицкоски нагласи дека, за него, националното единство е пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организирана алијанса во историјата е навистина чест. „Затоа, ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас, националното единство е пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организирана алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме сè што е во наша моќ да ѝ помогнеме на македонската армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и за сето она што им е потребно на македонските граѓани“, посочи Мицкоски. Тагови Христијан Мицкоски Радмила Шекеринска НАТО...
Агелер со честитка до Шекеринска за новата функција и до Мицкоски за поддршката
Кајгана - пред 1 ден
Агелер со честитка до Шекеринска за новата функција и до Мицкоски за поддршката Македонија МАКФАКС / 19.11.2024 / 20:35 Американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелер, ѝ го честита изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО. Таа му честита и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура. „Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша Агелер во честитката до Шекеринска. My warmest congratulations to Radmila @Sekerinska, NATO’s next Deputy Secretary General, and to @MickoskiHM and the Government of North Macedonia for championing her candidacy. A powerful testament to Ms. Shekerinska’s expertise and experience, and 🇲🇰 role as a valued @NATO ally… — Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) November 19, 2024 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Информацијата е објавена на официјалната веб-страница на НАТО....
Шекеринска избрана за заменик-генерален секретар на НАТО
Кајгана - пред 1 ден
Шекеринска избрана за заменик-генерален секретар на НАТО Македонија Макфакс / 19.11.2024 / 14:11 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата која е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, истакна Руте. Шекеринска беше министер за одбрана на Северна Македонија пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Тагови Радмила Шекеринска НАТО...
ВЛАДАТА ИМАШЕ ПРЕДИЗВИК, НО НЕМАШЕ ДИЛЕМА ДА ЈА ПОДДРЖИ ШЕЌЕРИНСКА ЗА ЗАМЕНИЧКА-ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО, РЕЧЕ МИЦКОСКИ
Сакам да кажам - пред 18 часа
Kако Влада, имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји, рече премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера Радмила Шеќеринска беше избрана за оваа функција. „Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело, а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие“, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, откако вчера изостана официјална честитка од Владата и од Претседателката до Шеќеринска. Мицкоски рече дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и дека е чест да се има Македонка за заменичка-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата. „Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани“, посочи Мицкоски. Тој додаде дека не е тајна дека во минатото „сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции“. Вчера, генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Шеќеринска беше министерка за одбрана во владата на Зоран Заев и во тоа време беше заменичка-претседател на СДСМ. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се влезе во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, изјави Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиерка за европски интеграции, а министерка за одбрана кога земјата влезе во НАТО во 2020. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна годинава....
РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА Е ИЗБРАНА ЗА ЗАМЕНИЧКА-ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО
Сакам да кажам - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар, објави Алијансата. Шеќеринска беше министерка за одбрана во владата на Зоран Заев и во тоа време беше заменичка-претседател на СДСМ. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се влезе во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, изјави Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиерка за европски интеграции, а министерка за одбрана кога земјата влезе во НАТО во 2020. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна годинава....
АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МИЦКОСКИ ЗА ПОДДРШКАТА НА КАНДИДАТУРАТА НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ЗАМЕНИЧКА-ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО
Сакам да кажам - пред 1 ден
Американската амбасадорка Анџела Агелер ѝ честиташе на Радмила Шекеринска на изборот за заменичка-генерален секретар на НАТО, а честитка упати и до Владата и до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката за нејзината кандидатура. „Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменичка-генерален секретар на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќна потврда за експертизата и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша амбасадорка на САД во Скопје на социјалните мрежи. Денеска, генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Шеќеринска беше министерка за одбрана во владата на Зоран Заев и во тоа време беше заменичка-претседател на СДСМ. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се влезе во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, изјави Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиерка за европски интеграции, а министерка за одбрана кога земјата влезе во НАТО во 2020. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна годинава....
Шекеринска, НАТО и Македонија
DW - пред 1 ден
ПолитикаСеверна МакедонијаШекеринска, НАТО и МакедонијаСоња КрамарскаКолумна20.11.202420 ноември 2024Доделувањето на функцијата заменик шеф на НАТО на кандидатка од Северна Македонија е уште една меѓународна валоризација на Преспанскиот договор. Пишува Соња Крамарска https://p.dw.com/p/4nBcuРекламаРадмила Шекеринска избрана за нов заменик генерален секретар на НАТОФотографија: DW/P. StojanovskiВо Северна Македонија ретко има добри политички вести и затоа изборот на поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО е дочекана со бран од позитивни реакции. „Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под лидерството на генералниот секретар. Решена сум да работам со сите НАТО сојузници за посилна и побезбедна Алијанса“, порача таа преку мрежата Х. Навистина се работи за голема вест, особено затоа што во трката за престижното место Шекеринска успеа да ја победи бугарската кандидатка Марија Габриел што е само по себе успех ако се знае геостратешката важност на Бугарија за НАТО. Таа важност особено се зголеми по руската инвазија врз Украина поради улогата на бафер зона која ја има Црното Море помеѓу НАТО и Русија. Меѓутоа, за среќа, овие аргументи иако важни во односот на НАТО кон земјите членки од регионот, не беа пресудни Бугарија уште еднаш да ликува над западниот сосед. Заслугата за оваа дипломатска победа бездруго и припаѓа на Шекеринска која според западните стандарди поседува беспрекорно политичко досие за да застане на самиот врв на НАТО. Изборот согласно правилата во НАТО го направи, новиот генерален секретар, Холанѓанецот Марк Руте. Либерал по политичка вокација и редок пример за константно присуство во политиката и тоа на професионална основа, поранешната министерка за одбрана Шекеринска се издвојува од типичниот профил на македонски политичари кои најчесто привремено влегуваат политиката, а потоа и исчезнуваат. За успехот Радмила Шекеринска долго да се одржи во политичките води, се разбира има повеќе толкувања во зависност од партиската афилијација на посматрачите, но пливањето во нашето локално политичко мочуриште е само по себе тешка дисциплина. Особено ако сте жена, бидејќи мажите сѐ уште ја сметаат политиката за нивен ексклузивен клуб. Шекеринска успеа да се издигне над редовните арсенали навреди и мизогинија со кои овде ги „поздравуваат“ жените политичарки, и не потклекна под притисоците да замине од политиката. Горчливото апче Шекеринска уште во почетокот на кариерата го има покажано својот сенс за политика. На нејзина иницијатива, иако многумина сметаа дека државата не е подготвена, во 2005 година откако една година претходно поднесе апликација, Македонија доби кандидатски статус. Потсетувајќи се на 15-годишнината од тој процес Шекеринска во 2020 ќе изјави за ДВ: „Имав мал тим во Секторот за евроинтеграции во тогашната влада, но доволен за да го препознаеме политичкиот момент кој е неповторлив. И тогаш, како и пред три години за НАТО, имаше скептици, дури и во СДСМ. Но тоа не ме одврати од намерата да го направиме тој скок, и конечно да се стекнеме со статус на земја кандидат за членство во ЕУ“. Токму тоа е задачата и одговорноста на политичарите – да го препознаат политичкиот момент кој често е неповторлив. Пред таков момент сега се наоѓа актуелната влада која треба да направи исчекор кон европската интеграција. Ако е за утеха, горчливото апче го голтна претходната влада прифаќајќи ја преговарачката рамка, и сега останува на сегашната да го направи наредниот чекор. Северна Македонија е со лимитирана дипломатска мрежа а со тоа и лимитирани капацитети во лобирањето во моќните центри, и затоа е од голема важност лидерите на земјата да се визионери и навреме да ги антиципираат случувањата кои можат да влијаат врз иднината на државата. Таков беше и моментот со Преспанскиот договор и влезот во НАТО на кои Шекеринска е поддржувач и водеше активна политика за тие да се остварат, и кои беа отскочна штица за државата, без оглед што има и критики и оценки дека претходната влада направила историска грешка. Но при големи одлуки секогаш има и големи поделби и од тоа не треба да се плаши ниту еден политичар кој сака да ја води напред земјата наместо само да владее. Денес кога државата преку Шекеринска добива голема и важна улога во НАТО, непопуларните одлуки добиваат на значење и ја потврдуваат својата исправност. Доделувањето на функцијата заменик шеф на НАТО на кандидатка од Северна Македонија е уште една меѓународна валоризација на Преспанскиот договор, по приемот на нашата земја за полноправна членка. Важно е да се каже и дека Шекеринска се наоѓаше на политички функции во државата токму во времиња кои беа пресвртница за развојот на земјата. Како млад кадар таа доби одговорност да биде на чело на евроинтеграциите во државата уште во 2002 година кога таков ресор за првпат беше воведен во владата. Нејзиното искуство беше скромно тогаш, но нејзините инстинкти во политиката беа силни, и токму тие инстинкти подоцна ќе ја доведат до функцијата министерка за одбрана каде стана видлива за НАТО и за стратешкиот партнер САД. Владата ги бере ловориките Согласно партиското војување кое повеќе од три децении е одлика во домашната политика, владата барем додека го подготвувавме овој текст, го игнорираше ова важно достигнување на Северна Македонија. Како да е ерес да се честита на политичкиот противник што успеал да добие толку висока меѓународна функција која значи и признание и шанса за државата. Од честитката на амбасадорката Агелер, сепак, стана јасно дека владата молкум застанала зад кандидатурата на Шекеринска, што пак од друга страна е израз на политичка зрелост за која треба да се даде признание. Но веста од НАТО заслужува и јавна честитка од владата бидејќи Шекеринска отсега е најважниот и најгласниот амбасадор на Северна Македонија во Европа и во светот. Функцијата што ја доби поранешната шефица на одбраната е на линија и на залагањата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за повеќе жени во политиката, па со право се очекува и таа да го поздрави изборот доколку нејзините залагања се искрени. Поуката што треба да се извлече е дека тешките и непопуларни одлуки се тие што ја водат нашата држава напред а не кокетирањето со националистите и квази патриотите. И бездруго најважната порака е дека секој лидер преку политиката што ја води самиот избира дали ќе заврши како азилант во некоја далечна земја бегајќи од законот во својата татковина, или ќе израсне во ценет и признат функционер во меѓународни рамки кој ќе има надлежности и над другите држави. Министерот за одбрана Владо Мисајловски со гордост раскажува за неговото учество на состаноците на НАТО и за можноста нашата држава да носи одлуки заедно со големите сили, а кои се однесуваат на иднината и безбедноста на светот. НАТО е Алијанса под чиј безбедносен чадор се наоѓаат околу една милијарда население и е важно да се биде дел од тој клуб. Тука Мисајловски е сосема во право. Но тоа што тој не го кажа е дека за да се стигне до таму беа донесени тешки и непопуларни одлуки кои ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги поддржа туку и ги попречуваше. Дури и денес додека владата ги бере ловориките на меѓународен план од членството во НАТО, таа гради амбиент во кој носителите на тешките одлуки, Заев, Димитров, Шекеринска и другите од тогашниот тим се сатанизираат и им се загрозени животот и безбедноста. Оваа колумна го изразува личното мислење на авторот и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на македонската редакција на Дојче Веле или со ДВ во целина. Соња Крамарска Уредник, новинар и политички аналитичарКоментарВаш коментарРеклама...
Мицкоски: Немавме никаква дилема дека треба да ја поддржиме Радмила Шекеринска за во НАТО
DW - пред 19 часа
ПолитикаСеверна МакедонијаМицкоски задоволен што Шекеринска доби функција во НАТО ДТЗ20.11.202420 ноември 2024„Да се има Македонка за заменик генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест“, вели премиерот Христијан Мицкоски по изборот на Шекеринска во НАТО.https://p.dw.com/p/4nCalМицкоски задоволен што Шекеринска доби функција во НАТОФотографија: Government North MacedoniaРекламаВладата ја поддржала кандидатурата на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО и најавува соработка во интерес на македонската армија и безбедноста на македонските граѓани. Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Скопје рече дека за нив националното единство и интереси се над партиските. „Немавме никаква дилема дека треба да ја поддржиме Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Затоа што често повикуваме на единство и дијалог со опозицијата. А, доколку повикувате, а не го правите тоа на дело - тогаш сте лицемерни“, вели Мицкоски. „Да се има Македонка за заменик генерален секретар на најмоќната воена алијанса е навистина чест, вели премиеротФотографија: DW/P. Stojanovski Голема чест Премиерот вели дека Владата не само што ја поддржала кандидатурата на Шекеринска, туку и активно разговарала со сојузниците. „Да се има Македонка за заменик генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест. И ниту јас имав дилема, ниту Владата дека треба да ја подржиме кандидатирата и добро е што успешно се заврши“, вели Мицкоски. Премиерот во вторникот (19.11) телефонски разговарал со Шекеринска. „Нема дилема дека треба заедно да соработуваме и да помогнеме се што е во наша моќ на македонската армија, а со тоа и да помогнеме за безбедноста на македонските граѓани“, додава Мицкоски. Тој посочи дека не е тајна дека во минатото и ден денеска има многу концептуални разлики межу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кога станува збор за сегашноста, справувањето со проблемите, политиките и идеолошки разлики. „Тоа не е тајна, бидеме доаѓаме од различни политички опции, со различни гледања на многу теми. Но, како Влада имавме пред над предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи предвид дека имаше кандидати од неколку земји“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Владата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте деновиве соопшти дека поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска ќе биденов заменик генерален секретар на воената алијанса. Таа ќе ја преземе функцијата во декември. „Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога“, изјави шефот на Алијансата, Марк Руте. КоментарВаш коментарРеклама...
Радмила Шекеринска избрана за нов заменик генерален секретар на НАТО
DW - пред 1 ден
ПолитикаСеверна МакедонијаРадмила Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО ДТЗ19.11.202419 ноември 2024„Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога“, изјави шефот на Алијансата, Марк Руте по именувањето на Радмила Шекеринска за него заменик во НАТО.https://p.dw.com/p/4n9erРадмила Шекеринска избрана за нов заменик генерален секретар на НАТОФотографија: DW/P. StojanovskiРекламаПоранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде нов заменик генерален секретар на воената алијанса. Ваквата одлука ја соопшти генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Таа ќе ја преземе функцијата до крајот на годината. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога“, изјави шефот на Алијансата, Марк Руте. „Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога“, изјави шефот на Алијансата, Марк Руте.Фотографија: Omar Havana/AP/dpa Ваквата можност пред неколку месеци ја најави „Политико“ повикувајќи се на изјава на висок дипломат на НАТО, кој посочи дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на новиот шеф на Алијансата, Марк Руте. Меѓу другите кандидати беа поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел, поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, која беше министерка за одбрана на Црна Гора 2020-2022 година. Привилегија и високо признание Ексминистерката за одбрана и нов заменик генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска се огласи на мрежата Х по повод изборот. „Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководство на @SecGenNATO. Посветена сум да работам со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, вели Шекеринска. Честитки за новата функција пристигнаа од американската амбасадорка Анџела Агелер. „Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска, следниот заменик генерален секретар на НАТО и до Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на г-ѓа Шекеринска и улогата на Северна Македонија како ценет НАТО сојузник и партнер на САД“, напиша Агелер. „Вистински избор за значајна позиција“ Назначувањето на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, најмоќниот воено-политички сојуз во светот, според лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е уште една силна потврда за исправноста на политиките на СДСМ. Тој нагласува дека членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на посветена работа на СДСМ и претходната Влада, која обезбеди сигурност и меѓународен кредибилитет за државата. „Назначувањето на Шекеринска е доказ дека трудот и професионалноста се ценети на глобално ниво. Ова е уште еден показател дека Северна Македонија, како рамноправна членка на НАТО, има капацитет да придонесе за глобалната безбедност и стабилност“, вели Филипче. Тој смета дека Шекеринска, со своето долгогодишно искуство, посветеност и професионализам, е вистинскиот избор за оваа значајна позиција. „Силно верувам дека успешно ќе се носи со предизвиците кои ѝ претстојат. Нејзиниот успех е гордост за сите нас. Работата на Радмила ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со труд и посветеност може да се постигне секој успех“, порача првиот човек на СДСМ. Шекеринска, беше министерка за одбрана на Северна Македонија од 2017 до 2022 година. Северна Македонија влезе во НАТО пред четири години, а Шекеринска имаше клучна улога во нејзиното членство. Прозападната Шекеринска моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти. Улогата на заменик-генерален секретар е зголемена на важност во текот на последната деценија. Примарната негова улога е да го заменува шефот и да претседава со состаноците на 32-та амбасадори во Северноатлантскиот совет двапати неделно или на кој било итен состанок, вклучувајќи го и Советот НАТО-Украина. КоментарВаш коментарРеклама...
Се огласи Шекеринска: Мојот успех не е само личен, туку на целата држава
Фактор - пред 21 часа
Добивај вести на Viber Радмила Шекеринска се огласи по вчерашното назначување за заменик-генерален секретар на НАТО за да се заблагодари на бројните честитки и порача дека нејзиниот личен успех е успех на целата држава. Вели дека со гордост ќе ја претставува земјата во својата нова улога.„Драги пријатели,Од срце ви благодарам за сите честитки, пораки и зборови на поддршка по повод моето назначување за заменик генерален секретар на НАТО. Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат.Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно.Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција.Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво.Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу“,порача поранешната министерка за одбрана.Таа во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите зад генералниот секретар Марк Руте....
РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ ЗА ШЕЌЕРИНСКА: Еве која е таа
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Именувањето на Радмила Шеќеринска за заменик секретар на НАТО, предизвика интерес во регионот. Додека Бугарија негодува, медиумите ширум Балканот ја претставуваат новата функционерка на НАТО.„Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска од Северна Македонија за негова заменичка.„Со задоволство можам да го соопштам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа навистина верува во НАТО, знае колку е потребно за влез во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, рече Руте во изјавата објавена на веб-страницата на НАТО.Таа на својот профил на X одговори дека би било „привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО“.„Посветена сум да работам со сите сојузници кон уште посилен и посигурен сојуз“, напиша таа на мрежата Х.Шекеринска ќе го замени вршителот на должноста заменик генерален секретар Борис Руге, кој привремено ја презеде функцијата на почетокот на есента по оставката на заменик-генералниот секретар Мирчеа Јоана со цел да се кандидира на претседателските избори овој месец во Романија, пишува Данас.Шекеринска ќе ја преземе функцијата заменик генерален секретар пред крајот на оваа година.Која е Радмила Шекеринска?Родена е во Скопје во јуни 1972 година. Дипломирала на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1995 година.Во текот на 1996 година, таа работела како асистент за односи со јавноста во Македонскиот институт отворено општество, се наведува на веб-страницата на македонската влада.Истата година била избрана за член на Советот на Град Скопје каде останала две години.Од 1997 до 2002 година работи како асистент на Електротехничкиот факултет, а во 1998 година е избрана во Собранието на Република Македонија.На парламентарните избори во 2002 година го добива вториот мандат како претставник на републиката, од кој веднаш е именувана за вицепремиер на Република Северна Македонија за евроинтеграции.Автор е на повеќе научни и стручни трудови од својата област.Шекеринска беше вицепремиер за евроинтеграции во периодот од 2002 до 2006 година, кога нејзината земја се здоби со статус на кандидат за полноправно членство во Европската унија.Во 2004 година, таа накратко ја извршуваше функцијата вршител на должноста премиер, со што стана првата жена што го стори тоа во земјата.Во периодот меѓу 2006 и 2008 година, таа го водеше Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), како прва жена на чело на голема политичка партија во Македонија.Таа се врати на владината служба како министер за одбрана од 2017 до 2022 година, надгледувајќи го пристапувањето на Северна Македонија во НАТО во 2020 година.Додека беше на чело на Министерството за одбрана во 2020 година, Скопје го испрати првиот контингент од 44 припадници на Армијата на Македонија во мисијата КФОР.Тоа беше прва мисија на армијата на Северна Македонија откако таа земја стана 30-та членка на НАТО.Добитничка е на наградата „Глобални лидери на утрешнината“ што ја доделува Светскиот економски форум.Зборува англиски и француски јазик.Нова.рс...
Шекеринска стана втор човек на НАТО
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите.Неофицијално, Шекеринска во изборот ја победи поранешната еврокомесарка и бугарска вицепремиерка Марија Габриел како друг сериозен кандидат за оваа позиција.Поранешната министерка за одбрана му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на овој воен сојуз. Ова го потврди генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата:„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“. објави првиот човек на НАТО.Таа ќе ја преземе својата функција до крајот на годината и ќедојде на местото на Мирчеа Џоана, кој ја извршуваше функцијата од 2019 година...
НИЕ ЈА ПОДДРЖАВМЕ ШЕКЕРИНСКА: Мицкоски ја расчисти дилемата
Фактор - пред 20 часа
Добивај вести на Viber Владата на Република Северна Македонија ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој на денешната прес-конференција одговараше на новинарски прашања. Забележа дека не е тајна дека во минатото и до денеска можеби имаат многу концептуални разлики кога станува збор за сегашноста, справувањето со реалните проблеми, политиките, идеолошки разлики, бидејќи доаѓаат од различки политички семејства.-Како Влада имавме пред нас би рекол предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи в предвид дека таму имаше кандидати од неколку земји и ние тука немавме никаква дилема. Зошто? Прво, затоа што повикуваме често пати на единство, повикуваме на дијалог со опозицијата и доколку повикувате, а тоа не го правите на дела, тогаш сте лицемерни. Така што ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шеќеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници, рече Мицкоски.Премиерот посочи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските.-Да се има Македонка во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши, изјави Мицкоски.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Мицкоски додаде дека во текот на вчерашниот ден телефонски се слушнал со Радмила Шекеринска и какошто рече „разговараме нема дилема дека треба заедно да соработуваме и дека треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија и со тоа да помогнеме за безбедноста и сето она што им е потребно на македонските граѓани“....
АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Американската амбасадорка Ангела Агелер, го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Таа му честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура или по наше кажано – не ја блокирал, како што прави вообичаено ВМРО-ДПМНЕ. „Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска, следниот заменик генерален секретар на НАТО и на Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер. Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека ова е голем успех и одговорност. Радмила Шеќеринска денеска во Брисел e избрана за Заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите.Генералниот секретар Марк Руте рече дека со нетрпение чека да работи со неа....
ЗАЕВ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ВИСОКАТА ФУНКЦИЈА: „Македонската дипломатија денеска добива круна“
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Екс-премиерот Зоран Заев и упати честитка на Радмила Шекеринска за новата функција. Во објава на Инстаграм Заев напиша дека со назначувањето на портанешната министерка за одбрана за заменик Генерален секретар на НАТО, македонската дипломатија добива круна. -Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет. Ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО. Честитки Радмила!, напиша Заев на неговиот профил на Инстаграм....
НЕЗАДОВОЛСТВО ВО БУГАРИЈА: Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Бугарските медиуми се шокирани затоа што Радмила Шекеринска е избрана за втор човек на НАТО, а не нивната Марија Габриел. Во Софија се лути поради оваа одлука. Новата позиција на Шекеринска во НАТО особено е тема на дискусија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов. Одлуката на генералниот секретар Марк Руте да оди со македонскиот претставник пред Габриел или друг кандидат беше објавена утрово, а оттогаш следат и многуте коментари.„Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО“, ова е еден од насловите во бугарските медиуми, кој го одразува изненадувањето поради ваквиот исход. Во написите се нагласува дека Габриел, која има истакната политичка кариера како вицепремиерка, министерка за надворешни работи и еврокомесарка, беше меѓу фаворитите за позицијата, особено со оглед на консензусот дека таа треба да припадне на жена од Источна Европа.Бугарските медиуми укажуваат дека и други имиња, како поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и црногорската министерка за одбрана Оливера Ињац, биле во трката, но изборот паднал на Шекеринска. Сепак, доминантна е темата за тоа како кандидатот од Северна Македонија доби предност пред Марија Габриел, која важи за една од најпознатите политички фигури во Бугарија.Одлуката на Руте е објавена утрово, а се истакнува дека Шекеринска, како поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана, ја извршувала функцијата токму во периодот на интеграцијата на Северна Македонија во НАТО. Aмериканската претседателка Анџела Агелер, упати честитка до Шекеринска, но и до премиерот Христијан Мицкоски....
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радмила Шекеринска e назначена за заменик-генералeн секретар на НАТО
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber ШЕКЕРИНСКА СТАНА ВТОР ЧОВЕК ВО НАТОРадмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите.Поранешната министерка за одбрана ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на овој воен сојуз. Ова го потврди генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата.Советот на амбасадори го поздрави изборот на Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО и велат дека нејзината функција во НАТО е голем успех и за државата. Претседателот на Бугарија, Румен Радев ѝ го честита назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО.Американската амбасадорка Ангела Агелер, го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Таа му честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура или по наше кажано – не ја блокирал, како што прави вообичаено ВМРО-ДПМНЕ. Екс-премиерот Зоран Заев и упати честитка на Радмила Шекеринска за новата функција.БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ РАЗОЧАРАНИ ШТО ГАБРИЕЛ НЕ ЈА ДОБИ ПОЗИЦИЈАТА ВО НАТОБугарските медиуми се шокирани затоа што Радмила Шекеринска е избрана за втор човек на НАТО, а не нивната Марија Габриел. Во Софија се лути поради оваа одлука. Новата позиција на Шекеринска во НАТО особено е тема на дискусија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов. ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТОВработените во здравствените инситуции во земајва во следните години ќе добиваат поголеми плати. Како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, на заедничка пресконференција со претставниците на синдикалните организации од здравствениот сектор, во следните години ќе добиваат во просек од 5 до 10 проценти зголемување на платите. УКРАИНА ЈА НАПАДНА РУСИЈА СО АTACMSУкраинските сили го одбележаа 1.000-от ден од војната во Украина, со изведување на првиот напад на руска територија со американските ракети со долг дострел, соопштија утрово украинските воени претставници.Голема експлозија го осветли ноќеска небото на околу 124 километри од најблиската украинска граница, во складиште за муниција во Карачев, во рускиот Брјански регион.ЧИТАЈТЕ УШТЕПо години апели од наставниците, стручната јавност и родителите, Министерството за образование конечно направи значаен чекор кон подобрување на квалитетот на основното образование. Четири члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе бидат разрешени по одлука на Владата на Република Македонија оджана на почетокот на месецов.Медиумите пред неколку дена објавија дека во Федерацијата Босна и Херцеговина(БиХ) минималната плата ќе се зголеми на 600 евра.Блок трансакција со вкупна вредност од над 43 илјади евра со акциите на градежниот гигант „Гранит“ помина вчера преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. Апсурдот на ефектите од либерализацијата на пазарот за електрична енерија кај државни органи и јавни установи болно се огледа во примерот на највисоката научна установа од својата дејност – Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“. Вивек Рамасвами е политичка ѕвезда во подем на Републиканците, кандидат за претседател на САД, биотек милијардер и нов министер во Владата на Доналд Трамп кој заедно со Илон Маск ќе го предводат новиот департмент за владина ефикасност (DOGE)....
РАДЕВ ДО ШЕКЕРИНСКА: Честитам и очекувам придонес во зајакнувањето на колективната одбрана
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Претседателот на Бугарија, Румен Радев ѝ го честита назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО.Тој очекува Шекеринска да придонесе во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на Алијансата.„Ѝ честитам на Радмила Шекеринска во нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, напиша Радев на Икс.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.Бугарските медиуми се шокирани затоа што Радмила Шекеринска е избрана за втор човек на НАТО, а не нивната Марија Габриел....
СОВЕТOT НА АМБАСАДОРИ ЗА НОВАТА ФУНКЦИЈА НА ШЕКЕРИНСКА: Toa е голем успех за државата
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Советот на амбасадори го поздрави изборот на Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО и велат дека нејзината функција во НАТО е голем успех и за државата. Таа ќе биде заменик на генералниот секретар на НАТО. „Поставувањето на личност од нашата земја на ваква висока позиција во НАТО-алијансата, во толку комплексен момент во нејзината историја, кога Европа се соочува со голема закана по нејзината безбдност претставува признание за Македонија, како точка која може да претставува место за отпуштање на затегнаст, пример за заемна почит на разлики и негување на европски вредности, но и пример за проактивност и донесување одлуки во клучни моменти со позитивни резултати“, велат од Советот на амбасадори. Веруваат дека Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.Шекеринка на X напиша дека ова ќе биде чест за неа да работи за посилна алијанса. фото Фејсбук/Радмила Шекеринска...
Шекеринска избрана за заменик-генерален секретар на НАТО
Инфо - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата која е потребна за да се приклучи на алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, истакна Руте. Шекеринска беше министер за одбрана на Северна Македонија пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Текстот Шекеринска избрана за заменик-генерален секретар на НАТО е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Сајкоски: Расте поддршката за Силјановска Давкова за претседател на Македонија Општина Тетово: Воздухот не е ризик за учениците и граѓаните, наставата продолжува од утре ССК: Неточна е изјавата на Филипче дека сме барале задолжителна вакцинација за приватниот сектор Седум компании добија прекршочни казни поради мазутот Глоба од по 2000 евра за две лица кои го прекршиле полицискиот час Променливо облачно време со сончеви периоди...
„Моќен доказ за стручноста и искуството“: Агелер со честитка до Шекеринска за новата функција и до Мицкоски за поддршката
Инфо - пред 1 ден
Американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелер, ѝ го честита изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО. Таа му честита и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура. „Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша Агелер во честитката до Шекеринска. My warmest congratulations to Radmila @Sekerinska, NATO’s next Deputy Secretary General, and to @MickoskiHM and the Government of North Macedonia for championing her candidacy. A powerful testament to Ms. Shekerinska’s expertise and experience, and role as a valued @NATO ally… — Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) November 19, 2024 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Информацијата е објавена на официјалната веб-страница на НАТО. Текстот „Моќен доказ за стручноста и искуството“: Агелер со честитка до Шекеринска за новата функција и до Мицкоски за поддршката е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Станковиќ: Планираните приходи од над 358 милијарди денари во Буџетот за 2025 година се реално остварливи Грковска писмено го опомена Тупанчески, но не за гратисите од ФФМ туку за односот кон јавноста Еуромакс и Трафигура се подготвени веднаш да инвестираат во Северна Македонија Од 15 август на настани ќе може да се присуствува само со потврда за примена вакцина, одлучи Владата Од 22 до 23 часот ќе можат да се изнесат домашните миленици Преку агендата „Европа дома“ Владата ќе воведува европски стандарди во секој сегмент од општеството...
Филипче ѝ го честита изборот на Шекеринска за втор човек на НАТО: „Успешно ќе се справи со предизвиците“
Инфо - пред 1 ден
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ѝ го честита изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО. „Честитки, Радмила! Убеден сум дека Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено-политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се справи со најголемите предизвици што ѝ претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех Северна Македонија уште еднаш ги потврдува својата вредност и капацитетот да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО, која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност“, порача Филипче. Според него, назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и, како што вели, историскиот успех на СДСМ и владата, кои со посветена работа успеаја да ја внесат Северна Македонија во НАТО. Претходно денес, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата која е потребна за да се приклучи на алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, истакна Руте. Шекеринска беше министер за одбрана на Северна Македонија пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Текстот Филипче ѝ го честита изборот на Шекеринска за втор човек на НАТО: „Успешно ќе се справи со предизвиците“ е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар Увид на местото каде беше пронајден мртов Авганистанец, според сознанијата тој бил организатор на нелегален транзит Маричиќ од Тирана: Очекуваме поддршка од земјите-членки на Унијата и храбар лидерски чекор за интеграцијата на Западен Балкан 15 починати и 389 нови случаи на Ковид-19 Тупанчески – Гир: Спроведувањето на реформска агенда останува наш приоритет Забранет сообраќај од Маврово до Дебар поради одрони и паднати дрвја...
Со гордост ќе ја претставувам Северна Македонија на оваа висока меѓународна позиција, рече Шекеринска
Инфо - пред 21 часа
Радмила Шекеринска која беше назначена за втор човек на НАТО, односно заменик генерален-секретар на Алијансата, утрово се заблагодари за честитките и поддршката. „Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат. Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно. Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција“, напиша Шекеринска на социјалните мрежи. Вели дека секој збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. „Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво. Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу“, додава Шекеринска. Државниот врв се’ уште не упати честитка за оваа висока функција, на кој за првпат застанува политичар од Македонија, но и од Западен Балкан. Северна Македонија стана 30-тата членка на НАТО пред четири години, кога Шекеринска беше министерка за одбрана. Текстот Со гордост ќе ја претставувам Северна Македонија на оваа висока меѓународна позиција, рече Шекеринска е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Полицијата во Шуто Оризари има само едно возило и недостаток од кадри, му рече командирот на министерот Тошковски Маричиќ: Со фокусот на ЕУ и со силната поддршка на земјите членки продолжуваме по европскиот пат и зацртаната цел – Македонија во ЕУ до 2030 Османи во Киев на средба со Кулеба Уапсен 53-годишник од Виница под сомнение дека допирал и бакнувал малолетничка Експлозија имало во Бунарџик, а пожарот во Пинтија бил од искри на далековод 31 тутор ќе им помагаат на учениците со попреченост...
Шекеринска - првата жена од Западен Балкан на висока функција во НАТО
Радио Слободна Европа - пред 1 ден
По речиси две децении клучен играч на македонската политичка сцена, Радмила Шекеринска е прв висок функционер од Западен Балкан во НАТО. Одигра клучна улога во зачленувањето на Северна Македонија во Алијансата, а како вицепремиерка за евроинтергации ја поднесе кандидатура за членство во ЕУ во 2005 Поранешната македонска министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, ќе стане нов заменик - генерален секретар на НАТО, објави воената Алијанса на 19 ноември. Со ова назначување таа стана највисокиот функционер во Алијансата досега што доаѓа од регионот на Западен Балкан, но и од земја надвор од Европската унија. Пополнувањето на заменичката позиција беше приоритет за генералниот секретар Марк Руте, кој ја презеде оваа функција на 1 октомври, по 14 години како холандски премиер. Неколку функционери на НАТО, кои зборуваа под услов да останат анонимни, за РСЕ изјавија дека постои силна желба заменикот на генералниот секретар да доаѓа од Централна и Источна Европа и дека е подобро да биде жена. Претходно Руте изјави дека приоритет на Алијансата ќе остане да се обезбеди одбрана на земјите-членки. ,,Една работа нема да се промени, а тоа е основната мисија на НАТО – да обезбедиме одбрана на нашите луѓе, на нашите земји и на нашата иднина“, потенцира Руте. Шекеринска, која беше министерка за одбрана на Северна Македонија од 2017-2022 година, одигра клучна улога во процесот на пристапување на земјава во НАТО во 2020 година. Таа ќе го замени вршителот на должноста заменик-генерален секретар на НАТО Борис Руге, кој привремено ја презеде функцијата претходно оваа есен, откако тогашниот заменик генерален секретар Мирчеа Џоана објави дека ќе се кандидира за претседател на Романија. Шекеринска по објавата за нејзиното назначување, на социјалната платформа Х напиша дека ќе и биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте. „Посветена сум на работата со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша таа. Меѓу другите кандидати беа поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел, поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, која беше министерка за одбрана на Црна Гора од 2020-2022 година. Министерството за одбрана беше нејзината последна функција во владата предводена од левичарската СДСМ. Шекеринска моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти. Таа по речиси две децении на политички функции се повлече од македонската политичка сцена, во декември 2021 година, откако СДСМ тогаш ги изгуби локалните избори. Embed share Радмила Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Сподели на Фејсбук Сподели на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:01:06 0:00 Директен линк 240p | 2,5MB 360p | 3,5MB 480p | 5,0MB 720p | 12,9MB 1080p | 13,1MB Додека се шпекулираше со имињата на идниот заменик-генерален секретар, вишата политичка соработничка во тинк-тенк Европскиот совет за надворешни односи, Мајда Руге, ја пофали како идеален кандидат. „За следниот заменик-генерален секретар, на НАТО ќе му треба висока личност која е високо компетентна, храбра е, паметно размислува за Русија и исто така ги разбира предизвиците во Западен Балкан. Радмила Шекеринска совршено се вклопува во тој профил“, изјави Руге, експертка за балканскиот регион за бриселскиот „Политико“. Улогата на заменик-генерален секретар доби на важност во текот на изминатава деценија. Примарната задача е да го заменува шефот и да претседава со состаноците на 32-ца амбасадори во Северноатлантскиот совет двапати неделно или на кој било итен состанок, вклучувајќи го и Советот НАТО-Украина. Клучна улога на патот на Северна Македонија кон НАТО Северна Македонија стана 30-тата членка на НАТО пред четири години, а Шекеринска одигра клучна улога во нејзиното членство. На 27 март 2020 година, кога официјално се ратификуваше пристапувањето на земјава кон Алијансата, Шекеринска беше министерка за одбрана. Видете и ова: Собранието со Декларација одбележа четири години од членството во НАТО Овој чекор следуваше по Преспанскиот договор кој Скопје и Атина го потпишаа на 17 јуни 2018 година со македонските социјалдемократи и грчките левичари го решија тридеценискиот спор околу името, при што државата се преименува во Северна Македонија. Додека раководеше со Министерството за одбрана, се зголеми буџетот за одбраната и со измени во законот се подобрија стандардите на Армијата. Политичката кариера на Радмила Шекеринска Радмила Шекеринска влегува во политиката уште за време на студиите и е активна во Социјалдемократската партија, една од двете најголеми партии во државата, каде што има високи функции, а во еден преиод е избрана за лидер. На 26 години за прв пат станува пратеничка во македонското Собрание и освојува уште три мандати. Во насилствата во Собранието на „крвавиот четврток“ на 27 април 2016, Шеќеринска беше и повредена. Беше и на две министерски позиции, за одбрана и вицепремиер и министер за евроинтеграции. Радмила Шекеринска беше првата жена која застана на чело на една од најголемите политички партии во земјава, Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) од 2006 до 2008 година . Кусо ја водеше и македонската влада, како вршител на должност од 18 ноември до 17 декември 2004, откако тогашниот премиер Хари Костов поднесе оставка на функцијата. Како нејзин најголем успех се сметаше подготвката на Северна Македонија за време на нејзиниот мандат како вицепремиер за евроинтеграции, да ја поднесе кандидатурата за членство во Европската Унија во 2005 година. Како лидер на Социјалдемократите Радмила Шекеринска беше и кандидат за премиерка на вонредните парламентарни избори во 2008 година, но не успеа да го победи тогашниот актуелен премиер Никола Груевски. „Биди јунак како што велиш дека си, немој да бегаш од женски фустан“, му порачуваше Шеќеринска во еден од највпечатливите изборни спотови во тогашната кампања предизвикувајќи го Груевски на дуел. Тогаш таа и СДСМ ја предводеа „Коалицијата за Европа – СОНЦЕ“, но изгубија освојувајќи околу 233.000 гласови или повеќе од двојно помалку од коалицијата предвоена од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. 52- годишната Шекеринска е дипломиран електроинженер и и 4 години работела како професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Но сепак избира да се посвети на политичката кариера. Во меѓувреме магистрирала во престижната американска школа за дипломатија и право „Флечер“ во 2007-мата година. Во моментов е член на претседателството на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) која ги обединува социјалдемократските, социјалистички и лабуристички партии во Европа. Таа во 2009 и 2012 година беше Шеф на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарни избори во Киргистан и во Ерменија. Социјалдемократката е добитник и на наградата „ Глобални водачи на утрешнината “ на Светскиот економски форум. Наградата беше доделена за нејзиниот ангажман и посветеност на полето на европските интеграции на Западниот Балкан. Ставот за руската инвазија врз Украина Во едно интервју по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, таа го отфрли тврдењето на Русија дека проширувањето на НАТО кон исток е „злобен план на Западот“. „Напротив, првично големите членки на НАТО немаа посебен апетит за проширување“, рече Шекеринска, наведува „Политико“. Таа во интервју на 18 мај 2022 година, истакна дека тезата дека Русија ја нападна Украина, бидејќи НАТО ја „измамил“ со проширувањето на исток е неверојатно „плитка“ и неаргументирана. „Ајде да бидеме директни: НАТО не се прошири кон Источна Европа како дел од некој „злокобен западњачки план“. Напротив, иницијално големите НАТО членки немале особен апетит за проширување. Главниот притисок доаѓал од „ново-слободните“ држави кои потенцирале дека суверенитетот, меѓу останатото, значи и слобода сам да ги избереш своите сојузници. Земајќи ја предвид историјата на тој дел од Европа, не знам кој би се зачудил на нивната одлука да бараат членство во најмоќниот воено-политички сојуз, кој би можел да ги заштити и од повторна руска агресија“, рече Шекеринска во интервјуто за „Вистиномер“. Радмила Шеќеринска се очекува да ја преземе функцијата во НАТО во почетокот на декември и да присуствува веќе на следниот министерски состанок на Алијансата. Artboard 4 Придружете се на Заедницата на Слободна Европа на Вибер...
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, националните интереси се над партиските
365.mk - пред 19 часа
Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски кој на денешната прес-конференција одговараше на новинарски прашања. Забележа дека не е тајна дека во минатото и до денеска можеби имаат многу концептуални разлики кога станува збор за сегашноста, справувањето со реалните проблеми, политиките, идеолошки разлики, бидејќи доаѓаат од различки политички семејства. -Како Влада имавме пред нас би рекол предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи в предвид дека таму имаше кандидати од неколку земји и ние тука немавме никаква дилема. Зошто? Прво, затоа што повикуваме често пати на единство, повикуваме на дијалог со опозицијата и доколку повикувате, а тоа не го правите на дела, тогаш сте лицемерни. Така што ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шеќеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници, рече Мицкоски. Прочитајте и: Нашата желба и визија како две влади е да ја растуриме маглата од минатото и да гледаме јасно во иднината, порача Мицкоски од ПриштинаПремиерот посочи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските. -Да се има Македонка во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши, изјави Мицкоски. Тој додаде дека во текот на вчерашниот ден телефонски се слушнал со Радмила Шекеринска и како што рече, „разговарале и немаат дилема дека треба заедно да соработуваат и да направат се што е во нивна моќ да помогнат на македонската Армија и со тоа и за безбедноста и сето она што им е потребно на македонските граѓани“. - Реклама -...
Шеќеринска стана заменик генерален секретар на НАТО
Независен - пред 1 ден
Шеќеринска стана заменик генерален секретар на НАТО Шекеринска е прв македонски функционер што доби воопшто функција во Алијансата и - речиси највисоката 19/11/2024 12:18 Поранешната македонска министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО. Ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на Алијансата. Информацијата ја потврди и НАТО со објава од генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата: „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“. „Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководство на генералниот секретар на НАТО. Посветена сум на работа со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша шекеринска на Твитер по објавата. Шеќеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција до крајот на годината. Пополнувањето на заменичката позиција беше еден од приоритетите на генералниот секретар Марк Руте, кој ја зазеде функцијата на 1 октомври.Неколку функционери на НАТО, кои зборуваа под услов да останат анонимни, за Радио Слободна Европа изјавиле дека имало силна желба заменикот да биде од Централна и Источна Европа и да биде жена. Меѓу другите кандидати беа поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел, поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, која беше министерка за одбрана на Црна Гора 2020-2022 година. Шекеринска, која беше министерка за одбрана на Северна Македонија од 2017-2022 година, го надгледуваше пристапот на нејзината земја во НАТО во 2020 година. Таа ќе го замени вршителот на должноста заменик генерален секретар на НАТО Борис Руге, кој привремено ја презеде функцијата, откако тогашниот заменик генерален секретар Мирчеа Џоана објави дека ќе се кандидира за претседател на Романија. Шекеринска ќе биде највисокиот функционер на НАТО од регионот на Западен Балкан, надвор од Европската Унија. Таа ќе ја преземе функцијата до крајот на годината. Шекеринска е поранешна министерка за одбрана. Од 2002 до 2006 година беше и заменик претседател на Владата на РМ задолжена за европски интеграции. Во моментот е потпретседател на Партијата на европските социјалисти. Примарната улога на заменикот на генералниот секретар е да го заменува шефот и да претседава со состаноците на 32-та амбасадори во Северноатлантскиот совет двапати неделно или на кој било итен состанок, вклучувајќи го и Советот НАТО-Украина. Поврзани содржини Албин Курти внесе раздор во албанскиот блок, ДУИ гневни и бесни 19/11/2024 12:11 Иницијативниот одбор за смена на Зајкова бара да не се додворува на власта 19/11/2024 10:11 Османи: Изјавите на Курти за албанскиот јазик се скандалозни 19/11/2024 10:11 Сиљановска-Давкова: Соломонско решение за спорот со Бугарија е она со одложено дејство 19/11/2024 09:11 Гаши на средба со известувачот за Македонија во ЕП 18/11/2024 21:11 И СДСМ бара да си оди Данела Арсовска 18/11/2024 20:11 Приштина уште размислува за екстрадацијата на обвинетите за „Монструм“ 18/11/2024 16:11 Курти: Не е вистина дека албанскиот јазик е под закана во Северна Македонија 18/11/2024 15:11 Најчитани Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија 13/11/2024 14:10 Почина Миодраг Костиќ, кралот на шеќерот и сопственик на една од најголемите бизнис империи во регионот 13/11/2024 10:20 Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 Од Тарик Филиповиќ до Сашко Коцев: Татковството не е должност туку љубов 13/11/2024 10:32 Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови 13/11/2024 14:14 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42...
Со гордост ќе ја претставувам Северна Македонија на оваа висока меѓународна позиција, рече Шекеринска
Скопје Инфо - пред 21 часа
Радмила Шекеринска која беше назначена за втор човек на НАТО, односно заменик генерален-секретар на Алијансата, утрово се заблагодари за честитките и поддршката. „Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат. Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно. Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција“, напиша Шекеринска на социјалните мрежи. Вели дека секој збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. „Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво. Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу“, додава Шекеринска. Државниот врв се’ уште не упати честитка за оваа висока функција, на кој за првпат застанува политичар од Македонија, но и од Западен Балкан. Северна Македонија стана 30-тата членка на НАТО пред четири години, кога Шекеринска беше министерка за одбрана....
Руте ја назначи Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО
Прес 24 - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска да ја назначи за следен заменик генерален секретар. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“. Г-ѓа Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција подоцна оваа година....
Мицкоски освен што ја подржал Шеќеринска за втор човек на НАТО, вчера и се јавил и лично и честитал за изборот
Скопје Инфо - пред 19 часа
Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека и се јавил на Радмила Шекеринска и, и’ го честитал именувањето за заменик генерален-секретар на НАТО. Тој додава дека и покрај нивните разлика за него немало дилема кој требал да биде поддржан за оваа важна позиција. „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата,но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие. Затоа ние како влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши“, рече Мицкоски. Потоа тој соопшти дека уште вчера и се јавил по телефон на Шекеринска и разговарал, со порака дека нема дилема дека треба да соработуваат и заедно да направат се што можат да и помогнат на македонската армија, а со тоа и за безбедноста....
Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаРадмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТОТВ АЛФАноември 19, 2024 Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар, официјално објави НАТО на својот сајт. -Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога, соопшти Руте. Со назначувањето, Радмила Шекеринска станува највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија. Во објавата се потсетува дека Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција кон крајот на годината. Радмила Шекеринска во моментов ја врши функцијата потпретседател на Партијата на европските социјалисти на Европа. Весникот “Политико“ пред изборот цитираше висок дипломат на НАТО од Западна Европа, кој изјавил дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на Руте. Разговорот во седиштето на НАТО се фокусира на двајца поранешни функционери од Македонија и Бугарија – Радмила Шекеринска и поранешната вицепремиерка и еврокомесар на Бугарија, Марија Габриел. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Агелер им честиташе на Шекеринска – и на Мицкоски!
Независен - пред 1 ден
Агелер им честиташе на Шекеринска – и на Мицкоски! 19/11/2024 13:58 Амбасадорката на САД во македонија, Ангела Агелер, и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Наедно таа му честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура или по наше кажано – не ја блокирал, како што прави вообичаено ВМРО-ДПМНЕ. „Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска, следниот заменик генерален секретар на НАТО и на Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер. Честитки за новата позиција на Шекеринска дојдоа и од нејзината партија: „Честитки за ова големо признание! Ова именување за следен заменик генерален секретар на НАТО е значајна победа, како за неа лично, така и за Северна Македонија. Ова ја потврдува важноста и растечката улога на земјава во меѓународната безбедносна архитектура“ – напиша Оливер Спасовски. „Честитки за Радмила Шекеринска, која е назначена за заменик генерален секретар на НАТО! Ова е голема одговорност, но и успех и признание за нејзините квалитети, искуство и посветеност на евроатлантските интеграции. Ова истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО алијансата„- напиша на фејсбук поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. Поврзани содржини Филипче: Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО 19/11/2024 14:11 Заев за изборот на Шекеринска во НАТО: „Македонската дипломатија денеска добива круна“ 19/11/2024 14:11 Албин Курти внесе раздор во албанскиот блок, ДУИ гневни и бесни 19/11/2024 12:11 Шекеринска стана заменик-генерален секретар на НАТО 19/11/2024 12:11 Иницијативниот одбор за смена на Зајкова бара да не се додворува на власта 19/11/2024 10:11 Османи: Изјавите на Курти за албанскиот јазик се скандалозни 19/11/2024 10:11 Сиљановска-Давкова: Соломонско решение за спорот со Бугарија е она со одложено дејство 19/11/2024 09:11 Гаши на средба со известувачот за Македонија во ЕП 18/11/2024 21:11 Најчитани Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија 13/11/2024 14:10 Почина Миодраг Костиќ, кралот на шеќерот и сопственик на една од најголемите бизнис империи во регионот 13/11/2024 10:20 Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 Од Тарик Филиповиќ до Сашко Коцев: Татковството не е должност туку љубов 13/11/2024 10:32 Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови 13/11/2024 14:14 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42...
Мицкоски ѝ се јавил на Шекеринска, најави соработка во интерес на државата
Независен - пред 20 часа
Мицкоски ѝ се јавил на Шекеринска, најави соработка во интерес на државата 20/11/2024 13:02 Христијан Мицкоски (Фото: Б. Грданоски) Премиерот Христијан Мицкоски, по 24-часовен молк, соопшти дека ѝ се јавил на Радмила Шекеринска и ѝ го честитал именувањето за заменик-генерален секретар на НАТО. „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие. Затоа ние како влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши“, рече Мицкоски. Потоа тој соопшти дека уште вчера ѝ се јавил по телефон на Шекеринска и разговарал, со порака дека нема дилема дека треба да соработуваат и заедно да направат сѐ што можат да ѝ помогнат на македонската армија, а со тоа и за безбедноста. Поврзани содржини Мицкоски „можеби“ има над 80 пратеници, ќе ги преброи кога ќе му затребаат 20/11/2024 14:11 Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични 20/11/2024 11:11 Мицкоски ќе свика парламентарни избори ако има лоши резултати на локалните 20/11/2024 10:11 ДУИ и честиташе на Шекеринска, и натаму молк од државниот врв 20/11/2024 10:11 ВМРО-ДПМНЕ е љубоморно на Шекеринска и затоа молчи, вели СДСМ 20/11/2024 10:11 Шекеринска: Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте 19/11/2024 22:11 Румен Радев ѝ го честиташе назначувањето на Шекеринска во НАТО 19/11/2024 21:11 ЕУ и Македонија заеднички ќе работат на безбедност и одбрана 19/11/2024 19:11 Најчитани Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Зошто кинеските електрични автомобили се поевтини? Јапонците ги расклопија и открија 13/11/2024 20:36 Средба во Влада утре во врска со поранешно „Фени“ најави кавадаречкиот градоначалник Јанчев 14/11/2024 16:09 Скопјани утрово смрзнаа по постојките – автобус ни за лек 18/11/2024 09:50...
Изборот на Шекеринска е порака и за Македонија, и за Бугарија, и за ЕУ
Независен - пред 22 часа
Изборот на Шекеринска е порака и за Македонија, и за Бугарија, и за ЕУ Шекеринска како министер за одбрана понесе голем товар во процесот за членство во НАТО. Беше грубо нападната од „уставобранителите“, а храбро ги издржа заедно со своите сопартијци обвинувањата за потпишувањето на Преспанскиот договор Ѓорѓи Спасов 20/11/2024 10:43 Изборот на Радмила Шекеринска за заменик на генералниот секретар на НАТО не е само добра вест за Македонија, туку и важна порака за нас, за соседите и за ЕУ. Со нејзиниот избор на земјава ѝ се оддава признание за сѐ што направи на трнливиот пат кон членството во алијансата. Шекеринска како министер за одбрана понесе голем товар во процесот на уривањето на пречките и опструкциите на тој пат. Беше грубо нападната од „уставобранителите“ кои очекуваат помилување, храбро ги издржа со своите сопартијци сите обвинувања за потпишувањето на Договорот од Преспа, за непочитување на Уставот, за кршење на законите, за национално предавство на Македонците и на земјата и за „виткањето кичма“ во водењето на надворешната политика. Затоа денес, оние што силно се противеа на тој пат, молчат, се чуствуваат веројатно посрамени, и немаат храброст ниту јавно да честитаат, ниту да ја согледаат значајноста на еден ваков чин од страна на генералниот секретар на НАТО Марк Руте, ниту да ја согледаат големината на угледот и признанието што го добива Македонија која го има второт место по важност во НАТО. Секако ќе треба малку да се замислат и оние кои не ѝ понудија ниту една позиција во новата влада на СДСМ во 2022 и не се обидоа да го користат нејзиното знаење и нејзиниот углед за СДСМ во 2024 година да не доживее катастрофален пораз. И тоа во време кога Шекеринска беше избрана за потпретседател на Партијата на европските социјалисти, иако Македонија сѐ уште не е членка на ЕУ. Фактот што Марк Руте бирал меѓу Шекеринска и Марија Габриел која беше европратеник, еврокомесар и министер за надворешни работи на Бугарија од 2023 до 2024 година, и се определил за Шекеринска е порака за Бугарија. Секако дека бил во прашање и капацитетот на личностите, но била во прашање и надворешната политика и политичката реторика на тие две личности. Во актуелниот спор меѓу Бугарија и Македонија ова е порака дека ставовите на Шекеринска од страна на НАТО се почитуваат и дека во таа организација немат проблем со нејзиниот македонски национален идентитет, јазик и интерпретации на историските корени на нацијата. Македонија со нејзиниот избор на функцијата добива аргумент за признавање за исправноста на нашата позиција. Нејзината личност, со нејзиниот национален идентитет, јазик и бекграунд веќе никој не ќе може да ги оспорува. Македонија преку неа со сите свои национални атрибути се вградува во НАТО и таа станува уште еден симбол на посебноста, упорноста и исправноста. И само ова беше доволно, Силјановска, Мицкоски и Муцунски да бидат меѓу првите што ќе честитаат ѝ ќе му заблагодарат на Руте за изборот. Ова именување е и порака до ЕУ. Ако Македонија со свои кадри може да претседава со ОБСЕ, со Генералното собрание на ОН и да има заменик на генералниот секретар на НАТО, тогаш значи дека таа исполнува уште еден важен критериум за членство во ЕУ, а тој е имањето кадри и давањето придонес за европскиот мировен проект. Медиумското присуство на Шекеринска низ европските метрополи од Нова година ќе потсетува постојано дека ЕУ има незавршени работи во Македонија и можеби ќе се создава атмосфера за откочување на процесот. На крајот на краиштата, изборот на Шекеринска на функцијата заменик-генерален секретар на НАТО, Мицкоски може да го смета за уште една гаранција за тоа дека патот на Македонија кон ЕУ нема да биде блокиран. (Ѓорѓи Спасов е универзитетски професор и поранешен амбасадор) Поврзани содржини Мицковизмот е новата ера на режим 19/11/2024 14:11 Каде исчезна десниот центар? 15/11/2024 14:11 Шокот од Трамп е вина на демократите 13/11/2024 15:11 Македонија ќе биде ол рајт 12/11/2024 15:11 Трамп е казната за американските гревови 10/11/2024 10:11 Позлатено или златно доба 09/11/2024 14:11 Крајот на Pax Americana 08/11/2024 14:11 Трамп ја победи Америка 06/11/2024 13:11 Најчитани Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија 13/11/2024 14:10 Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови 13/11/2024 14:14 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Зошто кинеските електрични автомобили се поевтини? Јапонците ги расклопија и открија 13/11/2024 20:36...
Заев за изборот на Шекеринска во НАТО: „Македонската дипломатија денеска добива круна“
Независен - пред 1 ден
Заев за изборот на Шекеринска во НАТО: „Македонската дипломатија денеска добива круна“ 19/11/2024 14:09 Фото: Б. Грданоски Поранешниот премиер Зоран Заев ѝ го честиташе на Радмила Шекеринска назначувањето за заменик-генерален секретар на НАТО. Во објавата на Фејсбук Заев пишува: „Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет. Ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО. Честитки Радмила!“ Радмила Шекеринска освен што беше министерка за одбрана во владата на Зоран Заев, таа беше и заменик-претседател на СДСМ во времето кога Заев беше лидер на партијата. Поврзани содржини Радев ја демантира Сиљановска: „Обврските од договорите мора да се исполнат“ 19/11/2024 16:11 Филипче: Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО 19/11/2024 14:11 Агелер им честиташе на Шекеринска – и на Мицкоски! 19/11/2024 13:11 Албин Курти внесе раздор во албанскиот блок, ДУИ гневни и бесни 19/11/2024 12:11 Шекеринска стана заменик-генерален секретар на НАТО 19/11/2024 12:11 Иницијативниот одбор за смена на Зајкова бара да не се додворува на власта 19/11/2024 10:11 Османи: Изјавите на Курти за албанскиот јазик се скандалозни 19/11/2024 10:11 Сиљановска-Давкова: Соломонско решение за спорот со Бугарија е она со одложено дејство 19/11/2024 09:11 Најчитани Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија 13/11/2024 14:10 Почина Миодраг Костиќ, кралот на шеќерот и сопственик на една од најголемите бизнис империи во регионот 13/11/2024 10:20 Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 Од Тарик Филиповиќ до Сашко Коцев: Татковството не е должност туку љубов 13/11/2024 10:32 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови 13/11/2024 14:14...
ДУИ и честиташе на Шекеринска, и натаму молк од државниот врв
Независен - пред 22 часа
ДУИ и честиташе на Шекеринска, и натаму молк од државниот врв 20/11/2024 10:53 Фото: Б. Грданоски Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) упатува најискрени честитки до Радмила Шекеринска по повод нејзиното именување за заменик генерален секретар на НАТО. Ова е голем успех не само за г-ѓа Шекеринска, туку и за Република Северна Македонија, која преку ова именување ја потврдува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди. Како партија која отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на нашата држава, оваа значајна постигнување го гледаме како признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија.Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност и уверени сме дека ќе ја претставува нашата земја достоинствено на оваа висока функција, стои во честитката на ДУИ. Државниот врв инаку намерно го „преспа“ овој државен успех бидејќи сега Македонија има втор човек во Алијансата, само 4 и пол години по добивањето на членство во НАТО. Претседателката Гордана Силјановска Давкова досега не честиташе на својата колешка од политичката сцена. Иако во инаугуративниот говор во мај, говореше дека ќе се залага за повеќе жени во политиката и на функции, назначувањето на Шекеринска во НАТО не го спомнува веќе втор ден. Безбедноста и надворешните односи се едни од главните обврски на претседателот на државата. Премиерот Христијан Мицкоски, на 26-ти јуни оваа година, само неколку часа по изборот на Марк Руте за генерален секретар на НАТО, упати честитка до холандскиот политичар. Веста за назначувањето на Шекеринска е од вчера и се уште е главна вест на веб сајтот на НАТО, но честитки или нотификација за успехот на државата, од Илинденска и од Министерството за одбрана, досега не стигнаа. И собранискиот претседател Африм Гаши, иако е во посета на НАТО, не објави ништо на службениот ФБ профил. Гаши заедно со собраниска повеќепартиска делегација е во посета на Алијансата, меѓу другото, остварил средба со актуелниот заменик генерален секретар на НАТО Борис Руге ( на чие место наскоро ќе седне Шекеринска). Гаши ја почнал посетата со прием кај амбасадорот Дане Талески кому мандатот му истекува во јануари, а Силјановска минатата недела му потпиша указ за отповикување. Гаши беше во седиштето на НАТО, но не нотифицираше дека негова колешка од државата е избрана на втората позиција во Северно атлантската алијанса. Поврзани содржини Мицкоски и се јавил на Шекеринска, најави соработка во интерес на државата 20/11/2024 13:11 Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични 20/11/2024 11:11 Мицкоски ќе свика парламентарни избори ако има лоши резултати на локалните 20/11/2024 10:11 ВМРО-ДПМНЕ е љубоморно на Шекеринска и затоа молчи, вели СДСМ 20/11/2024 10:11 Шекеринска: Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте 19/11/2024 22:11 Румен Радев ѝ го честиташе назначувањето на Шекеринска во НАТО 19/11/2024 21:11 ЕУ и Македонија заеднички ќе работат на безбедност и одбрана 19/11/2024 19:11 Владата уште не ја честита важната функција на Радмила Шекеринска во НАТО 19/11/2024 16:11 Најчитани Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија 13/11/2024 14:10 Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови 13/11/2024 14:14 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Зошто кинеските електрични автомобили се поевтини? Јапонците ги расклопија и открија 13/11/2024 20:36...
Радмила Шеќеринска е новиот заменик генерален секретар на НАТО
Скопје Инфо - пред 1 ден
НАТО објави дека поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе стане нов заменик генерален секретар на воената алијанса. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога“, изјави шефот на Алијансата, Марк Руте. Пополнувањето на заменичката позиција беше еден од приоритетите на генералниот секретар Марк Руте, кој ја зазеде функцијата на 1 октомври. Шеќеринска е поранешна министерка за одбрана (2017-2022 година) и вицепремиерка за евроинтеграции (2002-2006 година) во Владите кои ги предводеше СДСМ. Од 2006 до 2008 година беше и претседател на СДСМ....
Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Успешно ќе се носи со најголемите предизвици
Скопје Инфо - пред 1 ден
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик Генерален секретар на НАТО Алијансата. „Честитки, Радмила! Убеден сум дека Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност. Назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да јавнесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница.На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех“, стои во честитката на претседателот Венко Филипче....
Шекеринска ќе биде заменик генерален секретар во НАТО: Ќе ја преземе функцијата до крајот на годинава
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаШекеринска ќе биде заменик генерален секретар во НАТО: Ќе ја преземе функцијата до крајот на годинаваТВ АЛФАноември 19, 2024 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, се наведува во изјавата на Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО-алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе функцијата до крајот на годинава, се додава во информацијата објавена на страницата на НАТО. „Политико“ во август годинава го објави името на Шекеринска како можен нов заменик-генерален секретар на НАТО. Постоел општ консензус дека жена од Источна Европа треба да биде назначена на оваа позиција, па во игра беа Шекеринска и поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Филипче: Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО
Независен - пред 1 ден
Филипче: Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО 19/11/2024 14:48 Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ѝ го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО, велејќи дека таа е вистинскиот избор за втор човек на НАТО. „Честитки, Радмила! Убеден сум дека Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност. Назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да ја внесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница. На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех“, стои во честитката на Венко Филипче. Поврзани содржини Владата уште не ја честита важната функција на Радмила Шекеринска во НАТО 19/11/2024 16:11 Радев ја демантира Сиљановска: „Обврските од договорите мора да се исполнат“ 19/11/2024 16:11 Заев за изборот на Шекеринска во НАТО: „Македонската дипломатија денеска добива круна“ 19/11/2024 14:11 Агелер им честиташе на Шекеринска – и на Мицкоски! 19/11/2024 13:11 Албин Курти внесе раздор во албанскиот блок, ДУИ гневни и бесни 19/11/2024 12:11 Шекеринска стана заменик-генерален секретар на НАТО 19/11/2024 12:11 Иницијативниот одбор за смена на Зајкова бара да не се додворува на власта 19/11/2024 10:11 Османи: Изјавите на Курти за албанскиот јазик се скандалозни 19/11/2024 10:11 Најчитани Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија 13/11/2024 14:10 Почина Миодраг Костиќ, кралот на шеќерот и сопственик на една од најголемите бизнис империи во регионот 13/11/2024 10:20 Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 Од Тарик Филиповиќ до Сашко Коцев: Татковството не е должност туку љубов 13/11/2024 10:32 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови 13/11/2024 14:14...
ДУИ со честитка: Ова е голем успех, Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност
Точка - пред 21 часа
„Ова е голем успех не само за г-ѓа Шекеринска, туку и за Република Северна Македонија, која преку ова именување ја потврдува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди. Како партија која отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на нашата држава, оваа значајна постигнување го гледаме како признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија. Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност, и уверени сме дека ќе ја претставува нашата земја достоинствено на оваа висока функција“, велат од ДУИ....
ДУИ: Именувањето на Шекеринска е голем успех за Македонија
Прес 24 - пред 22 часа
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) упатува најискрени честитки до г-ѓа Радмила Шекеринска по повод нејзиното именување за Заменик генерален секретар на НАТО. „Ова е голем успех не само за г-ѓа Шекеринска, туку и за Република Северна Македонија, која преку ова именување ја потврдува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди. Како партија која отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на нашата држава, оваа значајна постигнување го гледаме како признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија. Г-ѓа Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност, и уверени сме дека ќе ја претставува нашата земја достоинствено на оваа висока функција“, стои во честитката од ДУИ....
Владата уште не ја честита важната функција на Радмила Шекеринска во НАТО
Независен - пред 1 ден
Владата уште не ја честита важната функција на Радмила Шекеринска во НАТО Молчи премиерот, молчи министерот за одбрана, молчи министерот за надворешни работи, молчи и претседателката на државата 19/11/2024 16:48 Изгледа политички нелогично, но така е. Дента кога генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објави дека ја одредил Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на алијансата, македонските власти потонаа во игнорирање на веста. Како да не се случила. И како да не се случи честитката на американската амбасадорка Анџела Агелер до Шекеринска. Во таа честитка се вели: „Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска, следниот заменик-генерален секретар на НАТО и на Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“. Можеби тука е изворот на молкот на македонските власти. Во тврдењето дека Христијан Мицкоски и Владата работеле Шекеринска да ја добие функцијата, ама тоа да не се знае. Тоа би било некаков непростлив грев да се поддржува кандидат на политичкиот ривал, па макар и за многу важната функција во најголемата воено-политичка организација. Ако премиерот навистина работел со лобирање Шекеринска да го добие важното назначување, тогаш е несфатлив молкот. Особено што назначувањето на Шекеринска е главната вест на веб-страницата на НАТО. Ако не премиерот, тогаш барем министерот за одбрана, Владо Мисајловски, можеше да ѝ испрати честитка на Радмила Шекеринска. Тој ќе треба во иднина најмногу да соработува со Шекеринска, затоа што улогата на заменик-генералниот секретар на НАТО е прилично зајакната во последниве десетина години. А уште повеќе со руската агресија на Украина. Тоа можеше да го направи и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, кој денеска е на министерски состанок на НАТО во Брисел, па веројатно ќе добива и честитки од неговите колеги од 32-члената алијанса и од генералниот секретар Марк Руте. Претпоставено, тој на министрите ќе им се заблагодарува на укажаната доверба за Македонија. А тоа можеше да го направи и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е врховен командант на вооружените сили и според тоа е во директна комуникација со НАТО. И таа, барем засега, молчи. Можеше да го направи тоа и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој денеска со група пратеници беше во работна посета на НАТО. Тие се сретнале со вршителот на должноста заменик-генерален секретар на НАТО, Борис Руге, кој ќе ја извршува функцијата сѐ до доаѓањето на Шекеринска од Нова година. Собраниската делегација разговарала за безбедносните предизвици на Македонија и регионот. Во собраниското соопштение од средбата не се споменува назначувањето на Шекеринска. Можеби и тие добиле честитки од Руге и останатите, но се премолчело. Во иднина, оваа собраниска делегација ќе треба да ја прима Радмила Шекеринска. Или сите го чекаат премиерот Христијан Мицкоски прв да испрати честитка или да даде изјава, па сите да се наредат по него. Ако испрати. Во меѓувреме, таму-каде-што-треба ќе се објавуваат текстови за тоа дека некои бугарски медиуми биле изненадени од изборот на Радмила Шекеринска, а не бугарската кандидатка Марија Габриел. (Н.В.) Поврзани содржини ЕУ и Македонија заеднички ќе работат на безбедност и одбрана 19/11/2024 19:11 Радев ја демантира Сиљановска: „Обврските од договорите мора да се исполнат“ 19/11/2024 16:11 Филипче: Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО 19/11/2024 14:11 Заев за изборот на Шекеринска во НАТО: „Македонската дипломатија денеска добива круна“ 19/11/2024 14:11 Агелер им честиташе на Шекеринска – и на Мицкоски! 19/11/2024 13:11 Албин Курти внесе раздор во албанскиот блок, ДУИ гневни и бесни 19/11/2024 12:11 Шекеринска стана заменик-генерален секретар на НАТО 19/11/2024 12:11 Иницијативниот одбор за смена на Зајкова бара да не се додворува на власта 19/11/2024 10:11 Најчитани Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија 13/11/2024 14:10 Почина Миодраг Костиќ, кралот на шеќерот и сопственик на една од најголемите бизнис империи во регионот 13/11/2024 10:20 Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 Од Тарик Филиповиќ до Сашко Коцев: Татковството не е должност туку љубов 13/11/2024 10:32 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови 13/11/2024 14:14...
Сиљановска-Давкова в петок, на средба, лично ќе ѝ го честита на Шекеринска изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО
365.mk - пред 6 часа
„Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата“, напиша претседателката на државата на Фејбук, информирајќи дека денеска во утринските часови имала телефонски разговор со Шекеринска Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова в петок, на средба што ја договориле денеска, лично ќе и го честита на Радмила Шекеринска назначувањето за заменик-генерална секретарка на НАТО. Претседаталката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Сиљановска-Давкова доцна вечерва преку објава на нејзиниот официјален фејсбук-профил информираше дека денеска во утринските часови остварила телефонски разговор во кој ја поканила Шекеринска на средба за да ѝ го честита изборот на високата функција во НАТО. „На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот. Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата“, напиша претседателката на државата во објавата. Објавата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Фејсбук Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера соопшти дека одлучил да ја назначи поранешната македонска вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка во Алијансата. Шекеринска порача оти посветено ќе работи за уште посилна и побезбедна Алијанса и дека е привилегирана да служи како заменик-генерален секретар во Организацијата. За изборот на Шекеринска ѝ честитаа голем број светски лидери, како и сопартијците од нејзината матична партија, СДСМ. Од најголемата опозициска партија денеска реагираа дека ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одбрале да го одмолчат назначувањето на Шекеринска во НАТО. Премиерот, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, пак, рече дека уште вчера ѝ се јавил на Шекеринска и ѝ честитал за изборот на функцијата во НАТО. „Уште вчера ѝ се јавив по телефон на Шекеринска и разговаравме, нема дилема дека треба да соработуваме и заедно да направиме сè што можеме да ѝ помогнеме на македонската армија, а со тоа и за безбедноста и сето она што им е потребно на македонските граѓани“, рече Мицкоски. Тој нагласи дека лично тој и Владата немале дилема да ја поддржат кандидатурата на Шекеринска, без оглед на политичките и идеолошките разлики. - Реклама -...
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон
365.mk - пред 19 часа
Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски кој на денешната прес-конференција одговараше на новинарски прашања. Забележа дека не е тајна дека во минатото и до денеска можеби имаат многу концептуални разлики кога станува збор за сегашноста, справувањето со реалните проблеми, политиките, идеолошки разлики, бидејќи доаѓаат од различки политички семејства. -Како Влада имавме пред нас би рекол предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи в предвид дека таму имаше кандидати од неколку земји и ние тука немавме никаква дилема. Зошто? Прво, затоа што повикуваме често пати на единство, повикуваме на дијалог со опозицијата и доколку повикувате, а тоа не го правите на дела, тогаш сте лицемерни. Така што ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шеќеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници, рече Мицкоски. Прочитајте и: Мицкоски: Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работаПремиерот посочи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските. -Да се има Македонка во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши, изјави Мицкоски. Тој додаде дека во текот на вчерашниот ден телефонски се слушнал со Радмила Шекеринска и како што рече, „разговарале и немаат дилема дека треба заедно да соработуваат и да направат се што е во нивна моќ да помогнат на македонската Армија и со тоа и за безбедноста и сето она што им е потребно на македонските граѓани“. - Реклама -...
Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО
365.mk - пред 1 ден
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик Генерален секретар на НАТО Алијансата. -Честитки, Радмила! Убеден сум дека Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност. Прочитајте и: Во Балтичко Море оштетен и подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува Шведска со ЛитванијаНазначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да јавнесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница. На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех, стои во честитката на претседателот Венко Филипче. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ - Реклама -...
Агелер: Честитки до Шекеринска и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура
365.mk - пред 1 ден
Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. -Чеситки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х. Изборот на Шекеринска за оваа функција претходно го честитаа и лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој истакна дека со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Поранешниот премиер Димитар Ковачевски на својата Фејсбук страница напиша дека нејзиниот избор „истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО алијансата“. Прочитајте и: Мицкоски - Курти: Време е за решавање на економските прашањаГенералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка. – Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава. - Реклама -...
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
365.mk - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка, објави првиот човек на Северноатлантската алијанса. – Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Прочитајте и: Во Балтичко Море оштетен и подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува Шведска со ЛитванијаШекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава. - Реклама -...
Шекеринска: Ќе работам на уште посилна и побезбедна Алијанса
365.mk - пред 1 ден
По објавувањето на одлуката на НАТО, стигнаа и првите честитки до Шекеринска од нејзините другари од матичната партија, СДСМ Ќе ми биде привилегија да служам како заменик-генерална секретарка на НАТО под раководство на генералниот секретар на Алијансата. Ова е првата реакција на Радмила Шекеринска на нејзиното именување за следен заменик на првиот човек на Алијансата, Марк Руте. Следната заменик-генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска / Фото: Архива Споделувајќи го официјалното соопштение на веб-страницата на НАТО за одлуката, таа во објавата додава: „Посветено ќе работам со сите сојузници за уште посилна и побезбедна Алијанса“. It will be my privilege to serve as NATO Deputy Secretary General under the leadership of @SecGenNATO. I am committed to working with all Allies towards an even stronger and safer Alliance.https://t.co/fQxXSV7bBb — Радмила Шекеринска/ Radmila Sekerinska (@Sekerinska) November 19, 2024 Во соопштението на Алијансата беше пренесена изјава на генералниот секретар, во кое тој вели оти е среќен што може да го објави именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. „Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучите на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа важна улога“, се наведува во изјавата на Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО-алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна оваа година, се додава во информацијата. Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото Борис Руге, кој во моментов е вршител на должноста заменик-генерален секретар на Алијансата, откако, Романецот Мирчеа Џеоана се повлече од функцијата за да се кандидира за претседател на неговата земја. Нејзиното име како како можен нов заменик-генерален секретар на НАТО, првично во август годинава го објави бриселски „Политико“, кој тогаш напиша дека постоел општ консензус меѓу сојузниците дека Источноевропеец треба да биде назначен на оваа позиција. Друг кандидат за десна рака на Руте, според весникот, била поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел. По објавувањето на одлуката на НАТО, стигнаа и првите честитки до Шекеринска од нејзините другари од матичната партија, СДСМ. Честитајќи ѝ и го именувањето, во подолга објава на социјалните мрежи, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, напиша дека таа е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено-политички сојуз во светот. „Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност“, напиша Филипче. Честитката на Венко Филипче Нејзиното назначување, додава тој, е и уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, предводена од него, кои со посветена работа успеаја да ја внесат Северна Македонија во НАТО. Претходникот на Филипче на лидерската позиција во СДСМ, Димитар Ковачевски, честитајќи ѝ на Шекеринска, напиша дека станува збор за голема одговорност, но и успех и признание за нејзините квалитети, искуство и посветеност на евроатлантските интеграции. „Ова истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО-алијансата“, вели Ковачевски во честитката. Честитката на Ковачевски Неговиот претходник и експремиер во чие време Северна Македонија стана членка на НАТО, во честитката до Шекеринска, која беше министерка за одбрана во неговата влада, напиша дека македонската дипломатија денеска добива круна. „Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет. Ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО. Честитки Радмила!“, вели Заев во честитката на Фејсбук. Честитката на екслидерот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев „Честитки за Радмила Шекеринска за ова големо признание! Ова именување за следен заменик-генерален секретар на НАТО е значајна победа, како за неа лично така и за Северна Македонија. Ова ја потврдува важноста и растечката улога на земјава во меѓународната безбедносна архитектура“, напиша актуелниот пратеник и ексминистер за одбрана Оливер Спасовски. - Реклама -...
Шекеринска назначена за заменик генерален секретар на НАТО
365.mk - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка, објави првиот човек на Северноатлантската алијанса. Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава. Оваа функција до септември годинава ја извршуваше поранешниот романски министер за надворешни работи Мирча Џоана, а во моментов вршител на должноста е германскиот амбасадор Борис Руге Извор - Реклама -...
Сиљановска в петок на средба со Шекеринска, ќе и го честита изборот
Независен - пред 9 часа
Сиљановска в петок на средба со Шекеринска, ќе и го честита изборот 21/11/2024 00:08 Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова в петок лично ќе и го честита на Радмила Шекеринска назначувањето за заменик-генерална секретарка на НАТО. Како што објави претседателката на нејзината Фејсбук страница, таа денеска остварила телефонски разговор со Шекеринска, во кој ја поканила на средба за да и го честита изборот. -Утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО. На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот, напиша Сиљановска Давкова. Сметам дека е најдобро, посочува претседателката, лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата. Претходно денеска, премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција рече дека Владата ја поддржала кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерална секретарка на НАТО. Премиерот посочи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските. -Да се има Македонка во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши, изјави Мицкоски, додавајќи дека во текот на вчерашниот ден телефонски се слушнал со Шекеринска. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте вчера одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка, објави првиот човек на Северноатлантската алијанса. – Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Поврзани содржини Германскиот Бундестаг му донира на македонското Собрание безбедносни скенери 21/11/2024 08:11 Мицкоски „можеби“ има над 80 пратеници, ќе ги преброи кога ќе му затребаат 20/11/2024 14:11 Мицкоски ѝ се јавил на Шекеринска, најави соработка во интерес на државата 20/11/2024 13:11 Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични 20/11/2024 11:11 Мицкоски ќе свика парламентарни избори ако има лоши резултати на локалните 20/11/2024 10:11 ДУИ и честиташе на Шекеринска, и натаму молк од државниот врв 20/11/2024 10:11 ВМРО-ДПМНЕ е љубоморно на Шекеринска и затоа молчи, вели СДСМ 20/11/2024 10:11 Шекеринска: Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте 19/11/2024 22:11 Најчитани Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Грците доаѓаат на грчко гиро во Битола 20/11/2024 15:37 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Средба во Влада утре во врска со поранешно „Фени“ најави кавадаречкиот градоначалник Јанчев 14/11/2024 16:09 Скопјани утрово смрзнаа по постојките – автобус ни за лек 18/11/2024 09:50...
Претседателката и се јавила на Шеќеринска: Закажале средба во петок
Прес 24 - пред 11 часа
Претседателката Гордана Силјановска Давкова преку социјалните мрежи доцна вечерва информираше дека остварила телефонски разговор со новоизбраната заменичка генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска. Согласно информациите, претседателката и ја честитала функцијата, а и закажана е средба меѓу двете за овој петок. „Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО. На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот. Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата“, напиша претседателката на ФБ....
Шекеринска: Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте
Независен - пред 1 ден
Шекеринска: Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте 19/11/2024 22:26 Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска на социјалната платформа Х напиша дека ќе и биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на генералниот секретар на НАТО Марк Руте. – Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте. Посветена сум на работата со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса, напиша Шекеринска. Воената алијанса денеска објави дека поранешната македонска министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе стане нов заменик генерален секретар на НАТО. – Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведе Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Честитки до Шекеринска упати американската амбасадорка Ангела Агелер, која на социјалните мрежи истакна дека назначувањето на Шекеринска на оваа позиција е вистински доказ за нејзината експертиза и искуство. И бугарскиот претседател Румен Радев и честиташе на Шекеринска порачувајќи дека очекува нејзиното назначување да придонесе кон зајакнувањето на колективната безбедност и сигурност на Алијансата. Честитка упати и албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, кој во својата објава на социјалните мрежи напиша дека посакува соработка во зајакнувањето на заедничката посветеност на мирот и стабилноста. И Советот на Амбасадори на Република Северна Македонија денеска го поздрави именувањето на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Од Советот соопштија оти веруваат дека таа успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата, преку работа на унапредување на единственото на овој најсилен одбранбен сојуз во светот. Со ова назначување, Шекеринска стана највисокиот функционер во Алијансата досега што доаѓа од регионот на Западен Балкан, но и од земја надвор од Европската Унија. Таа беше министерка за одбрана од 2017 до 2022 година и одигра важна улога во процесот на пристапување на земјава во НАТО во 2020 година. Министерството за одбрана беше нејзината последна функција во Владата предводена од СДСМ. Шекеринска сега е потпретседател на Партијата на европските социјалисти. Таа се повлече од македонската политичка сцена, во декември 2021 година, откако СДСМ ги изгуби локалните избори. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава. Поврзани содржини ВМРО-ДПМНЕ е љубоморно на Шекеринска и затоа молчи, вели СДСМ 20/11/2024 10:11 Румен Радев ѝ го честиташе назначувањето на Шекеринска во НАТО 19/11/2024 21:11 ЕУ и Македонија заеднички ќе работат на безбедност и одбрана 19/11/2024 19:11 Владата уште не ја честита важната функција на Радмила Шекеринска во НАТО 19/11/2024 16:11 Радев ја демантира Сиљановска: „Обврските од договорите мора да се исполнат“ 19/11/2024 16:11 Филипче: Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО 19/11/2024 14:11 Заев за изборот на Шекеринска во НАТО: „Македонската дипломатија денеска добива круна“ 19/11/2024 14:11 Агелер им честиташе на Шекеринска – и на Мицкоски! 19/11/2024 13:11 Најчитани Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија 13/11/2024 14:10 Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови 13/11/2024 14:14 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Зошто кинеските електрични автомобили се поевтини? Јапонците ги расклопија и открија 13/11/2024 20:36...
Румен Радев ѝ го честиташе назначувањето на Шекеринска во НАТО
Независен - пред 1 ден
Румен Радев ѝ го честиташе назначувањето на Шекеринска во НАТО 19/11/2024 21:55 Бугарскиот претседател Румен Радев преку мрежата Икс го поздрави именувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО велејќи дека очекува таа да придонесе во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на Алијансата. „Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, напиша Радев на Икс. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи поранешната македонска и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Најсериозниот противкандидат на Шекеринска за оваа функција беше Бугарката Марија Габриел, поранешна еврокомесарка и бугарска министерка за надворешни работи. Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото Борис Руге, кој во моментов е вршител на должноста заменик-генерален секретар на Алијансата, откако Романецот Мирчеа Џоана се повлече од функцијата за да се кандидира за претседател на својата земја на изборите кои ќе се одржат овој викенд. Поврзани содржини ВМРО-ДПМНЕ е љубоморно на Шекеринска и затоа молчи, вели СДСМ 20/11/2024 10:11 Шекеринска: Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте 19/11/2024 22:11 ЕУ и Македонија заеднички ќе работат на безбедност и одбрана 19/11/2024 19:11 Владата уште не ја честита важната функција на Радмила Шекеринска во НАТО 19/11/2024 16:11 Радев ја демантира Сиљановска: „Обврските од договорите мора да се исполнат“ 19/11/2024 16:11 Филипче: Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО 19/11/2024 14:11 Заев за изборот на Шекеринска во НАТО: „Македонската дипломатија денеска добива круна“ 19/11/2024 14:11 Агелер им честиташе на Шекеринска – и на Мицкоски! 19/11/2024 13:11 Најчитани Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија 13/11/2024 14:10 Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови 13/11/2024 14:14 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Зошто кинеските електрични автомобили се поевтини? Јапонците ги расклопија и открија 13/11/2024 20:36...
Шеќеринска се огласи на социјалната платформа X: Ќе бидам посветена на работата со сите сојузници во Алијансата
365.mk - пред 1 ден
Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска на социјалната платформа Икс напиша дека ќе ѝ биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Шеќеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава. „Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте. Посветена сум на работата со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, на социјалната платформа Икс. Алијансата денеска објави дека поранешната македонска министерка за одбрана Радмила Шеќеринска ќе стане нов заменик генерален секретар на НАТО. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шеќеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога“, наведе генералнито секретар на НАТО Марк Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Честитки до Шеќеринска упати американската амбасадорка Ангела Агелер, која на социјалните мрежи истакна дека назначувањето на Шеќеринска на оваа позиција е вистински доказ за нејзината експертиза и искуство. И бугарскиот претседател Румен Радев ѝ честиташе на Шеќеринска порачувајќи дека очекува нејзиното назначување да придонесе кон зајакнувањето на колективната безбедност и сигурност на Алијансата. Честитка упати и албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, кој во својата објава на социјалните мрежи напиша дека посакува соработка во зајакнувањето на заедничката посветеност на мирот и стабилноста. И Советот на Амбасадори на Република Северна Македонија денеска го поздрави именувањето на Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Од Советот соопштија оти веруваат дека таа успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата, преку работа на унапредување на единственото на овој најсилен одбранбен сојуз во светот. Со ова назначување, Шеќеринска стана највисокиот функционер во Алијансата досега што доаѓа од регионот на Западен Балкан, но и од земја надвор од Европската Унија. Таа беше министерка за одбрана од 2017 до 2022 година и одигра важна улога во процесот на пристапување на земјава во НАТО во 2020 година. - Реклама -...
И Радев и честиташе на Шеќеринска
Прес 24 - пред 1 ден
И честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното именување на одговорната функција заменик генерален секретар на НАТО и очекувам со својата работа да придонесе за зајакнување на колективната одбрана и безбедност на алијансата“, напиша бугарскиот претседател Румен Радев на социјалната мрежа Х, пренесува Трибуна. Поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска стана нов заменик генерален секретар на НАТО. Поранешниот холандски премиер Марк Руте ја презеде функцијата генерален секретар во октомври, а Марија Габриел исто така беше во трка за негов заменик. Уште тогаш излегоа неофицијални информации дека за позицијата ќе се бира меѓу неа и Радмила Шекеринска. Шекеринска, која беше министерка за одбрана на Северна Македонија од 2017 до 2022 година, го надгледуваше пристапувањето на земјата во НАТО во 2020 година. Таа ќе го замени вршителот на должноста заменик генерален секретар на НАТО, Борис Руге, кој ја презеде функцијата на привремена основа откако тогашниот заменик генерален секретар Мирча Јоана објави дека ќе се кандидира за претседател на Романија....
Радев со честитка до Шекеринска: Очекувам да придонесе во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на Алијансата
365.mk - пред 1 ден
Шекеринска денеска рече дека ќе ѝ биде привилегија да служи како заменик-генерална секретарка на НАТО Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ го честита назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО. Бугарскиот претседател Румен Радев / EPA-EFE/TOMS KALNINS Честитката ја упати на социјалната мрежа Икс, посочувајќи дека очекува Шекеринска да придонесе во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на Алијансата. „Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, напиша Радев на Икс. Поздравявам Радмила Шекеринска с назначаването й на отговорната позиция заместник-генерален секретар на НАТО и очаквам тя да допринесе с работата си за укрепването на колективната отбрана и сигурност на алианса. — President.bg (@PresidentOfBg) November 19, 2024 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото Борис Руге, кој во моментов е вршител на должноста заменик-генерален секретар на Алијансата, откако Романецот Мирчеа Џеоана се повлече од функцијата за да се кандидира за претседател на својата земја. Шекеринска денеска рече дека ќе ѝ биде привилегија да служи како заменик-генерална секретарка на НАТО. Споделувајќи го официјалното соопштение на веб-страницата на НАТО за одлуката, таа во објавата додава: „Посветено ќе работам со сите сојузници за уште посилна и побезбедна Алијанса“. Нејзиното име како како можен нов заменик-генерален секретар на НАТО, првично во август годинава го објави бриселски „Политико“, кој тогаш напиша дека постоел општ консензус меѓу сојузниците дека на оваа позиција треба да биде назначен Источноевропеец. - Реклама -...
Шекеринска: Со гордост ќе ја претставувам Северна Македонија на оваа висока меѓународна позиција - успехот не е само личен, туку е успех и на нашата држава
Точка - пред 19 часа
„Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат. Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно. Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција“, напиша Шекеринска на социјалните мрежи. Вели дека секој збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. „Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво. Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу“, додава Шекеринска. Северна Македонија стана 30-тата членка на НАТО пред четири години, кога Шекеринска беше министерка за одбрана....
Советот на Амбасадори и честитаа на Шеќеринска: Верувме дека успешно ќе ги извршува задачите
Прес 24 - пред 1 ден
Советот на Амбасадори на Република Северна Македонија денеска го поздрави именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Од Советот соопштија оти веруваат дека Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата, преку работа на унапредување на единственото на овој најсилен одбранбен сојуз во светот. -Тоа е голем успех во нејзината политичка кариера, но уште поголем успех на Република Северна Македонија, зашто поставувањето личност од нашата земја на ваква висока позиција во НАТО алијансата, во толку комплексен момент во нејзината историја кога Европа се соочува со голема закана по нејзината безбедност претставува признание за Македонија, како точка која може да претставува место за отпуштање на затегнатост, пример за заемна почит на разлики и негување на европски вредности, но и пример за проактивност и донесување одлуки во клучни моменти со позитивни резултати, се вели во соопштението на Советот. Честитајќи и го именувањето на Радмила Шекеринска за Заменик ГС на НАТО, Советот смета дека тоа е потврда за нејзините лични, професионални и организациски квалитети. Советот на Амбасадори верува дека новата заменичка генерален секретар на НАТО, Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата, преку работа на унапредување на единственото на овој најсилен одбранбен сојуз во светот. -Во исто време, Република Северна Македонија покажува дека, иако мала, може значајно да придонесе кон мирот во Европа и светот преку нејзиното активно делување во НАТО, потенцираат од Советот на Амбасадори....
Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО, за нас – националното единство е пред партиските интереси
Точка - пред 19 часа
Премиерот Мицкоски нагласи дека, за него, националното единство е пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организирана алијанса во историјата е навистина чест. „Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас, националното единство е пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организирана алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме сè што е во наша моќ да ѝ помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и за сето она што им е потребно на македонските граѓани“, посочи Мицкоски....
Шекеринска избрана за заменик-генерален секретар на НАТО
Точка - пред 1 ден
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, истакна Руте. Шекеринска беше министер за одбрана на Северна Македонија, пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година....
„Моќен доказ за стручноста и искуството“: Агелер со честитка до Шекеринска за новата функција и до Мицкоски за поддршката
Точка - пред 1 ден
„Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша Агелер во честитката до Шекеринска.My warmest congratulations to Radmila @Sekerinska, NATO’s next Deputy Secretary General, and to @MickoskiHM and the Government of North Macedonia for championing her candidacy. A powerful testament to Ms. Shekerinska’s expertise and experience, and 🇲🇰 role as a valued @NATO ally…— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) November 19, 2024 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Информацијата е објавена на официјалната веб-страница на НАТО....
Герасимовски: Центар е горд на Шекеринска
Прес 24 - пред 1 ден
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки за именувањето на Радмила Шекеринска за нов заменик-генерален секретар на НАТО. „Радмила Шекеринска, нашата Центарка, ја продолжува својата извонредна кариера со историски успех! По речиси две децении како клучен играч на македонската политичка сцена, таа е избрана за заменик-генерален секретар на НАТО – прв висок функционер од Западен Балкан, но и од земја надвор од ЕУ која ја добива оваа позиција. Верувам дека со Шекеринска, Алијансата ќе биде уште позајакната и посилна. Жените многу добро знаат како треба да се води, огромни честитки Радмила!”, напиша Герасимовски....
Агелер упати честитка за изборот на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
Прес 24 - пред 1 ден
Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. -Чеситки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х. Изборот на Шекеринска за оваа функција претходно го честитаа и лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој истакна дека со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Поранешниот премиер Димитар Ковачевски на својата Фејсбук страница напиша дека нејзиниот избор „истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО алијансата“. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка. - Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава....
Филипче: Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО
Прес 24 - пред 1 ден
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик Генерален секретар на НАТО Алијансата. -Честитки, Радмила! Убеден сум дека Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО - најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност. Назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да јавнесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница. На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех, стои во честитката на претседателот Венко Филипче....
Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО
Македонски весник Илинден - пред 1 ден
Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска избрана е заменик генерален секретар на НАТО. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар, официјално објави НАТО на својот сајт. Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога, соопшти Руте. Со назначувањето, Радмила Шекеринска станува највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија. Во објавата се потсетува дека Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција кон крајот на годината. Радмила Шекеринска во моментов ја врши функцијата потпретседател на Партијата на европските социјалисти на Европа. Весникот “Политико“ пред изборот цитираше висок дипломат на НАТО од Западна Европа, кој изјавил дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на Руте. Разговорот во седиштето на НАТО се фокусира на двајца поранешни функционери од Македонија и Бугарија – Радмила Шекеринска и поранешната вицепремиерка и еврокомесар на Бугарија, Марија Габриел. Advertisement Post Views: 157 Радмила Шекеринска избрана е заменик генерален секретар на НАТО 2024-11-19 Весник Илинден...
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
Прес 24 - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска да ја назначи за следен заменик генерален секретар. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“. Г-ѓа Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција подоцна оваа година....
Човекот кој ја спаси Владата на Зоран Заев, ја назначи Шеќеринска за негова заменичка
Макпрес - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка, објави првиот човек на Северноатлантската алијанса. - Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава. Оваа функција до септември годинава ја извршуваше поранешниот романски министер за надворешни работи Мирча Џоана, а во моментов вршител на должноста е германскиот амбасадор Борис Руге...
Спасовски: Честитки за Радмила Шекеринска за ова големо признание!
Бриф - пред 1 ден
Спасовски: Честитки за Радмила Шекеринска за ова големо признание!...
Еуроимаж наградата за меѓународни копродукции и’ се доделува на Лабина Митевска
Опсервер - пред 20 часа
Мицкоски за Шекеринска: И честитав за изборот за заменик-генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси...
Руте ја именуваше Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО
Бриф - пред 1 ден
Филипче и го честиташе изборот на Шекеринска: Успешно ќе се носи со најголемите предизвици...
Филипче: Назначувањето на Шекеринска е уште една потврда за исправноста на политиките на СДСМ
Бриф - пред 1 ден
Спасовски: Честитки за Радмила Шекеринска за ова големо признание!...
Мицкоски за Шекеринска: И честитав за изборот за заменик-генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси
Опсервер - пред 19 часа
Муцунски на состанок во Тирана: Одложувањето може сериозно да го наруши кредибилитетот на ЕУ во регионот...
Шекеринска станува заменик генерален секретар на НАТО
Express - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Ова е објавено на официјалната веб-страница на НАТО. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, се наведува во изјавата на Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО-алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе функцијата до крајот на годинава, се додава во информацијата објавена на страницата на НАТО. „Политико“ во август годинава го објави името на Шекеринска како можен нов заменик-генерален секретар на НАТО. Постоел општ консензус дека жена од Источна Европа треба да биде назначена на оваа позиција, па во игра беа Шекеринска и поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел....
Мицкоски ѝ честитал на Шеќеринска за функцијата заменик-генерален секретар на НАТО
Express - пред 18 часа
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека и’ се јавил на Радмила Шекеринска и и’ го честитал именувањето за заменик генерален-секретар на НАТО. Честитката е силен удар и народски кажан „тонч“ за опозициските, проСДСМ медиуми кои веќе втор ден со патетични објави го прозиваа премиерот и ламентираа зошто тој не и’ честитал на Шеќеринска. „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие. Затоа ние како влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши“, рече Мицкоски. Потоа тој соопшти дека уште вчера и се јавил по телефон на Шекеринска и разговарал, со порака дека нема дилема дека треба да соработуваат и заедно да направат се што можат да и помогнат на македонската армија, а со тоа и за безбедноста....
РУТЕ ЈА НАЗНАЧИ ШЕЌЕРИНСКА ЗА ЗАМЕНИK: Среќен сум, таа вистински верува во НАТО, со нетрпение чекам да работам со неа
Денешен - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка, објави првиот човек на Северноатлантската алијанса. – Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава. Фото: НАТО / МИА архива...
Возбуда кај бугарските медиуми: Шекеринска и го зеде местото на Габриел во НАТО
Express - пред 1 ден
Новата позиција на Радмила Шекеринска во НАТО особено е тема на дискуија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов. Одлуката на Руте да оди со македонскиот претставник пред Габриел или друг кандидат беше објавена утрово, а оттогаш следат и многуте коментари – пренесува Плусинфо. „Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО“ — еден од насловите во бугарските медиуми, кој го одразува изненадувањето поради ваквиот исход. Во написите се нагласува дека Габриел, која има истакната политичка кариера како вицепремиерка, министерка за надворешни работи и еврокомесарка, беше меѓу фаворитите за позицијата, особено со оглед на консензусот дека таа треба да припадне на жена од Источна Европа. Бугарските медиуми укажуваат дека и други имиња, како поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и црногорската министерка за одбрана Оливера Ињац, биле во трката, но изборот паднал на Шекеринска. Сепак, доминантна е темата за тоа како кандидатот од Северна Македонија доби предност пред Марија Габриел, која важи за една од најпознатите политички фигури во Бугарија. Одлуката на Руте е објавена утрово, а се истакнува дека Шекеринска, како поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана, ја извршувала функцијата токму во периодот на интеграцијата на Северна Македонија во НАТО. На оваа позиција таа го заменува вршителот на должност, Марк Руге, кој ја презеде функцијата оваа есен, по најавата дека Мирчеа Јоана ќе се кандидира за претседател на Романија....
МИЦКОСКИ: Чест е да се има Македонка за заменик генерален секретар на НАТО, на Шеќеринска и се јавив и и го честитав изборот
Денешен - пред 20 часа
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека и’ се јавил на Радмила Шекеринска и и’ го честитал именувањето за заменик генерален-секретар на НАТО. Честитката е силен удар и народски кажан „тонч“ за опозициските, проСДСМ медиуми кои веќе втор ден со патетични објави го прозиваа премиерот и ламентираа зошто тој не и’ честитал на Шеќеринска. „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата,но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие. – Затоа ние како влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши“, рече Мицкоски.Потоа тој соопшти дека уште вчера и се јавил по телефон на Шекеринска и разговарал, со порака дека нема дилема дека треба да соработуваат и заедно да направат се што можат да и помогнат на македонската армија, а со тоа и за безбедноста. Во Македонија, никој не очекува опозициските медиуми да се извинат за дезинформациите и нападите, чин кој стана вообичаен и така „нормален“ за македонската јавност. За волја на вистината, Курир ги разгледа нивните текстови од вчера и денеска и увиде дека никој во своите објави преполни со дезинформации, никаде не посочи дека се јавил во кабинетот на премиерот и го проверил лиферуваното....
Изборот на Шекеринска за заменик-генерален секретар покажа дека не е важно кога сте станале членка на НАТО, велат САД
Глас на Америка - пред 1 ден
САД велат дека изборот на поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска за нов заменик-генерален секретар на НАТО, покажува оти сите сојузници имаат удел во иднината на Алијансата, независно кога државата станала членка на НАТО. Во изјава за Гласот на Америка на македонски, Стејт департментот ја поздрави најавата на генералниот секретар Марк Руте за назначување на Шекеринска. „Нејзината селекција за заменик-генерален секретар нагласува како сите 32 сојузника имаат удел во иднината на Алијансата и обезбедуваат суштинско лидерство, без разлика кога нивната земја се приклучила на НАТО“, изјави портпарол на Стејт департментот. Руте го објави изборот на Шекеринска на официјалната веб-страница на НАТО Алијансата, велејќи „таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка“. На прашањето на Гласот на Америка на македонски дали САД очекуваат изборот на Шекеринска да придонесе кон зајакнување на односите меѓу САД и Северна Македонија, како НАТО членки, Стејт департментот одговори: „САД го ценат нашето безбедносно партнерство со Северна Македонија како цврст НАТО сојузник. Членството на Северна Македонија во НАТО ги зајакнува безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион на Западен Балкан, и целата Алијанса ќе има корист од искуството и експертизата на министерката Шекеринска“. Шекеринска ќе ја преземе оваа функција подоцна годинава. На социјалната мрежа Икс, таа напиша дека ќе ѝ биде привилегија да ја извршува функцијата заменик-генерален секретар на НАТО. „Посветена сум да работам со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша Шекеринска. Нејзиниот избор го поздравија професори, сегашни и поранешни политичари, амбасадори, меѓу кои и американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер. „Мои најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новиот заменик-генерален секретар на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за поддршка на нејзината кандидатура. Моќна потврда за експертизата и искуството на Шекеринска и за улогата на Северна Македонија како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша Агелер на социјалните мрежи. Шекеринска претходно беше вицепремиерка за европски интеграции и министерка за одбрана, вклучувајќи и кога земјата влезе во НАТО во 2020 година....
Потврда од Алијансата: Радмила Шекеринска назначена за следна заменичка-генерален секретар на НАТО
Глас на Америка - пред 1 ден
Радмила Шекеринска е назначена за следна заменичка-генерален секретар на НАТО. Тоа денеска беше објавено на официјалната интернет страница на Алијансата, каде што се вели дека Шекеринска е назначена по одлука на генералниот секретар на НАТО Марк Руте. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, се вели во објавата каде што се пренесува изјавата од Руте. Шекеринска беше министерка за одбрана во времето додека Зоран Заев беше на премиерската позиција. На високата позиција во НАТО, Шекеринска ќе го наследи Мирчеа Џоана, кој функцијата ја извршуваше од 2019 година. Според објавата, Шекеринска ќе го презеде извршувањето на новата позиција подоцна до крајот на оваа година....
ШЕКЕРИНСКА: Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на Марк Руте за уште посилно НАТО
Денешен - пред 1 ден
Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска на социјалната платформа Х напиша дека ќе и биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на генералниот секретар на НАТО Марк Руте. – Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте. Посветена сум на работата со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса, напиша Шекеринска. Воената алијанса вчера објави дека поранешната македонска министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе стане нов заменик генерален секретар на НАТО. – Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведе Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. Честитки до Шекеринска упати американската амбасадорка Ангела Агелер, која на социјалните мрежи истакна дека назначувањето на Шекеринска на оваа позиција е вистински доказ за нејзината експертиза и искуство. И бугарскиот претседател Румен Радев и честиташе на Шекеринска порачувајќи дека очекува нејзиното назначување да придонесе кон зајакнувањето на колективната безбедност и сигурност на Алијансата. Честитка упати и албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, кој во својата објава на социјалните мрежи напиша дека посакува соработка во зајакнувањето на заедничката посветеност на мирот и стабилноста. И Советот на Амбасадори на Република Северна Македонија денеска го поздрави именувањето на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Од Советот соопштија оти веруваат дека таа успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата, преку работа на унапредување на единственото на овој најсилен одбранбен сојуз во светот. Со ова назначување, Шекеринска стана највисокиот функционер во Алијансата досега што доаѓа од регионот на Западен Балкан, но и од земја надвор од Европската Унија. Таа беше министерка за одбрана од 2017 до 2022 година и одигра важна улога во процесот на пристапување на земјава во НАТО во 2020 година. Министерството за одбрана беше нејзината последна функција во Владата предводена од СДСМ. Шекеринска сега е потпретседател на Партијата на европските социјалисти. Таа се повлече од македонската политичка сцена, во декември 2021 година, откако СДСМ ги изгуби локалните избори. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава. Фото: МИА Архива, принтскрин...
Честитки од Агелер до Шеќеринска и до Владата
Express - пред 1 ден
Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и до Владата на Македонија за застапување на нејзината кандидатура. „Честитки до Радмила Шекеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер на мрежата Х....
Шекеринска втор човек во НАТО, Северна Македонија и ЕУ потпишаа партнерство за безбедност
Глас на Америка - пред 1 ден
Радмила Шекеринска ќе биде втор човек во НАТО. Новиот Генерален секретар на Алијансата, поранешниот холандски премиер Марк Руте, денеска соопшти дека се решил македонската политичарка да биде негова заменичка. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучите на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа важна улога“, пишува во писмената изјава на Руте што ја објавија од НАТО. Embed share Безбедносно партнерство ЕУ - Северна Македонија Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:03:04 0:00 Direct link 240p | 8,6MB 360p | 14,7MB 480p | 26,6MB 720p | 49,1MB 1080p | 76,6MB Радмила Шекеринска, во претходните влади на СДСМ предводени од Зоран Заев, во периодот од 2017 до почетокот на 2022 година беше вицепремиерка и министерка за одбрана. Таа беше и вицепремиерка за европски прашања од 2002 до 2006 година. Важи за одличен познавач на регионалните случувања и за некој со добри контакти во светската политика. Нејзиното назначување за заменик-генерален секретар на НАТО е највисока позиција што досега во Алијансата ја добил кој било претставник на Северна Македонија – земја која од 2020 е членка на НАТО. Таа би требало и формално да ја преземе позицијата до крајот на годинава. Ќе ми биде привилегија да му служам на НАТО како замик-генрален секретар под водство на Генералниот секретар. Радмила Шекеринска за новата функција во НАТО „Ќе ми биде привилегија да му служам на НАТО како замик-генрален секретар под водство на Генералниот секретар. Посветена сум на заедничка работа со сите Сојузници за што посилна и побезбедна Алијанса“, напиша Шекеринска на социјалните мрежи. Неколку часа откако НАТО го објави назначувањето на Шекеринска, во Брисел Северна Македонија и Европската Унија го потпишаа партнерството за безбедност и одбрана. Идејата е преку ова партнерство да се овозможи заедничко справување со хибридните закани, унапредување на сајбер безбедноста, борба против тероризмот, спроведување на мисии и операци. „Ова е уште едно безбедносно партнерство кое го потпишуваме. Се договоривме такво партнерство да потпишеме и со Албанија. Овој тип на партнерство покажува дека ЕУ е повеќе од екомска унија, туку е и политичка унија со одговорности и во делот на безбедноста и одбраната.“, изјави Жозеп Борел, виш преттставник на ЕУ за надворешна и безбедосна политика. Потпишувањето на партнерството се случи на маргините на Советот на ЕУ за надворешни работи на кој главна тема беше ситуацијата во Украина по 1 000 дена од стартот на руската агресија на кој присуствуваше и првиот човек на НАТО. „Денеска се одбележуваат 1 000 дена од почетокот на неиспровоцираната руска агресија врз Украина. Денеска ќе зборуваме за тоа како може да и помогнеме на Украина да победи, а тоа значи повеќе помош и повеќе пари, особено откако и севернокорејски војници се вклучени во борбите, а знаеме дека и Кина и помага на Русија, како и Иран.“, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО. Денешната средба на ЕУ и НАТО доаѓа во период на интензивирање на руските напади, особено врз енергетската инфраструктура на Украина, како и одлуката на САД да дозволи употреба на американски проектили врз цели во внатрешноста на Русија....
Македонската дипломатија добива круна со назначувањето на Шекеринска, вели експремиерот Заев
Глас на Америка - пред 1 ден
Назначувањето на поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска за заменик- генерален секретар на НАТО е голема чест за македонската држава, велат универзитетски професори и дел од поранешни носители на високи државни фунцкции. Ова има големо значење за Северна Македонија, за регионот на Западен Балкан и Југоисточна Европа, како најава за особен интерес на НАТО Алијансата за состојбите во неговото југоисточно крило, вели поранешениот амбасадор Ѓорѓи Филипов. „Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ќе има како прв соработник експерт и искусен политичар, кој повеќе од две децении е во жижата на настаните што ја обдбележија поблиската историја на регионот, во кој што постојат сѐ уште земји кои не се членки на НАТО“, вели Филипов. На ова назначување, Филипов гледа како на добар потег на Генералниот секретар и на НАТО. „Затоа што делуваат врз база на реалната состојба во која нема да има баш некое време за погрешни проценки и грешки. Таа е искусен политичар, наполно посветен Европјанин и верен следбеник на идеите на евроатлантската соработка, во исто време и способен извршител на одлуки донесени на највисоки нивоа на НАТО“. И универзитетскиот професор Мерсел Биљали за Гласот на Америка на македонски, вели дека ваквата одлука е од од големо значење, не само за Северна Македонија, туки и за целиот балкански регион. „Мислам дека тоа има големо значење за целата држава и регионот како целина, особено што Шакеринска во тоа својство не е избрана по волја на ниедна власт, туку како ретко подготвена и комплетирана личност со силен морален кредибилитет, знаење, политичко убедување и личен кредибилитет. Тоа е многу важно и за државата и за целиот регион, оти НАТО сојузот ќе има информации од прва рака од многу компетентна личност, за многу прашања поврзани од одбранбен аспект за балкански регион и поширок“. Ова е незабележан успех во македонската политичка историја. Особено, имајќи предвид дека станува збор за жена, со долгододишни и неуморни битки во областа на евроинтеграците, безбедноста, одбраната, демократијата, вели универзитетската професорка Ана Чупеска. „Шекеринска е извонреден и доверилив политичар од светски рамки (демократски) и како исклучително квалитетна таа е меѓунардно етаблирана. Имајќи го во предвид ова, воопшто не сум изненадена што стана втор човек на НАТО. Ова го разбирам како природна последица од нејзиниот професионален ангажман кој несомнено е исклучителен и конзитентен. Таа, не е без причина, поставена за втор човек во најмоќниот сојуз на држави во светот. Напротив, сите ние, без разлика на политичката афилијација, треба да сме горди на ова назначување, затоа што во рамките на НАТО ќе имаме уште поголем рефелекс“. За поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски, назначувањето на Шекеринска на оваа важна позиција ќе придонесе за понатамошна афирмација на македонската држава. „Во неколку наврати, кога стануваше збор за македонските политичари, јавно изјавував дека Радмила Шекеринска е најдобро етаблираниот политичар во меѓународни рамки. Углед стекнат со доследност, упорност и посветеност во изградбата на безбедносните структури на земјата и растот на угледот на државата во меѓународната зедница. Нејзиното именување за следен заменик- секретар на НАТО е само логична последица за нејзиниот политички ангажман, внатре и надвор од земјата“, кажа Петковски. Македонската дипломатија денеска добива круна. Вака вели експремиерот Зоран Заев. „Македонската дипломатија денес добива круна. Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик- генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет. Ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО“, рече Заев. „Со огромна гордост ја поздравувам веста за назначувањето на Радмила за нов заменик генерален секретар на НАТО. Нејзиниот труд, посветеност и визија отсекогаш биле инспирација за сите нас кои имаме чест да ја познаваме лично. Ова е голем успех за неа, но и за нашата земја, пример за тоа како Северна Македонија ја зајакнува својата улога на глобалната сцена“, изјави Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана. Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО - најмоќниот воено-политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат, вели претседателот на СДСМ Венко Филипче. „Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност. Назначувањето на Шекеринска е уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да ја внесат Северна Македонија во НАТО“, изјави Филипче. Новата функција Шекеринска ќе почне да ја извршува до крајот на годинава....
Премиерот, кој со години ја смета Шекеринска за политички опонент, обелодени дека владата застанала зад неа за втор човек во НАТО
Глас на Америка - пред 17 часа
Премиерот и честитал на Радмила Шекеринска за нејзното назначување за заменик-генерален секретар на НАТО, нешто за што вчера информираше Алијансата. Но, за овој чекор на Мицкоски, владата официјално не прати соопштение, туку самиот премиер тоа денеска го кажа во одговор на новинарско прашање поставено токму за оваа тема зашто во јавноста беше забележливо отстуството на честитики од актуелниот државно-политички врв на земјата за именување на македонски политичар на толку висока меѓународна позиција. Embed share Мицкоски и честитал на Шекеринска за изборот за НАТО Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:03:58 0:00 Direct link 240p | 10,1MB 360p | 15,7MB 480p | 27,4MB 720p | 62,3MB 1080p | 78,5MB Премиерот, кој со години ја сметаше Шекеринска за политички опонент, денеска обелодени дека неговата влада застанала зад нејзиниот избор за втор човек во НАТО. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. Мицкоски, премиер на Северна Македонија „Ние, како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната Алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани.“, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија. Мицкоски уверува дека немало дилема дека треба да застанат зад кандидатурата на Шекеринска и покрај политичките и како што ги нарече, концептуални разлики со неа и со нејзината партија СДСМ. „Како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело, а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие.“, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија. Засега, од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема официјална информација дали шефицата на државата и честитала на Шекеринска, за што денеска реагираа од опозицијата велејќи дека „ ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска-Давкова решиле да останат заглавени во сопствената малодушност.“ Инетерсно е дека меѓу честитки кои стигнаа вчера е и онаа од бугарскиот претседател Румен Радев, кој рече дека го очекува придонесот на Шекеринска во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата. Шекеринска, денеска, заблагодарувајќи се на сите честитки, порача дека со нејзиното именување на оваа функција, таа ќе ја претставува и Северна Македонија. „Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција. Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава“, напиша Шекеринска на Фејсбук. Долгогодишната политичарка, поранешна вицепремиерка и министерка, ќе му биде заменичката на тазе избраниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, кој го презема раководењето со Алијансата во еден од најтешките и најтензични периоди за Европа, но и за светот, по завршувањето на Студената војна....
Изборот на Шекеринска за заменик-генерален секретар покажа дека не е важно кога сте станале членка на НАТО, велат САД
Глас на Америка - пред 18 часа
САД велат дека изборот на поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска за нов заменик-генерален секретар на НАТО, покажува оти сите сојузници имаат удел во иднината на Алијансата, независно кога државата станала членка на НАТО. Во изјава за Гласот на Америка на македонски, Стејт департментот ја поздрави најавата на генералниот секретар Марк Руте за назначување на Шекеринска. „Нејзината селекција за заменик-генерален секретар нагласува како сите 32 сојузника имаат удел во иднината на Алијансата и обезбедуваат суштинско лидерство, без разлика кога нивната земја се приклучила на НАТО“, изјави портпарол на Стејт департментот. Руте го објави изборот на Шекеринска на официјалната веб-страница на НАТО Алијансата, велејќи „таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка“. На прашањето на Гласот на Америка на македонски дали САД очекуваат изборот на Шекеринска да придонесе кон зајакнување на односите меѓу САД и Северна Македонија, како НАТО членки, Стејт департментот одговори: „САД го ценат нашето безбедносно партнерство со Северна Македонија како цврст НАТО сојузник. Членството на Северна Македонија во НАТО ги зајакнува безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион на Западен Балкан, и целата Алијанса ќе има корист од искуството и експертизата на министерката Шекеринска“. Шекеринска ќе ја преземе оваа функција подоцна годинава. На социјалната мрежа Икс, таа напиша дека ќе ѝ биде привилегија да ја извршува функцијата заменик-генерален секретар на НАТО. „Посветена сум да работам со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша Шекеринска. Нејзиниот избор го поздравија професори, сегашни и поранешни политичари, амбасадори, меѓу кои и американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер. „Мои најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новиот заменик-генерален секретар на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за поддршка на нејзината кандидатура. Моќна потврда за експертизата и искуството на Шекеринска и за улогата на Северна Македонија како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша Агелер на социјалните мрежи. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата немала дилема да ја поддржи Шекеринска за заменик-генерален секретар, посочувајќи на национално единство, објавија медиумите. Шекеринска претходно беше вицепремиерка за европски интеграции и министерка за одбрана, вклучувајќи и кога земјата влезе во НАТО во 2020 година....
И Радев и честиташе на Шеќеринска
За Се - пред 1 ден
И честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното именување на одговорната функција заменик генерален секретар на НАТО и очекувам со својата работа да придонесе за зајакнување на колективната одбрана и безбедност на алијансата“, напиша бугарскиот претседател Румен Радев на социјалната мрежа Х, пренесува Трибуна. Поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска стана нов заменик генерален секретар на НАТО. Поранешниот холандски премиер Марк Руте ја презеде функцијата генерален секретар во октомври, а Марија Габриел исто така беше во трка за негов заменик. Уште тогаш излегоа неофицијални информации дека за позицијата ќе се бира меѓу неа и Радмила Шекеринска. Шекеринска, која беше министерка за одбрана на Северна Македонија од 2017 до 2022 година, го надгледуваше пристапувањето на земјата во НАТО во 2020 година. Таа ќе го замени вршителот на должноста заменик генерален секретар на НАТО, Борис Руге, кој ја презеде функцијата на привремена основа откако тогашниот заменик генерален секретар Мирча Јоана објави дека ќе се кандидира за претседател на Романија....
Шеќеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
За Се - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска да ја назначи за следен заменик генерален секретар. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“. Г-ѓа Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција подоцна оваа година....
Претседателката и се јавила на Шеќеринска: Закажале средба во петок
За Се - пред 10 часа
Претседателката Гордана Силјановска Давкова преку социјалните мрежи доцна вечерва информираше дека остварила телефонски разговор со новоизбраната заменичка генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска. Согласно информациите, претседателката и ја честитала функцијата, а и закажана е средба меѓу двете за овој петок. „Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО. На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот. Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата“, напиша претседателката на ФБ....
Бугарските медиуми во неверување дека Шекеринска стана втор човек на НАТО, а не Бугарката Габриел
еМагазин - пред 1 ден
Назначувањето на македонската политичарка Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО е една од топ темите во медиумите во регионот, а за нејзиното назначување пишуваат и бугарските медиуми. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Радмила Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО Акцентот е ставен на тоа дека новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте се одлучил за Шекеринска, а не за Бугарката Марија Габриел. Во конкуренција за оваа позиција според регионалните медиуми биле и поранешната хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и црногорската министерка за одбрана Оливера Ињац. Шекеринска е прва жена од Западен Балкан назначена на ваква висока позиција во НАТО. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Koja e Радмила Шекеринска, која стана заменик генерален секретар на НАТО Фото: Шекеринска/Фејсбук Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Koja e Шекеринска, која стана заменик генерален секретар на НАТО
еМагазин - пред 1 ден
Радмила Шекеринска стана заменик генерален секретар на најмоќната алијанса во светот, НАТО. Таа е прв македонски политичар кој стигнал до толку висока позиција и прва жена во регионот на Западен Балкан која станала дел од раководството на Алијансата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Радмила Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО Нејзиното назначување на оваа функција е топ тема во македонската јавност, но и во светските и регионалните медиуми. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бугарските медиуми во неверување дека Шекеринска стана втор човек на НАТО, а не Бугарката Габриел Какво образование има Магистрирала на престижната школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД во 2007 година и се стекнала со називот Магистер по меѓународни односи. Дипломирала на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1995 година. Работно искуство На почетокот на својата работна кариера од 1997 до 2002 година работела како асистент на Електротехничкиот факултет. Политичка кариера Во мај 2017 година стана министер за одбрана. На првата седница на Владата беше избрана и за потпретседател. На истата позиција беше избрана и во 2020 година, а за време на нејзиниот мандат Македонија стана членка на НАТО. Беше и пратеник во рок од четири мандати. Била и раководител со Националниот совет за европски интегации од основањето во 2008 до 2014 година. Во 2009 и 2012 беше Шеф на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарни избори во Киргистан и во Ерменија. Во 2008 година беше избрана за еден од потпретседателите на Социјалистичката интернационала (СИ), функција што ја обавуваше до 2011 година. Беше и член на Претседателството на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) која ги обединува социјалдемократските, социјалистички и лабуристички партии во Европа. Од 2002 година до 2006 година беше заменик претседател во Владата, задолжен за европска интегација и координатор за странска помош. Во ноември 2006 година беше избрана за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Република Македонија (СДСМ), а таа функција беше до 2008 година. Со тоа стана единствената жена која досега раководела со една од најголемите политички партии во Македонија. Во СДСМ беше и заменик претседател, а пред неколку години целосно се повлече од политиката. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Шекеринска добила подршка од Владата, ама не доби и честитка Фото: Шекеринска/Фејсбук Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Шекеринска добила подршка од Владата, ама не доби и честитка
еМагазин - пред 23 часа
Македонската влада ја подржала кандидатурата на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Радмила Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО Оваа во честитката до Шекеринска го откри американската амбасадорка Анџела Агелер, која му се заблагодари на премерот Христијан Мицкоски и Владата „за залагањето за нејзината кандидатура“. Но, барем засега нема честитка од Владата, Мицкоски, министри, но и од претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Радмила Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО Бугарските медиуми во неверување дека Шекеринска стана втор човек на НАТО, а не Бугарката Габриел Koja e Шекеринска, која стана заменик генерален секретар на НАТО Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Мицкоски вчера и честитал на Шекеринска
еМагазин - пред 19 часа
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски вчера и се јавил на Радмила Шекеринска за да и честита за новата функција – заменик генерален секретар на НАТО. „Ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани“, изјави денеска Мицкоски. Посочи дека не е тајна дека во минатото со СДСМ имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики. „И тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело, а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие“, изјави Мицкоски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Шекеринска добила подршка од Владата, ама не доби и честитка Koja e Шекеринска, која стана заменик генерален секретар на НАТО Бугарските медиуми во неверување дека Шекеринска стана втор човек на НАТО, а не Бугарката Габриел Фото: Влада Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Радмила Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО
еМагазин - пред 1 ден
Радмила Шекеринска, поранешен функционер на опозициската СДСМ, која беше министерка за одбрана, кога Македонија стана членка на НАТО е избрана за заменик генерален секретар на Алијансата. Таа е и поранешна вицепремиерка за европски интегреции. Информацијата дека Шекеринска ќе му биде заменик на новиот генералниот секретар, Марк Руте, ја соопштија од НАТО. -Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога, стои во изјавата на Руте. Фото: Фејсбук/Шекеринска Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Петровска прва и честиташе на Шекеринска
24 Инфо - пред 1 ден
Македонија Петровска прва и честиташе на Шекеринска 19/11/2024 12:46 Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, меѓу првите упати честитки до Радмила Шекеринска по повод нејзиното назначување за Заменик генерален секретар на НАТО. Во својата објава, Петровска ја истакна гордоста и признанието што оваа значајна позиција ја презема токму Шекеринска, нагласувајќи дека нејзиниот труд, посветеност и лидерство се инспирација за сите кои ја познаваат. „Оваа позиција е големо признание не само за Шекеринска, туку и за Северна Македонија, која продолжува да ја зајакнува својата улога во глобалната безбедносна архитектура. Назначувањето на Шекеринска за високата позиција во НАТО е доказ за квалитетот на кадрите што земјата ги нуди на меѓународната сцена. NATO #СевернаМакедонија #РадмилаШекеринска #Честитки“ стои во објавата на Петровска....
Мицкоски кажа дека ѝ честитал на Шекеринска за изборот
24 Инфо - пред 19 часа
Македонија Мицкоски кажа дека ѝ честитал на Шекеринска за изборот 20/11/2024 13:41 „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие”, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. „Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани”, посочи Мицкоски....
Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО
24 Инфо - пред 1 ден
Македонија Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО 19/11/2024 12:36 Македонската поранешна министерка за одбрана Радмила Шекеринска е именувана за заменик генерален секретар на НАТО, соопшти пред малку Алијансата. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога“, изјави шефот на Алијансата, Марк Руте. Покрај Шекеринска другите кандидати беа поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел, поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, која беше министерка за одбрана на Црна Гора 2020-2022 година. Радмила Шекеринска беше министерка кога Македонија стана 30 земја членка на НАТО. Претходно, таа извршуваше и други високи државни функции како заменик премиер за европски прашања. Шекеринска ќе биде највисокиот функционер на НАТО од Западен Балкан, а функцијата ќе ја преземе до крајот на годината....
Мицкоски „призна“ дека Владата ја поддржала кандидатурата на Шекеринска за НАТО
Мкд.мк - пред 19 часа
Мицкоски „призна“ дека Владата ја поддржала кандидатурата на Шекеринска за НАТОВладата на Македонија ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој на денешната прес-конференција одговараше на новинарски прашања. Објавено на20.11.2024 14:04часотСподелиСподелиFacebookTwitterWhatsAppEmailПринтViber Тој забележа дека не е тајна дека во минатото и до денеска дека можеби имаат многу концептуални разлики кога станува збор за сегашноста, справувањето со реалните проблеми, политиките, идеолошки разлики, бидејќи доаѓаат од различки политички семејства.„ Како Влада имавме пред нас, би рекол, предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи предвид дека таму имаше кандидати од неколку земји и ние тука немавме никаква дилема. Зошто? Прво, затоа што повикуваме често пати на единство, повикуваме на дијалог со опозицијата и доколку повикувате, а тоа не го правите на дела, тогаш сте лицемерни. Така што ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници“, рече Мицкоски.Премиерот посочи дека за Владата, националното единство и националните интереси се пред и над партиските.„ Да се има Македонка, во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши“, изјави Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека во текот на вчерашниот ден телефонски се слушнал со Радмила Шекеринска и како што рече „разговараме дека нема дилема дека треба заедно да соработуваме и дека треба да направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија и со тоа да помогнеме за безбедноста и сето она што им е потребно на македонските граѓани“. ТОП ВЕСТИСведоци потврдија дека комуницирале со Палевски по убиствата на Вања и Панче 20.11.2024 13:55 Како македонската Хајди ги освои врвовите на НАТО 20.11.2024 13:37 Утре врнежи од дожд и умерен до засилен северозападен ветер 20.11.2024 13:32 Скопската гимназија „Никола Карев“ прво пет френдли училиште во Македонија 20.11.2024 13:26 Угостителски објект во Охрид служел небезбедно месо, АХВ уништи 366 килограми 20.11.2024 13:22 Ниту еден од 45 доктори специјалисти не дежура во амбулантата на Детска клиниката 20.11.2024 13:15 ПОСЛЕДНИ ВЕСТИЕл капитан е новиот најбрз суперкомпјутер во светот (ВИДЕО)Ѓорческа загуби од првата носителка во Трнава иако доби сет со 6-0Сведоци потврдија дека комуницирале со Палевски по убиствата на Вања и ПанчеМиленковски: Ни кажаа дека Вардар нема да постои ако Миленко Неделковски не биде во клуботКако македонската Хајди ги освои врвовите на НАТО...
Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Успешно ќе се носи со најголемите предизвици
24 Инфо - пред 1 ден
Македонија Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Успешно ќе се носи со најголемите предизвици 19/11/2024 13:47 Интегрален текст од соопштение на СДСМ: Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик Генерален секретар на НАТО Алијансата. -Честитки, Радмила! Убеден сум дека Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност. Назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да јавнесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница. На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех, стои во честитката на претседателот Венко Филипче....
Маричиќ со честитка до Шекеринска: Денес е голем ден, ми беше чест што служевме во иста влада
24 Инфо - пред 1 ден
Македонија Маричиќ со честитка до Шекеринска: Денес е голем ден, ми беше чест што служевме во иста влада 19/11/2024 16:28 Порнашениот министер за правда и вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ на социјалните мрежи упати честитка до Радмила Шекеринска за нејзиниот избор за заменик генерален секретар на НАТО „Радмила собира во себе се’ што е најдобро од македонската, но и светската политика: чесност, работливост, упорност, служење на граѓаните во тешки времиња, успех во секоја област во политиката каде што работела, како и трајна приврзаност кон вистинските вредности за Северна Македонија и за демократијата насекаде. Многумина кај нас го знаат и го ценат тоа, но со денешното нејзино назначување за заменик генерален секретар на НАТО, сето ова го верификуваше и целиот демократски свет. Моја чест и привилегија беше да служиме во иста Влада и да работиме заедно на повеќе задачи и цели во политиката и во општеството. Од срце и го честитам изборот за втор човек на најмоќниот воено-политички сојуз на светот и посакувам многу среќа во исполнување на оваа важна должност во тешко време. Денес е голем ден за нас и за државата, треба да сме среќни и горди. Честитки од срце Радмила Шекеринска“ стои во објавата на Маричиќ....
Шекеринска се заблагодари на честитките: Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа
24 Инфо - пред 17 часа
Македонија Шекеринска се заблагодари на честитките: Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа 20/11/2024 15:51 Радмила Шекеринска, новиот заменик генерален секратар на НАТО, на својот Фејсбук профил се заблагодари на честитките што ги доби по назначувањето. Во својата објава таа истакна дека пред неа е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. „Драги пријатели, Од срце ви благодарам за сите честитки, пораки и зборови на поддршка по повод моето назначување за заменик генерален секретар на НАТО. Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат. Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно. Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција. Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво. Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу“ стои во објавата....
Филипче до Шекеринска: Вистинскиот избор за втор човек на НАТО
Лидер - пред 1 ден
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до новиот заменик генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска. Според него, таа е вистинскиот избор за втор човек на НАТО. „Честитки, Радмила! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност. Назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да јавнесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница. На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех“, вели Филипче....
Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО!
Лидер - пред 1 ден
Поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска добива функција во кабинетот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој одлучи да ја назначи Шекеринска за следен заменик генерален секретар што претставува успех за личност од нашата држава да биде на оваа одговорна позиција. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, вели Марк Руте. Шекеринска ќе ја преземе својата функција подоцна оваа година. Нашиот медиум за именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО го објави уште во август оваа година каде се шпекулираа повеќе имиња меѓу кои најверојатно беше името на поранешната минситерка за одбрана. Радмила Шекеринска заменик-генерален секретар на НАТО? Шекеринска беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана. Имаше клучна улога во влезот на Северна Македонија во НАТО пред четири години и моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти....
Бугарските медиуми револтирани: Шекеринска одбрана пред Марија Габриел за заменик шеф во НАТО
Лидер - пред 1 ден
Шекеринска избрана пред Бугарката Габриел Бугарските медиуми внимателно известуваат дека Радмила Шекеринска од Северна Македонија е новиот заменик генерален секретар на НАТО. Како што пишуваат тие, Шекеринска на оваа функција ја смени поранешната бугарска вицепремиерка, министерка за надворешни работи и еврокомесар Марија Габриел, која беше кандидат и по смената на раководството на Алијансата и изборот на Марк Руте за главна функција. Одлуката на Руте да оди со македонскиот претставник пред Габриел или друг кандидат беше објавена утрово. „Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО“ Вака гласеше еден од многуте наслови во бугарските медиуми од медиумот Сега.бг утрово откако се обзнани дека втор човек во НАТО Алијансата ќе биде Македонката Шекеринска. Бугарските медиуми објавуаваат за Радмила Шекеринска и нејзината нова позиција во НАТО / Фото: Сега.бг Кои жени беа во најтесниот избор? Новата позиција на Радмила Шекеринска во НАТО особено е тема на дискуија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов. Две поранешни министерки од Македонија и Бугарија главни претенденти за заменик генерален секретар на НАТО Уште пред Руте да ја преземе функцијата, беше објавено дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека негова замена треба да биде жена од Источна Европа. Во тоа време, висок дипломат на НАТО изјави за публикацијата дека разговорот бил фокусиран на две жени – Марија Габриел и Радмила Шекеринска. Меѓу другите кандидати беа и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, која беше министерка за одбрана на Црна Гора во периодот 2020-2022 година. Што пишуваат бугарските медиуми за Шекеринска? Радмила Шекеринска е поранешна вицепремиерка за евроинтеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и во периодот пред приемот на соседната земја во НАТО во 2020 година. Таа ќе го заменува вршителот на должноста заменик генерален секретар на НАТО, Марк Руге, кој на привремена основа ја презеде функцијата претходно оваа есен. Тогашниот заменик генерален секретар Мирчеа Јоана најави дека ќе се кандидира за претседател на Романија. Шекеринска ќе биде и највисок претставник на Скопје во меѓународна организација....
Мицкоски ѝ честиташе на Шекеринска: Како Влада повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата
Лидер - пред 17 часа
И покрај многуте непроверни информации кои циркулираа низ медиумите дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски работи деструктивно и не ѝ честитала на Радмила Шекеринска, премиерот го кажа спротивното. Мицкоски ѝ честиташе на Шекеринска „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие. Мицкоски: Активно разговаравме со нашите сојузници Затоа ние како влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши“, рече Мицкоски. Потоа тој соопшти дека уште вчера ѝ се јавил по телефон на Шекеринска и разговарал, со порака дека нема дилема дека треба да соработуваат и заедно да направат сѐ што можат да ѝ помогнат на македонската армија, а со тоа и за безбедноста....
„Посветена сум на работа со сите сојузници“: Шекеринска се заблагодари за позицијата во НАТО
Лидер - пред 21 часа
Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, ќе биде заменик генерален секретар во НАТО, објави Алијансата. Таа е првата жена од западен Балкан која доаѓа на висока позиција во НАТО, а функцијата треба да ја преземе најдоцна до крајот на годината. „Посветена сум на работа со сите сојузници“ По објавата, Шекеринска на социјалните мрежи напиша дека ќе и биде привилегија да работи за доброто на Алијансата. „Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководство на Руте. Посветена сум на работа со сите сојузници, кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша Шекеринска. Руте ја назначи Шекеринска За новиот генерален секретар преовладуваше ставот дека ова место треба да го добие земја од Централна и Источна Европа. „Среќен сум поради објавата за назначувањето на Радмила Шекеринска за иден заменик-генерален секретар. Таа навистина верува во НАТО, ја знае работата која е неопходна за приклучување на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Ќе работам со неа по преземањето на виталната позиција“, пишува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Амбасадорката Агелер со честитки Изборот на Шекеринска го поздрави и американската амбасадорка Агелер, која воедно му честиташе и на премиерот Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура....
Честитки од регионот за Шекeринска за нејзиното именување за заменик генерален секретар на НАТО
Мкд.мк - пред 1 ден
Честитки од регионот за Шекeринска за нејзиното именување за заменик генерален секретар на НАТООткако на официјалната веб-страница на НАТО беше објавено дека генералниот секретар Марк Руте ја именуваше Радмила Шекеринка, поранешна министерка за одбрана и вицепремиерка за евроинтеграции на Македонија за своја заменичка, односно заменик генерален секретар на Алијансата, прва со честитки се огласи американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер. Објавено на19.11.2024 22:49часотСподелиСподелиFacebookTwitterWhatsAppEmailПринтViber „ Чеситки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер на мрежата Х.Преку истата мрежа Х, честитки за изборот на Шекеринска испрати и бугарскиот претседател Румен Радев секретар на НАТО.„ Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, напиша Радев.Честитки упати и албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани,„ Честитки до Радмила Шекеринска од Северна Македонија за нејзиното именување за заменик генерален секретар на НАТО. Задоволство е да се види оваа важна улога за првпат доверена на истакнат претставник на сојузник на НАТО од Западен Балкан“, истакнува Хасани.Во честитката Хасани посакува соработка во зајакнувањето на заедничката посветеност на мирот и стабилноста.„ Со нетрпение очекувам да соработуваме за да се справиме со регионалните и глобалните безбедносни предизвици и да ја зајакнеме нашата заедничка посветеност на мирот и стабилноста“, напиша Хасани во објавата на социјалните мрежи.По именувањето и честитките, кон крајот на денот се огласи и поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на социјалната платформа Х, пишувајќи дека ќе ѝ биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.„ Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте. Посветена сум на работата со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша Шекеринска.Радмила Шекеринска беше избрана за заменичка на генералниот секретар на НАТО, во конкуренција на уште три кандидатки од регионот на Југоисточна Европа.Од македонските политичари, Шекеринска првите честитки ги доби од нејзините сопартијци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, како и од поранешниот премиер и лидер на оваа партија, Димитар Ковачевски.Исто така и Советот на амбасадори на Македонија денеска го поздрави именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Од Советот соопштија оти веруваат дека Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата, преку работа на унапредување на единственото на овој најсилен одбранбен сојуз во светот. Амбасадорите сметаат дека со именувањето на Шекеринска на високата позиција во НАТО, „ Македонија покажува дека, иако мала, може значајно да придонесе кон мирот во Европа и светот преку нејзиното активно делување во НАТО“. ТОП ВЕСТИИзведбата на интерконекторот со Грција да почне на пролет 19.11.2024 23:00 Халкбанк АД Скопје – Лидер во поддршка на женското претприемништво 19.11.2024 22:32 Мицкоски за РТК: Тоа што ние го очекуваме од ЕУ е само да си го исполнат зборот 19.11.2024 22:18 Наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“ во рацете на градоначалникот на Струмица, Костадинов 19.11.2024 20:47 Се запали уште еден автобус на ЈСП во движење 19.11.2024 20:25 Димитриеска-Кочоска: Целта е да се обезбедат поевтини кредити и да се плаќа пониска камата 19.11.2024 18:52 ПОСЛЕДНИ ВЕСТИБелата куќа: На Украина ѝ е попотребна побројна војска отколку американско оружјеШефот на унгарската дипломатија: Пред нас се два најопасни месеци – одлуките на Бајден можат да предизвикаат катастрофаРуте: Ставот на НАТО е дека на Украина треба да ѝ се испорачува оружје без ограничувањаБрејвик повторно побарал да биде пуштен на условна слободаАлбанија имаше шанса и за Лига А, на крајот испадна во Лига Ц...
Денеска беше избрана во Брисел: Шекеринска стана втор човек на НАТО
Женски магазин - пред 1 ден
tweet Добивај вести на Viber Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите.Неофицијално, Шекеринска во изборот ја победипоранешната еврокомесарка и бугарска вицепремиерка Марија Габриел како друг сериозен кандидат за оваа позиција.Поранешната министерка за одбрана му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на овој воен сојуз. Ова го потврди генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата. Повеќе на Фактор.мк...
Радмила Шекеринска назначена за заменик-генерална секретарка на НАТО – признание за придонесот во меѓународната безбедност и негување на европските вредности
Лидер - пред 1 ден
Македонија добива светско признание преку висока позиција во НАТО Радмила Шекеринска, истакната македонска политичарка и поранешна министерка за одбрана, е именувана за заменик-генерална секретарка на НАТО. Ова назначување претставува значајно достигнување не само за нејзината кариера, туку и за Северна Македонија, која преку оваа позиција добива признание за својот придонес во меѓународната безбедност. Одлуката, донесена од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја истакнува улогата на Македонија како активен и посветен сојузник во време на зголемени безбедносни предизвици во Европа. Значење на овој успех за Северна Македонија Советот на амбасадори на Република Северна Македонија го поздрави именувањето, оценувајќи го како показател за способноста на земјата да придонесува во решавањето на глобални безбедносни прашања. Во нивното соопштение се нагласува: „Поставувањето на личност од нашата земја на ваква висока позиција во НАТО-алијансата, во толку комплексен момент за Европа, е признание за македонската проактивност и негување на европските вредности.“ Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО! Промени во раководството на НАТО На оваа позиција, Радмила Шекеринска ќе го наследи Борис Руге, кој привремено ја извршуваше функцијата заменик-генерален секретар. Претходниот носител на функцијата, Романецот Мирчеа Џеоана, се повлече за да се кандидира за претседател на својата земја. Назначувањето доаѓа во време кога НАТО се соочува со зголемени закани по европската безбедност. Шекеринска ќе има клучна улога во понатамошното јакнење на Алијансата, носејќи искуство стекнато во претходните улоги како вицепремиерка и министерка за одбрана. Бугарските медиуми револтирани: Шекеринска одбрана пред Марија Габриел за заменик шеф во НАТО Фокус на безбедноста и единството на Алијансата Во својата прва изјава по назначувањето, Радмила Шекеринска изрази благодарност за довербата и ја потенцираше својата цел: „Ќе работам посветено за создавање на посилна, побезбедна и пообединета НАТО-алијанса. Верувам дека заедничките напори ќе донесат резултати кои ќе бидат пример за стабилност и соработка.“ Признание за македонската проактивност Според Советот на амбасадори, ова назначување е јасен сигнал дека Северна Македонија, иако мала по големина, игра значајна улога во промовирањето на глобалниот мир и стабилност. Земјата демонстрира способност да носи одлуки во клучни моменти, што се одразува преку изборот на македонски претставник за оваа висока позиција. Клучна улога на НАТО во време на предизвици Ова поставување доаѓа во време кога Европа е соочена со зголемени безбедносни закани. Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО е доказ за важноста на земјите-членки во јакнењето на Алијансата преку својот влог и експертиза. Преку оваа позиција, Северна Македонија добива историско признание за својата улога како проактивен сојузник. Ова назначување покажува дека земјата, и покрај својата големина, има капацитет да носи позитивни промени на глобално ниво....